Емил Рубен е добитник на наградата за животно дело на 55. фестивал „Војдан Чернодрински“

Доајенот на Македонскиот народен театар Емил Рубен е добитник на наградата за животно дело на 55. фестивал „Војдан Чернодрински“

Емил Рубен (1948) е актер за кој безброј пати е констатирано деке е „жива легенда“ на македонскиот театар и филм. Дипломира на актерска игра на Академијата за филм и театар во Загреб во 1971 година, од каде се враќа во Скопје и се вработува во тогашната Драма при Македонскиот народен театар – Скопје, во 1974 година. Таа му е матична сцена на која има одиграно дузина и дузини ликови во нови и стотици репризни претстави. Игра и на други сцени. Во 2008 година му е доделена наградата за животно дело со името на легендата на македонското глумиште Петре Прличко, за 2007 година, а во 2001 година ја добива и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.Како актер тој континуирано, трпеливо и сигурно ја создава својата театарска, филмска и телевизиска ризница на ликови.

Актерската професија ја започнува во раното детство, на 7 години: во 1954 година е одбран да ја одигра улогата на Жарко во филмот „Тие двајцата“ на Жорж Скригин. Две години подоцна има уште два филма и две главни улоги: долгометражниот „Малиот човек“ на Жика Чукулиќ и краткометражниот „Бунт на куклите“ на Димитрие Османли. Уште во тие свои први чекори пред камерата покажува изворен талент за филмска глума/игра. Емил Рубен е актер кој безрезервно му припаѓа на театарот. Го имало и го има во речиси сите важни претстави на МНТ – секогаш како лик кој се памети по неговата игра. Пред почетокот на претставата е „опуштен тремаџија“, а пред публиката и во текот на изведбата, е актер кој ги истакнува деталите со кои го обликува ликот. Тој е актер со одлична говорна дикција, актер кој јасно говори текст и секој негов лик е убедлива презентација на неговата актерска вештина.

Прв допир со театарот му е во претставата „Чичко Томината колиба“, како гостин, изведена од учениците на старата Учителска школа т.н. „Идадија“, во 1960 година. Професионално почнува да се занимава со театар во 1966/67 година: со улогата на Детето во претставата на МНТ – „Случајот во Виши“ во режија на Димитар Ќостаров. Височината на глумата ја потврдува низ ликовите од домашната и светска драматургија, од современоста, класиката или антиката. Тоа се ликови во кои тој се идентификувал како шегаџија, пијаница, маргиналец, бунтовник, трагичар – Благоја во „Под пирамидата“ (1971), Кире во „Тесен пат кон далечниот север“ (1972), Лудиот Роган во „Пелиново“ (1974), Петер во „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ (1976), Мартин во „Кандид“ (1980), Октавиј во „Јулиј Цезар“ (1982), Могел во „Свирач на покрив“ (1983), Лазо во „Мрестење на краповите“ (1987), Оронт во „Мизантроп“ (1989), Васил во „Женски прилог во ноќта“ (1993), Фабрициј во „Господа Глембаеви“ (1996), Симеонов во „Вишновата градина“ (1997), Степан Трифимович Верховенски во „Демони“ (2001), Фезлиев во Црнила 005 (2005), Советник во „Ревизор“ (2006), Шарл Ваклде де Лагранж во „Животот на Молиер“ (2012), Жика во „Сомнително лице“, Доктор Стравински во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), Аристарх Доминикович Скубик во „Животот е прекрасен“ (2015), Реџиналд Пеџит во „Квартет“ (2016), Тито кучето во „Изгубени Германци“ (2013) … Токму во оваа улога во која игра низ молк (повеќе од два часа на сцената без да проговори ниту збор) се согледува врвната мајсторска игра на актерот Емил Рубен.Емил Рубен е еден од ретките македонски филмски актери кој уште од своите најмлади години има можност да снима со актерските величини како Миливоје Живановиќ, Мира Ступица, Бранко Плеша, Раде Марковиќ, а подоцна, во својата професионална кариера – и со Ристо Шишков, Мадлен Жобер (во францускиот филм „Јавачи на бура“ од 1983 година), Илија Џувалековски, итн… Во неговата селективна филмографија се филмовите: „Тие двајцата“ (1955), „Малиот човек“ (1957), „Бунт на куклите“ (1957), „Ветрот запре пред зори“ (1959), „Партизански приказни“ (1960), „Денот четиринаесетти“ (1960), „Истрел“ (1972), „Јазол“ (1985), „Збогум на 20-тиот век“ (1998), „Глас“ (2000), „Писмо“ (2000), „Едно од лицата на смртта“ (2003), „Седум приказни за љубовта и свршувањето“ (2003), „Како убив светец“ (2004), „Бал-кан-кан“ (2004), „Контакт“ (2005), „Остани исправен“ (2005), „Трето полувреме“ (2012), „Балканот не е мртов“(2013), „Хеј“ (2018).Преку остварените ликови на Емил Рубен на сцената на МНТ се испишува и голем дел од историјата на театарот во изминатите децении во кои тој своите ликовите ги реализирал на начини кои го вреднуваат на најпрепознатливо квалитетно ниво. Емил Рубен, низ ликовите остварени на сцената на МНТ, секогаш е забележан и од критиката – во земјава и на гостувањата вон неа. Со постојаноста на квалитетот на сцената, на филмското платно и на телевизискиот екран, Рубен е вредносен носител на реализации преку кои тој е запаметен/се памети како човек/актер/уметник кој се гради а на сето изминато време му дава значаен белег.

