Никола Коле АНГЕЛОВСКИ (1943), актер и режисер

 

 

Роден е во Скопје, 1943 година.

Артист, режисер, сценарист, комедиограф, преведувач, кој целиот свој живот го посвети на културата и уметноста. Во Белград заврши Академија за театар, филм, радио и телевизија. Од 1967 до пензионирањето во 2008 е вработен во Драмскиот театар во Скопје.

Како актер во театарот одигра повеќе од дваесет улоги. Четириесетина, повеќето главни улоги одигра во филмови, снимајќи низ цела Југославија. Бил учесник во разни серии на Телевизија, во ТВ филмови, во кои креирал повеќе од триесетина улоги.

Како режисер, во театрите низ Македонија и Југославија има режирано 120 престави, од кои 33 во Драмскиот театар. Веднаш по Драмскиот, негов омилен театар е Прилепскиот. Со Ансамблот на оваа театарска куќа режирал 22 претстави.

Режирал два играни филма и еден документарец. На Телевизија е потписник на повеќе од 500 часа разноразна, но главно, играна програма. (серии, ТВ филмови, детски емисии).

Напишал три комедии и еден текст за деца. Сите се играни. Има напишано и реализирано и неколку сценарија.

Превел и издал во вид на ЦД-ром, преку четириесет театарски текстови.

Во ваквиот след на нештата сепак не треба да се заборави и неговиот интерес за драмската класика, интерес кој резултира во успешната постановка на дела како што се Бура, Сон во летната ноќ, Калигула,Веселите жени Виндзорски и др.

2011 година е јубилејна во неговата кариера. 50 години откако дебитираше со главна улога во филмот „Саша“.

За активностите во различни области, ( театар, филм , радио и телевизија..) повеќекратно е наградуван, како во земјава, така и во странство. Неговите дела освојувале награди, соработниците исто така, и она на што е особено горд, е што преку триесет актери, од разни театри, во неговите престави освоиле врвни награди во земјава, но и во странство. Како потврда за неговиот сензибилитет за жанрот на комедијата посебно зборува фактот што некои од неговите режиски постановки (Солунски патрдии од Миле Попоски) е играна над 300 пати, аВикенд на мртовци од истиот автор покрај сценската постановка доживеа и екранизација.

ИНТЕРВЈУ СО КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА МТФ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ”

Не му должам на македонскиот театар!

Моите претстави ги виделе околу 2 милиони гледачи. Ако билетот е во просек по едно евро, тоа се 2 милиони евра. Тоа е многу повеќе од мојата пензија и од сите мои досегашни хонорари. Не, дефинитивно Коле Ангеловски не му должи на театарот!

Феноменот “Солунски патрдии” е тешко повторлив. Едноставно сите нешта се споија: имавме извонреден текст и феноменална професионална актерска екипа. Начинот на игра во “Солунски патрдии” стана терк по кој многумина се однесуваа и сакаа да го повторат. Зад овој проект се импресивни бројки кои се речиси недофатливи – претставата ја видоа 160.000 гледачи, а имаше и преку 400 изведби

Ја започнавте кариерата како актер, за потоа да и се посветите на режијата. Кој е преодниот момент кога актерот Ангеловски стана Коле режисерот?
– Не верувам дека постоеше таков момент, бидејќи кариерата на актер ја започнав на филм, во далечната 1961 година во “Саша”, со што практично, спојувајќи го искуството од платното и филмската камера, ја заокружувам својата педесетгодишна творечка дејност. Што е најинтересно, токму во овој филм за ликот на Треф добив награда на фестивалот во Пула. По дипломирањето во 1964 г. во Белград останав до 1967 година, бидејќи продолжив да снимам и во тој период снимив околу 20 филмови.
Веднаш по враќањето во Скопје се вработив во Драмскиот театар, одиграв исто така дваесетина ликови на сцената, а со режијата на детската претстава “Мустаќите на генералот Рококајко” започна моето режисерско патешествие. Оттогаш во матичниот Драмски имам изрежирано 33 претстави од вкупно 130 во кариерата. Претежно тоа биле комедии, но знаев да се занимавам и со сериозни работи, како што се Шекспировата “Бура”, “Старите миризби”, “Калигула” по Ками… Да, јас додека режирам, има моменти кога и на актерите им кажувам “оставете ме малку сега јас да поиграм”…

