ВРАЧЕНИ ВЕЧЕРОВИТЕ ЗЛАТНИ МАСКИ

Петте Грации играа како Едно

Тие во “Крпен живот” функционираа беспрекорно точно, и заедно, но и во моментите кога се надополнуваа, без разлика во кој сегмент го бојат женскиот карактер на македонската традиционална жена. Тие беа фантастични и кога се лутеа, и кога озборуваа, и кога милуваа, и кога сакаа, и кога беа тепани, и кога беа љубени…, рече нашиот новинар и театарски критичар Борче Грозданов на доделувањето на традиционалната награда

– Овие пет Грации што ги видовме вечерва, Златната маска што традиционално ја доделува Редакцијата ВЕЧЕР ја заслужија со својата колективна игра како Едно. Затоа и го заслужија ова признание што го доделуваме за најдобра женска ролја, овојпат, за колективна игра во рамките на театарскиот дел на Охридско лето. Тие во “Крпен живот” на НТ Војдан Чернодринскии од Прилеп, функционираа беспрекорно точно, и заедно, но и во моментите кога се надополнуваа, без разлика во кој сегмент го бојат женскиот карактер на македонската традиционална жена. Тие беа фантастични и кога се лутеа, и кога озборуваа, и кога милуваа, и кога сакаа, и кога беа тепани, и кога беа љубени… Затоа со право Златната маска за оваа 2009 година оди во рацете на петте Грации: Марија Спиркоска-Илиески, Катарина Чакмакоска, Даниела Стојковска, Наташа Наумоска и Јасмина Мицоска – Станкоска, рече нашиот претставник, новинарот и театарски критичар Борче Грозданов, врачувајќи им го одличјето и образложувајќи ја одлуката на нашата Редакција во живописниот и речиси автентичен амбиент, на отворено, во Хавзипашините конаци во Скопје, во рамките на Карпошовото лето.

Овој амбиент речиси и соодветствуваше на оној од Заливот на коските во Охрид и мариовското село Витолиште, од каде е всушност црпен животот на оваа претстава и од перото на авторот Стале Попов.

Публиката која го преполни просторот во Конаците во текот на целата претстава здушно ги прими актерите и актерките лауреатки и не ги штедеше аплаузите на отворена сцена.

ДОДЕЛЕНА ВЕЧЕРОВАТА ЗЛАТНАТА МАСКА ЗА НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА

Дранговски: Аљоша ми донесе голема радост

Тој ликот преку кој се одвиваат сите премрежја и драми, пред се во психолошка смисла во романот и претставата “Браќа Карамазови” го одигра со фантастични интровертни и екстровертни трансформации, оддавајќи ја и смиреноста и тагата, но и растроеноста со неверојатна точност.

5dea6135-31ba-40ef-be3c-fe6b7ac5cd06_cx0_cy6_cw0_w987_r1_s_r1

Актерот Огнен Дранговски, на матичната сцена на Битолскиот театар завчеравечер ја доби во своите раце, заслужената награда – Златната маска на Редакција ВЕЧЕР. Тој ова традиционално признание на нашата Редакција го заслужи за улогата на Алексеј – Аљоша Карамазов во претставата “Браќа Карамазови” во режија на Дејан Пројковски.

Тој ликот на Аљоша, преку кој се одвиваат сите премрежија и драми, пред се во психолошка смисла во романот и претставата “Браќа Карамазови” го одигра со фантастични интровертни и екстровертни трансформации оддавајќи ја и смиреноста и тагата, но и растроеноста со неверојатна точност. Ова е само дел од перформансите што тој ги искористи градејќи го својот лик. На завчерашното доделување со Златната маска в раце, возбудениот Дранговски кусо рече:
– Му благодарам на режисерот Дејан Пројковски и неговата идеја за создавање на оваа претстава, иако морам да признаам дека бев по малку скептик, како и благодарност до целата екипа (уште 14 актери во поделата на Пројковски – н.з.), за поддршката и заемната енергија која ја даваат на сцена. Аљоша ми донесе голема радост…

Според Борче Грозданов, претставникот на редакција Вечер “со оваа изведба на претставата, на Битолскиот театар, уште еднаш се потврди исправноста на одлуката Златната маска да ја добие Огнен Дранговски.

Да потсетиме, освен оваа награда за Најдобра машка ролја од драмскиот дел на Охридско лето, за Најдобра женска креација беше прогласена онаа на петте актерки – Грации во претставата “Крпен живот” на Прилепскиот театар, доделена за нивната колективна актерска игра.

По ова доделување на отворањето на новата сезона (од октомври) следува уште едно, она за најдобра машка улога на актерот Оливер Дранговски за улогата на Алексеј Карамазов во претставата Браќа Карамазовии а ќе му биде врачена на матичната сцена на Битолскиот театар.

ГЛЕДА ЛИ ТЕАТАРСКАТА ФЕЛА ПРЕТСТАВИ?

Се поретко колегите ги гледаат колегите

Порано се беше поинаку и подобро во оваа смисла. Пристигнуваше факс кој најчесто завршуваше на огласната табла и имавме и време и простор за организирање на следење на одредена премиера во некој друг театар или град. Сега тоа не се прави и оттука се помали се шансите организирано да проследуваме претстави од другите градови.

