РЕЗИМЕ на НУЦК Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес за 2018 година

 

Во рамките на Годишната програма за работа за 2018 година Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес реализираше вкупно 8 премиерни изведби. На сцената на театарот премиерно беа прикажани претставите „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана во режија на Деан Дамјановски, „Кралските копилиња“ авторски проект на Сашо Димоски, „Заспаниот супер-херој“ – претстава за деца во адаптација и режија на Младен Крстевски, „Лисистрата“ од Аристофан во адаптација и режија на Хакоб Газанчјан (к.г. од Ерменија), „Елешник“ од Југослав Петровски во режија на Елеонора Теова, „Златната рипка“ – претстава за деца според „Рибарот и рипката“ од А.С.Пушкин во режија на Младен Крстевски, „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Венцислав Ристов и „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ – новогодишна претстава за деца во адаптација и режија на Ненад Витанов.

Покрај новите премиери, на репертоарот на театарот се изведуваа и претставите „Вдовицата се мажи“ според „Мечка“ на А.П.Чехов во адаптација и режија на Младен Крстевски, „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, „Театар љубов моја“ од Валери Петров во режија на Деан Дамјановски, „Волшебникот од Оз“ од Л.Ф.Баум во драматизавција на Катерина Момева а во режија на Александар Ивановски и „Шумата на моето дрво“ од Сашо Димоски во режија на Александар Ивановски, копродукција на Театарот со независната театарска компанија „Импакт“.

На репертоарот на театарот се одиграа вкупно 159 претстави кои ги посетија повеќе од 34.000 гледачи. Најизведувана претстава на репертоарот на театарот е „Тоалет за дами“ со вкупно 27 изведби.

Во текот на 2018 година, Театарот го реализираше и Циклусот „Вечери на поезија“ со поетски вечери посветени на Павлина Климкар Меанџиева, Игор Крајчев, Васил Тоциновски и Димитри Соле Љубин.

Театарот имаше и 20 успешни гостувања и фестивалски настапи во земјава и странство. Со „Синиот портокал“ театарот настапи во Културно-информативниот центар во Софија-Бугарија, на манифестација „Бела Ноќ“ во Скопје, во Центарот за култура „Травно“ во Загреб-Хрватска, а на фестивалот „Гола месечина“ во Скопје ја освои наградата за најдобра машка улога за актерот Фаик Мефаилоски.

„Волшебникот од Оз“ беше изведена на Меѓународниот фестивал на детски претстави „Волшебната завеса“ во Трговиште-Бугарија, а „Заспаниот супер херој“ имаше три последователни изведби во Центарот за култура во Радовиш.

Со „Вдовицата се мажи“, театарот гостуваше во Радовиш, Виница, Македонска каменица, Гевгелија, Трговиште-Бугарија, а настапи и на фестивалот „Скопско лето“, на Македонското културно лето во Мала Преспа-Албанија, на фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово, на Меѓународниот фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, а на Меѓународниот фестивал „Руска класика“-Лобња, во Москва, Русија ги освои наградите за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл за актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

„Тоалет за дами“ гостуваше во Драмскиот Театар во Скопје, во Центарот за култура во Радовиш, а беше изведена и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

„Лисистрата“ беше изведена на свеченото отворање и затворање на Интеранционалниот фестивал на античка драма „Стоби“. На истиот фестивал, Театарот настапи и со претставата „Кралските коплиња“ за која ја доби и специјалната награда од стручното жири за современ сценски израз конципиран врз лабораториски истражувања.

Копродукцијата пак со Импакт „Шумата на моето дрво“ беше изведена на Меѓународниот фестивал „Тара-ра-бумбиа“ во Благоевград-Бугарија и на Меѓународниот фестивал „Тома Караџиу“ во Плоешти-Романија.

Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес

Алфред Жари – „Крал Иби“ во Драмски театар во Скопје

 

Алфред Жари
Alfred Jarry.jpg

Алфред Жари
Роден/а 8 септември 1873
ЛавалФранција
Починат/а 8 септември 1907
ПаризФранција
Занимање писател, драматург
Државјанство Французин

Алфред Жари (францускиAlfred Jarry, роден на 8  ептември 1873 во Лавал – починал на 8 септември 1907 во Париз) — француски симболист, драмски писател и поет. Тој е најдобро познат по делото „Ubu Roi“ или „Крал Иби“, кое го напишал во 1896 година[1]. , што предизвикало жестока реакција во јавноста. Освен тоа, Жари е и основач на терминот патафизика

Алфред Жари е роден во Лавал, а мајка му по потекло била од Велика Британија Тој бил поврзан со симболистичкото движење. Неговото дело „Ubu Roi“ често се наведува како претходник на дадаизмот, па дури и надреализмот и футуризмот од 20-тите и 30-тите години на 20 век. Алфред Жари пишувал различни жанрови и стилови, но најчесто го користил постмодернизмот. Тој пишувал романи, драми, поезија, есеи и работел како новинар. Неговите текстови се сметаат како пионерска работа во областа на т.н. апсурдна литература и постмодерната филозофија.

Во Драмски театар во Скопје  / Крал Иби од Алфред Жари

Режија: Васил Христов

Францускиот автор Алфред Жари претставува предвесник на Надреализмот во театарот како и основоположник на Театарот на апсурдот. Неговото култно дело Крал Иби се третира како првата модерна авангардна драма во театарската традиција која веднаш по нејзиното поставување на сцена го сврте вниманието на публиката кон артифициелноста на театарските конвенции.

Овој текст е еден од првите три стилизирани бурлески каде Жари ги исмева и покажува аномалиите на модерното време. Преку  главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Преку овој централен карактер кој е познат по неговиот апсурдно инфантилен однос кон светот и кој поседува алчна потреба по низа задоволства, авторот ни ја презентира неговата слика за модерниот човек. Во таа смисла Иби е метафора за тој модерен човек, кој е прикажан како грд, вулгарен, алчен грандиозен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.

Денес, 122 година од првата изведба на Крал Иби, повторно се навраќаме на него заради неговата оригиналност и провокативност. Кај Жари вулгарната гротеска се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек. Крал Иби е извор на многубројни како теоретски така и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во градењето на театарската естетика на дваесеттиот век.

– Васил Христов

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Авторот, сите тие свештенодејствија ги споредува со современите слави на свети Константин и Елена, Илинден, свети Атанас познати како Кукеров ден во Р. Грција и Р. Бугарија. (Македонија ја нема, што е апсурд секако и има врска со политиката на негирање?) На пример: жртвување бик, јарец, јагне и играње во оган, присутен и денес во народните адети, кои ќе бидат разгледани во третата глава на оваа книга. Исто така, авторот ги подвлекува двете патеки до бога: Аполоновата и Дионисовата. Првата е со созерцание, а втората со обземеност.

Во христијанството постои сличен спор меѓу исахисти (платоновци) и рационалисти (аристотеловци). И професорот А. Фол црвено-белиот конец на празникот Цветници го поврзува со Дионис72 или култното животно мечка на Артемида, која е всушност една од Големите мајки Божици што можеме да го споредиме со мечкарите на Прочка кои и ден-денес во Прилеп си играат култен народен театар73. И секако, споредбата на Кукериов ден со празнувањата на Дионис се поместни во книгата на Александар Фол, а велми ја поткрепуваат нашата теза за театарот како храм светилиште, односно неговата религиска природа. Фол ја подвлекува врската на кукерите со обредните игри денес:

А. П. ЧЕХОВ

Прво беше Чехов

Времињата навистина се менуваат, се појавуваат нови јунаци на новите генерации но, постојат нешта кои се тука отсекогаш и засекогаш, и луѓе кои имале талент трајните нешта кои ги создаваат и менуваат луѓето да ги препознаат и опишат онака како што треба – за да се разберат, и споделат со нив. Чехов е еден од оние славни ликови кои не се јунаци, а опстојуваат кај сите генерации. Мајстор на малите забелешки од кои почнуваат, и потоа опстојуваат големите нешта.

Во неговите приказни нема силни и моќни љубовници по кои жените паѓаат во несвест обљубени со ноќи без станување од постелата, и по кои потоа сечат вени; нема ни храбри војсководци од кои се тресат цели нации, и ја слават нивната моќ и сопствената малодушност; нема ни психоделични манијаци и убијци кои стануваат јунаци додека ја следат од себе зададената потреба за средување на човештвото и казнување за сопствената болка; тој не пишува ни за патешествија низ краеви кои никој не ги видел… Не. Тоа и онака го нема во вистинскиот живот.