Во вашата богата кариера, траен белег остави претставата “Солунски патрдии” од Миле Поповски, Драмски, како најиграна претстава во македонскиот театар. Има ли шанси некоја претстава во блиска иднина барем приближно да го повтори успехот на овој феномен?
– Феноменот “Солунски патрдии” е тешко повторлив. Едноставно сите нешта се споија: имавме извонреден текст и феноменална професионална актерска и техничка екипа. Начинот на игра во “Солунски патрдии” стана терк по кој многумина се однесуваа и сакаа да го повторат. Зад овој проект се импресивни бројки кои се недотижни – претставата ја видоа 160.000 гледачи, а имаше и преку 400 изведби. Не верувам дека може да се повтори ваков успех, бидејќи многу ретко или речиси воопшто не се прават претстави кои преку комедијата би го анимирале и донеле народот в театар, како што тоа беше пракса порано. Жал ми е што по 27 години играње без речиси никаква измена во екипата беше симната од репертоар без ниту еден збор како образложение зошто е тоа направено. Сметам дека ваква значајна случка во културолошка смисла, во историјата на македонскиот театар, не заслужуваше таков крај.

Се чувствува мала резигнација кога зборувате за недостатокот на комедијата како жанр во Македонија. Што точно недостига за комедијата да се врати во полн сјај во Македонија?
– Пред се недостига желба кај директорите, или како што сега се нарекуваат, менаџерите на театрите. Ним сега им е битно единствено да ја реализираат програмата и средствата дадени од Министерството за култура, а за тоа каков репертоар ќе има речиси никој не води грижа. За волја на вистината, сите театри имаат по една-две комедии, а од друга страна се прават претстави кои не доживуваат ни по пет репризи.

Сепак, некои од вашите претстави се уште се играат…
– Да, во Прилепскиот театар веќе четврта сезона се игра претставата “Од кол на кол” адаптирана по текст на Реј Куни и за неа се уште публиката купува билети на каса. Се игра и “Умри машки” во Драмски, но со оваа претстава приказната е малку поинаква… Кога ја правевме тоа беше приватен проект, но сметката кажуваше дека трошокот за опслужувањето на претставата е поголем од заработката, па му ја подаривме на Драмскиот театар. Се играше три-четири сезони со голем успех, потоа беше симната од репертоар, за сега, најбезобразно, без никој да ме извести повторно да биде обновена, но за потребите на екипата која е во неа, односно да можат да шетаат со неа надвор, во Австралија на пример…

Му должи ли нешто театарот на Коле Ангеловски или обратно?
– Мислам дека Коле Ангеловски му се оддолжил на македонскиот театар, пред се преку бројката на изрежирани и одиграни претстави во кои 30-40 актери, сега познати имиња, ги добија низата стручни и фестивалски награди… Исто така, за себе можам да кажам дека сум еден од најисплатливите, ако не и најисплатлив режисер, бидејќи повеќето од моите претстави го исплатија влогот во нив, па дури и носеа голем профит, што во денешно време е редок случај. Моите претстави ги виделе околу 2 милиони гледачи. Ако билетот е во просек по едно евро, тоа се 2 милиони евра. Тоа е многу повеќе од мојата пензија и од сите мои досегашни хонорари. Не, дефинитивно Коле Ангеловски не му должи на театарот!

Што всушност за вас значи верификацијата на една ваква награда во егзистенцијална и пред се емотивна смисла?
– Оваа награда ја сфаќам и ја прифаќам како конечна верификација за мојот петдецениски труд во театарот и на филмот. Особено ми е драго што ја добивам во година кога истата награда ја добиваат и моите пријатели Пепи (Трајче Ивановски н.з.) и Џумерко (Благоја Спиркоски н.з.), кои исклучително ги ценам и како колеги и како луѓе. Што се однесува до износот на наградата, воопшто е неважен финансискиот бенефит. Важно е тоа што некој се сетил да го верифицира мојот труд. Кога сме кај наградите, да ви кажам една анегдота. Кога ја добив единаесетоктомвриската награда, како највисока државна награда кај нас, имаше толкава инфлација што од моментот кога ми ја соопштија веста до примањето на наградата, кога ги земав парите, можев да си купам еден џемпер и панталони за да се дотерам и да ја примам наградата.

Вие сте, исто така, еден од пионерите кои снимаа филмови во приватна продукција. Тоа некако замре. Зошто?
– Поради тоа што сегашната МТВ нема ниту пари, ниту сили, ниту можности да снима како што снимаше порано. А замре и поддршката од Советот за радиодифузија, а она што го доделува Ффилмскиот фонд е строго наменски и исполитизирано. Но, оние десетина филмови кои се реализираа по мои сценарија мислам дека ќе се сеќавам како на позитивно искуство, пред се, по енергијата која ја делев со екипите кои работеа на овие проекти. За жал, тоа веќе е убаво минато време…

Борче ГРОЗДАНОВ

Трајче ИВАНОСКИ (1945), актер

Роден е во Прилеп, 1945 година.

