Со Александра ПАВЛОВА, актерка

Животот е нерешлива енигма, а Театарот негово огледало

 

1. ЗА СЕБЕ:    непоправлив оптимист
2 . ЗА ЉУБОВТА:     двигател на животот
3. ЗА ЖИВОТОТ:      животот е нерешлива енигма.. претстава со најголем број на актери    🙂
4. ЗА ТЕАТАРОТ:   огледало на животот, обид да се дојде до вистината. Начин на живот, не професија
5. ЗА ДОБРОТО:   сè најдобро    🙂
6. ЗА ЗЛОТО:      потенцијално добро
7. ЗА (НЕ)ПРИЈАТЕЛИТЕ    сеуште неоткриени пријатели
А, ПРИЈАТЕЛИТЕ         браќа и сестри од други родители
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ :     да се искорени под итно!    🙂
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:      духот на театарот
10. ЗА КОЛЕГИТЕ:        втора фамилија
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:     идни одиграни улоги:)
12 . ЗА ИДЕЈАТА:    мајка на креативноста
13. ЗА СОНОТ:          живот во друга димензија
14. ЗА ЈАВЕТО:         проекција на нашите мисли
15. ЗА ВИНОТО:       во виното е вистината само за оние кои не умеат да ја најдат на друго место
16. ЗА КРАЈ:              крајот е само нов почеток  🙂

Со Анкица БЕНИНОВА, актерка.

Јавето – враќање во грубата стварност

  1. ЗА СЕБЕ: Амбициозна, посветена, перфекционист.
  2. ЗА ЉУБОВТА: Љубовта е делодсечијживот. Безљубов е истокако и данепостоиме
  1. ЗА ЖИВОТОТ: Животот е филозофија! Убав, тежокнопонекогаш и несватлив
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Имагинарен бесконечен свет во кој главен суд има публиката.
  3. ЗА ДОБРОТО: Доброто е нештокое секој треба да се обиде да го разбуди во себе.
  4. ЗА ЗЛОТО: Злото е нешто кое секој мора во себе да го убие.
  5. ЗА (НЕ)ПРИЈАТЕЛИТЕ: Мислам дека ги немам, но ако постојат им го посакувам секое добро.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Во изобилие ги имам и се мое богатство!

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ :Ги одделувам професионалното и приватното, и се трудам во двете нешта да бидам своја.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Ако ме прашувате за реалната прашина, ќе кажам само алергија. хаха
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Колективнио ттеатарски чин е просто невозможен без колеги со силни индивидуи.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Ги има многу затоа што сум на почеток на мојата актерска кариера.

12 . ЗА ИДЕЈАТА : Идејата е стремеж за остварување животни цели.

  1. ЗА СОНОТ: Миг од кој многу често не сакаме да се одделиме.
  2. ЗА ЈАВЕТО: Враќање во грубата стварност.

 

  1. ЗА ВИНОТО: Вино! Како онаа “ Во виното е вистината”?
  2. 16. ЗА КРАЈ: Ве поздравувам и ви посакувам безброј читатели.

НЕПОСРЕДНО СО НИКОЛА РИСТАНОВСКИ: Дајте ми малку пченица -гладен сум!

 

НЕПОСРЕДНО СО НИКОЛА РИСТАНОВСКИ, СТОПРОЦЕНТНО УСПЕШЕН УМЕТНИК

Ретки се оние од која било професија кои можат да се пофалат со стопроцентен учинок кога се во прашање наградите како верификација за нивната работа. Еден лик кој ја поседува таа реткост со седум награди од исто толку учества на МТФ “Војдан Чернодрински” е Никола Ристановски. Токму затоа и уште поголемо е задоволство на потписникот на овие редови да помуабети со човекот Никола, но и со и за Подсекаљников, Раскољников, Воланд, Глембај… И уште долга низа на оставени печати во уметничката современост, но и историја. Затоа, во продолжение ви нудиме фрапантна едноставност на муабетење за она што е философија на животот…

Колку Никола Ристановски успеа преку Потсекаљников, “најпресниот” повод за верификација на уметничка вредност да допре до обичниот човек?

