Големи успеси на „Разговори во четири очи“ во Санкт Петербург

 

 

 

Исто така сакаме да го истакнеме и големиот успех на претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ, која се одигра на 1 декември во рамките на седмото издание на меѓународниот камерен театарски фестивал „АртОкраина“ во Санкт Петербург, Русија. Претставата исто така беше во селекција со врвни театарски куќи од: Русија, Англија, Италија, Полска, Белорусија и Романија.
Семејната драма која ги обработува темите кои не засегаат, приказната за горките сознанија за изгубеното време, пропуштените прилики, свесното жртвување и соочување со она што сме биле некогаш, што сме можеле да бидеме и она што сме, со одличната актерска игра на Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Благој Веселинов, Катина Иванова и Дамјан Цветановски, длабоко допире до руската публика. Поклонот беше проследен со голем аплауз и овации, а актерите и техничката екипа сеуште ги споделуваат импресиите и приемот од меѓународниот камерен театарски фестивал „АртОкраина“ во Русија.

За 15 дена МНТ одигра 12 претстави во Полска, Романија и Русија и со ова ја заврши една од најуспешните турнеи во своето постоење. На крајот сакаме да напоменеме дека оваа година се направи и претставата „Соларис“ во копродукција со Винер фествохен кој е еден од најпрестижните фестивали во Европа. Светската премиера на „Соларис“ беше во месец јуни во Виена. Со својата врвна продукција и богата меѓународна програма МНТ се наметнува како еден од водечките театарски центри во Југоисточна Европа.

Божествена комедија – Воведна песна (анализа)

 

Во првиот дел од „Божествената комедија“, е опишан пеколот кој Данте го претставил како инка. Круговите на инката се стеснуваат како што се зголемуваат гревовите на луѓето. Во центарот на земјата, во деветтиот круг се наоѓа Луцифер.
Вергилиј го поведува Данте во Пеколот на чиј влез пишувало:

Засекогаш откажи се од надеж.

dante_alighieri
 

Анализа на Воведна песна од Божествената комедија

 

На почетокот од епот Данте дава податоци за нараторот (за себе), дека е на средината од животот (35- годишен според тогашните сфаќања) и дека е заскитан во темна шума што го симболизира неговото беспаќе (протеран од родниот град) и неговите заблуди (дека со политика може да го промени општеството во кое живеел).

 

Шумата ја симболизира и самата Фиренца, односно општествено-политичката положба во која се наоѓала. Заблудите и грешките не му дозволуваат да го најде вистинскиот пат (изгубен е), а искачувањето на ридот (симбол на душевниот мир и блаженство) е тешко, непроодно и полно со пречки.


 

Пречките се повторно претставени преку симболични слики. Прво го сретнува пантерот кој ја симболизира зависта, но и Фиренца.


Потоа го сретнува лавот, кој ја симболизира гордоста, но и Франција (која и попречувала на Италија).


И на крајот ја сретнува волчицата која го симболизира среброљубието, алчноста по пари, но и папите.


Спас од беспаќето и дивите животни му праќа Беатриче во ликот на Вергилиј, кој ќе го поведе Данте и ќе биде негов постојан придружник, водач, помошник и толкувач на стравотиите што следуваат.

МНТ на престижни фестивали во Европа

На фестивалот Interferences кој ќе трае 11 дена, учевство ќе земат 14 земји од Бугарија, Романија, Унгарија, Америка, Полска, Словенија, Германија и многу други, а МНТ со претставата „Електра“ ќе настапи на 1 декември во унгарскиот театар на Клуж.

prekinata-odiseja3

По успешната двонеделната турнеја во Полска на актерите на Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Прекината одисеја“ на режисерот Јацег Гломб, ансамблот на националниот театар продолжува со гостувања на престижни меѓународни театарски фестивали.

На 1 декември 2016 година две различни актерски екипи ќе гостуваат во две земји, Романија и Русија.

1555390_688049957947612_3223450458727032213_n

На 24 ноември започна петтото издание на театарскиот фестивал Interferences во Клуж, Романија, во чија селекција на врвни остварувања на национални куќи и уметници во унгарскиот театар, е и Македонскиот народен театар со претставата „Електра“ на светски познатиот режисер Андриј Жолдак. Благодарение на овој престижен фестивал кој ќе трае до 4 декември, жителите на градот Клуж можат да видат голем број извонредни продукции и тоа од најновите театарски трендови, што ја покажува и врвната фестивалска програма: ќе се игра „Фауст“  на прерано починатиот и  голем режисер Томаж Пандур, Дијалог со големото британско режисерско име на денешницата Деклан Донелан, „Играчки мрачна приказна“ и „Крај на партијата“ на романскиот режисер Габор Томпа,„Добриот човек од Сечуан“ на универзитетскиот професор за школата за уметности во Колумбија, Андреј Шербан и многу други.

