Во прво лице-ИСИДОР ЈОВАНОСКИ

ПРАШИНАТА НА СЦЕНАТА Е СРЕЌА

1. ЗА СЕБЕ : Може подобро.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Кога тогаш.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Исправена глава.

4. ЗА ТЕАТАРОТ:Медитација.

5. ЗА ДОБРОТО: Секоја чест.

6. ЗА ЗЛОТО: Скокај го.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Тоа е фудбалот..

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?Што повеќе голови!

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Понекогаш неизбежна, напати излишна.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:Среќа.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Асистенција.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Повеќе пот.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Реализација.

13. ЗА СОНОТ: Плус здравје.

14. ЗА ЈАВЕТО: Помалку Кока-Кола.

15. ЗА ВИНОТО: Понекогаш само го пијам.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Носечки темел.

17. ЗА КРАЈ , ЗА МТФ„ ВОЈДАН“, ЗА МЛАД АКТЕР: Плус одговорност кон театарот.

Јелена Жугиќ вака се збогува со Сабина

 Имав огромна чест да бидеме колешки, партнери на сцена, пријателки, да делиме иста гримиорна во Драмски, да ми биде голема поддршка на почетокот на кариерата. Задоволство беше да се учи и за театарот и за животот од Сабина Ајрула Тозија 
Паметам како вчера да беше…
-иако во театарот имавме одличен шминкер, Сабина инсистираше да ме научи како сама да се гримирам, ми велеше: “само така ќе се концентрираш, со секој потег на четката, моливчето,сенката…полека ќе се трансформираш и влегуваш во ликот кој го играш”…ме научи и дека иако премиерата поминала никогаш текстот не го носиме дома, се додека се игра претставата текстот стои во шкафче и пред секоја претстава го повторуваме иако го знаеме…ме научи како со полни плуќа да “дишам” на работното место, како со леснотија и насмевка да ги надминувам “зад кулисните игри” и професионално да созревам…

Поминаа години од како последен пат се прегрнавме, кариерата на Сабина заблеска на меѓународно ниво и јас со задоволство и гордост ги следев нејзините успеси.
Величенствена жена, врвен професионалец и голем голем Човек

Почивај во мир драга Сабина, нека ти е вечно Името и Славата
❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️ Види помалку

Од 3 до 17 август: По две години пауза повторно ИФАД „Стоби 2021“

Во археолошкиот локалитет „Стоби“ од 3 до 17 август, по две години пауза, ќе се одржи 18. по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, на кој освен од земјава ќе има и по еден театарски ансамбл од Австрија и еден од Босна и Херцеговина во копродукција со македонски театар

Освен претстави ќе има и промоција на публикации од претставите и проекција на документарни филмови на паркингот на велешкиот театар. Организацијата на фестивалот, со одлука на Советот на Општина Велес е префрлена во НУЦК „Јордан Хаџи Константинв Џинот“ Велес.

Свеченото отворање е на 3 август во 21 часот на просторот на Теодосијанската палата во Стоби, со премиера на претставата „Орестија“, копродукција на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Националната опера и балет од Скопје, за чија реализација се потрошени 1,2 милиони денари.

– Министерството за култура го финансира фестивалот со 1 милион денари, а со 300 илјади денари Општина Велес. Од поголемите спонзори се „Дрекслермаер“ и „Маркарт“, хотел „Интернационал“, „Божиновски“ и други, информира на денешниот прес в.д директорот на велешкиот театар Сашо Димоски.

Како и досега, на фестивалот ќе се доделат наградите „Гран при“ за најдобра претстава, награда за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија. Наместо статуетките, спонзорот „Божиновски“ за сите наградени ќе додели по еден дијамант. Жирито на фестивалот ќе го сочинуваат Васил Зафирчев, Роза Трајчевска и Кети Борисовска.

Поради пандемијата бројот на публиката на претставата во Стоби ќе биде 200 гледачи со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, а во салата на велешкиот театар капацитетот ќе биде исполнет 30 проценти. Билети може да се резервираат и купат на билетарата на театарот.

– Организиран автобуски превоз како во изминатите години за Стоби годинава ќе нема, појаснија организаторите.

СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ Премиера 27.07.2021/ театар Битола

СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ Бранислав Нушиќ

Превод: Илија Милчин

Адаптација и режија: Деан Дамјановски

Сценографија и дизајн на плакат: Филип Јовановски

Изработка на сценографски елементи: Иванчо Велков

Костимографија: Андреј Папаз Ѓоргиевски

Композитор: Марјан Неќак

Видео дизајн : Гоце Веселиновски
Изработка на сценографски елементи: Иванчо Велков
Тон – мајстор: Александар Димовски

Светло – мајстор: Горан Петровски

ЛИЦА:

ЈЕРОТИЕ ПАНТИЌ, Началник на околија – Марјан Ѓорѓиевски

АНЃА, негова жена – Валентина Грамосли

МАРИЦА, нивна ќерка – Јулијана Мирчевска

ВИЌА, обвинител – Никола Пројчевски

ЖИКА, полициски инспектор – Филип Мирчевски

МИЛИСАВ, полициски инспектор – Петар Спировски

ТАСА, помлад инспектор – Борче Ѓаковски

ЃОКО – Никола Стефанов

АЛЕКСА ЖУНИЌ, околиски шпиун – Александар Копања

СПАСЕ, трговец – Александар Стефановски

МИЛАДИН,трговец – Васко Мавровски

АЛЕКСА, виртуелен асистент – Сандра Грибовска

Инспициент: Димитар Михајловси Суфлер: Мирјана Христовска

Премиера: 27.07.2021

ПРЕМИЕРА 16.07.21 – 20:00ч “МУРЛИН МУРЛО”

Албански театар Скопје

ПРЕМИЕРА 16.07.21 – 20:00ч “МУРЛИН МУРЛО”

Автор: Николај Кољада

Режија: Кристина Димитрова

Лектор: Илир Ајдини

Сценограф: Енес Деари

Костимограф: Марија Пупучевска

Музика: Томе Темелковски

Печатен материјал: Димитар Димитров

Kristina Dimitrova
Кристина Димитрова

Реч на режисерката Неговата драма „Мурлин Мурло“ е стилски совршена и жанровски неодредена. Уште во самиот наслов содржи тажно подбивање – прекар што провинциското гратче и го дал на душевно болната Олга од биполарно пореметување, девојка со трагичната суднина да биде главна мета за малтретирање. Мурлин Мурло е симболична кукла, а сепак живо човечко суштество, крик за подобар живот што оддекнува и на нашите простори. Дејствието се случува во провинцискиот руски град Сипиловск, кој е толку далеку од секое место кое го знаеме, и толку мал, што повеќето луѓе го немаат напуштено во текот на целиот живот. Дваесет и седум годишната Олга е една од нив, а драмата ја отсликува безнадежноста на нејзината егзистенција, нејзиното бркање на самата себе во нејзиниот внатрешен свет. Таа пишува детски песни во својот дневник и единствениот пријател што го има е Бог, кој ја посетува и управува со неа. Гледаме дека е грдото пајче што никогаш не пораснало и поради тоа ја нарекуваат Мурлин Мурло. Опшетсвото во желба за реформи создава суштества што, од искрена потреба за среќен живот, завршуваат ринтајќи на градилишта, немоќни на своите деца да им обезбедат примарно образование, ни правилна здравствена нега. Сите живеат и преживуваат во своите мали кафези и светови. Мајките стануваат ороспии, децата дебили, а принцот на белиот коњ – ѕвер. Во претставата се зборува за таа општествена девијација, за осаменоста, за желбата да се содзаде свет со љубов, надежи и страсти.

Кристина Димитрова

Играат: Сабина Мемиши, Елдин Широки, Гентиана Рамадани. Дритеро Аме.

Реализација: Раководител на сцена: Ибрахим Џемаили Испициент: Орхан Кадриу Лани Светло: Идавер Џемаили и Ахмет Чајани Тон: Нади Беџети Кројачи: Зира Аземи и Баки Курти Гардеробери: Атиџе Демири, Аднан Реџепи и Кадрије Авдиу Шминкери: Авди Билал и Нора Питарка

Реквизитер: Сулејман Ибрахими

Декоратери: Африм Рустеми, Џанер Мусиќ, Ремзи Халили и Суат Алиу

ОТВОРАЊЕ НА 14. ПАНФИЗ НА ОТВОРЕНО – ПЛАТО МНТ

Почитувани,Со оглед на актуелната ситуација во светот со корона-кризата, и ние како фестивал се обидуваме да се прилагодиме на сите протоколи кои се нужни, па така и оваа година, 14. ПАНФИЗ, по втор пат ќе се одржи на отворено и тоа пред МНТ-платото на северозападната тераса.

Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Во случај на невреме претставите ќе се играат на малата сцена на МНТ. Билетите ќе бидат поделени пред претставата по принципот прв дојден прв услужен, за сепак да создадеме некаков ред во однос на препораките. Дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита.

Се надеваме дека и овогодишната програма која во прилог ја доставуваме ќе предизвика интерес кај нашата публика, па со внимание ќе го проследиме и ова издание на ПАНФИЗ.

Оваа година имаме ексклузивна македонска фестивалска премиера и тоа во режија и кореографија на Ирена Лозинска – претставата се вика „Четири“ и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима. „Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на ПАНФИЗ, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра. Од Бугарија ни доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а ќе видиме и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“.Идејата е да не застанеме и да не ја прекинеме традицијата. Продолжуваме да чекориме и да ја промовираме пантомимата и физичкиот театар колку и тоа да изгледа тешко во овие времиња. А тешко е.



НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР
ул.11-ти Март бр.3 1000 Скопје Република Македонија

Разговор со Драган Довлев: „Подрумот“ е сеприсутен во нашето општество и сите сме во него

На ден 23.06.2021 во 20:00 часот во Н.У. Театар за деца и младинци +14

„Дејствието се случува во еден театарски подрум каде што куклите од мртвите претстави почнуваат да прават претстава што треба да биде подобра од оние што се играат горе на сцената. Одвреме-навреме во подрумот влегуваат вработените, кои се живи ликови, но дали куклите ќе успеат во својата мисија и кој во подрумот е кукла, а кој жив, ќе ѝ го оставам на публиката“, вели режисерот Довлев за претставата „Подрум“, која публиката над 14 години ќе има можност да ја види во Театарот за деца и младинци од 23 јуни (20 ч). „Ќе бидеме задоволни ако по оваа претстава почнеме почесто да разговараме за нашите слабости“, додава Довлев

„Подрум“ е прва куклена претстава „за возрасни“. Како дојдовте на идеја за една ваква претстава, како што велите, прва од ваков вид во Театарот за деца и младинци?

Јас не знам од каде и кој ја поставил границата на 16 години, мислам дека оваа претстава можат да ја гледаат и деца од 14 години, па и помлади. Не ми се верува дека децата од таа возраст досега не ги слушнале сите пцости што ги користи нашиот народ. Инаку, и досега сме имале куклени претстави што биле наменети за деца, а биле многу интересни и за возрасните. Ова е првата куклена претстава што не е наменета за деца. Пред сè темата ќе им биде досадна. Идејата за проектот е многу стара, уште од времето на моите постдипломски по куклена режија во Софија, но немало доволно време, ни интерес таа да се реализира.

Што е всушност она што, според Вас, ја карактеризира како претстава за возрасни, која е темата и пораката што ја носи?

Претставата е за младинци и е уште еден обид да се збогати младинската сцена и кога зборуваме за возрасни, пред сè треба да мислиме на младинци. Се работи за некаквоси мое гледање на состојбите во театрите. Се случува во еден театарски подрум каде што куклите од мртвите претстави почнуваат да прават претстава што треба да биде подобра од оние што се играат горе на сцената. Одвреме-навреме во подрумот влегуваат вработените во театарот, кои се живи ликови, но дали куклите ќе успеат во својата мисија и кој во подрумот е кукла, а кој жив, тоа ќе ѝ го оставам на публиката.

Кои се специфичностите на оваа претстава во однос на останатите во однос на сценографијата, начинот на нејзино претставување?

Она што би го издвоил кај овој проект е желбата да направиме претстава „без пари“, во ова ужасно време за сите театри во светов. Оттаму, самата сценографија е составена од стари парчиња декор, стари костими, кукли што и онака стојат складирани во нашиот подрум. Куклите кои играат во претставата се изработени од евтини материјали, трошоците за нив и за реквизитата се тековни – лепило, сунѓер, платно… Безмалку комплетната екипа е вработена во театарот, нема хонорари, музичките изведби на неколку класични дела се подарени (благодарност до Македонска филхармонија и Дино Имери), сè што е платено е под цена, како за пријател. Сè на сè, овој проект чини 15-20 пати поевтино, од тоа колку би чинел со надворешни соработници, нова сценографија, костими…

Како се одвиваше процесот на подготовката на претставата и соработката со актерите?