Прашањето е многу добро од аспект на тоа дека води во два правца. Колку ликот може да не доведе до обичниот човек во публиката, а колку пак, да го отвори патот до обичниот човек во мене. Во оваа смисла и во оваа фаза на мојата професија размислувам и насочен сум кон откривањето на “обичниот# човек. Наводниците се поради тоа што секој што се родил е доволно необичен штом е во позиција да живее. Од овој аспект пак, мене како Никола ме интересираат и радуваат ликовите и животите кои имаат сличен пристап и само навидум едноставен, кон “обичноста#. А таа пак, подразбира сличен начин на перцепција на среќата, но и на тагата, на угнетеноста, како и на болката, пред се. Затоа мислам дека драматуршките Хамлети, Фаусти, Иванови, иако за овој последниот не може да се каже дека е необичен, треба да го остават просторот на “обичните# луѓе. Да се разбереме обичниот човек не се наоѓа во обична опаковка додека необичниот, да.

Majstor i margarita !

Дали е ова аспектот на Воланд…

Е од негов агол сето ова претходно не важи! Во “Мајсторот и Маргарита# иако тој е ѓаволот лично, тој никому не прави зло директно! Тоа го прават, замислете, обичните луѓе за него. Изгледа и звучи апсурдно, но во илјадавековната борба меѓу доброто и злото, сепак, тоа двојство е чучнато во сите нас. За жал…

Значи ли тоа дека патот до Доброто е невозможен?!

Доброто е идеал! Како што би требало да знаеме, патот до него е често непристапен или трнлив, но не и невозможен. Спасоносна е идејата дека Доброто е етичка категорија, а убавината е естетика. Спасот е во тоа што тие најчесто се преплетуваат творејќи му пат на Идеалот… Мојата среќа е во тоа што во Театарот се е можно, па и допирот до доброто, најчесто преку сонот…

Демистификацијата на некои нешта како што се правците во литературата и драматургијата ми го овозможуваат ова прашање: Можно ли е Раскољников и Глембај со сиот свој багаж да му го расчистат патот на Подсекаљников, и навистина пченицата за душа да му ја направат блага?

Кај Раскољников постои дилемата, на која на крајот и самиот станува жртва, а таа е – дали вреди да се убие една лихварка во името на благосостојбата на другиот. Глембај пак, трудејќи се да докаже дека е нешто друго, односно Даниели сам упаѓа во замката губејќи го идентитетот и тлото под нозете. Затоа, сигурен сум дека никој од овие двајца, па и ниту еден светски книжевен и вистински лик не може никому , индивидуално да му го расчисти патот кон Вистината. Единствено, Потсекаљников самиот може тоа да го стори за себе, доколку ја добие подадената рака на молбата: – Дајте ми малку пченица гладен сум!

page

Да се вратиме на личниот аспект преку прашањето, знае ли Никола Ристановски да се чува па дури и да се трга пред злото?

Доколку сакав и можев да се чувам од актуелниот миг и глупоста немаше да ја работам работата како што ја работам, со посветеност, понекогаш и со навидум налудничаво минување низ ѕид со глава. Мојата среќа ја наоѓам во тоа што сепак верувам во доброто, а верувам, не затоа што морам, туку затоа што вербата ми е единствената, непрекината движечка сила. Но, и осознавањето на вербата како единствениот мотив за продолжување на животот, е борба. Иста онаква како и вечно недоодениот пат до доброто! Во тоа име ги поздравувам сите добронамерници кои се на патот на борбата! Зашто животот е навистина, прекрасен! (Б.Г.)

Мира Фурлан актерka

Трагам по среќата во малите нешта

Во ова време, шака луѓе сите не понижуваат и ни ги земаат парите или смислата на животот и достоинството.