Во Народниот театар во Прилеп работи од 1965 година. Во својата досегашна кариера оставил длабоки траги со својот ангажман (редовен и впечатлив) играјќи ролји со предзнакот главни, стожерни…

Настапувал во дела од домашната драмска продукција, но и од светската класика и современата драматургија. Во неговата селективна театрографија секако не би можеле да изостанат ролјите како што се, на пример, Протасов во Деца на сонцето, Креонт во Антигона, Агатон во Нажалена фамилија, Аџи Трајко во Бегалка, Горчин во Скок преку кожа… Во овој ред на нештата спаѓаат и неговите ролји во комедиите на Миле Попоски и во низа водвилји (особено во оние од Реј Куни), а во своето зрело доба остварува забележителен настап во улогата на Киро во Полковникот птица од Христо Бојчев, а настапувал и во претстави за деца. За својата ролја во претставатаСобирен центар од Д.Ковачевиќ ја освојува наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот на комедијата во Корча, Република Албанија. Во зенитот на својата актерска кариера особено успешна ролја остварува во дуо-драмата на Ги Фоази Залив во режија на Коле Ангеловски. Тоа е ангажман со тестаментално значење и тежина низ кој до израз доаѓаат специфките на неговиот актерски хабитус. Трајче Иваноски е актер со специфичен сензибилитет кој подразбира воздржаност и суптилно ослушнување на барањата на ликовите кои по правило се карактери со истенчени односи и чувства. Иваноски подеднакво успешно настапува и како комичар, но и во ролји со драмска профилација. Во неговата креација речиси секогаш се пројавува неизбежната луцидност, запрашаност и зачуденост кои на крај резултираат во убави актерски остварувања кои не ја оставаат публиката рамнодушна. Посебно притоа, треба да се истакне неговиот рационален приод во градењето на ликовите без оглед за кој жанр станува збор. Освен на својата матична сцена настапувал и во Драмскиот театар од Скопје и во Битолскиот театар. Неизбежен дел од неговиот актерски опус се и ролјите во други медиум особено во ТВ драми, серии, како и во Радио драми. Во неговата биографија останува забележано дека е еден од основачите на еколошкиот детски театар (1995). Добитник е на поголем број награди и признанија.

НЕПОСРЕДНО СО ТРАЈЧЕ ИВАНОСКИ – ПЕПИ, ЛАУРЕАТ НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА МТФ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ”

Пред нозете ми беше ѕвездата на Џек Николсон

Стоев пред ѕвездата со името на човекот кој ми бил урнек во животот од млади години, а и до ден-денес навистина на Николсон капа му симнувам”, заврши Трајче Иваноски-Пепи, кој својот творечки актерки живот го заокружи и верифицираше на многу убав и доличен начин со наградата за животно дело

Тој 10 јуни 2011 година ќе остане за цел живот врежан во мојата меморија… Доживеав нешто што не се опишува со зборови… Пред себе гледав преполн салон во “Марко Цепенков” и публика која простум не поздравуваше… А аплаузот… Ете тоа е она што ми го направи тој ден посебен…”, го започнува својот непосреден и жив разговор за ВЕЧЕР, Трајче Иваноски, годинашниот лауреат на наградата за животно дело на неодамна завршениот МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп. Така, Трајче ни ја пренесе онака, актерски, уметнички, непосредно, како што само актерите умеат, вечерта во која тој Џумерко (Благоја Спиркоски н.з.) и Коле (Ангеловски н.з) беа и дефинитивно верифицирани како ѕвезди што не згаснуваат.

А кога само ќе се сетам дека во младоста имав друг филм, сакав да одам во странство, тој младешки ветропирен сон да го остварам преку имање многу пари и ни на крај памет не ми паѓаше да помислам дека ќе бидам актер. Но, во секој случај кога еднаш застанав на прилепската сцена дури и сега по пензионирањето не можат да ме оттргнат од неа…”. Говори за страста Трајче Иваноски – Пепи, прекарот по кој сите го знаат во Прилеп.

Не сакам да се сеќавам на тажното, секако дека имаше и такви моменти, но во секој случај сакам да ги паметам убавите мигови како што беа бројните гостувања на Прилепскиот театар и во најзафрлените краеви на Македонија, сакам да се сеќавам на Екран театар фест, манифестација која го здружуваше “најдоброто од Македонија” и ги тераше театарџиите на дружба. Шетавме низ цела Македонија и се дружевме секој со секого…”, говори за боемско уметничкиот дел на својата професија Иваноски.

