Дејан Пројковски со “Орестија“ на “Сплитско лето“

 

Се пропагираат морални вредности, но секој игра по свое

Македонскиот режисер Дејан Пројковски на падините на планината Мосор, близу Сплит, ќе ја постави “Орестија“ на Есхил, која треба да биде изведена во рамки на 64. издание на фестивалот “Сплитско лето“ (со четири изведби – 10,11,12 и 13 август). Два и пол века старата трилогија (сочинета од три трагедии) на познатиот грчки драматург се занимава со семејното насилство, со семејните гревови и проклетства, каде синот ја убива својата мајка за да го одмазди својот татко

“Злосторството раѓа злосторство, пролеаната крв бара ново крвопролевање. Тоа е една голема тема со која се занимаваме – злосторството треба да се санкционира и да се запре на друг начин – никако со ново злосторство“, ќе истакне македонскиот режисер Дејан Пројковски кој на падините на Мосор, близу Сплит, ќе ја постави “Орестија“ на Есхил, која треба да биде изведена во рамки на 64. издание на фестивалот “Сплитско лето“ (со четири изведби – 10,11,12 и 13 август). Два и пол века старата трилогија (сочинета од три трагедии) на познатиот грчки драматург се занимава со семејното насилство, со семејните гревови и проклетства, каде синот ја убива својата мајка за да го одмазди својот татко. “И денес, во 21 век, се избегнува човекот да се гледа како индивидуа, како поединец. И денес се прашува чиј/а си, на која страна е/била твојата фамилија, што работеле твоите родители… И вака не е само во нашите краишта, ми се чини дека тоа се случува секаде во светот“, ќе рече режисерот.

Инаку, Пројковски, кој со Есхил се занимава вторпат во кариерата, во интервју за “Слободна Далмација“ ќе посочи дека класичните текстови треба да се третираат/обработуваат со почит, а не да се допишуваат и да се преправаат, бидејќи се случува луѓето да купат билети за одреден наслов, а да видат нешто сосем друго. И иако трилогијата “Орестија“ во поголем дел е скратена, трае три часа. Сепак Пројковски напоменува дека драматургот Јасен Боко крател многу внимателно, како уредник, стих овде, реченица онде, за да се сочува структурата и убавината на делото.

Што е правда, а што разум…

Запрашан кој всушност е во право во “Орестија“, дали жената која го убива мажот, или синот кој ја убива мајката, или, пак, дали се тоа трите Еринии кои повикуваат на одмазда, или божицата Атена која повикува на мир, Пројковски со одговор дека во “Орестија“ факт е дека секој ја бара својата правда и секој се бори за неа. Но, како што ќе истакне тој, тие се осврнале особено на прашањата: што е правда, а што разум и колку ставовите за нив се имаат сменето за два и пол милениуми и што всушност значи на некој да му се одземе живот и дали има некој право тоа да го направи. Македонскиот режисер ќе истакне дека особено се посветиле на ликот на мајката преку прашањата дали е доволно да се носи детето девет месеци и да се роди, за да може жената со полно право да се нарекува мајка или за тоа е потребно многу повеќе, како и дали вистински може да се испере пролеаната крв. “Тоа е тешко, не за џабе Шекспир ни ја претставува сликата на лејди Магбет која во паника пробува да ја исчисти крвта од својата рака“, ќе посочи Пројковски за кого божиците на одмаздата Ериниите го претставуваат гласот на совеста од кој не може да се избега, но и гласот на сите оние кои викаат и денес на улиците барајќи правда.

Како што ќе рече македонскиот режисер, “Орестија“ е некако најслична на Шекспировиот “Хамлет“. “Синот бара одмазда за убиениот татко, а негови мети се новиот маж на мајка му и самата таа. Хамлет го прогонува духот на покојниот татко, исто како што на Орест не му дава мир споменот на Агамемнон“, ќе посочи Пројковски кој за просторот за изведбата на оваа амбиентална претстава (под планината со поглед на море) ќе истакне дека дава вистинска енергија, асоцира на антички театар, но и сам нуди решенија и ја отвора приказната.

