Емра Куртишова – актерка

 

 

Во прво лице

 

Сценската прашина – Често ја шмркам…

 

1.ЗА СЕБЕ: Обична…

2 . ЗА ЉУБОВТА: Еднакво потребна за секој.

3.ЗА ЖИВОТОТ: Радост и тага.

4.ЗА ТЕАТАРОТ: Животот во него, топло на душата, игра која скокотка. Среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…

5. ЗА ДОБРОТО: Убаво е кога го има!

6. ЗА ЗЛОТО: Да се сотре в корен!

7.ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Еве ме.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Секогаш тука.

8.ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Не знам, јас тоа само на сцена.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Зависник. Често ја шмркам…

10.ЗА КОЛЕГИТЕ: Убави се!

11.ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Ќе си дојдат, се во свое време.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Нешто што те води кон целта.

13. ЗА СОНОТ: Некогаш како театарот, магија…

14. ЗА ЈАВЕТО: Да те тресне од земја.

15. ЗА ВИНОТО: Знае да те згрее.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Љубов.

17. ЗА КРАЈ: Поздрав!

 

Емилија Мицевска – актерка во Драмски театар

 

 

Во прво лице

 

ЖИВОТОТ- Бакнеж.

 

 

  1. ЗА СЕБЕ. Човек.

2 . ЗА ЉУБОВТА:  Дом.

  1.  ЗА ЖИВОТОТ: Бакнеж.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ:  – Живеам.
  3. ЗА ДОБРОТО:  Нега.
  4. ЗА ЗЛОТО: Клоца
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Време.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Вечни.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Корист.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Плакнење
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Учители
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Растам.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Клуч

  1.  ЗА СОНОТ: Храброст.
  2. ЗА ЈАВЕТО: Смрди
  3. ЗА ВИНОТО: Вистина.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Се.

17. ЗА КРАЈ. Не постои.

Кристина Ласовска – актерка

 

 

Во прво лице

 

Глумата во живото – Недостаток на оргиналност.

 

1. ЗА СЕБЕ: Во се што правам оставам дел од себе. Со она што ми останува на крајот од денот разговараме често и гледам да му останам доследна.
2 . ЗА ЉУБОВТА: Извор на многу нешта. Двигател. Смисла во сите нејзини облици.
3. ЗА ЖИВОТОТ: Свесноста за тука и сега. Со искуството од вчера кон непознатото утре.
4. ЗА ТЕАТАРОТ:Исто како во животот само со многу поголем интензитет. Вода во пустина.
5. ЗА ДОБРОТО:Секогаш да победува. Колку повеќе го храниш, толку повеќе ти враќа.
6. ЗА ЗЛОТО: За вечната борба против.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Поздрав
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Да ми се живи, здрави и среќни.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Недостаток на оргиналност. Честа појава кај (денес за жал безбројните)изгубени души
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Поетично звучи во рамките на илузијата и сонот – но незгодна е во реалноста
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Луѓе пред се. Ги има во секаков вид. Партнери во создавањето на новисветови.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Се во свое време. Непишано правило на Универзумот.
12 . ЗА ИДЕЈАТА: Да ја допре реалноста и да прерасне во продукт.
13. ЗА СОНОТ: Да нема крај. Инспирација.
14. ЗА ЈАВЕТО: Можност да се сонува со широко отворени очи, бистар ум и чиста душа.
15. ЗА ВИНОТО : За вистината.
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Безусловна љубов. Столб!
17. ЗА КРАЈ: На здравје за секој почеток! За убаво, за арно!