Сепак, единствената шанса преку нашите два фестивала каде сите театарџии се на едно место – Чернодрински” и Шишков”, сепак, имам можност да видам речиси се што е релевантно на нашата сцена, вели на темава Владимир Тулиев, актер во Штипскиот театар

Театарската претстава за поколниците на Талија е вистински празник. Но, дали на тој празник присуствуваат и оние кои во негова чест работат и го создаваат, особено кога не играат или не се потписници на режија, текст, сцена, музика… или со други зборови дали театарџиите имаат и ја поддржуваат праксата да ги гледаат своите колеги, шетајќи по театарите низ државата? За волја на вистината, има и такви луѓе од фелата – актери, режисери, драматурзи, сценографи, кои ја обиколуваат театарската ни држава и се информираат што навистина се случува кај нас.
Има и такви кои речиси константно (о)зборуваат дека театарот не ни чини, а притоа без да видат ниедна претстава надвор од матичната сцена и што е најтрагично упорно да создаваат една негативна слика за тоа, што, всушност, театарски ни се случува…
Што се однесува до овие последниве за Драган Спасов-Дац нивните констатации не се ништо друго освен будалаштини и бесмислици што создаваат небулозни ситуации во театарот”. Тој признава” дека не може многу често да гледа претстави во другите театри, особено не во градовите низ Македонија.

Сепак, за мене е поприродно кога сум на сцена отколку од другата страна на рампата. Но, во секој случај кога имам време, а и тоа се случува, успевам да ѕирнам што се случува, најчесто во МНТ. Затоа, последно што гледав беше Така било пишано” од Сашко Насев во режија на Синиша Ефтимов”, вели Дац.
За Владимир Тулиев, актер на Штипскиот театар, се помалку има можност за патувања, со цел да се види што се работи во другите театри. Порано се беше поинаку и подобро во оваа смисла. Пристигнуваше факс кој најчесто завршуваше на огласната табла и имавме и време и простор за организирање на следење на одредена премиера во некој друг театар или град. Сега тоа не се прави и оттука се помали се шансите организирано да проследуваме претстави од другите градови. Сепак, единствената шанса преку нашите два фестивала каде сите театарџии се на едно место – Чернодрински” и Шишков” имам можност да видам речиси се што е релевантно на нашата сцена. Единствена моја замерка во овој однос е што колегите дали немаат време или не сакаат, не навлегувам, се помалку остануваат на дружба – се оди дома речиси веднаш по одиграните претстави”, додава Тулиев.

Редовно одам на премиери во Велешкиот театар, бидејќи ми е блиску и онаму каде што ќе ме поканат. Ете на пример, бев на премиера во Ниш на претстава што ја режираше Сашо Миленковски, бидејќи ме повика. Се трудам да гледам претстави колку што можам, се разбира, во склад со моите можности и обврски”, ќе каже Ванчо Петрушевски на темава и додава: Душегрижниците да ги оставиме на страна, бидејќи тие најчесто преку плуќањето по театарот ја изразуваат својата немоќ, а некои од нив и својата нереализираност”.
Слично мислење за ова има и драматургот на МНТ, Братислав Димитров: За жал, најгласни се тие што првин не се бендисуваат себе, а потоа и другите. Тие не ја сакаат уметноста во себе туку себе во уметноста.Тоа е нивната трагедија”. А што се однесува до можноста за проследување на претстави тој вели дека го користи секој момент бидејќи духот треба постојано да се надградува, што подразбира дека театарскиот уметник треба да ги проследува настаните во неговото опкружување, бидејќи ниту животот ниту нашата професија не стојат во место”.
Дејан Пројковски, режисер и уметнички директор на МНТ, е задоволен од тоа колку и како може да ги проследува театрските случувања во Македонија дел како обврска со новата функција во МНТ, но дел и како приватна цел и вокација. Сметам дека доста активно го следам она што се случува кај нас и што мислам дека е релевантно на нашата театарска сцена.
Можам да кажам дека се повеќе се развива и ја има алтернативната и приватната професионална сцена што значи поголема конкуренција, но и поголем поттик за работа. Што се однесува до колегите критизери за мене од секогаш било релевантно она што публиката и критиката ќе го види и оцени, бидејќи токму овие два сегмента чинат од нас и за нас споменици или гробови”, завршува Пројковски.

Борче ГРОЗДАНОВ

Да се потсетиме, две години без Шишков Васил

“Животот е сон” – ВРАЌАЊЕ НА ШТИЦИТЕ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ СЕ СЛУЧИ СОНУВАЊЕ

Васил Шишков

    arhiva 

Васил Шишков 

Роден 30 јануари 1970
Скопје
Починал 21 декември 2014
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Бог да ги убие шпионите
Тврдокорни
Македонски народни приказни
Занимање глумец
Татко Ристо Шишков

Васил Шишков (30 јануари 1970 во Скопје21 декември 2014[1][2]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, син на Ристо Шишков.