Во амбиент за фатална и брутална игра

Прашан зошто теренот требало да се рамни и на него да се гради базен, тој посочува дека потребна била вода, четвртиот елемент. “Имаме запалени борови од ланскиот пожар – кои ја претставуваат младоста на хероите кои изгинале под Троја, потоа ја имаме земјата и воздухот, сè древно, прастаро, кое ги памети проклетите векови на војни и пролеана крв. Да, вистинскиот амбиент за грчката трагедија овде може да се намириса. Овде можеме да играме слободно, и фатално и брутално“, ќе додаде Пројковски.

Коментирајќи го крајот на драмата во која Есхил за Орестовата судбина воведува гласање и со тоа означува некаков почеток на демократија, а сепак на крајот му пресудува гласот на божицата Атена, Пројковски со одговор дека ни тогаш, ни во подоцнежните општества ништо не е едноставно, ништо не е црно, ни бело. “Самиот Сталин кажал дека не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Третиот дел на Есхиловата трилогија со сцената на гласањето можеме лесно да ја замислиме и денес кога постојат недопирливи Олимпи, центри на моќ и гласови на божества кои се повредни од другите. И иако базата/сржта пропагира морални вредности, главните актери сепак си играат по свое“, ќе заврши Пројковски.

Јужно од БИТЕФ

 

МЕЃУНАРОДЕН НИШВИЛ ЏЕЗ ТЕАТАРСКИ ФЕСТ

Интернациноналниот Нишвил џез и театрски фестивал, кој започнува овој петок, и е во склоп на истоимениот џез фестивал, во себе ќе содржи 16 претстави од четири континенти Европа, Азија, Африка и Северна Америка. Театарскиот фестивал годинава с ереализира под слоганот “ Сонувај сино “ односно Сонувај сини (блуе) тонови. Тие тонови се по малку тажни, но во себе содржат копнеж и длабочина, неопходна за уметничка креација, и поглед на современието во кое живееме.

Селекцијата на преставите е раководена од џезот, во секој негов сегмент и сите припаѓаат, на изразот на соврмнеиот театара, чие настанување датира од крајот од деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век, речиси во исто време кога и настана џезот.

За мотивите по кој се раковиди ово фестивал, уметничката директорка Маја Митиќ ќе рече:

“ Сакам да верувам дека со театарскиот чин, кој својот зародиш, најпрвин го наоѓа во уметничкиот сон – да се роди една претстава, да се случи, да се изведува долго да живее, декаа тоа е всушност денес потреба, не само како естетска категорија, туку и првенствено етичка. Верувам дека токму таквите претстави можат да влијаат на времето и опшеството во кое денес живеме… “

Moнографија за Милена Дравиќ: Ајде да си одиме, што ќе ни се кифли, тоа е за живите

“По ваква страшна ноќ со бомбардирање, уште и земјотрес, помислив. Ја затворив вратата од пекарницата и и велам на комшивката: Ајде, што ќе ни се нам кифли, тоа е за живи луѓе“, е дел од анегдотата на познатата српска актерка Милена Дравиќ, која таа ја раскажа на промоцијата на својата монографија, која неодамна се одржа во рамки на 65. Пулски фестивал

“За време на НАТО бомбардирањето во Србија имаше еден настан кој подоцна многупати го прераскажувавме. Всушност, ние од зградите често ноќите ги поминувавме во скривница, а наутро одевме дома малку да се средиме, да се закрепнеме… А тоа беше една навистина страшна ноќ. Тогаш беше погоден, односно срушен Генералштабот. И осамна некако утрото, а ние дали поради психозата или од нешто друго, одеднаш бевме премногу гладни. И тргнавме јас и комшивката преку патот во блиската пекарница да купиме некое печиво. И баш кога ја фатив кваката за да влезам внатре, одеднаш почнувам да се тресам и лулам, а од соседната зграда истрчуваат луѓе и викаат: земјотрес, земјотрес… По ваква ноќ, уште и земјотрес, помислив. Ја затворив вратата од пекарницата и и велам на комшивката: Ајде, што ќе ни се нам кифли, тоа е за живи луѓе“, раскажа познатата српска актерка Милена Дравиќ на неодамнешната промоција на својата монографија која се одржа во пресрет на 65. Пулски фестивал, на чие отворање, пак, филмската дива беше пречекана со громогласен аплауз и стоечки овации од публиката во преполната Арена. “Не очекував… Кога влеговме помислив – толку пати како актерка стоев на оваа сцена… А сега, какво возбудување… Величенствено“, додала таа тивко подоцна за ваквиот пречек во Пулската арена.