Започнавме во јануари, но процесот на работа беше прекинат четири пати. Инсистирав максимално да се почитува ковид-протоколот и најголемата пауза траеше два месеца. Паузиравме од почетокот на март до почетокот на мај, што заради опасниот пролетен бран, што заради позитивен случај во самата екипа. Во мај, всушност, како да почнавме од почеток. Од самиот процес сум навистина задоволен, како режисер сум немал толку квалитетен процес. Актерите беа феноменални, без претерување. Неколкукратно ги надминаа моите очекувања. Многу ми е мило што работеа на проектот како да им е последен и сите се блиску до својот максимум што во овој момент можат да го дадат. Многу е важно кога актерите го сакаат тоа што го прават.

Ова е премиера на првата младинска претстава годинава. Сметате ли дека треба да има повеќе претстави за оваа категорија на публика и колку тие се заинтересирани да ги следат претставите за нивна возраст?

Не мислам дека треба повеќе младински претстави, во моментов ги имаме доста. Се надевам дека ќе се вратиме на редовно играње на репертоарот и сите тие претстави редовно да продолжат да се играат. Интересот за вакви претстави треба самите да го поттикнеме. Младите имаат избор, можат да следат претстави што се соодветни за нив и во другите театри. Затоа треба да се стремиме кон квалитет, не кон квантитет. Јас не велам дека токму оваа претстава е квалитетна, само држам палци добро да поминеме, а каква е ќе видиме од среда па натаму.

Очекувате ли дека претставата ќе ја постигне планираната цел?

Целта беше да си поставиме доволно тешка задача за да го предизвика целото наше знаење и искуство и да си ја одработиме работата онака како што треба. Крајниот производ да ги исполнува високите критериуми што самите си ги наметнавме. Ние немаме некоја повисока цел од типот „да се подобрат состојбите во театрите“. Тоа нема да се случи, оваа претстава нема да промени ништо во тој поглед. Нема да станеме подобри професионалци после оваа претстава, нема да бидеме посовесни и поревносни. Не зборувам само за театарџиите. „Подрумот“ е сеприсутен во нашето општество и сите сме во него. Ќе бидеме задоволни ако после оваа претстава почнеме почесто да разговараме за нашите слабости. (Д.Т.)

https://www.vecer.press/

•ЗАД ОТВОРЕНИ ВРАТИ•

Интернационалниот Фестивал на Монодрама кој од 22 до 27 јуни – Битола

•ЗАД ОТВОРЕНИ ВРАТИ• е мотото на годинашното издание на Интернационалниот Фестивал на Монодрама кој од 22 до 27 јуни ќе се одржува во Битола.

Короната ги згасна рефлекторите минатата година за планираното издание.
Но, организаторот Центарот за култура од Битола не дозволи пандемијата целосно да го замрзне актерското време. 
“Сонувавме за оваа година и за Фестивалот кој сакавме да се одржи. И успеавме, зошто сцената е место на кое луѓето колективно сонуваат.
Овој фестивал ќе биде добар доказ дека театарот секогаш ќе го пронајде својот нов Модус Вивенди со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.”- истакна Маја Андоновска Илијевски директор на Центарот за култура.

Рефлекторите ќе се вклучат на 22 јуни, на неколку сцени низ Битола, а Интернационалниот Фестивал на Монодрама ќе живее 6 денови зад отворени врати со своја официјална и офф програма.

“Mонодрамата, како форма, покажа дека времето на пандемија не може да ја замолчи.
Сведоци бевме на крикот на актерите кои моноспектаклот го избраа да се изразат. И да имаме навистина во време на пандемија и одлучна продукција.
Така, со одлука на Фестивалскиот совет, како селектор ја поддржав идејата сите оние актери од нашата земја, кои во оваа година се појавија со свои проекти, а и од оние кои минатата година беа селектирани, да настапат. 
Ваква една специфична година заслужуваше поинаков третман, а ние како Фестивал ја покажавме својата големина. 
10 монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство се сѐ уште проблематични, а е и добра поддршка за домашната театарска продуција. Ќе имаме и еден танц перформанс во офф програмата и премиера на класична театарска претстава во чест на наградените.”- изјави актерот Петар Мирчевски кој е селектор на фестивалот.

Програмата официјално ќе биде соопштена на прес-конференцијата која во понеделник на 14 Јуни од 11 часот ќе се одржи во Малата Сала на Центарот за култура во Битола.

Впечатлив дизајн на плакат и придружни промотивни материјали за фестивалот се објавени на социјалните медиуми, позади кои стои графичката дизајнерка Ангела Христовска.  