Поканета да биде член во меѓународното жири, за првото издание на фестивалот посветен на младата светска кинематографија – „ Кине Нова 2016“, во Скопје престојуваше актерката Мира Фурлан, една од легендите на поранешниот југословенски филм, театар и телевизија. За безмалку 5 децении кариера, Фурлан има одиграно  шеесетина улоги на филмското платно и на телевизија и многу на театарската сцена. Од Петруњела во „ Дундо Марое“, преку Кате во серијата „ Вело мисто“, Енка во филмот „Киклоп“, Анкица Видмар во наградениот на Канскиот фестивал „ Татко на службен пат“, до синокосата Маријана „ Во канџите на животот“ и Јаглика во „ Убавината на порокот“, Фурлан ги собра симпатиите на гледачите и критиката во поранешната држава , прикажувајќи карактери на жени кои се борат да му дадат личен печат на сопственото време. Поради распадот на Југославија , во 1991 година Мира Фурлан , по националност Хрватица , заедно со сопругот Горан Гајиќ кој е Србин и режисер, емигрирале најпрвин во Њујорк, а потоа се преселиле во Лос Анџелес , каде што живеат и денес со синот Марко Лав. Од тогаш започнува нејзината интернационална кариера , која досега и донесе забележителни остварувања со сериите „ Бабилон 5“ и „ Изгубени“. Од 2002 година наваму, Фурлан повторно е активна на Балканот. Ја толкуваше  Медеја во истоимената Еврипидова трагедија, во продукција на театарот „ Улисис“ на Раде Шербеџија, пишуваше колумни во сплитскиот „ Ферал Трибјун“ што ги објави во збирката „ Тотална распродажба“. Нејзиниот текст „ Додека смртта не не раздели“ го постави Мики Манојловиќ во неговата„ Работилницата за интеграција“ во Белград, а настапуваше и во филмовите и сериите „ Изгубени“, „ Ќе се вратат штрковите“, „ Турнеја“ и „ Циркус Колумбија“. Мира Фурлан во Скопје дојде 25 години по нејзиното гостување со претставата на Слободан Унковски , „ Театарски илузии“, а како што изјави,  продолжува во Ријека каде ќе работи на претставата „ Есенска соната“ од Бергман, што ќе ја режира Ана Томовиќ. Поради нејзиниот густ распоред на филмови и други содржини на „ Кине Нова“, со големата актерка и страсвен борец за правата на луѓето во светот, успеавме да се сретнеме пред крајот на фестивалот и класичното интервју го заменивме со асоцијации на кои таа ги даде следниве одговори:

Театар

  • Трема, страв, возбуда, фантазија, магија…Оливер Фрлиќ, Петруњела, „ Дундо Марое“ , „ Дубровнички летни игри“, мојата претстава во Њујорк од пред неколку години.

Филм

  • Смрзнување, чекање на сет со часови, чувство дека е магично кога сите нешта функционираат, заедништво со екипата, со луѓето што работат на филмот, носење летни пижами во зима, а зимски тешки капути во лето.

Американска телевизија

  • Гума на лицето, иритирани очи од маската, чувство на гордост што можам да функционирам на друг јазик, повторно пронаоѓање на моето филмско, актерско, телевизиско семејство што го изгубив, страшна брзина со која се работи, страв од грешка, воопшто страв.

Ова време

  • Шака луѓе што сите не понижуваат и ни ги земаат парите или смислата на животот, достоинството… Безнадежност, безнадежност кај младите луѓе, нивната изгубеност во овој свет , недостаток на идеи, општо осиромашување и погазување. Денеска прочитав вест дека во Лос Анџелес се продава куќа за 200 милиони долари, што ја изградил американскиот филмски и тв продуцент  Ерон Спелинг. Па и таа куќа за 200 милиони нека влезе во асоцијациите кои го опишуваат ова време.

Смислата на животот

  • Постојана потрага по среќа во малите нешта. Како што рекол Волтер- „ Секој да ја обработува сопствената градина“, враќање кон внатрешното зашто во надворешноста нема многу.

Среќа

  • За мене тоа е природата. Во неа сум најсреќна, опкружена со трева, дрвја и птици… Со животните.

Љубов

  • Блискост, доверба, грижа за другиот, лојалност, одговорност, радост.

Индивидуалност

  • Интегритет, верен кон самиот себе, без откажување од сопствените вредности, борба за сопствената особеност и по цена на голема жртва.

Слобода

  • Слобода или смрт !

Иднина

  • Надеж дека има иднина. И покрај се. Тоа е наша човечка должност , да не ја изгубиме таа надеж и кога губиме се. Ако ја изгубиме надешта дека е возможна промена и дека можеме некако да ја иницираме, тогаш се сме изгубиле.