Кога би бил фотограф, тој би се прославил со неговите крупни кадри на детали, духовитост и длабоки емоции кои широкиот кадар на целата панорама ги скрива во себе, и не ги забележува. Чехов е тој што ќе го забележи она што го има околу нас.

Чехов, во суштина, пишува за тебе. Затоа го примаш за некој свој.

Големиот руски писател Антон Павлович Чехов (1860-1904) пишувал одамна, но тој е човек на денешното време. Денешен холивудски лик и судбина. Век и кусур по неговата смрт Холивуд создал филмови за големиот Боб Фос преку “Сиот тој џез”, или оскаровецот “Човек птица” за уметникот кој, како и Чехов се бори за опстанок, и се изборува низ уметноста што ја живее а не ја ни признава.

Така и Антон Павлович, чие образование и струка била лекарска но, чиј пат бил далеку од медицината која ја планирал и во која ја вложил младоста. Пишувањето, а не лекувањето, било избор на судбината за него. Сиот свој живот го минал бракајќи пари, плаќал и помагал за себе и целото свое семејство. Дојден од мал град во Москва, со хипотека на син на банкротиран бакалин, единствен во семјството на кого талентот му овозможил пристојна заработка.

А.П. Чехов во детството

Кој знае дали би напишал многу од своите ремек-дела доколку не живеел во такви услови: теран да пишува, и пишува, и повторно постојано да пишува…. а, паралелно со тоа, да плаќа сметки за себе, сопругата актерка, сестрата за која се грижел, браќата на кои тешко им одела кариерата. Живеел со прогонот на страв од сиромаштија, длабоко во себе носејќи ги траумите на банкротот на своето семејство и кошмарот кои следел потоа.

Главниот склучен договор на неговиот живот е ропскиот договор со издавачот Маркс. Според договорот сите дела на Чехов биле во сопствеништво на издавачот, вклучувајќи ги и оние кои сè уште не биле напишани, кои чекале во иднината. Маркс целосно го купил писателот.

Ваквиот договор ја чинел издавачката куќа 75 илјади рубли. За тоа време ова биле огромни пари. Маркс ги исплатувал постојано барајќи нови ракописи, што бил горем терет за уметник кој држел високо ниво на своите дела.

Но, Чехов успешно се носел со тие холивудски динамични обврски. И успевал, неговиот талент бил неисцрпен, заработувал повеќе од многумина уметници во тоа време. И, како што вели судбината: умен човек и во зло може да види некое добро.

Договорот со издавачот Маркс и притисокот постојано да пишува одиграл во животот на Чехов многу важна улога. Го натерал да се прилагодува, да бара нови форми за да ги исполни барањата за нови ракописи… притисокот од него направил – театарски драматичар.

Зошто Чехов морал да се определи за драмските текстови? Заради парите.

Заради тој притисок, и принудата да бара нова форма која не е под контрола на трајниот договор со издавачот Маркс, е создадена и легендарната театарска пиеса „Вишновата градина“, која исто така е објавена кај Маркс. Зошто Чехов, без претходен план, бил принуден да му се посвети и на театарот? Затоа што театарските приходи биле надвор од неговата обврска кај издавачот, не биле покриени со договорот за откуп на сите прозни дела, па така Антон Павлович повеќе заработувал од нив.

И не е случајно што повеќе од половината театарски дела Чехов ги напишал по дополнителен договор со Маркс. „Вишновата градина“, „Три сестри” и десет кратки пиеси.

Откако го надитрил издавачот, Чехов паднал во зависност од режисерите.

Според Чехов, тие ги вулгаризирале неговите замисли. Кога еднаш дошол на проба на „Галеб” во Московскиот уметнички театар, со чудење слушал како од зад сцената крека жаба, како свири штурец и лае куче. – „Што е ова?”, прашал Антон Павлович. – „Елементи на стварноста”, му одговориле.

Морал на актерската екипа да ѝ одржи мала лекција за уметноста, за својата уметност.

– Крамски, рекол Антон Павлович, има слика на која се прикажани лица. Што би се случило доколку на некое од лицата му го исечеме насликаниот нос и му ставиме вистински? Носот е вистински, но сликата е сепак расипана, и тоа не е неговата слика… Сцената во себе ја одразува сликата, замислата на животот, не треба да ѝ се додава нешто што би било излишно”.

Чехов во театарот… е тоа е посебно уживање. Тоа е мек, нежен допир на емоциите и духовноста. Не контакт, ниту судир или експлозија, туку едвај сетен допир кој ви дава знак на неговото присуство и остава се понатаму да замислувате и доживувате сами.

