Драгана Костадиновска akтерka

 

 

Во прво лице

 
ЖИВОТОТ НЕМА РЕПРИЗА

1. ЗА СЕБЕ – Постојано откривам интересни нешта.
2 . ЗА ЉУБОВТА – Силно чувство, но вредно ми е и сакам кога се покажува практично, опипливо, со постапки.
3. ЗА ЖИВОТОТ: Еден е, нема реприза.
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Бесконечност.
5. ЗА ДОБРОТО – Чувство на благососотојба.
6. ЗА ЗЛОТО – Незибежно е, составен дел од животот, едноставно треба да се препознае, и по можност да се одмине.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Предизвик или искушение кои треба да се прифатат.
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Радост, игра, детство, забава, емпатија, недоразбирање, поддршка.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – All the world’s a stage… Секој од нас си земал некаква улога, свесно или не.
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Со време едноставно ја навикнуваш.
10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Секој различен, посебен и вреден на свој начин.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Ги живеам и знам само za одиграните и тие што допрва ќе дојдат. Се друго нема значење.
12 . ЗА ИДЕЈАТА – Задоволството е големо кога ќе се спроведе во пракса.
13. ЗА СОНОТ – Понекогаш е пријатен, понекогаш кошмар, понекогаш се остварува понекогаш не, сепак без да сонува, мислам, никој не може.
14. ЗА ЈАВЕТО – Се обидувам секој миг целосно да го вкусам и доживеам.
15. ЗА ВИНОТО – Пиј вино, не престануваат со вртење небесата
Секој живот ќе помине што е на земјата
Седни на ливада и полека вино испивај
Пред и од твојот гроб да изникне тревата
О. Хајјам
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО- Семејството не се одбира, и ниту едно не е совршено како на филм. Умешноста е во тоа да се зачува во него слогата и почитта, да се продлабочува квалитетот на комнукицијата и разбирањето меѓу членовите, а од таму ќе дојдат и поддршката и сигурноста кои тоа ги нуди.
17. ЗА КРАЈ – Крајот е без исклучок неизбежен.

Тина Трпкоска актерка

 

Во прво лице

 

СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Сака да глуми

 

1. ЗА СЕБЕ Ми се лета!
2 . ЗА ЉУБОВТА Крилја!
3. ЗА ЖИВОТОТ Скок!
4. ЗА ТЕАТАРОТ Уште!
5. ЗА ДОБРОТО Замолкнуваш. Го примаш. Потоа го пушташ кај друг…
6. ЗА ЗЛОТО Пати за внимание
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Паричката за Бадник
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Ѕвезди
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ Пливање во жива кал
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Сака да глуми!
10. ЗА КОЛЕГИТЕ Ги ширам рацете – за прегратка и аплауз
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Затоа сум тука!
12 . ЗА ИДЕЈАТА Паѓам на добра провокација!
13. ЗА СОНОТ И свирам и диригирам!
14. ЗА ЈАВЕТО Понуда што не се одбива!
15. ЗА ВИНОТО Coffee keeps me going until it’s time for wine
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО Џиновски души. Од сè срце благодарам!
17. ЗА КРАЈ Едвај врзувам крај со крај!

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

 

Но, процесот на расформирањето на театрите бил забрзан и со присутните, често тенденциозни тврдења дека театрите во внатрешноста не се дораснати да се занимаваат со вистинска театарска дејност(!?).

За Охридскиот професионаслен театар, кој постоел и работел од 1949-1954 година, подетално и поопширно пишува во книгата Насолзена завеса од Благој Г. Кичеец, кој за чинот на затворањето на Театарот и неговото укинување во поглавјето Почеток на крајот ќе забележи: Првите месеци од 1954 година проструи вест дека театрите во внатрешноста на Македонија ќе се укинуваат. Ставот на Републичкото собрание бил театрите да постојат на аматерска основа, па по решението на Народниот одбор во Охрид е одлучено во иднина во театарот да останат само две платени лица, кои ќе се грижат за развивање на дилетантството во градот.