Среќен сум што и мојата сопруга Лидија е актерка и дека заедно го делиме и лебот и животот… и особено ми е драго што дојдов во “нејзината лига”, бидејќи и таа пред две години ја доби заслужената награда за животно дело. Можам со гордост да кажам дека токму јас и таа ја “донесовме” дуодрамата на сцената на Прилепскиот театар, најпрвин преку “Кому му е сеедно” од Бранко Илиевски во режија на Ацо Алексов, а потоа и преку “Залив” од Ги Фоази, во режија на Коле Ангеловски.

Особено ми е драго што сум и се чувствувам како камен-темелник на пирамидата на Прилепскиот театар, кој во последните години ниже извонредни успеси носен од младата генерација, пред се, но и од нас постарите, како неизоставен дел од мозаикот…., вели за успехот на својот матичен и театар од родниот град Трајче.

А запрашан општо, што му недостига на театарот во Македонија, Трајче Иваноски потенцира: Недостига поголемо внимание од страна на Министерството за култура за театрите во внатрешноста. Неретко, за жал, се даваат пари за претстави кои на репертоарот се прикажуваат еднаш-двапати, а не се експонираат театри како што е нашиот на пример, кој веќе три-четири години по ред е во евидентна експанзија. Еклатантен пример за успех со малку средства е “Антица”, чие опремување и вообличување на сцена не чинеше повеќе од 10.000 евра, а знам (а и сведоци сме) за енормно скапи проекти кои пропаднале по една, две, максимум три изведби…”.
За своите сеќавања да ги заокружи со своето патување во САД, Холивуд, каде како ментор на својот внук кој живее таму и снимал некоја тинејџерска серија имал можност да го види студиото на Парамаунт Пикчерс и во еден момент пред нозете да му се најде ѕвездата на Џек Николсон во улицата на славните. “Немаше посреќен момент во мојата кариера. Стоев пред ѕвездата со името на човекот кој ми бил урнек во животот од млади години, а и до ден денес навистина на Николсон капа му симнувам”, заврши Трајче Иваноски Пепи, кој својот творечки актерки живот го заокружи и верифицираше на многу убав и доличен начин со наградата за животно дело.

Борче ГРОЗДАНОВ

IN MEMORIAM Лилјана Георгиевска ( 1966 – 2016 )

 

Почина актерката 

Својот животен и работен век го поминува на сцената на Драмскиот театар од 15 август 1966 година се до нејзиното пензионирање во 1996 година

Уште едно големо име на Драмскиот театар ја напушти животната сцена. Лилјана Лиле Георгиевска почина завчера во Скопје на 77 годишна возраст.

Својот животен и работен век го поминува на сцената на Драмскиот театар од 15 август 1966 година се до нејзиното пензионирање во 1996 година.

Во текот на овие интензивни три децении Лиле Георгиевска беше еден од незаменливите столбови на Драмскиот театар.

Од лепезата на ликови и карактери кои константно оставаа неизбришлива трага во сеќавањето на публиката меѓу останатите ќе бидат врежани и Ангелина во “Болен Дојчин” од Георги Сталев, Арманда во “Учени жени” од Молиер, Ева во “Адам и Ева” од Богомил Ѓузел,, Бланш во Трамвајот наречен желба од Тенеси Вилијамс, Госпоѓа Шандебиз во “Болва во уво” од Жорж Фејдо, најиграната претстава во историјата на македонскиот театар како и уште десетици ролји кои засекогаш ќе стојат вградени во столбот на Драмскиот театар-актерката Лилјана Лиле Георгиевска.

НЕНАД СТОЈАНОВСКИ (1952-1998) актер

nenad

Ненад Стојановски

Nenad-Stojanovski.jpg
Роден 19 август 1952
Скопје Македонија Македонија
Починал 14 јули 1998
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Време, живот
Среќна Нова ’49
Диво месо
Занимање глумец
Сопружник

Ќерки

Силвија Стојановска

Јана и Ана Стојановски

Ненад Стојановски (Скопје, 19 август 1952Скопје, 14 јули 1998) бил македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Бил оженет со актерката Силвија Стојановска и имале две ќерки Ана и Јана[1], кои денес се познати актерки во Македонија.

Биографија

По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а како актер гостувал и на повеќе други сцени.

За одбележување се неговите учествувал како гостин и на Дубровничките и Сплитските летни игри, како и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.

Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 1985 година е прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Ненад Стојановски се наметнал како највозбудлива актерска пројава во Македонија во последните десеттина години од неговиот живот.