 Филмографија
Година Филм Улога
1991 Македонија може Полицаецот
1992 Македонски народни приказни
1991 Бог да ги убие шпионите 13932855_10153825321026884_5231632376523780144_n Војин Треновски
1993 Тврдокорни Милан Арсов
1995 Македонски народни приказни
1995 Адска машина Силвестер
1997 Џипси меџик Војник од УН
2006 Стрмоглави Цветко
2006 Мост Дамјан
2007 Сенки Свештеникот
2012 Максим Дејан

Театар

2012  – “Животот е сон” во режија на Владо Цветаноски

vasil-siskov-01a

2013 – неговата последна улога во ” Вечна куќа ” во која успешно го одигра ликот на таткому Ристо Шишков, во режија на Дејан Пројковски

cb-seskiv

Смрт и реакции

Ти си причината заради која ми течат солзи веќе 10 минути… толку е времето за кое знам дека си на подобро место. Ти ми беше прва детска симпатија, ми беше генијален и единствен во она што го правеше. Уметнички. Достојно. Самостојно и своеглаво. Зошто? Ни требаше уште меѓу нас, ни требаше да те гледаме, да не импресионираш… Да не тераш уште повеќе да го сакаме театарот. Па се видовме пред само неколку дена. Беше насмеан таков и ќе останеш засекогаш во моето сеќавање. Почивај во мир голем, генијален, достоен човеку![2]

Нина Јанева.

Васил Шишков почивај во мир генерацијо, колега …последната улога му беше Ристо Шишков во Вечната куќа …апсурдот да биде поголем ..и беше бескрајно среќен на секоја изведба …тажно, многу тажно …се надевам Шиле дека конечно ќе го најдеш својот мир и ќе испиеш една чашка со стариот…[2]

Весна Петрушевска.

vasil-siskov-01a

Бајка за еден сон и едно враќање

И повторно во МНТ се слеаја добронамерници од фелата и љубители на Талија, кои на крајот по заслуга, десет минути им отстоаја на нога на актерите, трикратно враќајќи го повратникот Шишков и останатите, за печат што останува за навек

 

 

 

 

 

 

“Дали сонот е живот или животот е сон?”. Ова прашање најчесто го поставуваше актерот Васил Шишков и приватно и пред јавноста повеќе од два и пол месеци, додека ја работеше заедно со своите колеги и режисерот Владо Цветановски, претставата “Животот е сон” по Калдерон де ла Барка… за одговорот да го добие завчеравечер на сцената на МНТ. Додека сонуваше, сонот му се оствари! Повторно е на сцената, сугестивен, грамаден, не многу речит (со оглед на вербалните барања и можности на ролјата), но громогласен и разбирлив, кога за тоа му се укажуваше прилика… Потврда доби на крајот кога овациите и по некоја солза се згушија во громогласниот аплауз… Тој аплауз, се разбира, не беше само негов, туку и на уште негови 13 колеги и на професорот и режисер Владо Цветановски… Овој последниов како диригент создаде бајка за сонот, сон во кој се трагаше по едно шамивче, кое како желба и цел ги водеше сонувачите… Бидејќи, секој во сонот е крал и секој крал на јаве може да биде питач… И кога сето тоа ќе се отвори до бескрај во кутијата – сцена преполнета со магија, наративна моќ карактеристична за одличниот актер Владо Јовановски, имаме навистина една отворена сказна која треба да се гледа, а преку тоа и да живее…

154556_3591979271877_611489167_n

Неблагодарно е сал да се набројува, тоа е навреда за актерската личност. Но ако тоа сочинува Едно, тогаш спомнати да бидат заслужија: Петар Мирчевски, Малиот, а голем Крал и неговата свита: Висар Вишка, Славиша Каевски, Борче Начев, Мирослав Петковиќ и актерките – самовили – принцези: Искра Ветерова, Арна Шијак, Софиа Насевска, Јелена Мијатовиќ, Дарја Ризова, Тина Трпкоска и Наташа Петровиќ…

И повторно во МНТ се слеаја добронамерници од фелата и љубители на Талија, кои на крајот по заслуга, десет минути им отстоаја на нога на актерите, трикратно враќајќи го повратникот Шишков и останатите, за печат што останува за навек.

Борче ГРОЗДАНОВ

cats

ЖИВОТОТ Е СОН – 06.05.2012

Автор: Педро Де Ла Барка Калдерон
Режисер: Владо Цветановски

Сценографи: Владо Ѓоресвки и Тодор Даевски
Костимограф: Благој Мицевски
Композитор: Оливер Јосифовски
Кореограф: Александра Кочовска

bc2f9422bd042d43a74d5a975a8717ef

Актери:
Петар Мирчевски
Висар Вишка
Борче Начев
Искра Ветерова
Софиа Насевска Трифуновска
Дарја Ризова
Наташа Петровиќ
Владо Јовановски
Васил Шишков
Славиша Кајевски
Мирослав Петковски
Арна Шијак
Јелена Мијатовиќ – Галевски
Тина Трпковска

Техничка екипа:
Зорица Благоевска- Суфлер
Александар Петровски- Тон – мајстор
Илија Тарчуговски- Светло – мајстор
Дарко Младеновски- Светло – мајстор
Никола Кимовски- Инспициент

Продуцент: Симона Угриновска
Лектор: Цветанка Недановска

Бродвеј театарот – срце на американската и светска театарска индустрија

 

 

page

 

Театарот Бродвеј се наоѓа на Мидтаун, Менхетен и за разлика од повеќето театри во таа област се наоѓа токму на местото именувано како Бродвеј уште од 1681 година. Со своето значително присуство се истакнува од 1750 година, кога актерите и менаџери воспоставија театар на улица Насау со сала за околу 280 луѓе. Најпрвин биле презентирани драми од Шекспир и балади – опери, како што е операта “Просјакот”, на пример.