Шокантно колку светот околу нас може да се гледа поинаку, со дух и хумор видени и опишани до нијанси кое обичното око на читателот не ги препознава се додека не ги прочита кај авторот. А се работи за истите нешта, појави и ликови кои Антнон Павлович ги среќавал тогаш, а ние ги среќаваме и гледаме денес.

Што се однесува до театарот и неговите пиеси, Художествениот театар игра главна улога во неговата животна пресвртница, кон крајот на 90-тите години на 19. век.

Ниедна негова пиеса не е без контекст, и без поврзаност со неговиот живот. На пример, Маша од “Три сестри” неодоливо потсетува на актерката Олга Книпер, неговата сопруга. Својата љубов кон Лидија Мизимцева тој ја вградува во “Галеб“… и се така во животот Чехов “не сакајќи” пишува трагедии на кои луѓето плачат, а тој ги создавал и замислил како комедии… Ако Чехов себе се доживувал како аргат на својот талент и постојаните сметки кои доаѓаат, животот во него препознал нешто друго – уметник.

Кратко пред смртта, веќе како водечки руски драматург, ниту тогаш не го напуштал стравот од сиромаштија и притисокот од долговите. Од банкрот каков што памети од своето детство.

Во тие денови Чехов му велел на писателот Гарин-Михајловски, покажувајќи му го својот тефтер: – „Овде се околу петстотини листови необјавен материјал. Отприлика пет години работа. Ако го објавам ова, семејството ќе ми биде сигурно”.

Целиот свој живот постојано јурел по заработка, по пари. Не по идеи, не по смислата на животот, не по теми за своите пиеси… Несвесен за својот талент кој бил негова природа. Со дарбата и посветеноста, со тоа немал никакви проблеми. Чехов своите теми, како магионичар, ги извлекувал од сè што ќе видел. Не барал ниту идеологија, што во тоа време многу ја шокирало публиката која била навикната на книжевност „со идеи”.

Еден негов современик опишува разговор на Чехов со своите студенти, кој треба да се забележи:

– „Ако немате став, некакво претходно уверување за нештата”, му велел еден студент на Чехов, „не можете да бидете писател…”

– „Немам уверување ниту идеологија”, одговорил Антон Павлович.

– „Кому, тогаш, му се потребни вашите приказни? Која е нивната смисла”, инсистирал студентот кој почитувал ставови и пораки кај писателите. “Во вашата уметност нема ниту опозиција, ниту идеја… Забава, и тоа е тоа…”

– … И. тоа е тоа, потврдил Чехов.

Во денешните времиња овој однос на Чехов е стандард, нормално разбирање на нештата. Но, во неговото време некои тоа го диживувале како ерес, уметност создавана заради потреба, а не од испирација и осознавање на суштината, што давало причина за сомневање во уметникот. А Чехов бил уметник. Голем уметник.

А.П. Чехов и Лав Н. Толстој

Притиснат од постојаната обврска да предава нови наслови кај издавачот, применил единствена можна тактика. Нема време за долги романи, ќе пишува куси раскази, и драми како дополнување на својата работа. Својата немоќ и притисокот врз себе, го претворил во своја доблест, и ги создал најдобрите куси раскази на тоа време.

Тој е мајстор, до ден денес малкумина можат да се мерат со него, со духот и хуморот во расказите кои ги потпишувал. Но, тоа не е исмевање, пародија или нагрдување на темата и актерите во неа. Тоа е исклучително прецизно нијансирано присуство на хуморот и духот, на ситуациите од неговата околина кои тој ги забележувал, за разлика од другите кои биле присутни но, не и сведоци на настаните. Особено не на начинот како што тој ги гледал.

Кој ги читал “Исповед“, “Чизми“, “Коњско презиме“, “Среќен човек“, “Натегање“, “Одмазник“… и многу други раскази од Чехов, ќе го препознае ова.

Не се сметал себеси за голем писател. Својата литература ја нарекувал течност. Денес ја читаат, а утре веќе ќе ја заборават. Овој негов став предизвикувал реакции кај писателите, особено големите поети на тоа време како Бунин, кој застапувал теза дека делата на поезијата и уметноста се вечни. Времето, без да го побара тоа, вечноста му ја подарила на Чехов.