Починал ненадејно на 14. јули 1998 година во Скопје.

Филмографија

Награди

  • Награда на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Андреја во претставата Диво месо (Нови Сад, 1980);
  • Награда за најдобар млад актер на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница, (Прилеп, 1981);
  • Награда за најдобра епизодна улога на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница (Прилеп, 1981);
  • Награда за актерско остварување на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова ’49 (Прилеп, 1985);
  • Награда 11 Октомври за улогата на Јаков III во претставата Дупло дно (1985);
  • Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова ’49 (1986);
  • Награда од списанието Дневник од Нови Сад за најдобро актерско остварување на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Миле во претставата Сили во воздухот (Нови Сад, 1989);
  • Златен медал на Театарските свечености Љубиша Јовановиќ, за улогата на Дамјан во претставата Кула вавилонска (Шабац, 1990).[2]

улоги:

Драмски театар – Скопје: „Диво месо“ – Андреј;„Хај-Фај“ – Матеј; „Дупло дно“ – Јаков; „Тетовирани души“ – Војдан; „Смртта на Дантон“ – Дантон; „Сили во воздухот“ – Миле; „Кула Вавилонска“ – Дамјан; „Чернодрински се враќа дома“ – Господин Балбаков, Навигатор Цветко, Александар, Жан; „Ојдипус Тиранос Софоклеус“ – Тејресија
МНТ: „Среќна нова 49“ – Пиги; „Црна дупка“ – Силјан
Атеље 212 – Белград:„Бегство“ – Хлудов;
Слободна работилница „Лет во место“: „Лет во место“ – Михајло
Омладински културни центар – Загреб: „Нација“ – Теобалд Маске, Генерал Траугот
ХНК – Загреб: „Орест“ – Орест
Снимени филмови: „Пресуда“, „Чаруга“, „Збогум на 20 век“
ТВ и радио: Премногу за да ги собере овде – „Бушава азбука“, „Заминување од Пасквелија“, „Аирлија транзиција“, „Записничар“, „Состојба пред инфаркт“, „Трговецот од Солун“ и многу други.

Љупчо Бреслиски 1962-2016

Почивај во мир Актеру.
Колегите од Н.У.Ц.К. Ацо Шопов Штип во среда на 18 Мај во народниот театар во Штип со почеток во 11ч ке го дадат последниот аплауз за нивниот колега.

Ратка ЧОРЕВСКА (1924 – 2016), актерка

Својот работен век таа го минува во Битолскиот народен театар (1951 – 1980). Но, важно е да се истакне дека активно настапува во репертоарот на театарот и по пензионирањето. Нејзина последна ролја е онаа во Мајстори на забуни поставена во 1994 год. Во речиси четиридецениската кариера таа израснува во респектабилен член не само во ансамблот на Битолскиот народен театар туку и пошироко. Нејзината актерска игра се одликува со едноставност и блискост, со една воздржаност и одмереност во креацијата, така што не ретко критиката ја издвојува како актерка чиј придонес е евидентен за целокупниот сценски чин. Така на пример, за претставата Пат околу светот од Нушиќ ќе остане забележано дека … оживувањето на ликовите во комедијата не е за потценување, а за што режијата има драгоцена помош од учесниците, а пред се во толкувањето на Ратка Чоревска (Јулишка). Слични се и оценките за нејзиниот настап и придонес и во други дела од комедиографскиот жанр иако знае да се наметне со своите креации другите жанрови. За ролјата во претставата Жолтиот кафез во одгласите се потенцира дека … Ратка Чоревска особено умешно ги издвојува драмските акценти на ликот… Прегледот на нејзиниот ангажман покажува дека тоа е подеднакво и со успех е ангажирана во дела од сите жанрови и епохи (старогрчката класика, современата светска и домашна драматургија, па и во претставите за најмладите). Ратка Чоревска важи за актерка со висок професионализам и неспорна професионална етика и сериозност во пристапот кон доверените сценски задачи. Проследувачите на театарот се сложуваат дека и покрај се нејзиниот придонес кон актерското дело во Македонија останува најевидентен во жанрот на комедијата. Во нејзината биографија стои дека таа со успех настапувала, покрај во веќе наведените, уште и во следниве претстави од овој жанр: Д-р, Одам на лов, Венчавката на Барион, Бубачки в глава, Дубровнички ѓаволштилак, Госпоѓа министерка,Чорбаџи Теодос, Свадба. Во некои постановки таа настапувала во различни ролји во временска дистанца од десетина години (Чорбаџи Теодос, Госпоѓа Министерка и др.).