62
Бродвејскиот театар (Бродвеј) изведува претстави во 41 професионален театар, шетајќи го светот кога се “дислоцира” од Мидтаун, Менхетен во Њујорк. Инаку, овој театар е популарна туристичка атракција во Њујорк. Според Бродвеј лигата во сезоната 2015-2016 (завршена на 22 мај 2016), вкупниот број на присутна публика која ги посетила претставите е верувале или не 13.317.980 гледачи.
Во најголем дел од репертоарот на театарот најчесто се прикажуваат мјузикли, кои најчесто кулминираат во продукции на Ричард Роџерс и Хамерстајм Оскар, чија фирма создаде енормно влијателна форма на американската топ култура. Со ова Бродвеј значително помага Њујорк да се претвори во културна престолнина на државата, па и светот.
Концептот на Бродвејскиот театар вклучува 40 професионални театарски Сали со капацитет од 500 и повеќе места, а во 2014 година се продадени билети во вредност од 1,36 милијарди долари.

photo
Мјузиклот кој го држи рекордот е Фантомот од Операта одиграна дури 7.486 пати. Актерите од овој театар секоја година ги освојуваат Тони наградите, што всушност е театарски пандан на Оскарот во Холивуд. Значењето на оваа награда значително е зголемена од 1967 година, кога оваа престижна манифестација почна да се пренесува на телевизија. Покрај сета популарност и атрактивност една од тајните што Бродвеј го чини популарна туристичка дестинација во целиот свет се и честите попусти за билети, што на #обичната# и не толку имотна публика да стигне до својата омилена претстава. Така, една од најстарите улици во Њујорк, која своето име е всушност англиски превод од холандскиот #Брееде Њег#, што значи Широк начин. Историјата на театарската уметност се уште се испишува на улицата која е живото течение на Њујорк и Светот.

Златко Ориѓански – Азвбука ,,ОГНЕНИ ЈАЗИЦИ ,,-2013

Oкт 8, 2013

cats1Режија : Слободна Унковски

cats2Текст – Горан Стефановски

catsМузика – Златко Ориѓански

Драмски театар Скопје  2013

Играат — Драган Спасов – Дац, зоран Љутоков, Благој Веселинив, Сања Арсовска, Соња Стамболџиеска, Диме Илиев, Игор Ангелов, Билјана Драгичевиќ Пројковска, Филип Трајковиќ
клариент Благојче Трајковски
виолинаа – Илија Филиповски
цртежи – Алекксандар Гулевски

Театарот Ројал Друри Лејн – Лондон

 

Производство на Мис Сајгон (1989-1999) Камерон Мекинтош режисерот на ова дело го држи рекордот за најдолго шоу на театарот, со вкупно 4.263 настапи.

771px-microcosm_of_london_plate_032_-_drury_lane_theatre
Од 1663 Театарот Ројал Друри Лејн има обезбедено забава за широките масите и беше посетена од страна на секој монарх од реставрација.
Театарот има не една, туку две, кралски ложи, тука за прв пат во јавност се слушна националната химна на Британија. Претходно згради се управувани од страна на големиот актер Дејвид Герик и познатиот писател Ричард Шеридан Бринсли и сегашната, четврта, зграда беше отворена во 1812 година.

theatreroyal_auditorium_9
Театарот бил познат по своите спектакуларни Викторија мелодрами и пантомимите, но од 1920 година на својата историја станал одраз на развојот на модерната музика. Од оригиналните Лондонски продукции, и на американски мјузикли Роуз Мари, пустината песна и Покажи прошетки, преку романтична оперети Ивор Новелло и Роџерс и Хамерстајн Основа на повоената продукција се прикажува и Господарот на прстените. Мојата убава дама одржа рекордот за најдолг рок на театарот за многу години, но рекордно се достигна со Кршење на Мис Сајгон на Камерон Мекинтош е, десет години и е актуелен рекорд. По Шрек Музички најновите семејство спектакуларно шоу е Роалд Дал Чарли и Фабриката за чоколада во режија на Сем Мендес.

page22

ИСТОРИЈА
Театарот го прослави својот 350 години од работењето на 7 мај 2013 година и сегашната зграда имаше својот 200-ти роденден во октомври 2012 година.
1663 CharterThe првиот театар бил изграден во 1663 година од страна на Томас Killigrew, кој добил уникатен проект да го направи тоа од кралот Чарлс II. Тие се уште работат под истото знаме и денес на Кралската повелба и едно знаме на копје се виореше и виори сеуште. Иако оригиналното знаме сега е на чувањето на V & A театар и е дел од збирката на приоритети. Оваа зграда, во сегашната големина, беше посетена од страна на Семјуел Пипс и беше местото каде што Чарлс II прв пат се сретнал Нел Gwynne, кој го имаше своето деби на сцената во 1665 година беше со краток век, се уништени од пожар во 1672.
Од страна на Киллгрев бил изграден вториот театар, се отвора во 1674 година, а преостанатите во операција за 117 години. Оваа зграда беше сведок на триумфи на Томас Betterton кој го одигра Хамлет, кога тој имаше 70 год.