А на промоцијата на монографијата во киното “Вали“, како што пренесе српски “Блиц“, Дравиќ зборувала и за своите почетоци, за неколку маркантни улоги и моменти во нејзината кариера, за книгата, за улогата во филмот “Сутјеска“ ,за која од нејзиниот сопруг Драган Николиќ пред неколку години го добила комплиментот “најдрага и најголема во животот“, што претставува нејзин Оскар, за Пула…

Со “Прекубројна“ станав актерка

“За Пула и Пулскиот фестивал сум посебно врзана. Со филмот “Прекубројна“ (1962) на одличниот Бранко Бауер тука станав, а можеби и останав, најмлад добитник на “Златна арена“. Тоа беше мојот седми филм, но јас со него, со “Арената“, станав актерка, односно го освестив тоа во мене“, истакнала Дравиќ, потсетувајќи дека таа многу рано зачекорила во светот на филмот.

“Бев млада, а улогите се нижеа, но секако, човек никогаш не знае дали ќе остане во оваа работа, дали ќе го бараат, ќе може ли, ќе знае ли… А и тогаш, како и низ целата кариера, секоја задача ја работев со полна сила, и давајќи се од себе“, посочила српската актерка.

На прашање од публиката, колку е процентуално таа-самата, а колку во неа се сите оние други ликови кои ги глумела, Дравиќ со одговор дека никогаш за себе не размислувала во проценти, ниту пак, знае да мери на тој начин. “Едноставно, во секоја улога се давав целосно, а кога ќе ја завршам работата, тогаш бев Милена-ќерката, Милена – сопругата, сестрата, тетката, пријателката… Се ослободувам од улогата и од се останато што оди со тоа, кога ќе заврши филмот. Не би било добро ако е обратно, тогаш ќе требаат некои консултации, ситуации во која е потребна стручна помош за да се се врати на свое место“, со насмевка истакнала Дравиќ за која тешко е да каже кој и е најомилен филм.

“Едно што можам да кажам е дека, сите ние актери имаме по некоја улога или филм, кој е печат на нашата кариера. За мене тоа е “Прекубројна“. Иако подоцна имаше големи, и поважни улоги, награди, сепак, оваа улога, како се вели, ме исфрли во орбитата, и со неа, како што веќе кажав, всушност станав актерка“.

Инаку, монографијата на Милена Дравиќ има пет дела со текстови на релевантни автори за нејзиниот театарски, филмски и ТВ-опус, приказни од нејзиниот живот, текстови на автори од регионот… А низ тие сегменти се претопуваат три слоја: првиот е за нејзината работа на улогите, вториот го отсликува нејзиниот однос кон настаните, луѓето, феномените, додека третиот се сцените од животот. Севкупно, книгата е портрет на еден брилијантен уметник – актерката Милена Дравиќ.

Хуморот и сатирата се преплетуваат во барањето на среќната балканска жена!

 

Монодрамата  „Таа“ го прикажува статусот на жените во општеството.

Кој е моделот на балканската жена? Задоволна ли е од животот и дали го има зачувано чувството за хумор или напротив? Монодрамата „Таа“ ја допира севкупната слика за жената на Балканот.

“Засега „Таа“ на Балканот не е променета. Некои жени имаат подобри работни места и состојбата им се подобрува, но повеќето се принудени да бидат само домаќинќи кои готват. Нема разлика помеѓу македонската и бугарската жена. Во тој смисол и црногорките, туркините… си личат едни на други.“ – објасни актерката Оливера Аризанова, која игра во претставата.

Таа потенцираше дека балканските жени треба да се сакаат повеќе, затоа што тоа е единствениот начин за и другите да ги сакаат повеќе. Жените треба да имаат поголема улога во општеството – дополни Аризанова во „Бугарија наутро“.

„Чувството за хумор блика од ликот кој таа го создава. Посебно сум благодарна дека сум дел од фестивалот „СофијаМоно 2018“, како и на Градската Општина која го поддржува овој настан. Претставата е направена така што секоја жена од публиката да се почувствува дека е претставена на сцената.“ – истакна, авторката на текстот за претставата, Даниела Колева за Bulgaria ON AIR.