ИНТЕРВЈУ СО МАРТИН ЈОРДАНОСКИ

АКТЕР НА ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

Детскиот народ понекогаш е помудар од возрасниот…

Мартин Јорданоски е еден од новата, “млада гарда” на Театарот за деца и младинци која носи еден енергичен бран, што и буквално го подига на ниво на лебдење овој наш театар… По неговиот фасцинантно енергичен Могли, како и другите повеќе од десетина ролји во овој негов матичен театар, Мартин го заслужи нашето внимание, бидејќи ќе биде новиот детски херој од џунглата, каков што е и Страшилото од “Волшебникот од Оз”, Менехем во “Нашиот клас”, дел е и од забавата во “Пипи долгиот чорап”, Оливер Твист…, го има и како Џанго во “Грев или шприцер” во Драмски. Сето тоа е причина Мартин да го сврти нашето, а се надеваме и вашето внимание!

Во вашиот ансамбл се чувствува извонредна компактност и едноставно како никаде на друго место имавте пофалби еден за друг. На што се должи таквата атмосфера?
Мартин: Компактноста се должи на убавата енергија. Пред се убавата енергија од повозрасните колеги кои со радост не примија во својот колектив, и кои несебично ни го пренесуваат своето мајсторство. Исто така, сплотеноста се должи на нашата желба за одење напред и постигнување на што поголеми успеси, како во државата така и надвор од неа.

 Какво е чувството да се работи за детскиот народ и дали возвратната енергија од нив е еден до главните импулси за работа?
Мартин: Детскиот народ е најпрекрасниот и најискрениот. Или подобро речено најнедопрениот народ од правилата на оваа наша градска џунгла. Тие никогаш не се лицемерни и не знаат да лажат. Нивните насмевки за време на претставата и аплаузот на крајот се голем мотив. Со радост ќе продолжам да играм за нив, ги обожувам!

 Докажа дека и тоа како знаеш да се снаоѓаш во “сериозните” ролји. Како ја доживуваш трансформацијата од детскиот свет во светот на возрасните?
Мартин: Можам да кажам дека нема некоја посебна трансформација (освен трансформацијата на ликот). Секоја улога, лик, без разлика дали е за деца или за возрасни има своја специфична тежина. Денешните дечиња ги сметам за многу напредни и воопшто не ги потценувам. Тие понекогаш знаат да бидат попаметни и порационални од возрасните. И да, возрасната публика понекогаш можеш да ја “излажеш”, но детската не. Таа е секогаш искрена, точна и реална. Затоа ги сакам децата, а и матичниот театар во кој создаваме свет за нив.

Кои се желбите на Мартин за во иднина (улога, награда, публика…) за остварување на Сонот?
Мартин: Секој актер, па и јас сака да сними голема улога на филм или да игра во некој голем филм. Тоа ми се оствари, преку До балчакк, сега го чекаме филмот да излезе. Нормално, желбата ми е сето ова да се повтори🙂. Искуството беше прекрасно и едноставно сакам пак. Исто така сакам мојот Театар за деца и младинци да ни е вечен, со многу гостувања настрана, а и по нашите помали градови (не сме биле одамна). Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека наградите се составен дел од ТДМ и тие се неизбежни. Нека ни се множат!


Koe е е мотото или пак филозофијата на актерскиот ден и живот на Мартин Јордановски?

Мартин: Секој ден е различен. Кога Мартин нема обврски сака да си поспие. Тоа обично го правам во понеделник, бидејќи ни е слободен ден затоа што во сабота и недела работиме. Кога сите се на викенд, Мартин не е. Кога почнува работната недела, Мартин спие, сите ѕвонат на телефон за да си ги завршат обврските, но Мартин не крева телефон, затоа што едноставно , спие:). Секој ден е различен, посебен и забавен на свој начин. Инаку, ги мразам дневните административни обврски!

И за крај, порака во една реченица…
Мартин: Живи, здрави, среќни, весели, насмеани, вљубени, загубени, изгубени, сакани, какани… ширете љубов, љубов и само љубов!

Борче ГРОЗДАНОВ