PМ НУ Македонски народен театар

IN MEMORIAM КИРИЛ ПСАЛТИРОВ (1941 – 2021)

Кирил Псалтиров (Кочани11 октомври 1941) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Денеска после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар.

Македонскиот народен театар со големо жалење се збогува со Кирил Псалтиров, доајенот на македонскиот театар. Актерот Кирил Псалтиров дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1974 година до пензионирањето го поминува во МНТ. Псалтиров беше неразделен дел од театарот и секогаш дел од нас ќе биде неговата посветеност кон театарот и големиот број на оддиграни улоги. Првата улога во МНТ ја има во претставата „Јунона и Паунот“ (1971), а последна улога му е онаа на Љупче во „Писание“ (2002).

Во аналите на МНТ ќе остане запомнет како Тевје во „Свирач на покрив“ (1983), но и по улогите на Освалд во „Крал Лир“ (1972), Оберлајтнант фон Балочански во „Господа Глембаеви“, Крам во „Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност“ (1977), Д-р Нинковиќ во „Сомнително лице“ (1977 и 1983), Феѓка во „Бесови“ (1978), Ампо во „Чорбаџи Теодос“ (1978), Завиша во „Војна и мир во Груда“ (1981), Попот во „Макавејски празници“ (1983), Боб Мојра во „Бог“ (1984), Солин во „Забуни“ (1989), Кралот Едвард во „Ричард трети“ (1990), Кардиналот Донателов во „Еригон“ и други.

Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл Свирачот на покрив.

Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешевски. Соработуваше со повеќе национални телевизии и оствари бројни проекти во нивните продукции.

Погребот ќе се одржи во неговиот роден град Кочани на 09.05.2021 година.

Почина академик Богомил Ѓузел 1939/2021

Богомил Ѓузел 1939/2021

Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека денеска во 82 година од животот, почина академик Богомил Ѓузел, редовен член на МАНУ. По повод смртта на академик Ѓузел, МАНУ ќе одржи Комеморативна седница преку видеоконференциска врска со употреба на интернет-комуникација, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

Академик Богомил Ѓузел, поет, раскажувач, драмски писател, есеист, е припадник на третата повоена генерација македонски писатели, онаа генерација што се појавува во втората половина на педесеттите години на дваесеттиот век и која со своето дејствување ќе изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на македонската литература, придонесувајќи за победата на оние сили кои се бореа за проширување на хоризонтите на творечките слободи и за внесување на македонската култура во Европа и во светот.

Академикот Ѓузел е роден на 9 февруари 1939 година во Чачак, Србија. Дипломирал во 1963 година на Катедрата за англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 1963–1964 година работел како ТВ реализатор во РТВ Скопје. Во 1964/65 година бил на постстудиски престој на Универзитетот во Единбург, како стипендист на Британскиот совет.

По враќањето, од 1966 до 1971 година, работел како драматург во Драмскиот театар, Скопје, потоа од 1971 до 1973 година, како програмски директор на Струшките вечери на поезијата. Од 1976 година работи како библиограф во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а од 1985 до 1999 година, како драматург во Драмскиот театар, Скопје. Од 1999 година е в.д. директор на Струшките вечери на поезијата, до пензионирањето во март 2004 година.

Во меѓувреме бил секретар на Македонскиот ПЕН центар (1963–64), секретар на Друштвото на писателите за односи со странство (1970–72) и еден од основачите и прв претседавач на Независните писателите на Македонија (1994), на чиј двомесечник за литература и култура „Наше писмо“ е главен и одговорен уредник од неговото основање во 1995 година.