Дрита Каба Карага, актерка

Во прво лице

 

Се правам со многу љубов

1. ЗА СЕБЕ: Се што правам, правам со многу љубов.
2. ЗА ЉУБОВТА: Мислам дека е света.
3. ЗА ЖИВОТОТ: Има многу бои, и секогаш се обидувам да го видам најдоброто.
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Театарот е живот.
5. ЗА ДОБРОТО: Великодушноста е за мене доброто.
6. ЗА ЗЛОТО: Не го мислам.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Не им посветувам внимание.
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Тоа што го посакувам за себе го посакувам и за нив.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Не глумам во животот.
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Магија, колку и клише да звучи.
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Многу љубов.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Не мислам на неодиграните улоги… За тие кои ми се важни, мислам дека ќе ги одиграм.
12. ЗА ИДЕЈАТА: Идејата е таа што води.
13. ЗА СОНОТ: Ме потсетува на анегдотата која вика “се разбудив наутро, сонував дека сум пеперутка, и потоа не знаев дали пеперутката сонува дека е човек или човекот дека е пеперутка.”
14.ЗА ЈАВЕТО: Моето присуство на сцена, Адем и нашите деца.
15. ЗА ВИНОТО: Ферментирано грозје. 😛 Не пијам алкохол, не чувствувам потреба.
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Чудо што може да му се случи на секое суштество.
17. ЗА КРАЈ: Ви посакувам се најдобро и ви благодарам за интервјуто.

Генци Мирзо – актер

Во прво лице

Генци Мирзо актер во албански театар Скопје

Виното – кога сакаш да ги користиш петте сетила

 

1. За себе – Доволно што го употребуваш.
2. За љубовта – Животна цел!
3. За животот – Љубовна цел!
4. За театарот – Емотивна преродба.
5. За доброто – Нешто што се памти засекогаш.
6. За злото – Нешто што барем се трудиме да го заборавиме.
7. За непријателите
– А, пријателите – Треба да внимаваме, на пријателите кога разговараат со непријателите!
8. За глумата во животот – Го правам често, но не знам дали може да се нарече глума.
9. За сценската прашина – Магичен прав.
10. За колегите – Личност што изгледа како да ја познаваш пред да се родиш.
11. За неодиграните улоги – Доволна е желбата да ги одглумам еден ден.
12. За идеата – Да креираш врз одреден феномен е посилно одколку да постапуваш кон истиот.
13. За сонот – Без сон нема врвна референција.
14. За јавето – Остварувањето на сонот почнува тука.
15. За виното – Дефинитивно, ако сакаш да ги користиш петте сетила.
16. За семејството – Богатство што треба да се брани!
17. За крај – Некогаш мислам дека нема крај

Драгана Левенски – актерка

Во прво лице 

Драгана Левенски
Животот е стаклена чаша

За себе – Непоправлив сонувач
За љубовта – Е потребна на секој од нас , таа не прави подобри луге
За животот – Стаклена чаша
За театарот – Верба , спокој , начин на живот
За доброто –Треба да се препознае , а потоа да се чува и да не се потценува .
За злото – Го поседуваат слабите луге
За непријателите – Ги поздравувам
За пријателите – не се може без нив , им благодарам што постојат
За глумата во животот – која некогаш за жал е за оскар
За сценската прашина- дел од магијата
За колегите –Големи деца и борци за своите светови . Да ми се живи и здрави
За неодиграните улоги – Дај му време на времето .
За идејата – Креација која треба да се реализира
За сонот – Да стане реалност
За јавето – Да биде сон
За виното –хм, зависи какво и во колкави количини
За семејството – Моја инспирација , моја поддршка , мое се .
За крај – Животот е краток , а уметноста е долга

Катерина Чакмакоска Клинческа – актерка

 

Во прво лице
Катерина Чакмакоска Клинческа – актерка во НТ ” Војдан Чернодрински ” – Прилеп