Паоло Маџели по 30 години со нова премиера во МНТ

  •  “Eден месец на село“

    Славниот италијански режисер Паоло Маџели, во МНТ започна да ја работи комичната претстава „Еден месец на село“, дело од врвниот книжевен опус на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев. За Македонскиот народен театар, оваа соработка е од исклучителна важност и еден од најзначајните проекти – не само за МНТ, но и за македонскиот театар воопшто.

    Претставата „Еден месец на село“ е втора соработка на МНТ и Маџели. Тој по 30 години повторно се враќа на голема сцена. На 10 февруари 1988 г. бешепремиерата на претставата „Црна дупка“ од авторот Горан Стефановски.

    Комично-тажната руска приказна на Тургењев Еден месец на село првпат е поставена во 1872 г. и зборува за Наталија, жена на богат земјопоседник, и младата Верочка, кои се вљубуваат во учителот на синот на Наталија. Низ драмата се провејува темата за љубовта и нејзините идеали, стремежот за среќа и возбудувања, но и прашањето на кое човекот понекогаш бара одговор – зошто човековата природа е таква што не може вљубеноста и среќата, кое тоа чувство ја носи, да ги задржи долго во себе.

    Во овој исклучителен проект ќе бидат вклучени соработници и уметници, меѓу кои  Катерина Коцевска, која го направи преводот и адаптацијата на текстот, Жељка Удовичиќ – драматург,Лоренцо Банчи – сценограф и Мануела Паладин – костимограф. Музиката ќе ја работи композиторот и автор на филмска и театарска музика Љупчо Константинов, а инспициент е Вукица Александрова.
    Улоги
    те ги играат: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

    Паоло Маџели е роден во Прато, Тоскана, а веќе 30 години живее и работи во Загреб. Реализирал повеќе од 150 претстави во различни земји меѓу кои: Германија, Швајцарија, Италија, Израел, Унгарија, Венецуела, Мексико, Колумбија, Хрватска, Белгија, Словенија, Србија и Црна Гора. Од 80-тите години неговите бројни режии оставаат длабок печат на балканските простори, а неговото влијание е присутно и на европската и латиноамериканска сцена. Во Прато бил асистент на Џорџо Стрелери заедно со Роберто Бенињи, Памела Вилорези, Саверио Маркони, Франческо Нути и Марчело Бартоли го основаат „Teatro studio de Teatro Metastasio“, каде што ја започнува својата кариера.

    Во средината на 70-тите години почнува да работи на сцените во поранешните ју-простори (Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Сплит, Скопје и Дубровник), каде што се прославува и добива бројни награди за своите режии. Соучествува на меѓународниот театарски фестивал БИТЕФ со тогашната уметничка авангарда, меѓу кои: Роберт Вилсон, Лучано Пинтилие, Петер Задек и Бен Бесон.

    Срдечно,
    НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Режисерот Дритеро Касапи, новиот директор на шведскиот Национален театар

.

Македонецот Дритеро Касапи станува нов директор на Рикертејнн шведскиот Национален театар

Дритеро Касапи станува нов театарски директор на Riksteater -Рикертејнн. Дритреро Касапи има 20 години искуство како режисер во Шведска и Европа со неколку водечки улоги како менаџер и уметнички директор.

Дритеро Касапи е образован директор на Факултетот за драмски уметности во Македонија. Работел како режисер од 1997 година и има изведувано околу 40 претстави во градскиот театарски и окружен театар низ целата земја, како и во Националниот театар и други театри низ Европа. Подоцна, Дритеро Касапи доаѓа од Kulturhuset Stadsteatern, каде што работел како заменик театарски и изведувачки уметнички директор. Тој го наследува Måns Lagerlöf како театарски режисер во Народниот театар од 2014 година.

Дритеро Касапи има долгогодишно искуство со класични и современи приказни. Него претходно го запознаа како режисер, а во 2011 година му беше доделена стипендија на Рикстетерн за “уметничка точка и ширина” со настапите на Отело, Луиз и Мечки.

“Riksteatern“ е неверојатно возбудлива институција за изведувачки уметности со талентирани вработени и посветени театарски здруженија кои заедно создаваат одлични можности за изведувачки уметности низ целата земја. Многу сум задоволен што се стекнав доверба да бидам театарски менаџер на Рикстеатерн, организација што ја работев и продолжува со многу години. Со нетрпение очекувам да продолжам да ја развивам уметничката и демократската мисија на Народниот театар за да создадам силни изведувачки уметности, вели Дритеро Касапи.