Од нејзината селективна театрографија ги наведуваме и ролјите во претставите, Антица (Саветка), Домот на Бернарда Алба (Мартирија), Покојник (Ана), Чорбаџи Теодос (Цонка и Петрија), Бегалка (Велика), Окрвавен камен (Евгенија), Нечиста крв (Стоја), Крвави свадби (Тештата), Бубачки в глава (Антоанета), Самоубиец (Раиса Филиповна), Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (Втората жена), Госпоѓа министерка (Соја и Савка), Младите се прекрасни (Леди Фицбатрес), Андромаха (Клеона), Млади синови (Ката), Лице в лице (Јованка), Свадба (Стојна), Џинот фалбаџија (Баба Трпана), Трите волшебни кучиња (Кнез), Пубертетлии и фосили (Бабата), Мајстори на забуни (Војводата Салин) и уште во Дрвената чинија, Романов и Јулија, Дамата со камелии, Бура, Ивкова слава, Хајди, На дното, Нашето бебе, Рибарски караници…

Мајските награди што ги доделувало Здружението на драмските уметници на Македонија, а за кои во 1964 година одлучувало жирито во состав, Илија Милчин, Тома Киров и Борис Стефановски ја наградува и Ратка Чоревска за улогата на Хилда Хартман во претставата Најдобра препорака.

нaгрaдa зa живoтнo делo “Вoјдaн Чернoдрински”

Љупка Арсова – Џундева ( 1934 – 2018)

Љупка Арсова – Џундева (11 јули 1934, – 2018 Скопје), театарска, филмска и телевизиска актерка. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар Љупка Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата актери кои ја завршија Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година[1].

Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

Основни биографски податоци

Деството го поминала во близина на градскиот парк каде што и живеела. Основно образование има завршено во Скопје, во 1948 година се запишала на Државната средна театарска школа во Скопје. По завршувањето на Државната средна тетарска школа во 1951 година Љупка Арсоава Џундева веднаш била примена како артистка во Македонскиот народен театар. За разлика од поголемиот број нејзини колеги и колешки му останува верна на својот театарски колектив каде работи се до нејзиното пензионирање т.е 1990 година. Подеднакво има настапуваново дела од домашна-македонска продукција и југословенска драматургија, во светска драмска класика и во сценски реализации од најпознати современи автори. Била член на театарскиот совет и на Уметничкиот совет на Драмата на МНТ. Играла во првиот македонски филм „Фросина“, во првата македонска комедија „Мирно лето“ , во филмот „Македонска крвава свадба“ и во многу други театарски претстави, тв драми, монодрами и радиодрами. Има отстварено голем број гостувања во поранешна Југославија, Италија, Словачка, Русија, Бугарија и други земји. Ги има добиено наградите: Награда за животно дело „11 Октомври“,награда за животно дело „Војдан Чернодрински“,награда „13 Ноември“ на град Скопје, орден на трудот со сребрен венец, орден на трудот со златен венец како и други помали награди и признанија. Иако е во пензија од 1990 година се уште е активна на театарската сцена.

Актерско дело

Уште во почетокот на својата уметничка кариера Љупка Арсова Џундева се наметнала на публиката и кај драмската критика со својата специфичност, ретко убава дикција, со својот убав глас, со својот младешки шарм и свежина. Таа подеднакво успешно настапувала и во дела од македонско-југословенска (домашна) драматургија и во светска дрмска класика. Таа своите први големи актерски резултати ги освтарила во класичниот, западноевропскиот и американскиот репертоар во кино Вардар, кои тогаш биле малку застапени. Подоцна дури во седумдесетите години од XX век почнала да настапува во пиеси од домашни писатели каде што нејзината глума добила најсилни акценти, најсвежи пулсации и најбујни текови. Игарјќи во праизведби на текстови од македонските драматичари таа ги истакнала и своите коични акерски способности. Во секој случај Љупка Арсова Џундева била вредна и амбициозна артистка чии квалитети не биле искорстени до крај.