Градските татковци го сакаа театарот, но грешката се подгреваше од оние кои во театрите во внатрешноста гледаа некаква нивна конкуренција. Карванот кој тргна во доволно непромислена акција на 28 мај 1954 година прво почна во Велес, за потоа да продолжи низ другите градови во Републиката каде постоеја професионални театри. Во меѓувремње, во печатот се појавуваа написи кои ñ одеа на рака на идејата – укинување. За тоа на 23 мај 1953 година во Нова Македонија беше објавена изјавата на писателот Владо Малески, а во истиот весник во првите месеци од 1954 година се појави напис и на Илија Милчин.

АЛЕКСАНДАР Степанулески актер

Во прво лице

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ …Дај боже да знам кои ми се…!

1. ЗА СЕБЕ ….Не сакам да зборувам за себе, подобро другите за мене, ама јас да не сум присутен хахаха
2 . ЗА ЉУБОВТА: Без неа не можеме, со неа не знаеме !
3. ЗА ЖИВОТОТ: Животот е она што поминува покрај нас додека ние го планираме…
4. ЗА ТЕАТАРОТ: !!!!!!!!!!
5. ЗА ДОБРОТО… Се најдобро !
6. ЗА ЗЛОТО ….Исто така !
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ …Дај боже да знам кои ми се…! (инаку многу ги почитувам)
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?…Да ми поживеат !
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ ….Ја има !
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА …Кога прв пат влегов во театар во Прилеп…Таа ме зафркна аххах
10. ЗА КОЛЕГИТЕ …Делиме исти соништа!
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ….Ќе ги одиграм ! хаха
12 . ЗА ИДЕЈАТА…Концепт, тема, ИДЕЈА, парчиња, задачи, намери, односи итн.
13. ЗА СОНОТ…Ни ја дава можноста бесплатно да го тренираме лудилото !
14. ЗА ЈАВЕТО…Јаве ко јаве – ХАОС
15. ЗА ВИНОТО…Го обожавам Црвеното домашно од дедо ми !
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО…Собир од емоционални суштества што мора да те трпи!
17. ЗА КРАЈ…Пак од почеток…и пак…и пак… !!!!

Театарот треба да го градиме по квалитет, а не по квантитет…

 

 

Игор Томески, Првиот македонски Нобеловец

 

За прв пат во историјата, Македонија се запишува во листата на Нобеловите награди за млади, а тоа е преку мојата театарска но и филмско-телевизиска активност во Македонија. За прв пат театарски текст на македонски јазик за 3 часовна театарска претстава на апсурд „Театарски Џумбус“ која ја пишував на мои 17 години е интернационално наградена од Нобеловото семејство за негување на нобеловите вредности за еднаквост и за нешто вонсериско –нешто кое не смее да му помине незабележително на македонскиот театар, уметничка пројава којашто секако треба да се задржи и дообликува. За мене, дестинацијата не е важна се додека се почитуваат вистински вредности за создавање на искрен театар. Ако навистина го сакаме театарот, ние теататрџиите низ целиот свет мора да се издигнеме над сите надворешни општестени влијанија и да изградиме искрен однос и почит кон сите театарџии, – вели за својот светоглед, но и за награата, Игор

Првиот македонски Нобеловец, Игор Томески е награден од Нобеловото семејство со Нобеловата награда за млади, за неговата 10-годишна театарска но и филмско-телевизиска активност но и за лични способности, вредности и карактер. За прв пат во историјата, Македонија има добитник на Нобелова награда помеѓу младинците, но и помеѓу постарите.

* Во кој правец планираш да се движи сега твојата кариерата?

Најпрво, ви благодарам за поканата да бидам дел од театарче.мк, еден симпатичен театарски простор, од и за театарџии кој ни е секако потребен и неопходен. Би било неблагодарно да започнеме со ова прашање без да ја известиме театарската публика за мојата досегашна кариера и достигнувања. Како театарџии, предлагам да погледнеме подлабоко во содржината на Игор Томески, а не во формата, правецот и етикетите, за да подобро го разбереме. Џон Ленон вели: Животот ни се случува додека ние правиме други планови. Верувам дека животот на сите нас ни крои по некоја скриена патека која треба да ја изодиме, а која не сме во можност во оваа состојба да ја согледаме и разбереме. Затоа, јас не би се осмелил а и не можам да си дозволам да се органичувам и да прецизирам. Му се препуштам на животното патување, а и на театарското.