page1
Дејвид Герик станал менаџер во 1747 и воведе многу реформи кои имаат облик на модерниот театар. Тој го менаџирал театарот 29 години и бил наследен во 1776 година од страна на Ричард Бринсли Шеридан, чија најпозната драма, Школата за скандал, ја доби својот прв настапот во 1777.
Шеридан го надгледуваше уривање и стареењето на објектот и неговата замена со поголем театар за да се сместат 3.600 луѓе, дизајниран од страна на Хенри Холанд, во 1794 година. Таа е отворена во март со изведба на духовна музика од Хендл, бидејќи театарски претстави беа забранети за време на Великиот пост. Во ваа зграда беше поставена првата завеса во светот – безбедносна, која изгорела само 15 години подоцна.
Четвртата и сегашната зграда беше отворена во 1812 година Таа беше дизајнирана од страна на Бенџамин Вајат и предниот дел на куќата т.е области денес се како што беа во првата изведба. Во почетокот на 2013 година, пред зградата, сите ѕидови беа обновени со голема декорација, проектот беше навраќање на области како што е можно поблиску до оригиналот 1812 шема. Зградата беше финансиран од страна на “Комитетот на ЗАКУПЦИ” регрутирани од страна на пивара Whitbread и Лорд Бајрон беше претседател на одборот. Едмунд Кин стана ѕвезда преку ноќ со неговиот настап на Шајлок, каде што голем кловн Јосиф Грималди даде својот настап за збогум и каде Ден Лено и Херберт Кембел триумфираше во серија од спектакуларни пантомима. Друри Лејн стана познат во текот на остатокот од 19 и почетокот на 20 век за производство на очила, под водство на својот авантуристички менаџери, особено Ф Б Чатертон, Август Харис, Артур Колинс и Алфред. Сцени каде што се одржуваа вклучени кола трки Бен Хур, Дерби и земјотрес со надеж, Битката на Лебдат Rorke е во младоста, Несреќата воз во камшикот, Тони бродови, Балони, Вода тепачки, шоуто Челзи цвет, Комората Мадам Тисо,

 

phantom-backdrop-2000x1200-1024x549
Шрек мјузикл беше најнов и сите беа вклучени во-пеење, танцување сите спектакуларно ја красат сцената на “Лејн”, која од 1920 година стана главен дом на Лондон за раскошниот мјузикл. Роуз Мари претстави Американската пејачка и актерка Едит (1924-1927), Пустината песна (1927-1928), во која Ана Неагле исто така, направи своето деби и Show брод (1928) со Седрик ХАРДВИЦКЕ и Павле РОБЕРТС Новата месечина (1929) глуми Евелин Лај кој доби “пороен аплауз и беше вклучен и вжештениот пиратски брод како еден од своите сценски атракции.
Ноел Кукавица имаше голем успех со коњаниците, (1931). Произведени од страна на C.B. Кочране, екипа вклучуваше 400 млади Џон Милс и сет-парчиња вклучуваше поставување troopship пловни, олеснување на Mafeking и погребот на кралицата Викторија. Кукавица поствоени музички Пацифик 1860 (1946) глуми Мери Мартин, но не се сместат во јавноста психа толку добро и затворени по четири месеци.
Ивор НОВЕЛЛО, ДРУРИ Лејн, исто така, беше домаќин на повеќето големи успеси Ивор НОВЕЛЛО е. Гламурозна ноќ (1935), Безгрижни занесот (1936), врвот на бранот (1937) и години на танцување (1939) сите имаа публика во театарот. Новелло глуми во сите продукции и во вистинска Друри Лејн во кои тој ги внесе модерните претстави како многу големи сценски ефекти, како е можно, вклучувајќи тоне бродови, фер на Хампстед Хит, несреќата воз и земјотрес.

interior-photo-580x385
За време на Втората светска војна театарот беше база за ENSA и директно погоден од бомба гас, кој, за среќа, не експлодираат, но не го уништи на задниот дел од аудиториумот.
Лејн беше превземен од речиси една деценија од страна на Ричард Роџерс и Хамерстајн Оскар II со сукцесијата на преседан хитови. Оклахома! (1947-1950) првично ѕвезда Хауард Јазик, Рингишпил (1950-1951), Мери Мартин во Јужен Пацифик (1951-1953) Кралот и јас (1953-1956) со Валери Хобсон и Херберт Лом се сите големи хитови. Заживувањето на Момци од Сиракуза (1963) со Боб Монкуќа и Рони Корбет не поминуваат толку добро.
Мојата убава дама (1958-1963) беше отворен со оригиналниот Бродвеј екипа на Џули Ендрјус, Рекс Харисон и Стенли Холовеј и костимот дизајни Сесил Битон, така познати од филмската верзија на. заживување на шоуто пренесени од Националниот театар во 2001 година, во кој игра Џонатан Pryce. Убава дама Камерон Мекинтош е Камелот (1964-1965) беше огромен спектакл и Мери Мартин се врати во театарот во Здраво, Доли! (1965-1967). Дора Брајан ја презеде водечката улога во 1966 година за големи признанија. Џинџер Роџерс замина во уште Џери Херман спектакл во Mame (1969) и Харолд Филдинг произведува изненадувачки хит Големата валцер (1970-1972) и музичка верзија на Одвеано со виорот (1972).
Мајкл Крафорд стана ѕвезда во текот на ноќта во Billy (1974-1976), со замокот Рој го местото, и Мајкл Бенет хор линија (1976-1979) беше отворен со својата американска компанија пред подеднакво талентирани британска стана “еднина сензација.
Мис SaigonThe оригиналната продукција на Свини Тод Sondheim е (1980) глуми Дени Quilley и Шила Хенкок, Најдобар Whorehouse во Тексас (1981) беше прогласен за експлицитен и Пиратите од Penzance (1982), во ново постигна производство од Џозеф Papp , беше вистинско толпата задоволите. 42-та улица (1984-1989) направени од чешма танцување повторно модерен и беше многу популарен.