Дритреро Касапи ќе влезе како театарски директор за Народниот театар во ноември 2018 година.

РАЗГОВОР СО АКТЕРОТ ШОВГИ ХУСЕИНОВ ОД АЗЕРБЕЈЏАН, ДОБИТНИК НА ГРАН ПРИ НА МОНО-ФЕСТ БИОТОЛА 2018

 

КРАЈНАТА ЦЕЛ НА ТЕАТАРОТ Е ДА СЕ ДОПРЕ ДУШАТА!

Во вашиот “ Контрабас“ покрај сета комичност, на пиедестал ја ставате метафизиката на Љубовта. Дали беше и Вашата конечна определба?

Шовги: Тоа не беше само моја желба туку и желба и интенција на режисерката на претставата Ирена Александровна Перлова… инаку народен уметник на Азербејџан, веќе за жал почината, и ние обајцата тргнавме од таа појдовна точка -Љубовта. Нашот херој, покрај тоа што свири, игра и пее, за цело време на дејствието зборува и живее за Љубовта. И покрај тоа што е само навидум еден обичен, мал човек…

Кога сме на оваа тема, кажете ни, каква е судбината на малиот човеке во Азербејџан?

Шовги: Иста како и секаде. Малиот човек, генерално, како секогаш и секаде има големи проблеми. Но тие, за него се нешто без што не се може, без кои не би му бил интересен животот.

Веќе две децении сте сам пред публиката, какво е чувството кога ќе се “соголите“, но и кога ќе ја почувствувате повратната енергија?

Шовги: Нашата професија е жива, и иако се обидувам да не играм директно со публика, возвратната енергија што, сепак, ја чувствувам е секогаш различна. Некогаш те “влече“ да играш со повеќе емоции, некогаш те тера од празнината да правиш дејствие… Затоа, е интересна нашата жива пофресија – никогаш не знаеш во кој правец може да те одвлече. Што се однесува до чистата енергија таа не се објаснува, туку се чувствува. Ете, тоа чувство те тера секогаш и одново да играш како да е прв пат. Целата е да и служиме на Уметноста, а преку неа и на Гледачот, се разбира.

Често пати се вели дека актерот, токму поради тоа што е емотивниот столб на театарската уметност, неретко е роб на режисерската идеа. Какво е Вашето чувство во однос на ова?

Шовги: Јас не би се сложил со Вашата констстација, бидејќи, во моето тридеценско искуство секогаш, јас па и моите колеги сме ја имале слободата од нашите учители и режисери, со кои сме работеле. Секогаш сме имале простор да ја почувствуваме својата органика и да бидеме свои во размислата на сцена. Секогаш сме имале креативен креативен процес на работа…

Дали поради ова ја љубите пробата исто толку колку и Анатолиј Ефрос?

Шовги: Претставата како чин е интересна поради пробата. Како што веќе напоменав погоре, токму низ креативниот процес, имаме и ние како актери, но и сите чинители, повеќе простор за игра. Откако на сцена ќе се одигра премиерата, тоа е веќе нешто дадено, понудено, од кое има живот, но нема многу отстапки, тоа не е целосно наше…

Какво е чувството кога некои нешта по 100 изведби морате да ги изиграте и 101-ви пат ?

Шовги: Секогаш се обидувам да играм како да ми е прв пат, целам дека пред мене е гледач кој ја гледа претставата за прв пат. Иако имам дистанца од публиката, сепак во првите петнаесет минути, знам и можам да почувствувам како ќе се одвиваат работите понатаму. Едноставно, мене ме научија дека Одност кон гледачот е еден вид мала војна, во која нема нерешено – или вие ќе го побените него, или тој ве победува вас…

Што станува кога ќе ја изгубите биткита?

Шовги: Најпрвин сакам да си потпишам оставка, за потоа да следува непроспиена ноќ па, најпосле да си речам: – Денес е нов ден…И барам нови предизвици!

Што мислите за светскиот тренд, да се пренебрегне класичната школа на театарот, како што е на пример онаа на еден Станиславски?