* Во што има поголема магија, во актерството или режијата?

Кое е мерилото за „маѓијата“ и дали постои такво нешто? Секако, на истото прашање би добиле стотици различни одговори. Треба сите да си поставиме прашање како го доживуваме и сфаќаме зборот „театарска маѓија“. Дали под маѓија се подразбира нашата желба да бидеме во театарот, дали е тоа нашето уживање за време на создавањето чин на театар, дали се тоа овациите и бенефициите што сме дел од истиот, или пак свесноста и одговорноста што значи да се биде дел од театарската сцена и да се придонесува за истата? Јас, во моето 10 годишно театарско живеење, сум бил и актер и режисер. Актерот е благославен со тоа да биде носителот на драмското дејство, сите очи да бидат вперени во него, истиот да биде изложен пред голема маса, ја има честа да биде претставникот на чинот Театар кој вклучува многу повеќе, од тоа што е самиот. Често, на актерите им годи што секојдневно чувствуваат големи овации, но треба да се разбере дека тоа е професија како и секоја друга. Режисерот од друга страна, човекот зад кулисите, го обликува светот на драматургот и да го насочи средството наречено актер… Додека се подготвува чинот Театар во празна сала, пилотот е режисерот. Додека чинот се случува и одигрува пред публиката, пилоти се актерите. Маѓијата да бидеш пилот и креатор во овој посебен чин за мене е еднаква, без разлика дали режирам во празна сала на проба или играм пред полна сала. Чувството на соочување со себеси и давање на дел од себеси во чинот на создавање театар е она што е посебно за мене. Без разлика која и да е позицијата, и без разика колку е примамлива маѓијата, театарот е одговорност. Треба да сносиме почит кон сцената, и со секое стапнување на неа одговорност пред оние што играле пред нас, исто како и пред оние кои ќе играат после нас.

Одлучи ли каде ќе биде твојата дестинација- Далие е тоа Македонија или некоја друга во светот?

Не би се ограничил. Tеатарот, како културолошки израз на една култура, е онолку културно-релевантен колку што е и универзален. Било каде и да живеете, вие мора да сте способни да дадете општествен коментар за средината во која живеете, но и за светот. Сметам дека моите вонсериски достигнувања, како за сцената, како и за нашата земја се амбасадор на нашата култура во светот и очекувам истото да се препознае и забележи кај нас. За прв пат во историјата, Македонија се запишува во листата на Нобеловите награди за млади, а тоа е преку мојата театарска но и филмско-телевизиска активност во Македонија. За прв пат театарски текст на македонски јазик за 3 часовна театарска претстава на апсурд „Театарски Џумбус“ која ја пишував на мои 17 години е интернационално наградена од Нобеловото семејство за негување на нобеловите вредности за еднаквост и за нешто вонсериско –нешто кое не смее да му помине незабележително на македонскиот театар, уметничка пројава којашто секако треба да се задржи и дообликува. За мене, дестинацијата не е важна се додека се почитуваат вистински вредности за создавање на искрен театар. Ако навистина го сакаме театарот, ние теататрџиите низ целиот свет мора да се издигнеме над сите надворешни општестени влијанија и да изградиме искрен однос и почит кон сите театарџии.

* Колку се светските искуства компатибилни со нашите?