theatreroyal_auditorium_8
Производство на Мис Сајгон (1989-1999) Камерон Мекинтош режисерот на ова дело го држи рекордот за најдолго шоу на театарот, со вкупно 4.263 настапи. Хеликоптерот слета во речиси секој од нив!
Во 21 век театар беше домаќин на вештерки од Eastwick (2000), Лигата на господа (2001), ѕвездите на Бољшој театарот (2001) и наградуваниот NT производство на нешто Тревор Нан оди (2003). Продуцентите (2004) се чуваат во зградата жив со смеа за повеќе од две години, а на Господарот на прстените (2007) продолжи традицијата на претставување на најдобрите и најновите трендови во музички театар и користење на најсовремената технологија за да создаде сценски спектакл потсетува на театарот на крајот на Викторија и Edwardian продукции толку популарна за гледачите. Следна француски и Саундерс одбрав Лејн како место за нивните проштална настапи во живо пред отворањето на заживување на Оливер Камерон Мекинтош е! (2009) глуми Роуан Еткинсон и Џоди Prenger (леано Нанси во БиБиСи јас би го сторила ништо). Пред Шрек мјузикл (2011), Театарот Ројал, Drury Лејн, беше домаќин на Друштвото на Лоренс Оливие награди Лондон театар во спектакуларен производство фаза во која беа вклучени гостувања од Бери Manilow, Ангела Lansbury и Стивен Sondheim. А сосема нов музички производство на Чарли Роалд Дал и фабриката за чоколада почна да се вклопи во март 2013 година, со почеток прегледи во мај и отворање во јуни.
Последни концерти видовме Petula Кларк, ABC, М Луѓе и К Т Tunstall на сцената на Drury Лејн и во февруари 2014 година Џон Траволта полета во Америка за на сцената да даде интервју.

iz112376_429long

Во 2015 година театарот беше домаќин на Британската академија Телевизија награди, концерти на Лулу и Opeth, на сите-ѕвезда 85. роденден почит за Стивен Сондхеим и Мајкл Мицинтуре Биг Божиќ се пренесуваше од страна на БиБиСи на Божик.
Од декември 2005 година на Театарот Ројал, Друри Лејн, е во сопственост 100% од навистина корисни Group Limited.
Марк Фокс со благодарение на Џорџ Хоаре 2016
Простор не овозможува детална вклучување на сите продукции во овој театар. Комплетен хронолошка историја на Театарот Ројал, Друри Лејн, од своето основање во 1660 година, е на располагање во богато илустрирана брошура за сувенири на продажба, во фоајето на театарот.
Во текот на продукции има редовни дневни тури на Театарот Ројал Друри Лејн.
Театарот Ројал, Друри Лејн е навистина импресивно место да се одржи вашата бизнис конференции, презентации, состаноци и приеми. Главната сала во ова Одделение зграда има место за повеќе од 2.100 гости и уште пет соби места за да се вклопи во секој бизнис функција.
Историскиот театар Ројал, Друри Лејн е една од најпрестижните места во Лондон. Ако навистина сакате да ги импресионира вашите клиенти, гости или вработени, овој прекрасен театар Ви гарантира успех.
Главната сала 2.154 седишта е раскошна, зголемените катедралата на просторот, совршена сцена, каде ќе ја добиете вашата порака во целиот со силен удар.
Големиот салон е голем и разновиден, совршен за приеми до 350 гости. Дополнителен простор за до 250 е на располагање во близина Горна и Долна Rotundas. Два дополнителни простори, Северна и Јужна соби, може да се сместат 20 гости на вечера, Заседателна средба или обуки.

19007-5-dir

Зошто тука?
Кога ќе биде домаќин на настан во театар Ројал, Друри Лејн, тоа веќе не е бизнис функција, тоа е спектакл. Грандиозноста на овој театар го прави дури и најдобрите хотели чини ироничен. На врвот нудиме техничка експертиза, а тоа го прави Вест Енд продукции дојде на живот и брза, полиран гостопримство.
Датуми аудиториумот империја стил од 1922 година и има 2.154 седишта низ четири нивоа – тезги, Кралската круг, Гранд Круг и балкон.
Нај карактеристична е зелена боја на седиштата се вклопува во карактеристиките на злато истакна во текот декорација малтер. Гледалиштето е уникатна по тоа што две Кралската ложи – еден на секоја страна. Имињата на важни личности во историјата на театарот се украсена во панели во предниот Кралската Круг вклучувајќи, Бајрон, Кин, Шеридан и Сиддонс.