Бил многу голем професионалец за да се доживува себеси за генијалец. Најважно е добро да се работи, да се испорачува квалитетен производ. Останатото е магла, што би рекле поетите како Бунин – „сребрена далечина”. А, природен резултат на добриот производ се парите и животната среќа, зборувал Чехов.

Еден од писателите на неговите мемоари опишува сцена, забелешка до Чехов, и условите во кои тој тогаш живеел:

– „Крчмата во која седиш е валкана, евтина, отворена од рано изутрина за ноќните кочијаши”, му забележал поетот на Чехов за стилот и околината во која тој живеел.

– ‘И тоа е добро’, му одговорил Антон Павлович.- ‘Ако продолжиме да пишуваме добри книги, ќе седиме по добри ресторани, вели Чехов. А, засега и тука, земајќи ги предвид нашите заслуги, ова што го имаме е извонредно'”.

Но, тој не ни претендирал на нешто повеќе од тоа да може да ужива во добри ресторани. Работел, и заработувал за тоа, патем заработувајќи и повеќе од она што рестораните, добрите ресторани, го барале за да им биде гостин. Заработувал, но од него и неговата работа повеќе заработувале другите, вклучително и неговиот издавач Маркс.

Така е и денес. Денес, повеќе од сто години по неговата смрт, другите и понатаму заработуваат од него, дури и од работи кои не се негово писателско дело. Украинскиот претседател Кучма го нарекол „голем украински поет”. Тоа е типична чеховска иронија, анегдота.

На Крим, во некогашната викендичката на Антон Павлович, отворен е музеј со експонати: Масата на Чехов. Перото на Чехов… Покрај експонатите стои уводниот текст, составен на машина за пишување: „Тука живеел и работел… Секогаш ќе се сеќаваме на нашиот…”, а потоа текстот завршува со фразата: „Читајте го Чехов и бидете ни здрави!”.

Сите се тука, чекаат заработка од неговото име, неговото перо, машина за пишување, од неговата постела и неговиот дневник… заработуваат, иако тој не им дал дозвола за тоа, и не ја дели заработката со нив од трговијата со неговото славно име. Патем Чехов бил Рус, живеел на Крим кој бил во Русија, и пишувал затоа што издавачот го барал тоа од него, и сметките чекале за плаќање.

Иако патувал, бил дел од важните руски уметнички кругови на тоа време, и живеел со чувство на осаменост. Неговата сопруга била актерка, и често била отсутна, особено откако тој ја изградил куќата во Јалта, на Крим. На неговиот прстен било изгравирано: За осамениот, секаде е пустина…

А.П. Чехов со сопругата Олга Книпер

– “Не умеам да пишувам големи работи”…, ќе рече големиот Чехов. Смешното, или она што се чини такво, во животот со време станува речиси еднакво со возвишеното… – “Во детството немав детство”, ќе се пожали творецот кој постојано живеел со очекувања дека вистинското, доброто… допрва треба да дојде, откако ќе напише доволно наслови за својот издавач, и откако ќе ги плати сите сметки од парите кои никогаш ги немало доволно. Или барем тој постојано се плашел дека парите еден ден ќе ги снема. Можеби затоа неговите јунаци, во неговите раскази и драми, се меки лирски души кои живеат во минатото, оставајќи сегашноста да ја мине пробата и филтерот на вредности, и потоа да стане вреден дел од нивното минато, ако го заслужи тоа.

Чехов не умеел да се штеди себеси… Како лекар знаел дека е неизлечиво болен од туберкулоза, и дека за кусо време ќе умре… Починал во Германија, во бањата каде што заминал на лекување, кога една јулска ноќ од сопругата побарал чаша вино, ја испил и рекол – јас умирам. Се свртел настрана, и завршил со животот во својата 44 година. Погребан е на гробиштата кај Новодевичанскиот манастир во Москва…

Тука е и крајот на животната приказна на писателот кој бил роб на договорите со издавачите, својот страв од сиромаштија, и пишувањето уметност како ослободување од ропството кон издавачите и долговите. Она што во Холивуд, децении по него, е често видено кај генијалните сценаристи и режисери, кај големиот Чарли Чаплин пред се. Кај многумина кои создаваат е честа појава да речат дека и служат на уметноста, и со тоа да си дадат себеси на значење, и според лична проценка често и без основ да си го определат своето место во јавноста.