Во нашиот театар, мораме сеуште да работиме кон пронаоѓање на онаа енергија што не прави уникатни и со што би го пленеле светот. Tреба да научиме како да ги привлечеме и задржиме младите теататрџии дома и да го зголемиме интересот за драмскиот факутлтет. Одговорноста за квалитетот на театарската традиција и за продолжување на истата паѓа на оние кои творат во театарот денес. Ја имав честа да играм, меѓу другото, и во сцените во Берлин пред познати имиња. По првиот настап, добив покана за работа таму. Еден режисер ми рече: Ти сјаеш на сцената, тоа си ти! Со тоа, научив дека насекаде театарот треба да го градиме по квалитет, а не по квантитет. Секое излегување е однос помеѓу тебе и самата сцена, и секое излегување треба да остави печат. Ние треба да работиме на тоа да си го препознаеме нашето најдобро за да оставиме најдлабок печат. Кога мислам на театар и искуствата, јас ги заборавам луксузните згради или малите сцени – мене ме фасцинира нешто друго. Театарот опстојувал и опстои без зграда – на отворено, (учествував и во уличен театар во Франција и играв на мост, во парк) Кога велам театар, јас помислувам на онаа луксузна енергија, мислам на актерот, живиот збор и светот кој тој го гради. Важен е човекот, критериумите за прием, образованието на театарџијата, енергијата на актерот – и неговата чистота и карактер, тоа е најважно! Важна е енергијата актер – публика и единствен предуслов да постои театар е присуство на таа енергија и ништо друго. Не треба да се стремиме да правиме полтронски театар за да им се допаднеме на странците. Треба да почнеме да создаваме искрен и добар театар сами за себе и самите кон себе. А тоа би било со поддршка на домашни автори, асимилација и квалитетно препознавање на вистинските театарски таленти и овозможен пристап до театарот без никакви полтиички, економоски и социјални ограничувања. Oд детално анализирање на сопствениот домашен потенцијал во целост и од пронаоѓање на сопствениот глас во светот, оттука се гради светски впечаток и внимание.

* Дали некогаш ја гледа во своите раце *статуетка* и за што би сакале да биде тоа?

Никаква статуетка не може да ја замени мојата љубов кон театарот, и никакво присуство или отсуство на истата, не би ја сменила таа пасија кај мене. Тоа е само формалност, а сметам дека театарот не сака и не трпи формалности. Генерално, театарот го гледаме низ призма на награди, број на одиграни претстави, број на продадени карти, број на актерски појавувања, режисерски остварувања и слично. Ако сфатиме дека за чинот наречен театар се само потребни една сцена, еден актер и еден гледач, тогаш театарот нема да го гледаме квантитантивно, туку квалитативно. Ако сфатиме дека лукзузната енергија помеѓу актерот и гледачот треба да е богата, да се збогатува и надградува, и ако тргнеме од неа да го градиме театарот, во светот ќе имаме многу поквалитетен театар. Ако секој театарџија се отргне од желбата по статуетки, туку се фокусира на тоа да биде човек кој го разбира театарот, знае зошто е во него, и знае што театарот од него бара, со огромна почит во тоа во што се впушта, тогаш би имале театар кој ќе ги надмине сите статуетки. Треба да го гаиме нашиот однос кон театарот, со што младите театарџии не би мечтаеле за статуетки без да го запознаат, разберат и почувствуваат театарот од блиску.

ig tom

Театарско резиме – творечка лична карта на Игор Томески

Јас сум во театарот речиси 11 години, од мојата 9 годишна возраст. Имам настапувано низ сцените во Македонија, САД, Германија, Франција и други места, во аматерски но и во професионални перформанси.

Во театарот влегувам со професионалните актери Весна Петрушевска Бејби и Сенко Велинов преку школата за деца актери во 2005, каде се запознавам со основите на театарот и актерството како и со актерските правила и одговорности. Следните 6 години, продолжувам со активно членство во „Детското драмско студио„ во Тетово каде играм во претстави со аматерски но и професионални режисери. Во нарените 6 години, се префрлам во драмското студио за возранси каде учествувам во посериозни проекти. Сум дел два најголеми потфати во аматерскиот театар во Тетово:

1) Актер во „Господа Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, за прв пат подготвен од тетовските аматери во Тетово 2012, еден од најкомплексните текстови поставен во Домот за култура, во режија на Саше Серафимовски. Имав чест да играм со основоположниците на театарот во Тетово со 40 годишно сценско искуство: Миодраг Николиќ Панта, Радисав Наумчевски, Ладо Савески. На 15 години, ја добивам една од најпредизвикувачки улоги во оваа драма – свештеникот доктор Ајолзије Силбербрандт.