Од прва станав алегична на сценската прашина

1. ЗА СЕБЕ: Одговорна,едноставна,принципиелна…
2 . ЗА ЉУБОВТА: е како сонцето,никогаш не ти е доста од неа!
3. ЗА ЖИВОТОТ: Кога животот ќе ти создаде илјада причини за плачење, покажи му дека имаш илјада причини за насмевка.
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Нераскинлив дел од мене, мој сон,моја реалност, мое се!
5. ЗА ДОБРОТО: Безрезервно се трудам да го давам.
6. ЗА ЗЛОТО: Кога би можела да не постои, би била најсреќна.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Опасни се само оние кои не можеме да ги препознаеме
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Вистинското пријателство не се одбира,се случува!
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Не можам да ја поднесам.
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Од првиот контакт станав зависна од неа.
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Пријатели, луѓе без кои не мoжам да си го замислам животот.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Соништа што ќе ми станат јаве.
12 . ЗА ИДЕЈАТА: Неизбежна за остварување на целта!
13. ЗА СОНОТ: ОTсекогаш сум била сонувач.Така и ќе останам.
14. ЗА ЈАВЕТО: Знае да биде сурово…ама тоа не прави посилни.
15. ЗА ВИНОТО: Виното..црвено..како љубовта,да те згрее во ладна зимска вечер.
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Нешто најважно. Засолниште, топлина, љубов, поддршка, сила, утеха…
17. ЗА КРАЈ: СЕ НАЈУБАВО,УБАВИ ЛУЃЕ!

НЕФОРМАЛНО СО АНДРЕЈ ЦВЕТАНОВСКИ, РЕЖИСЕР

Радоста е во пробата

Ова режисерот Андреј Цветановски го објаснува со тоа дека процесот на работа е всушност извор на радоста и доколку ја нема неа додека се создава претставата, тогаш се испушта и смислата на живеењето во театарот во кој неговите творци, како што вели, поминуваат и повеќе од половина живот

Колку денешницата е предизвик за Андреј Цветановски како режисер?

Цветановски: Театарот е уметност која всушност најмногу се занимава, а и треба да се занимава со ОВДЕ И СЕГА. И тоа не само поради тоа што театарот е ефемерната уметност, уметност на мигот, туку и затоа што тој и се случува како рефлексија на она што ни се случува нам, било како индивидуи или пак во смисла на општествено опстојување. Токму од овој аспект театарот за мене, а верувам и за останатите е и мора да биде врвен предизвик.

Што правиш меѓу две воздивнувања или како живееш кога од Театарот ќе се вратиш во реалноста?

Цветановски: Се трудам што е можно побрзо да се вратам назад во него. Кога подлабоко, па и технички ќе размислиме ние кои се занимаваме со оваа уметност, половината од животот па и повеќе го поминуваме на проба. Затоа најмногу соодветствува самиот наслов на книгата на големиот Анатолиј Ефрос со наслов “Пробата-љубов моја” бидејќи создавањето претстава или театарски чин е она што ја носи радоста. Доколку не сме свесни за тоа, доколку не можеме да ја почуствуваме таа радост, тогаш ништо не сме направиле, па дури и кога резултатот е одлична претстава! Токму пробата е мојата подготовка за да можам да се снајдам меѓу двете воздивнувања.

Веќе може да се насети но каков театар сака Андреј човекот?

Цветановски: Андреј сака театар кој ќе го допре, ќе го насмее, но и ќе го натера да размислува и да се замисли. Во ова смисла театарот и животот се поврзани затоа најмногу ги сакам претставите на Александар Морфов. Тој е мајстор за да срочи цел еден живот во една претстава. Животот како и театарот не е црно-бел. Тој е склоп и мешавина на низа чувства, состојби и случувања. Морфов одлично знае исклучително тажната сцена да ја заврши како неверојатно комична. Тоа е всушност и животот-неверојатен понекогаш и апсурден сплет на тагата и радоста. Тоа ме фасцинира бидејќи сакам театар во кој има од се по малку, но целината е голема.

Дилемата, па и релацијата актер-режисер во смисла на тоа кој е во право е еднаква на онаа за кокошката и јајцето. Во ова смисла дали е вистина дека режисерите премногу филозофираат, а актерите само извршуваат или пак, другата страна на медалот вели дека спојот па дури и дружбата се неминовни?