19168

НЕ САМО ХАРТИЕН ” ТРОФЕЈ ” на Весна Петрушевска

 

Весна Бејби ја преточи својата животна приказна во книга

НЕ САМО ХАРТИЕН ” ТРОФЕЈ “

Ноември 2016

14963169_10154676208079817_3931272583662518782_n

Вистината, изнесена на виделина, исповед и откривање на внатрешната слика, доживувањата и случките кои потресуваат, но и понесуваат, е основата на првата нејзина книга, што неодамна ја напиша и објави актерката Весна Петрушевска, попозната како Весна Бејби. Женска книга, ама машки напишана, таа самата вака ќе го ошише изданието кое носи наслов „Трофеј“, а внатре се всушност поместени автобиографски приказни за најдраматичните и најтешките периоди од нејзиниот живот.

Во нив, во прво лице раскажува за бигорот кој беше и се наталожил во душата, за веќе во следната реченица да избликне онаа насмеана детинеста Весна која умее да плаче и да се смее, и со добра причина, а и без причина.

Скопската промоција на книгата помина во пријатна атмосфера и опкружена со голем број роднини, пријатели и соработници, и навистина „убави луѓе“, кои дојдоа во хотел „Парк Резиденс“ да и укажаат чест и поддршка на познатата актерка, водителка и стендап комичарка , а сега веќе и писателка.

Самата објасна дека книгата е долго подготвувана, неколку години, а испровоцирана од агонијата низ која помина неодамна, по случка со нејзината ќерка Мина, која веќе е успешно ја надминуваат.

-Ми требаше простор за да можам да се излечам. Долго време живеев во агонија и нешто што се нарекува компромис, кој придонесе да не можам да се реализирам како актерка бидејќи почнав да не го памтам текстот, па пишувањето го сфатив како терапија. Ова е женска книга ама машки напишана. Ја мислев неколку години, а ја пишував четири месеци. Книгата е моето прочистување, еликсир, отстранување на некои канцерогени зафаќања на душата, на мојот бигор. Преку мојата приказна порачувам дека штом јас сум можела сево ова да го преживеам и напишам, можат и сите останати. Има приказни кога сум била буквално на работ и кога едвај ме вратиле, но имало и среќа и радост во нив. Не престанувајте да сонувате, да верувате во љубов и да бидете свои“, изјави Весна Бејби на самата промоција.

Маестралниот Игор Џамбазов ја нарече „жена со тестиси“, и тој беше нејзината поддршка и промотер на ова дело. Факт е дека Весна е најмотивирана и најактивна кога е во комбинација со Игор Џамбазов, со кого недоамна одиграа и претстава „Брачна игра“.

Книгата ја издаде издавачкиот центар „Три“.

Ва. Ѓ. Парго

ТРОФЕЈ во продажба

Автор: Весна Петрушевска

  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-472-4
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 147
  • Димензии: 1125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 299,00ден

РАЗРЕШЕНА ДИЛЕМАТА: ДАЛИ ТАНДЕМСКАТА СОРАБОТКА Е ДОБРА ЗА ТЕАТАРОТ?

Ристановски: Тандемите имаат смисла само ако се креативни и високо професионални

Според Бранко Ставрев, режисерот кој токму преку ваков вид соработки со Чинго, Маџунков, Шишков и Грозданов ги одбележи крајот на 70-те и 80-те на минатиот век, нема дилема дека тандемскиот тип на работа е гаранција за успех, бидејќи тоа е историски докажано, а еклатантен пример е соработката на А.П. Чехов со МХАТ во Москва

Поновата историја на Македонскиот театар бележи евидентни успеси на наше тло па и пошироко (на ексју-просторите во Европа и светот) токму преку забележителните успеси на тандемската работа во Театарот. Таква една тројка која ги одбележа 80-те години од крајот на минатиот милениум во македонскиот театар е троецот Горан Стефановски (автор), Слободан Унковски (режисер) и Ненад Стојановски (актер), кои буквално жареа и палеа во Македонскиот театар и на ексју-просторите, тандем кој остави историска “опашка” низ десетината проекти присутни во нашиот Театар и на ТВ. Друг таков пример несомнено е примерот на Бранко Ставрев, Живко Чинго и Ристо Шишков, како и троецот Ставрев, Митко Маџунков и Мите Грозданов од крајот на 70-те и средината на 80-те од минатиот век. Со првата еминентна двојка Ставрев ги работеше “Макавејските празници” и “Кенгурски скок” додека со Манџуков и Грозданов остави печат (не само) во Струмичкиот театар преку трилогијата “Големиот смок”, “Сенката” и “Пуста земја”…

Ставрев за потребата и верификацијата на ваквите тандеми ќе рече: “Немам дилема дека тандемскиот тип на работа е повеќе од гаранција за успех. Тоа е историски докажано, а еклатантен пример е соработката на А.П. Чехов со МХАТ во Москва. Тие кога ќе почувствувале дека се во извесна криза, репликата им била: “Повикајте го Чехов да ни напише драма, оти пропаднавме”. Во оваа конекција оправдана е смислата на мојата соработка како режисер со Живко Чинго и Митко Маџунков. Бидејќи театарот е тимска работа, а водачи на тимот се авторот и режисерот, тогаш тој спој мора да постои, а фантастично е кога е тој повеќе од природен.
“Секако, неодминлив и многу важен сегмент е главниот актер. Живко Чинго, ликот на Чали – Никодин го пишуваше токму за Ристо Шишков и нормално тој го одигра. Верувам дека дел од своите ликови во пиесите Горан Стефановски, ги пишувал токму за Ненад Стојановски. Токму затоа претставите во кои играше Ненад, а во тандем беа Стефановски и Унковски оставија силен печат и трага во Македонскиот театар”.