Премиера на „Супербајкастично“: „Ин“ е да се грижиш за планетата Земја

 Вечер -12/06/2021

Во Театарот за деца и младинци – Скопје, вечер во 19 часот ќе биде изведена премиерата на претставата „Супербајкастично“, авторски текст на Горјан Милошевски, а во режија на Игор Ивковиќ.

Како што информираат од Театарот, станува збор за еколошка бајка за деца, но и возрасни, чија цел е да ги разбуди емпатиите кај публиката за поголема грижа кон планета Земја, нашиот единствен дом.

– Создадовме еко бајка, која има задача преку досетки, хумор, забава и јасно изградени карактери, да испрати силна порака дека е важна грижата кон животната средина. Со овој проект на младите сакаме да им покажеме дека е „ин“ да си: научник, несебичен, искрен и одговорен пред другите и животната средина, вели Игор Ивковиќ, режисер на претставата.

Авторот на драмата, Горјан Милошевски, додава дека „Супербајкастично“ не е обична претстава за деца, туку е една голема авантура во која преку чудните, духовити, но предупредувачки ликови публиката ќе биде дел од еколошко театарско шоу.

– Во драмата и претставата, двајцата херои, децата Мила и Давид на свои 10 години ја започнуваат најголемата битка за нашата планета. За таа цел Давид создава супер, еколошки велосипед водејќи се по изуми и нацрти на неговите претци – климатолози. Тој велосипед отвора порта кон поинаква, бајковидна димензија каде нашите херои се борат против Небрила Токсичнаја, мајката на целото загадување, кралица на загадениот воздух. За да ја победат тие треба да поминат многу необични, големи и чудни пречки, појаснува Горјан Милошевски, автор на драмата.

Главните улоги на научникот Давид и неговата другарка Мила ги толкуваат Мики Анчевски и Емра Куртишова. Според нив, Театарот за деца и младинци, со овој проект уште еднаш покажува дека покрај тоа што ја забавува детската публика, успешно и ја едуцира.

– Грижата за животната средина се стекнува од „мали нозе”. Дури и едно дете да излезе по претставата со крената свест е голем успех. Грижата за животната средина, науката, другарството, љубовта, влијанието на „инфлуенсерството, мобилната тегнологија, трендсетерството”, се само дел од нештата вметнати во оваа навидум „лесна” и „едноставна” претстава, вели Анчевски.

За Куртишова, претставата носи силна порака за глобалното загадувањето, но зборува и за сплотување на две дечиња кои се дијаметрално различни, при што на крајот, вели, победува љубовта и разбирањето.

Директорктата на Театарот за деца и младинци, Катарина Илиевска Силјановска, која во оваа претстава се појавува во повеќе улоги, смета дека нема ништо поголемо и поважно од зачувување на околината, животната средина, а со тоа и здравјето на сите нас.

– Како поинаку ќе ги стекнеме тие навики, освен со секојдневно повторување на работите како рециклирање, селектирање отпад, што помалку користење на пластика и така натаму. Во оваа наша најнова претстава преку многу игра и хумор се обидуваме да го доближиме тој современ начин на живеење кој треба да ни е секојдневие. Особено сум среќна што сум дел од претставата Супербајкастично, зашто се говори за нашето еко освестување“, вели Илиевска Силјановска.

Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите ги дизајнираше Елена Вангеловска, автор на музиката е Оливер Јосифовски, маскотите се дело на Маре Трајковска, а корегорафијата на Дафина Даниловска – Кочевска.

Репризите на претставата се закажани за утре (13 јуни) од 12:30 часот и на 17 јуни од 19 часот.

https://www.vecer.press/

„РАЗВЕДИ МЕ“

РЕЖИЈА: Роберт Ристов

„РАЗВЕДИ МЕ“ е едно од двете поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО на претставите со заеднички наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата.

Ако мракот значи недостиг на светлината, а црвената ни го означува присуството на љубовта, дали во миговите на бес, при намаленото присуство на светлина, умееме да го согледаме присуството на нијансите на црвена? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската во која се наоѓаме? Дали љубовта треба и да боли или само да нè разнежнува и мотивира да растеме и да се менуваме?  Дали таа е „прекинувачот“ за нашата среќа? Дали љубовта мора да се круниса со БРАК, или бракот е само старомодна архаична институција со која општеството го стигматизира човекот за да може полесно да го манипулира? Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).

Овие две поглавја на „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“ ќе ве подзамислат, но со сигурност и ќе ве насмеат до солзи.

Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов

Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од  БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото). Претставата е финансирана од Општина Гази Баба. Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.