2) Автор, режисер и продуцент на „Театарски Џумбус“ – 3 часовна театарска пиеса која ја поставувам со 40 млади актерски дебитанти од Тетово, подготвена за само 2 месеци, но, даде една од најголемите резултати во аматерскиот театар кај младината. Драмата е спој на сето мое драмско творештво на рана возраст до

тогаш и сите мои драми во едно дело. Претстава, која дава општествен коментар на нашето живеење, и е наградена од Нобеловото семејство со Нобеловата нагдрада за млади за споделување на нобеловата вредност за еднаквост. За прв пат во историјата, драмски текст на македонски јазик е награден од Нобеловото семејство.

Во средното американскоко училиште „Wilson“, 4 години го посетувам предметот драма и професионално се дообликувам од професионални инструктори за актерството, но и за драматургијата и режијата. Пишувам свои дела, но адаптирам за сцена и режирам дела од англиска литература: “1984„ од Џорџ Орвел, „Човекот што сакаше да стане крал“ од Ројалд Киплинг, „Мајмунска Шепа“ од В.В. Џејкобс и други.

Моите театарски искуства низ Европа и САД се актерски и соработувам со професионални театри. Во Франција учествувам во уличен театар, а во Берлин, Германија по првиот настап добивам понуди за работа. Во САД се здобивам со многубројни награди меѓу кои и наградата за Најдобар Актер во унивезитетот Пидмонт за школската 2015/2016 година каде наградата ја добивам за само едно мое појавување во текот на целата година за претставата „Бел Божиќ“. Во претствата „Strange Fruit“ *, приказна за меѓурасна забранета љубов, режирана од Бродвејскиот и Њујоршки познат режисер Том Фогарти, хорскиот директор се воодушеви од моите способноси и нашата култура што одлучува да внесе сегмент од песната „Зајди Зајди“ во музичкиот избор на црковниот хор, кој ја придружуваше претставата.

Авторски театарски претстави

Куќен Совет (2013) – Џејмс Бондовски комичен приказ на балканскиот комшиски менталитет

Благојче (2014) – комедија за несигурноста во љубовните врски и влијанието на надворешната околина и пријателите во нашите одлуки

Лебедово Езеро (2013) – комедија за недоразбирање помеѓу друштво, односите помеѓу младите и старите

Театарски Џумбус (2015) – 3 часовен театарски мега-проект и приказна за двајца уметници коишто се откажале од уметност, кои преку театарски едночинки изведени од упорната младина, ќе се потсетат на своите творечки денови и и ќе одлучат да се вратат на уметноста.

 

Марко Трајковиќ- актер кумановски театар

 
Во прво лице

ЗА СЕМЕЈСТВОТО – СЕ!

1. ЗА СЕБЕ: Дилетант во душа
2 . ЗА ЉУБОВТА: Константно потребна, главна мотивација
3. ЗА ЖИВОТОТ: Понекогаш убав, понекогаш грд
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Втор дом
5. ЗА ДОБРОТО: Потребно
6. ЗА ЗЛОТО: Исто потребно
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Дрзжи ги близу и под око
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Што подалеку 🙂
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Никогаш не престанува
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Многу ја има, посебно во Кумановскиoт театар
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Ретко кои ми се допаѓаат приватно
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Ќе ги одиграм 🙂
12 . ЗА ИДЕЈАТА: Nо соммеnt
13. ЗА СОНОТ: Моментално Сузуки ГСЏ-Р 1000 2017 со Мото ГП фарба 🙂
14. ЗА ЈАВЕТО: И јавето е убаво 🙂
15. ЗА ВИНОТО: Не пијам алкохол
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: – СЕ!
17. ЗА КРАЈ: – Тотално поинаков пра[алник од што сум навикнал и малку ми беШе теско да одговарам, но се снајдов. Поздрав

Соња Ошавкова

 

 