Цветановски: Оваа релација во теоријата е едно, а во праксата е сосема нешто друго. Носејќи ја идејата ние режисерите нормално е малку повеќе да филозофираме, но и актерите знаат тоа да го прават. Впрочем и Станиславски рекол: “Кога на актерот не му се работи тој теоретизира”. Нормално, по малку и се шегувам со ваквиот одговор. За мене релацијата е еднаква на татко и син, односно на поголем и помал брат. Ние поголемите браќа сме оние кои треба актерите да ги анимираме да создадеме атмосфера за работа и нормално да ги убедиме дека тоа што го работат е за доброто на претставата! Ние, татковците треба на децата актери да им создадеме играчки, макар и само мисловни и да ги оставиме да си играат како знаат и умеат. Доколку се постигне таа симбиоза на реализирана идеја со беспрекорната актерска енергија, тогаш добриот резултат е неминовен. Се разбира овој резултат е невозможен доколку нема дружба меѓу нас.

Колкаво е бремето наречено уметнички директор?

Цветановски: Пред се, јас тоа не би го нарекол бреме бидејќи мојата “улога# е да создадам атмосфера и што повеќе да се вклучам во анимацијата на публиката. Како на режисер ова првото воопшто не ми создава проблем, а горд сум што на повеќето наши претстави има многу публика на возраст од 20-30 години што значи младите се враќаат во театарот што не така одамна кога јас бев средношколец и не беше случај, освен кога преку училиште не тераа да одиме на претстава. Се разбира покрај овие две работи битно е да се избере добар текст, добар режисер и екипа. Ова се во еден дел и мои одговорности, а со оглед на тоа дека во нашиот театар претставите се гледаат, задоволен сум како се носам со тоа “бреме”.

Режисерската палка како неминовен пат те поврзува со прерано починатиот твој татко Владо Цветановски. Колку ти недостасува неговиот совет, поддршка, размисла, а и колку сметаш дека си наследил од него?

Цветановски: Понекогаш се “фаќам” дека и несвесно, се уште “крадам# од татко ми. Ми недостасува, тоа се подразбира, како во приватна, така и во професионална насока. Сметам дека покрај сличностите знам да бидам и многу поразличен од неговиот режисерски ракопис. Токму затоа многу ми фали неговиот коментар, разговорот со него разменувањето на мисли и размисли кои ги практикувавме често. Тоа особено го чувствувам по премиерите кои ги работам. Мислам дека би бил горд на моите две соработки со мојот помал брат кој од неодамна е и дипломиран актер. Она што го наследив од него е чувството, но и заложбата дека во театарот и за театарот се работи стопроцентно без никакви калкулации. Но, тој за мене е се уште тука пред се во моментите кога се обидувам да воспоставам имагинативен дијалог со него. Некогаш тоа ми успева некогаш не.

НТ Слоештица

Неодамна токму во Слоештица, демирхисарско место кое за многумина е многу слично на Маркесовото “Макондо”, се создаде народен театар!

“Се се случи многу спонтано, кога јас и уште четворица актери, меѓу кои и брат ми Дамјан, заедно со Исидор, Тони и Сергеј се најдовме без работа па решивме да направиме нешто без никакви средства, реквизити, сценографија и останатите пропратни театарски елементи, а “наоружани” со ентузијазам, енергија и идеја да направиме претстава! Така настана “приказните на заборавените предци#, а следствено на тоа и НТ Слоештица со претензија да стане уште една национална институција (се смее). По премиерата во Слоештица нашиот театар го продолжува својот сценски живот во Скопје на сцената на мојот матичен театар”, вели Цветановски.

(Б.Г.)

Во прво лице – Селпин Керим

 

Во прво лице

Селпин Керим

 Благодарност до непријателите

1. За себе:   Не зборувам за себе, другите зборуваат

2. За љубовта:    Двигателна сила

3. За животот:    Никогаш не знаеш што те чека

4. За театарот:     Верба

5. За доброто:     Вечна борба со злото

6. За злото:         Вечна борба со доброто

7. За непријателите:    Благодарност до нив

.. А за пријателите:     Малку се но вредни

8. За глумата во животот:    Нема потреба, бидете свои

9. За сценската прашина:     Создава алергија od која нема да се спасите цел живот

10. За колегите:     Сопатници во магијата наречена театар

11. За неодиграните улоги:    Животот е пред нас

12. За идејата:    Нешто од што се почнува

13. За сонот:       Да сонуваме, да создаваме

14. За јавето:       Тука се остваруваат соништата

15. За виното:     Вистина

16. За семејството:   Бесконечна среќа

17. За крај:         Бидете позитивни

СОЊА СТАМБОЛЏИОСКА

 КАКО ЦРВЕНОКОСАТА ХЕРОИНА Е НОВ ДЕТСКИ ИДОЛ

И јас како и Пипи не знам да правам палачинки!