 

Во меѓувреме, други алтернативни фестивали влијаеја врз приодот на публиката кон театарот и го инспирираа фестивалот да го обмисли сегашниот профил. На фестивалот Interferences кој ќе трае 11 дена, учевство ќе земат 14 земји од Бугарија, Романија, Унгарија, Америка, Полска, Словенија, Германија и многу други, а МНТ со претставата „Електра“ ќе настапи на 1 декември во унгарскиот театар на Клуж. Имајќи го во предвид досегашното претставување, „Електра“ е фестивалска претстава која учествуваше на ФИАТ фестивалот, Р. Црна Гора/наградена со гран – при, фестивалот на античка драма „Стоби“/наградена со гран – при, и го затвори Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт.Актерската екипа која на 28 ноември замина за Романија ја сочинуваат: Дарја Ризова, Александар Ѓорѓиески, Камка Тоциновски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Михајловски, Арна Шијак, Калина Трипкова и Мишел Митевска.

Овогодинешната тема на фестивалот Interferences е „непознатото“. Значењето на овој концепт и тема се должи не само на денешната појава на миграција со можеби најголеми димензии во последните педесет години, туку, исто така, и на неговата постојана природа. Непознатото нè преокупира веќе илјадници години; тоа е предмет на научно истражување во многу области. На него се фокусирани сите современи филозофски дискусии од културната антропологија па сè до социологијата. Прашањата од типот: „Што значи да се биде Европеец?“ „Што го сочинува европскиот идентитет?“ и „Што значат разлика и блискост?“ се сè уште актуелни и неопходни. Што значи зборот „странец“? Што значи „јас“, а што значи „другиот“? Како некој станува странец и што значи да се остане ист, а сепак да се биде дел од групата? Дали е странец оној „другиот“ со поинаква вероисповед, јазик, друг пол или начин на размислување? Можеме ли да зборуваме за нашето сопствено непознато, странецот во нас? Можеме ли да станеме странци во овој свет, во сопствената земја, во сопствениот град, во сопствениот дом, во сопственото семејство, во самите нас? Слични прашања се поставуваат во претставите на овогодинешниот фестивал. Сè е непознато, а сепак… блиско. На мостот на театарот кој ги зближува луѓето.

Унгарскиот театар на Клуж е најстарата театарска унгарска компанија и игра голема улога во дефинирање на културниот имиџ на градот. Од 2008 година е член на Унијата на театри од Европа. Во претставите на театарот се користи напреден театарски јазик со посебен акцент на моменталните меѓународни трендови. Репертоарот вклучува и класични и современи драми напишани од унгарски и странски писатели. Покрај претставите кои се одржуваат на главната сцена и во студиото, театарот организира и читачки и други социјални настани, а на секои две години е домаќин на Меѓународниот театарски фестивал Interferences.
Театарот ја зајакнува својата специфична естетика, формирана од заедничките елементи на унгарската театарска традиција и романската школа за режисери, со тоа што поканува уметници кои, освен што режираат претстави одлично прифатени и од публиката и од критичарите, постојано му даваат и духовна свежина на театарот.

fb_event_final„Разговори во четири очи“

Ден по заминувањето на актерите со претставата „Електра“ во Романија, на 29 ноември за Санкт Петербург, Русија со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ  замина втората екипа на актери во состав: Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Благој Веселинов, Катина Иванова и  Дамјан Цветановски. Театарот од Санкт Петербург оваа година го претставува седмиот меѓународен фестивал на камерен театар со земјите учеснички: Русија, Англија, Италија, Полска, Белорусија, Романија и Македонија.

Претставата ќе се одигра исто така на 1 декември во рамките на рускиот меѓународен театарски фестивал АртОкраина. Фестивалот АртОкраинатрае од 1 до 10 декември 2016 година.

По Фестивалот ФЕМАРТ во Косово и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, „Разговори во четири очи“ е претстава која го збогатува своето фестивалското искуство надвор од границите на Балканот.

МНТ за 15 дена  одигра 12 претстави во три различни земји – Полска, Русија и Романија.

Стоечки аплаузи и овации за Битолчани ВО ПОТЕР ТЕАТАРОТ ВО САНТА БАРБАРА, САД

Актерите и раководството на Битолскиот театар уште еднаш успешно ја презентираа македонската култура и јазик надвор од својата држава. Очекувајќи ги критиките и написите од официјалната критика и шекспиролозите што го проследија овој настан, тие се упатија дома, со нова покана од домаќините, повторно да донесат нови театарски доживувања…

aeb52890-4aaa-46ad-a765-37fe450a34ef_cx0_cy9_cw0_w800_h450

Народниот театар од Битола, кој неодамна прослави 72 години од своето постоење, деновиве во Потер Театарот во Санта Барбара во САД доживеа стоечки аплаузи и овации за својата извонредна изведба на претставата “Антоние и Клеопатра” во режија на светски познатиот театарски режисер Џон Блондел.

Иако првично било планирано претставата во изведба на ансамблот на Битолскиот театар да биде реализирана на отворено, поради временските услови изведбата е презакажана за затворен простор. Токму локацијата придонела за една интимна комуникација со публиката.

“Публиката навистина уживаше во една модерна изведба, разбирлива на ниво на интересни театарски решенија, експресивна актерска игра и режисерска инвентивност, кои беа наградени со огромен стоечки аплауз и овации#, се вели во соопштението за реализираниот настан во Санта Барбара.