Но, постојат и други, кои биле во служба на својот живот кој бил таков каков што е, но бил таков што уметноста им служела на нив, а не тие на уметноста. А сепак, на крајот, уметноста и тие завршиле заедно. Французите ја имале среќата да го имаат раскажувачите на натурализмот во Емил Зола, или Ги Де Мопасан… далеку на север, во Норвешка својот талент во тој поглед на светот ќе го открие Хенрик Ибзен... Русија на светот му го подарила Чехов.

Тој свет, со право, се воодушевуваше на “Атласот на облаците” кој Дејвид Мичел во 2004 го објави како роман кој оди од далечното минато до магловитиот футиризам, објаснувалќи ги врските и обврските на генерациите, нивните причинско-последични меѓузависности низ историјата. Малку потоа, во 2012 Холивуд од романот создаде незаборавен филм, со Том Хенкс и Хали Бери кои играат шест ликови низ шест ситуации и генерации… Но, и кога е оваа исклучителна и оригинална тема во прашање, Чехов е пред нив.

Тој, во Вишновата градина пишува:

– “Размисли, Ања, твојот дедо, твојот прадедо, сите твои предци имале робови, живи души. Дали ги слушаш нивните гласови? Дали ги чувствуваш човечките суштества кои те набљудуваат од секое едно дрво во градината? Да се имаат човечки души значи да се промените сите – твоите предци и ти, која живееш сега, значи мајка ти, вујко ти, па дури и ти не го разбираш тоа. Но ти живееш во долгови, на сметка на оние што ти биле робови…”. Вишновата градина е прв пат играна во јануари 1904 година, во театарот во Москва. Тоа е 100 години пред оваа иста суштина да ја објаснува Дејвид Мичел во Атласот на облаците.

Постојат уметници кои заради себевоздигање, сопствениот егоцентризам и создавање мистика околу себе и своето дело… објаснувале дека создавањето уметност е нивна религија, опседнатост, надчовечност и божја дарба…

Не, Антон Павлович Чехов не е од нив. А поголем е од многумина други во уметноста. Тој само верувал дека мора да пишува затоа што тоа најдобро го прави, иако имал и други можности бидејќи бил лекар по образование. За него пишувањето е работа, од која треба да се заработи, и што е можно подобро да се живее.

А мора да работел добро, и сработил навистина многу, бидејќи Чехов без и самиот да го забележи тоа – влегол во легендите.

,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, – Годинава 33 илјади посетители

Tеатар 2018

Годинава што завршува во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, се одиграни 158 претстави кои ги виделе 33 илјади гледачи. Ова се бројктеи со кои пред јавноста излезе театарот, како резиме за 2018-та година.

Во текот на 2018 година реализирани се вкупно осум  премиерни изведби од кои четири финансиски поддржани од Министерството за култура а четири сопствени.

На сцената на театарот премиерно беа прикажани претставите „Тоалет за дами“, „Кралските копилиња“,„Лисистрата“, „Елешник“,„Сомнително лице“ и  детските  „Златната рипка“,„Заспаниот супер-херој“ и „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“.

Покрај новите премиери, на репертоарот на театарот се изведуваа и претставите „Вдовицата се мажи“, „Синиот портокал“, „Театар љубов моја“„Волшебникот од Оз“ и „Шумата на моето дрво“.

Театарот може да се пофали  што годинава  имал и 20 успешни гостувања во земјава и странство, Јужна Кореја, Романија, Софија, Загреб,Москва фестивалски настапи во земјава, а од Москва со претставата ,,Вдовицата се мажи,, се врати и со награди. Најмногу играна е ,,Тоалет за дами,, со 28 одиграни претстави.

Годинава велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, имаше голем јубилеј 70 години постоење, но за жал оваа годишнина не беше одбележана.  Неодамна поставениот в.д директор  Александар Ивановски, прашан на прес дали и како ќе го одбележи јубилејот, кратко кажа дека  имал премалку време за ,,достојно да ја одбележи годишнината,, тоа требало да го стори претходниот директор.

Петар Печков 

http://tirekovmirece.com/

„Нема да платам“ премиерно во Театар Комедија

 

Политичката сатира 

Театар Комедија ќе ја заокружи годината со премиера на претставата “Нема да платам“ од Дарио Фо во режија на Александра Кардалевска која ќе се изведе утревечер (27 декември) со почеток од 20 часот.

 

Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов.