Шовги: Тоа не може да се случи, бедејќи токму тој , Станиславски, како и неговите современици и следбеници се темелот на театрот. Знаете, куќа не се гради без темел, или да ја започнете градбата од кровот, на пример. Сите овие обиди за кои вие говорите, се јалови, па колку и тие да изгледаат “модерно“…

Па и темелите на модерниот театар ( Брехт, Јонеско, Арто, Бекет… ) се стари по пет и повеќе децении…

Шовги: Токму и за тоа говорев.

Кога веќе проговоривме за руските темели, дали се тие, истите се присутни во Азербејџан?

Шовги: Се разбира, од тоа нема бегање! Впрочем, речиси сите релевантни книги и учебници за театарот влечат корени од тоа поранешно (Советско) Руско време. Како пример, ќе го земам тоа дека јас, “Контрабсот“ надвор од Азербејџан го играм на Руски. Како што тоа го сторив тука, во Битола. Се разбира, дома го играм на мајчин јазик, но суштината не е во тоа, туку во универзалната порака, и во тоа да успеете да допрете до Душата на човекот, будејќи тој не доаѓа да ги гледа декорот или костимите во театар, туку живото битие на сцена, кое исто како и тој, носи душа…

Вашето лично потфолио е полно со габаритност, и тоа не по бројкатаами по тоа што како специфицна го ностие преку ликовите на сцена…

Токму така, еве, на пример, со Кнтрабасот се дружиме повеќе од дваесет години, а во нашиот Театар на младиот гледач во Азербејџан, секоја сабота и недела, од четирисет репертоарни претстави играм во триесет, и тоа во пиеси од Чехов, Шекспир, Бекет ( “ Чекајќи го Годо“ – Владимир, во “ Отело“ сум Јаго… ) но покрај Руската и Светската класика, играме и дела од нашата азербејџанска класична драма, но и не ги одбегнуваме, релевантните драми од т.н. модерен репертоар… Најубав дел се претставите за деца, и речиси редовно, претпладне или напладне играме за нив, а вечерта претстави од т.н. Сериозен репертоар.

” Грдото пајче ” Х. К. Андерсен

 

Илустрација на сказната од Вилхелм Педерсен— првиот илустратор на Андерсен

Грдото пајче (данскиDen grimme ælling) — позната сказна од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која важи за мошне оригинален вид на биографска сказна.[1] Првпат е објавена во 1843 година.

Својот трнлив пат низ животот и творештвото најдобро го оцртал со помош на сказната „Грдото пајче“, во 1843 година. Во оваа приказна симпатично запишува:

Не е лошо да се родиш покрај бара заедно со патките, ако си се извел од јајце на лебед.

Ваквото творештво на Андерсен одекнало низ целиот свет. Оваа сказна-биографија се смета и за сказна-манифест, па дури и за упатство за секој млад човек, без непотребно морализирање, дека секогаш патот на успехот е полн со непредвидливости, искушенија и неизвесност, но само работата е таа што ги решава сите дилеми на една животната и творечката егзистенција.