Првата позначајна ролја како професионална артистка ја остварила во комедијта Гоголевиот „ревизор”(реж.Димитар Ќостаров), подоцна глумела и во класичните комедии „Волпоне” од Бен Џонсон (реж.Д.Ѓостаров) и „Игра на љубовта и случајот” од Пјер Мариво (реж.Димитрие Османли). Во 1968година има играно во пиесата „Без вина виновни” за која Иван Мазнов(во Нова Македонија 26-IX-1968) има изјавено: „Љупка Џундева доживеа најуспешно артистичко остварување на сцената на Македонскиот Народен Театар”, исто така голем успех имала и нејзината креација во комедијата „Венецијанските близнаци” од Карло Голдони во режија на Вукан Диневски. Во 1970г. се појавува во драмите на Чехов „Три сестри” (реж. Илија Миличин), а веднаш потоа и во „Венецијанскиот трговец “од Шекспир(реж.Хуго Клајн од Белград). Во овие две драми ги толува улогите на Наталија, односно Порција и Нерсија во алтернатива на Вукосава Донева. Иван Мазов (во Нова Македонија 22-XI-1970г) е категоричен во тврдењето дека: „подобра Порција е онаа на Љупка Арсова Џундева која беше поуверлива како лик на жена што знае искрено да сака”. Неколку година подоцна повторно со појавила во дело на Шекспир – „Како што милувате” (реж.Д.Ќостаров), глимејки ја како Росалинда. Убави уметнички трансформации Љупка Арсова Џундева имала во драматизациите на прозните дела на Фјодор Достоевски – „Фома”(реж. Д.Ќостров) и „Бесови”(реж. Ил. Милчин). Љупка Арсова Џундева исто така се јавува во уште некои дела на Шекспир и Чехов како што се „Крал Лир”(реж. В. Диневски) каде ја имала улогата на Регана која била жедна за љубов и „Иванов” (реж. Бр. Ставрев)каде ја глумела Зинаида Славишка со акценти на дискретна игра. Љупка Арсова Џундева во споменатите дела и во некои други од светската литература била артистка која секогаш знаела да го извлече максимумот, да биде во срцевината на збиднувањата и да биде висинско јадро на изведбите.

Како во класичниот драмски репертоар така и во текстови од соремената модерна литература Љупка Арсова Џундева се истакнува многу рано. Таа ја има улогата на Мејџ во драмата „Пикник” од Вилијам Инџ(реж. Д. Ќостатов)за која Ив. Мазов ке забележи(во Нова Македонија) „Љупка Арсова Џундева оствари пријатен лик на девојка што ја открива својата убавина во малограѓанска средина и вистината на своите чуства”. Овој успех веднаш потоа го надминува во претставата на пиесата „Големиот нож” од Клифорд Одест(реж. Кр.Стојанов) како Бони Билс. Според критичарот Јован Костовски иснесено во списанието „Современост”бр.3 мај 1960 „Љ.А. Џундева во Одетсовата пиеса реализира ретко убаво артистичко остварување, ако не и најубавото во нејзината кариера”, Коле Чашуле пак во списанието „Разгледи”бр8, април 1960г. Отишол уште подалеку тврдејки дека „Кони Билс на Џундева е секако над она што го дал писателот како материјал и тоа може да биде успех само на артистката и режијата” и дека оаа ролја „може д се најде на врвот на досегашната артистичка работа”. Поголем артерски резултат доживеала во „Крвави Свадби” до Фредерико Гарсија каде ја имала улогата на Совршеничката, за која Благој Иванов во „Разгледи” бр.10, 1962г. констатирл дека „ова артистичко остварување е најдоброто што сме имале можност да го видиме од досегашнитенастапи на Љупка А. Џундева ” и дека „сосема успеа да ја дофати драмата на ликот што го толкуваше да го предаде со многу искрена доживеаност”. Од светските современи дела Љупка А. Џундева уште има глумено и во „Коломба” од Жан Ануј (реж. Д. Ќостаров), „Зајдисонце” од Исак Бабељ(реж. Бр. Ставрев)каде ја глуми Дарја.

Многу е подолг списокот на улоги на Љупка А. Џундева во преатави работени врз текстови од македонската и југословенската драматургија, меѓутоа во овој домен Љ.А. Џундева до повпечатливи успеси не доаѓа веднаш како во светскиот репертоар. Таа успесите од домашниот репертоар ги чекала околу една и пол деценија. Првите неколку драми во кои Љ.А.Џундева почнува да бележи позначајни резлтати се: пиесите на Томе Аросвски – „ Матурска вечер“ (реж.Др. Ставрев) и „Чекор до есента”(реж.Д. Ќостаров), како и во „Печалбари” од Антон Панов(реж. Петре Прличко).

Покрај веке споменатата драма „Печалбари” Љ. А. Џундева има учествувано во уште неколку битови драми настанати помеѓу двете светски војни. Последна битова драма во која има настапено е „Атина” од Ристо Крле (реж.Бр. Ставрев) што била реализирана во 1987г. Значајни улоги и остварувања Љ. А. Џундева имала во пиесите на Бранко Пендовски-„Под пирамидата”, (реж.Ил.Милчин), „Потоп” и „Студенти ” (идвете во режија на Бр. Ставрев).