Во претставата играат: Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски. “Политичката сатира „Нема да платам“, на добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството“, стои во најавата на Театар Комедија.

“ БУМЕРАНГ “ – првата театарска музичко драмска представа во Македонија

 

Зафир Хадџиманов со Гешоски. Бевме блиски другари. Ми беше татко на сцената на Драмски во БУМЕРАНГ на Томе Арсовски и Александар Џамбазов 1968/9…

Главни улоги игравме Анче Прличкова и јас. Инаку треба да се знае дека тоа беше првата театарска музичко драмска представа во Македонија, за која и скопските тапкароши продаваа карти!!!!!!!!!

Претставата “Каде е пиштолот?“ премиерно во Охридски театар

Претставата “Каде е пиштолот?“, според текстот на најпознатиот унгарски автор Габор Ѓоргеј првпат е преведен и поставен во Македонија, а во режија на Дејана Николовска, премиерно ќе биде изведена на 28 декември (20 часот) на сцената на Народниот театар во Охрид.

 

“Каде е пиштолот?“ е современ сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка заднина, создаден во 70-тите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на угнетувач и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

“Зборот пиштол предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор, во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Тажно е, но овде не е можно да живеете без пиштол!“, посочува Ѓоргеј.

Тој не е само писател туку и драматург и режисер. Помеѓу 2002-2003 бил министер за култура на Унгарија. Бил уредник на бројни литературни списанија во Унгарија, член е на Унгарскиот ПЕН-клуб. Бил главен драматург во Националниот унгарски театар, резидент во Мадаш театар, како и на Панонија филм студио. Автор е на повеќе од30 литературни дела (драма, поезија, новели). Со пиесата “Каде е пиштолот?“ добива меѓународно реноме, а пиесата се игра на многу меѓународни сцени, меѓу кои и во САД. Добитник е на бројни литературни награди.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски, а сценограф, костимограф и дизајн на светло е Милена Пантелеева, додека музиката е на Гаро Ашикјан.

Претпремиера на претставата е ден порано на 27 декември (20 часот).

“Авантурите на Пинокио“ Премиера во Прилеп

Во театарот “Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 23 декември (недела) со почеток во 12 часот премиерно ќе биде изведена претставата за деца “Авантурите на Пинокио“, по фанатастичната книга од Карло Колоди.

Драматизацијата на оваа извонредна авантуристичка пиеса за деца е на режисерот Дарко Ковачовски заедно со Надја Василева- Ковачовска, која е и автор на сценографијата, костимите, маските и куклите.

“Се работи за куклено- драмска претстава. Пораката што ја носи претставата е многу актуелна. Говори за едно дете кое преку своите неуспеси пораснува. За да добиеш срце не е потребно да си дел од големиот свет, туку да имаш сочувство кон другите“, вели режисерот Ковачовски.

Во претставата играат актерите Јасмина М. Станкоска, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Даниела Иваноска, Александар Тодески, Наташа Ачански, и алтернација е Катерина Чакмакоска Клинческа. Автор на музиката е Томе Темелкоски, а преводот на текстот е на Лидија Митовска Ѓорѓиевска.

ШЕКСПИР во Битола Фестивал од 23 – 30 ти јуни

 

Со претставата Јулие Цезар во режија на Златко Паковиќ, во изведба на Битолскиот народен театар, на 23 -ти јуни, се отвора 6-тиот

Интернационален „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае до 30 -ти јуни.

За време на фестивалските денови предвидени се гостувања на 12 претстави од Хрватска, Романија, Казахстан, Полска, Црна Гора, Македонија.

Она што привлекува посебно внимание на годинешното издание, е гостувањето на хор од Полска кои ги изведуваат сонетите на Шекспир, како и една детска претстава.

6-тото издание на интернационалниот Шекспир фестивал ќе биде затворено со гостувањето на црногорскиот народен театар со претствата Зимска бајка во режија на Дино Мустафиќ на 30ти јуни.

Битола Шекспир фестивалот, низ своите изминати изданија, успеа да се етаблира како фестивал кој ги обединува најдобрите остварувања на театарските куќи од светот кои презентираат свежи и смели пристапи кон творештвото на најголемиот драмски автор на сите времиња.

Овој фестивал е дел од мрежата на Европската асоцијација на Шекспир Фестивали, со што стана дел од државите кои  со голем пиетет го негуваат вербалното и сценското богатство на Шекспир.