Во прво лице

ДОБРОТО – Да царува!
1. ЗА СЕБЕ – Не зборувам
2 . ЗА ЉУБОВТА – Роса на дланка…голтка во суша…на голо тело допир
3. ЗА ЖИВОТОТ – …е сѐ и не…
4. ЗА ТЕАТАРОТ – Мојата магија…чардак ни на небо ни на земја
5. ЗА ДОБРОТО – Да царува
6. ЗА ЗЛОТО – Недостаток на добро
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Има такви??? Тоа се само луѓе недопрени од љубов
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Ги сакам
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Некој се изгубил во животниот лавиринт
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Кога ќе ја вдишеш,страста се разгорува и те носи во најдлабоките тајни на интимата
10. ЗА КОЛЕГИТЕ – ‘’Дишеме’’на иста фреквенција
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – …ништо не знам…а за одиграните тагувам што завршиле, како за завршен живот
12 . ЗА ИДЕЈАТА – Некогаш, ама само некогаш вреди да се загине…зависи од идејата
13. ЗА СОНОТ – …да се родам, постојам и умрам…
14. ЗА ЈАВЕТО – …да ми стане сон…
15. ЗА ВИНОТО – Сласт и страст
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – …полнатица на душата, смисла на постоењето…
17. ЗА КРАЈ – Нема крај…само нов почеток

ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ

Да се потсетиме нешто помалку од 10 години
ВО ПРВО ЛИЦЕ…

Сакам да видам во огледало како изгледам со затворени очи


ЗА УБАВИНИТЕ…
Кога ќе ја погледнам планетата земја од космосот… се топам од убавина!!! Убавината е во предизвикот и промената.
ЗА ЛОШОТИИТЕ…
Ако се потпирам на умот што суди, цел живот би го поминал во судир, затоа се потпирам на умот на мудроста.
ЗА ДОБРИНИТЕ…
Во вистинското човечко суштество добрината е длабоко обична! Ги сакам животните!!!
ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ…
Постојан контакт на прашањата како да се биде и како да се живее. Константа во мојот живот…
ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ…
До почнат да го живеат својот живот, без да ги употребуваат туѓите… Чисто да видат дали можат.
ЗА СОНОТ…
Дар од нас за нас! Откако го сфатив тоа, максимално се обидувам правилно да го толкувам неговиот совет, а содржините… можам да ги понудам како сценарија за филм, предлошка за роман…
ЗА ТЕАТАРОТ…
Место каде го оставам својот живот на страна и оживувам нечиј туѓ и кога сум дојдена на работа и кога сум дојдена како публика. 100 отсто привилегија.
ЗА ЉУБОВТА…
Сакам да видам во огледало како изгледам со затворени очи!!!
ЗА СПОМЕНИТЕ…
Не сум селективна, се обидувам да запомнам се, оти: “Што и да правиме од својот живот, такви ќе бидеме кога ќе умреме. И се смета се, апсолутно се” (Согјал Римпоче).
ЗА ДУШЕГРИЖНИЦИТЕ
Без суштина, но со видливи особини.
ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ
Не требало тогаш, што не значи дека нема да бидат, а и ако не бидат, што не било?

ЗА ГРАДОТ
Преку ден го гледам ѓубрето, навечер насилието, копнеам по урбано дефинирање на нашето постоење, по мали урбани оази… Тревници за гледање облаци, фонтани за читање книги, споменици за фотографирање, лулашки за насмевки.
ЗА СПОРТОТ
Ја поттикнува човечноста! Интернет OUT, спорт IN
ЗА ТРЕНДОТ
Обезличување на стилот и манирот во облекувањето, однесувањето, расмислувањето. СК тренд е дводимензионален и исто како и на кичот му недостасува душа.
ЗА ПЕЧАТОТ
Да стане свесен за својата моќ и да почне да истражува и докажува, да претпоставува, да елаборира, во име на вистината и правдата!
ЗА КРАЈ
И кога се` стои, децата растат.

Борче ГРОЗДАНОВ,

Маја Андоновска Илиевски

 

 

Во прво лице

Ако љубов немам – Ништо не сум !