Љупка Арсова Џундева со забележителен успех играла во три од четири драмски дела на Живко Чинго. Така Мирко Милорадовиќ во „Политика” од 29.0.1974 проследувајки го госувањето на драмата на МНТ на Дубровничките летни игри со „Ѕидот водата” ке бде побуден да уочи дека ролјата на Џундева „иако пишувано еднонасочно, е игра на цврсто, безобѕирно и во таа безобѕирност-слоевито”. Се разбира и македонската театарска критика не изостануваше во пофалбите чиј настап на Џундева во „Ѕидот водата”се сметаше за еден од двата стожера во изведбата покрај оној на Кирил Кортошев. Ласкави беа оценките за Љ. А. Џундева за интерпретацијата на ликот Ана Лукова во „Кенгурски скок”. Скокот што таа го направи беше значаен по тоа што откри „повеке бои” по гледањето на претставата на Драмата на МНТ во Нови Сад изнесен во Политиката од 20.IV.1979г. Во групата артисти од постарата генерација што се истакнува во праизведбата на Чинговите „Макавејски Празници”, Јован Киролов ја става и Џундева, што значи дека нејзината глума посебно во драмите на Чинго наидува на убав одглас не сака во македонската тековна театарска критика туку и од страна на најеминентните пера во Југославија.

Во среиштето на интересирањето на Љ. А. Џундева беа и таканаречените мали сценски форми, а нејзиниот афинитет за говорење стихови само ја дополнува смислата на разновидниот ангажман на оваа мош не љубоптна драмска уметница. Во својот репертоар таа вклучи и два монодрамски текстови од Ката руменова – „Мајка Костуричанка” и „Мирка Гингова” на кои Љ. А. Џундева знаеше да им вдахне вистински живот па пред гледачите како картијади израснуваше непокорот на страдалната македонска мајка од Егејска Македонија. Во творечката биографија на Љ. А. Џундева ке биде забележано дека играла во првиот македонски уметнички филм – Фросина. Нејзината улога Љуба ја донесе со себе убавината на еден младешки занос, себенаоѓање и себепотврдување. Следен филмски настап имаше во првата македонска филмска комедија „Мирно лето” – 1961г., играше во филмот „Македонска крвава свадба”- во улога на Гина. И тука за жал беше ставена точка на филмската кариера на оваа артистка која можешеи требаше да биде многу повеке ангажирана зошто на македонскиот игран филм му даде само еден мал дел од својата фотогеничност и заљубеност во филмот.

За разлика од филмот многу пообемно и поевидентно беше креативното присуство на Љ. А. Џундева во доменот на радио-телавизиското творештво. Добитник е на наградата за артистичко остварување за улога во радио-драмата „Не гледајте во ангелите” од Т.Арсовски. Кога наградите би биле мерило за одреден квалитет на еден драмски уметник, тогаш за многу театарски творци не би имало многу што да се каже како што е и случајот со Љ. А. Џундева која едноставно немаше многу среќа со добивањето официјални признанија, која не играше за награди, туку настојуваше да и служи на целината на претставата.

Нејзе единствено градот во кој неуморно и самопрегорно создава и сѐ уште твори и оддолжи со признание на град Скопје „13 Ноември” го доби не за одделно актерско остврување туку за целокупен актерски опус и тоа дури 1983год. по тридецениско стрпливо градење на својот уметнички профил.

Позначајни драми во кои има настапувано Љупка Арсова-Џундева

  • Валпоне -Коломба
  • Игра на љубовта и случајот -Силвија
  • Три Сестри -Наталија
  • Венецијанси Трговец -Порција
  • Како што миувате -Розалинда
  • Фома -Настасја Еграфона
  • Бесови -Лизабета Николаевна
  • Крал Лир -Регана
  • Иванов -Зинаида Савишка
  • Пикник -Мејџ
  • Големиот Нож -Бони Билс
  • Крвави свадби -Совршеничката
  • Зајдисонце -Дарја
  • Мтурска вечер -Ирина
  • Печалбари -Симка
  • Чекор до есента -Балерината Маја
  • Фарса за храбриот Науме -Доилката
  • Атина -Саветка
  • Кенгурски скок -Ана Сукова
  • Габи -Магда
  • Соблазна во Шентфлоријанската долина -Кметица
  • Војана тајна -Ика

Позначајни филмови во кои има настапувано Љупка Арсова-Џундева

Филм -Улога

  • Фросина -Љуба
  • Мирно лето -Мира
  • Македонска Крвава свадба -Гина ljupka_dzundeva_makedonska-krvava-svadba
  • Рдр Не гледајте во ангелите -Т. Арсовски