Содржина

Беше едно топло и убаво лето. Од едно гнездо близу една стара пропадната куќа една патка лежеше во своето гнездо над јајцата. Во гнездото имаше 6 јајца. Секој дена по сто пати патката ги гледаше се додека еден ден на едно од јајцата не забележа пукнатина. И набргу потоа од петте јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња, но само едно јајце не беше пукнато. Во тоа јајце беше грдото пајче. Едно утро додека спиела наеднаш нешто што мрдало под неа ја разбудило. Таа била многу изненадена и веднаш се тргна од под пајчето. Кога го видела била изненадена. Тоа пајче било многу грдо. Следниот ден времето беше многу убаво. Сонцето блескаше на зелените лисја и мајката патка ги зела малку патчињата надолу кон водата и скокна во неа. Едно по едно патчињата скокнаа внатре во водата со очите затворени. Тие пливаа многу убаво со своите нозе, а со нив беше и грдото пајче. Мајката ги зела пајчињата и се вратиле во нивниот дом. Утредента повторно отишле да пливаат. Подоцна мајката патка ги зела патчињата и ги однела со старите дворови на фармата за да ги запознае со една стара патка која била позната мегу сите птици. Кога стигнаа таму, нивната мајка им рече: „Мора да одите таму и да се поклоните пред старата патка“. Патките го направиле тоа и старата патка била многу задоволна од нив. Другите патки си се погледнале меѓу себе и забележале дека го нема грдото пајче. Тој избегал претходната вечер кога не можел веќе да го поднесе тоа што му го правеле пајчињата. Додека сите пајки и пајчиња спиеле тој се искрал и тргнал по патот. Но наеднаш застанал. Пред него било едно четириножно суштество од кое грдото пајче било многу исплажено. Тоа четириножно суштество било куче. Патчето било премногу исплашено и се обидувало да си ја сокрие главата со крилјата. Патчето сакало да се спаси и му рекло на кучето: „Јас сум премногу грдо па дури и куче да ме јаде.“ Кучето побегнало. Пајчето во себе си рекло: „ Па тоа е голема милост“ И пајчето легнало малку да одмори. Кога се веќе било тивко подолго време тој станал и тргнал по патот. По некое време стигнал до една куќа. Пајчето се доближило до куќата и забележало еден стол и легнал под столот. Тој мислеше дека никој нема да го види па затоа остана таму и спиеше цела ноќ. Во таа куќа живеела една стара жена заедно со нејзината мачка и една кокошка. Тоа пајчето го дознало следното утро кога се разденило и кога тие го забележале нивниот посетител. Тие не знаеле како да му пријдат па затоа на секој начил се обидувале да го направат тоа. „Можеш ли да носиш јајца?“- го прашала кокошата. Пајчето спокојно одговорило: „Не јас незнам како“. Кокошката била навредена и му го свртела грбот на пајчето. На ред дошла мачката и таа го прашала: „ Можеш ли да ја набчкаш кожата кога си лут и да предеш кога си задоволен. И повторно пајчето морало да признае дека не може да ги направи тоа. Призна дека може само да плива. Но затоа пајчето останало таму три недели и делело хранат со мачката и кокошката. Но кога сонцето излезе, а воздухот стана потопол пајчето сакако да плива, па затоа ја напуштило вилата. Тој беше многу среќен и возбуден бидејќи повторно е во водата. Некое време тој беше многу среќен но наскоро дојде зима и снегот почна да паѓа и студот да стега. Секое утро било постудено и постудено, а патчето никогаш не било на топло. Најпосле една горчлива нок нозете не ги чувствуваше и студот го обвзема. Но за среќа по патот низ кој одело грдото пајче поминувал еден ловец кој ја преминувл реката и видел што се случило со грдото пајче. Целата зима грдото пајче било во куќата на тој ловец. Утредента кога грдото пајче станало се чувствувало некако поинаку. Тој се чувствувал многу поинаку, неговите крилја биле многу посилни и се чувствувал дека може да лета. Наеднаш тој се вивна во облаците и беше во близина со едно јато птици. Во себе си рекол: „Јас ке ги следам иако сум грд. Сите ги пречекале со пријатно добредојде. Грдото пајче застанало да зборува со една патка и и рекло: „Ако треба да умрам би сакал ти да ме убиеш. Јас сум премногу грд за да живеам. И како што зборуваше се погледна надолу во водата. Видел бел отсјај во водата и се изненадил. Не им верувал на своите очи. Во водата видел бел убав лебед. Тој си продолжил со својот живот како бел лебед и бил многу среќен.

 

Нобеловецот Орхан Памук

 

Еве како ја “разоткрива“ суштината на актерството.

– Добар актер е оној што го претставува седиментот, неистражените и необјаснети сили што се таложеле со векови. Лекциите што ги научил ги крие длабоко во себе. Неговата самоконтрола е восхитувачка – никогаш не го соголува своето срце. Сиот свој живот патува по непознати патишта, глуми во зафрлени театри, во градови заборавени од Бога, и секаде кај што оди го бара гласот што ќе му даде вистинска слобода. Ако има среќа да го најде тој глас, мора без страв да го прифати и да го следи до крај. (“Снег“)

Филиз Ахмет: Hаше вредно но, во Турција!

 

Турската телевиска станица „Tek Rumeli“ годинава за првпат ја организираше манифестацијата „ Најдоброто од Румелија“. По тој повод имаа испратено анкетни прашалници до 570 Балкански асоцијации за тоа кои се нај добрите Балкански турци. На гала вечерта во Истанбул организирана од Tek Rumeli tv присуствуваа најпознатите лица од естрадата на Турција и воедно беа прогласени нај добрите балкански турци:

Најдобра пеач/ка Сузан Кардес
Најдобар актер/ка Филиз Ахмет
Најдобра песна „ Derylar“ Ариф Сентурк