Признава ведрата и речиси секогаш насмеана Соња, на која и се оствари сонот да ја игра една од најпознатите детски хероини во светот, иако и останатиот ангажман, покрај оној во Театарот за деца и младинци и отсега матичниот Драмски, говори за извонредно енергична личност, на која истражувањето во Театарот не и е непознато…

Интересен, ведар, скоро секогаш насмеан лик, со широко отворени очи, лик кој никогаш не го напушта (барем по искуството на потписникот на овие редови) ведриот дух, се (не само) првичните впечатоци кога ќе се сретнете со актерката Соња Стамболџиоска, од неодамна многу попозната како најновиот детски идол, црвенокосата хероина Пипи Долгиот Чорап и тоа не само во детскиот свет… Соња потенцира дека отсекогаш знаела дека ќе ја игра Пипи, но трпеливо го чекала моментот: “Ете, и тоа се случи и јас станав Пипи. Знаев, чекав, но по малку како ‘стареев’ трпението почна да ме напушта. Кога ме известија дека претставата ќе се работи во Театарот за деца и младинци и кога дознав дека тоа ќе сум јас на радоста и немаше крај. Особено, што јас и покрај моите 13, упс, пардон, 30 години (се смее), се уште го негувам детето во себе. И замислете едно такво девојче, да го дочека моментот да може да се однесува како Пипи, а притоа да не биде опоменувано и казнето. Знам и можам да правам се како неа, па дури и да не знам да правам палачинки! Мојата енергија и енергијата на Пипи речиси се споија…” Соња е презадоволна и од фактот што картите за Пипи Долгиот Чорап се распродаваат за миг.
– Од отворањето на билетарницата на Театарот во вторник за половина час ги снемува, односно се распродаваат билетите за Пипи, без разлика кој ден е таа на репертоарот.

Но, пред да се преоблече и вовлече во ликот на Пипи, Соња своето професионално актерско патешествие го учи како што самата вели “на улица, и наместо четиригодишно школо јас осум години талкав ваму-таму по разни алтернативни простори и претстави, изучувајќи уште еден факултет, но по времетрањето на ова искуство, може да се каже дека завршив и докторат”. Во овој контекст таа потврдува дека алтернативниот театар кој го практикувала и работела се речиси незаменлива пракса за актерската надградба од чии резултати Соња е презадоволна:
– Едноставно, учиш како без пари да правиш Театар, на сцена да се качиш угул гол, имајќи ја само својата мисла, срце, душа. Се останато доаѓа само од себе, се разбира со сесрдна помош на енергијата, која ја имавме јас и моите сопатници, кои не беа малку…

По долго “чекање” да се најде на листата на вработени, ете, и тој сон полека и се остварува и таа од 1 февруари е на списокот на вработени во Драмскиот театар, и веднаш започна со работа и тоа на претставата “Евридика” во режија на Нина Николиќ. Соња сега е дел од новите сили на театарот од Карпош, заедно со Сања Арсовска, Јана Стојановска и Александра Павлова. За тоа што очекува од Драмски, Соња многу кусо, на шега ни одговори: “Редовна плата!”

И ние и се придружуваме на желбата заедно со нејзината интенција за остварување на што повеќе улоги и го оставаме ведрото девојче Пипи, алијас Соња Стамболџиоска повторно во добро и ведро расположение. Воедно, се надеваме, дека на своите веќе одиграни 20-ина ролји ќе придодаде најмалку уште толку, а зошто не, и со уште една нула повеќе.

Борче ГРОЗДАНОВ