1.ЗА СЕБЕ
Едноставна, тврдоглава, храбра, активистка, праведна, своја, насмеана, комплицирана,музикална,позитивна, глумица, мајка, жена, човек,хуманист….
2 . ЗА ЉУБОВТА:
Ако љубов немам – Ништо не сум !
3. ЗА ЖИВОТОТ:
Среќа-тага, Сон- Јаве, Страв- Храброст, Љубов-Омраза, Почеток- Крај, Добиваш –Губиш, Учиш, правиш бескомпромисни компромиси …..едно дооолго долго патување…
4. ЗА ТЕАТАРОТ:
Дом, Сон, Јаве… Љубов !
5. ЗА ДОБРОТО
Со добро се враќа !
6. ЗА ЗЛОТО
Сакам да верувам дека секое зло- за добро е… Ама премногу зло има , околу нас !
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
Ги множам со 0 …
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?
Семејство кое сама сум го избрала !
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ
Не ја разбирам ! Смешна ми е !
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА
Најубавата миризба на свет !
10. ЗА КОЛЕГИТЕ
ПОЧИТ, соработка, коректност, верба, љубов… сепак тие се мојот тим !

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ
Жал… но и копнеж дека ништо не е изгубено !
12 . ЗА ИДЕЈАТА
Без неа ништо нема свој почеток.
13. ЗА СОНОТ
Никогаш да не престанам да сонувам ….
14. ЗА ЈАВЕТО
Се трудам да го направам поубаво !
15. ЗА ВИНОТО
Многу вистини сокриени …и изречени

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО
СЕ !
17. ЗА КРАЈ
Не верувам во краеви, само во почетоци !

Јасмина Вучкова – актерка

 

 

 

Во прво лице

Да го славиме животот!

1. ЗА СЕБЕ – Сакам да пеам, да танцувам, да се смеам, да бидам со моите сакани луѓе, да гледам добри серии/филмови, да читам, да гледам одлични претстави и да се радувам дека постојат, да се восхитувам на мајсторски изработени и оживеани актерски ликови, да соработувам со квалитетни и мудри режисери….Сакам да се радувам.
2 . ЗА ЉУБОВТА: Неминовно неопходна, како воздухот. Вдишуваш и издишуваш љубов. Инаку, среќно омажена, во првата медена година од бракот…
3. ЗА ЖИВОТОТ: Мора да постои некоја комична страна на гледање на работите… Треба да се смени призмата и да се бориме за живот каков што сакаме да живееме.
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Е, која магија е театарот! Но и тој како и секоја магија, без вера не постои.
5. ЗА ДОБРОТО- Доброто е насекаде околу нас, можеби некаде има некоја прав врз него, но наѕира.
6. ЗА ЗЛОТО – Контрапункт на доброто, постои за да го издвои, оцрта доброто.
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Порано им обрнував внимание, сега разбрав дека многу мислат на мене и не ми смета тоа.
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Тие се семејството кое си го одбрав – ги сакам.
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ – Во животот среќавам многу лоша глума, од лоши глумци.
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА – Многу прашина… хахха. Би сакала да биде сценско – магична прашина, а не буквално битова.
10. ЗА КОЛЕГИТЕ – Многу ми се важни, тие се моите партнери, тимот со кој работам.
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ – Досега имав среќа и можност да одиграм значајни ликови од големи дела, ликови кои сум ги посакувала. Сеуште ме вбројуваат во младите актерки, така да, во чекалната ме чекаат неодиграните улоги.
12 . ЗА ИДЕЈАТА – Идејата е почеток на делото. Креативност. Зрно подготвено да даде плод.
13. ЗА СОНОТ – Мечтите се нешто без кое неможам целосно да постојам. При недостиг на сонот се чувствувам празна, како човек кој талка безцелно.
14. ЗА ЈАВЕТО – Среќна сум што живеам со човек кој неизмерно го сакам. Поширокиот круг на опкружување е слика која ми предизвикува немир. Сите тие нестабилности во Државата, немаштијата, болестите, омразата, зависта, немирите низ светот, војните, тероризмот, манипулацијата… се сурово јаве кое сакам да се трансформира во енергија за затоплување на домовите на луѓето и да испари.
15. ЗА ВИНОТО – Како виното, така и секој човек, колку подолго постои – повеќе добива на квалитет…хахахха.
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Човек сум кој е приврзан за семејството, тоа е сржта на обликот. Имам три семејства –домашното, пријателското и театарското семејство. Ги негувам и трите, се трудам да допринесам креативност, живост и позитива.
17. ЗА КРАЈ – Да го славиме животот!