Претставата ја проследија голем број на љубители на театарската уметност од Америка, а покрај многубројните колеги присуствуваа и пријатели од Македонија кои специјално допатуваа од Лос Анџелес, како и татарски продуцент од Србија, актерката Леона Парамински од Хрватска и режисер од Словенија, кои живеат и работат во САД.

Режисерот на претставата Џон Блондел, пак, јавно се заблагодари на поддршката на Министерството за култура и министерката Елизбета Канческа-Милевска.

Со оваа претстава актерите и раководството на Битолскиот театар уште еднаш успешно ја презентираа македонската култура и јазик надвор од својата држава. Очекувајќи ги критиките и написите од официјалната критика и шекспиролозите што го проследија овој настан на викендот посветен на Шекспир, тие се упатуваат дома, со нова покана од домаќините, повторно да донесат нови театарски доживувања.

Гостувањето е резултат на успешната соработка на Битолскиот театар со американската театарска компанија “ЛитМун” од Санта Барбара воспоставени во рамките на интернационалниот Битола Шекспир фестивал кој успешно се реализира веќе четири години.

Ова е второ гостување на Битолскиот народен театар во Санта Барбара. Годинава, Народниот театар од Битола со поддршка од Министерството за култура на РМ реализираше гостувања и во Русија, Бугарија и Израел.

Битолскиот театар во својата матична куќа продолжува со реализација на претставата “Д-р Фауст”, во режија на Андраш Урбан, која се очекува да се случи во средината на декември

( превземено од веб Вечер )

Нина, приказна за мене и Нина Симон

  • ДРИТРО КАСАПИ – РЕЖИСЕР

    2004: Народно позориште – Сараево, Босна и Херцеговина:
    премиерна постановка на драмата Ревизор
    од Николај Васиљевич Гогољ.

    Дипломира на отсекот за театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1999). Уметнички директор е на Детскиот театарски центар.
    Селективна театрографија
    : Златни лисја (1997); Роберто Зуко (1999); Утрешниот рај (2000).
    Режии надвор од Македонија
    : Euralien-Asylum од Горан Стефановски (Интеркулт, Стокхолм, Шведска, 1998); Лас Вегас од Филис Наги

    Нина, приказна за мене и Нина Симон
    во Јунити театар, Ливерпул премиерата беше на 29 Октомври
    Нина, приказна за мене и Нина Симон, моментално во Јунити театар нуди
    една поинаква перспектива на наследството на Нина Симон и е
    просто кажано извонредна пертстава.
    cats-kasapi
    Во режија на овој перформас/претстава стои Дритеро Касапи од Македонија, а веќе подолго време работи и живее во Шведска
    Нина Симон. Пеачка. Артистка. Борец за слобода. Активистка.
    Реакционерка и некои можеби би рекле/ќе речат револуционерка. Некои
    можеби ќе речат дека неjзиниот живот не вреди само да се проучува, туку
    да се апсорбира, да се вдише и издише како и другите би
    можеле да имаат корист.
    Дека нејзината музика беше инспиративна, восхитувачка и – во еден
    историски период кога се водела сурова борба против граѓанските права не
    само во САД туку насекаде во светот – храбра е неоспорно и
    неизбришливо.
    Факт е и дека остави траен печат на оние што ја слушнаа, a дека остави
    своја трага и врз Жозет Бушел – Минго, a тоа е очигледно од моментот кога
    стапува на сцената како Жозет до моментот кога повторно ја напушта –
    доловувајќи една блескава, срцепарателна изведба на дел од прекрасните
    песни на Нина Симон – се уште како себеси.
    Тоа е нештото што се истакнува во оваа претстава со песни. Во ниеден
    момент не се обидува да го имитира оригиналот туку зборува за Жозет и
    нејзините искуства додека растела со Нина Симон во позадина и настаните од нејзиното минато запишани на табла.
    Да, на моменти е провокативна и на моменти е нелагодна за гледање.
    Одлично. На моменти е непријатна тема, но квалитетниот театар треба да
    предизвика нелагодност. Да не натера да мислиме. Да не натера да ги
    процениме другите, исто така, како што се проценуваме себеси. Тоа е
    нештото што Нина почнува да го прaви и токму тоа го постигнува.
    Изведувањето на песните – и брилијантното музицирање на музичарите
    даваат одлична подлога со Бушел Минго која цело време професионално ја
    одржува контролата. Погледнете го ѕидот на сцената десно додека таа ја
    пее „ I love you Porgy“ и пробајте да се убедите дека сенката на Нина е таа
    што го води уметникот напред, а не самата Нина. А што се однесува до
    „Mississippi Goddamn“, суштината би требало да се провери како
    прашање на добросостојба и сигурност.
  • Со осветлување и сценографија што одговараат на било која продукција на Вест Енд, вклопувајќи се подеднакво и каде што треба и каде што не треба, изведба на која што тешко дека некаде и некогаш некој ќе може да и парира, Нина: Приказна за мене и Нина Симон зрачи со стил од прв до последен момент.
    http://www.purplerevolver.com/