Од поново време (од 90-те, па до денес) забележителна е соработката помеѓу режисерот Александар Поповски и актерот Никола Ристановски, (оставија силни чувства да лебдат и до ден-денес за “Диво месо” “М.М. Е. кој прв почна”, “Дон Жуан”, а сега и со “Животот на Молиер”…) потоа Дејан Пројковски често соработува со Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Игор Стојчевски… Значи, од ова може да извлечеме констатација дека историски гледано (како и според зборовите на Ставрев) најверојатно, тандемите се неминовност.

Токму поради тоа Никола Ристановски ќе истакне: “Тандемите исто како и во фудбалот имаат смисла ако имаат креативен и високопрофесионален ‘рбет. Тие имаат смисол ако се суштински придвижувач и катализатор на целиот тим. Ги оправдувам ако и само ако обезбедуваат видливи и мерливи резултати на екипата во која и со која функционираат. Сето останато се нарекува дилетантизам “мешање на баби и жаби” и ситносопственички интереси… Тоа нема врска со вистинската соработка”.

Ако се суди и по овој суд на еден од најистакнатите актери на денешницата тогаш во секој случај на ваквите соработки не треба да се гледа со скепса и како на “клановска поделеноста”, како што некои умеат да ги верифицираат ваквите појави, туку бездруго како еден веќе испробан рецепт за успех.

(Б.Г.)

Римскиот Форум – Колосеум ( Амфитеатар )

Место: Рим
Градител: Tит Флавиј Веспазијан, Тит Флавиј Сабин Веспазијан
Тип на градба: Амфитеатар
Изградено: околу 70 – 80 год.н.е.

kul-koloseum
Во првиот век пред нашата ера, римскиот ученик Varo, го утврдил денот кога бил основан Рим. Тој дошол до заклучок дека на 21 април 753 година пред нашата ера, бил основан градот Тибер, од страна на браќата Ромул и Рем. Иако подоцна врз основа на истражувања се утврдило дека градот врз седумте ридови настанал многу подоцна. Сепак, пред неколку години, започнало повторно ископување во срцето на стариот Рим, од остатоците на урнатините на Форумот. Притоа, се установило дека Рим, бил основан осум века пред нашата ера. Римскиот Форум, помеѓу Капитола, Палатина и Есквилина, денес претставува најпространи остатоци од стариот Рим и едно од најпознатите антички места на светот.
Низ вековите Форумот го менувал својот изглед. Секој римски владател, кој сакал да биде запаметено неговото име, се овековечувал во огромните градби на подрачјето на Форумот. Базилики и храмови, триумфални капии и споменици настанале во чест на Caesar, Augustus, Vespasian, Antoinette, Faustin, Tiberius и многу други.Кај отворениот пазар, се изградиле многу раскошни градби со мермерни и златни плочи. Во шестиот век, спомениците и храмовите кои биле дел од Римскиот Форум започнале да се продаваат.
Кога во деветнаесетиот век започнале ископувањата во центарот на стариот Рим, огромната површина служела како “campo vaccine”, односно се користела за место каде населението го носел добитокот на пасење.
Слична судбина имала и најпознатата кралска градба во Рим, Флавиев амфитеатар во близина на Римскиот Форум или денес после илјада години е познат како Колосеум. Ова градба со 50.000 места, тогаш, но и сега претставува најголемиот театар во светот, а неговата изградба била завршена во 80 година од нашата ера.За време на свеченото отварање кое траело стотина дена, гладијаторите убиле 5.000 диви животни. Групни борби, воени сцени, јавно мачење и погубување биле дел од секојдневната забава за народната маса во Колосеумот.
Четирикатната, елипсовидна градба (долга 188 метри, дијаметар 156 метри), која за време на сончевите или дождливите денови, можела да се покрие со шаторски крила, во текот на 400 години, претставувала центар на римските гладијатори. Се до 1000 година, амфитеатарот останал недопрен – Римјаните верувале во предвидувањата дека Рим ќе пропадне, доколку се урне Колосеумот. Сепак, подоцна бил користен како каменолом, а откако биле забранети ваквите активности, од Колосеумот останале само рушевините.
ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИТАЛИЈА 2016 год ИСПУКА ПОЗНАТИОТ РИМСКИ КОЛОСЕУМ
Најсилниот земјотрес кој се случи во последниве 30 година во Италија причинија нови испукувања на римскиот Колосеум, соопштија експерти, по прегледот на познатиот историски објект, пишува “Дејли мејл”. Според нив 2000-годишната арена добила некои конструктивни деформации.
“На споменикот има нови пукнатини”, изјавил Франческо Просперети, кој го прегледал споменикот.