Учествувал на Интернационалната програма за пишување во Ајова Сити, САД (1972/73) и на меѓународните поетски фестивали во Ротердам (1978 и 1995), Сан Франциско (1980), Херлен (1991), Магар, Израел, (2001), Мастрихт и Валенсија (2002), Берлин (2006), Лодев (2007), Сараево (2008), Загреб (2009), Вилнус (2010), Истанбул (2011).

Творечкиот опус на академик Богомил Ѓузел опфаќа повеќе од 230 библиографски единици, од кои триесетина се поетски збирки, над 90 единици се објавени песни во антологии, списанија, зборници и сл., 85 единици се преводи на дела од странски автори, 23 единици се прозно творештво, како и редакции и уредништва на антологии, зборници, списанија и сл. За творештвото на акад. Ѓузел се напишани и голем број на критики и осврти, како од домашни, така и од странски автори.

Есеите кои академик Ѓузел ги објавуваше во периодиката и дел од кои се собрани во книгите „Историјата како маштеа” и „Бовча”, ни го покажуваат овој автор не само како еден извонредно луциден интелектуалец, кој поседува висока доза на информираност и на сестрано образование, туку и како творец кој на прашањата што ги зема во средиштетото на своето внимание знае да им најде оригинален и често неочекуван аспект. Овој вид текстови на акад. Ѓузел се плод на упатеноста на овој автор во суштинските прашања на нашата епоха, како и резултат на неговата страсна желба да им најде одговор кој ќе биде во согласност со неговите етички и естетски сфаќања. Ставот на академик Богомил Ѓузел е секогаш став на еден вистински ангажиран интелектуалец кој сака да ги изнесе своите погледи јавно и гласно, и тогаш кога тие, според сите предвидувања, не би можеле да очекуваат да бидат пречекани со сеопфатна согласност. Европската ориентација, интелектуалната луцидност и универзалната широчина им обезбедуваат на неговите есеи едно траење кое далеку ги надминува околностите во кои тие се пишувани и поводите кои го предизвикале нивното појавување.

Кога се зборува за овој вид на творечки ангажман на академик Ѓузел, секако не може да се испушти од предвид манифестот „Епското на гласање” (потпишан и од поетот Радован Павловски), во кој овој автор на еден мошне оригинален и провокативен начин ги изнесува своите ставови кои се однесуваат на сфаќањето на поезијата, на творечкиот чин како и на прашањата поврзани со културната и поетската традиција. Овој манифест одигра значајна улога во формирањето на македонската културна клима во тој миг и го покажа самостојниот однос на неговите потписници кон официјалната идеолошка и политичка матрица која во тој период важеше како општоприфатена. Појавата на овој поетски проглас предизвика еден голем бран на љубопитство за македонската поезија во некогашните ју-простори, и во круговите на книжевната наука сé уште е објект на истражувања и анализи.

Академик Богомил Ѓузел е несомнено наш најзначаен преведувач и препејувач на поезијата од англофонското книжевно подрачје. Високопрофесионалиот однос кон комплексните проблеми што се отвораат при преводот на поетските дела од класиката, совесноста и истенчениот вкус го красат овој дел од творечката дејност на овој автор. Благодарение на неговиот преведувачки ентузијазам, на јазичното мајсторство и на еден навистина студиозен пристап, на македонски јазик, во негов превод, се приопштени најпознатите драмски дела на Вилијам Шекспир (вкупно, осумнаесет). Освен тоа, Ѓузел е преведувач на изборите од поезијата на Т.С. Елиот, В.Х. Одн, Волт Витмен, Е. Дикинсон, Езра Паунд, В.Б.Јејтс, Шејмас Хини и др. а и составувач (заедно со Луис Симпсон и Серж Фошро) и преведувач на една сериозна и откривачка Антологија на современа американска поезија.

Тој е добитник на најзначајната книжевна награда „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга помеѓу две Струги (двапати) и наградата за преведувачки опус „Кирил Пејчиновиќ”. Исто така, добитник е и на главната награда на Меѓународната писателска средба во Загреб 2002 година.

За редовен член на МАНУ е избран на 4 јуни 2012 година.

Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

Љупчо Тодоровски – Упа

По компликации од коронавирусот денеска на 65 годишна возраст почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа.

Тодоровски покрај со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија.

Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

Тодоровски (1956) беше актер и кастинг директор. Бавењето со глума го доживува како фрлање зрак светлина во туѓите животи. Еден е од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје.

По Академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можност за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува 10 години… Го „пече“ занаетот крај искусни и водечки југословенски актери настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 год. покрај актерството, се бави со филмска и ТВ продукција, пишување на сценарија и избор на актери…
Филмови: 2002 ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА; кастинг директор, ПРИСТОП, Скопје 2002 НЕБО, ПРАШИНА, ВЕТЕР И ПАТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), EUROFILM STUDIO Kft, Унгарија 2002 ИЗЛЕЗ ЗА РАЈОТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), Германија 2002 РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ; Кастинг директор за споредна улога и скрипта (игран филм), E-MOTIONFILM, Словенија 2001

IN MEMORIAM Љупчо Петрушевски (1945 – 2020)

Љупчо Петрушевски (1945 – 2020)

Македонскиот народен театар со големо жалење ја објавува веста за ненадејното заминување на Љупчо Петрушевски, доајенот на македонскиот театар. Актерот Љупчо Петрушевски дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во МНТ. Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на МНТ, а потоа 1988 до 1999 година е директор на МНТ. Повторно е директор на Драмата на МНТ во периодот од 2004 до 2006 година. Петрушевски беше неразделен дел од театарот и по пензионирање беше верен поддржувач и гледач на претставите на своите колеги. Секогаш ќе остане запомнет по маркантниот став и секогаш кога ќе се појавеше привлекуваше со внимание и посветеност. Беше неизмерно посветен на театарот. На сцената го имаше релативно кратко, од 1967 до 1984 година, но во голем број на главни и споредни улоги. Во аналите на МНТ ќе остане како директор кој постојано се бореше театарот и преставите да стигнат што подалеку од матичната сцена и да го пронајдат својот пат до сите.

Првата улога во МНТ ја има во претставата Случајот во Виши (1967). Препознатлив е по улога на Хоакин Муриета, главниот лик во Славата и смртта на Хоакин Муриета (1976). Некои од позначајните улогите ми се Михаил Антонов во Macedonishe Zustande (Мацедонише Цуштенде) (1984), Витезот од Рипафрата во Мирандолина (1985), Виќа во Сомнително лице (1982), Пјер во Граѓанинот благородник (1982), Владимир во Габи (1982), Луков во Житолуб (1981), Ѓорѓија во Милион маченици (1980), Непознатиот во Сојтарии (1979), Чорниј Вашил во Кенгурски скок (1979), Кметот во Соблазна во Шентфлоријанската долина (1976), Таке Фарфуриди во Загубеното писмо (1975), Пуба Фабрициј Глембај во Господа Глембаеви (1974), Шого во Тесен пат кон далечниот север (1972), Гаврил Игњатович во Фома (1972), Џони Бојл во Јунона и паунот (1971), Фомин во Зајдисонце (1971), Зигфрид Крампоносец во Фарса за храбриот Науме (1971), Вознескенсиј во Живиот труп (1971), Арагонски кнез во Венецијанскиот трговец (1970), Федотик Алексеј Петрович во Три сестри (1970), Флориндо во Венецијански близнаци (1968), Другарот Тројкин во Бања (1968), Нил Стратонич Дудукин во Без вина виновни (1968), Павле Власов во Мајка (1968) и Џон во Живот во моите раце (1968). Игра и во Остен (1981), Молскавици (1981), По претставата (1981), Кандид (1980), Обесеник (1979), Бесови (1978), Алексијада (1978), Крчма под зеленото дрво (1977),’48 (1977), Отепвачка (1976), Хемиските потписи на човечките организми во воздухот (1975), Од многу ум (1974), Под пирамидата (1971), Херкул и оборите на Авгиј (1971), Парите се отепувачка (1970), Дабот и ангорските зајаци (1969), Играта нанаредникот Мазгрејв (1969), Печалбари (1969), Чекор до есента (1969), Вител (1968), Сенка (1967), Антигона (1967) и Време од вашиот живот (1967). Петрушевски ќе остане запомнет и препознатлив и по филмските и телевизиски улоги меѓу кои Скопски сновиденија (1988), Ѕвездите на 42-та (1987), Климент Охридски (1986), Сомнително лице (1985), Трговецот од Солун (1985), Од зад грб (1985), Нели ти реков (1984), Лет во место (1984), Слана во цутот на бадемите (1983), Записник (1983), Илинден (1982), Јужна патека (1982), Едно лето (1982), Наши години (1979), Сослушувањето на железничарот (1976), Прва вечер (1975), Вујковиот сон (1970) и Маљва (1969). Засекогаш ќе остане дел од МНТ. Нека почивај во мир

ИН МЕМОРИАМ/ БЛАГОЈА СТЕФАНОВСКИ – БАГЕ

ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА

БЛАГОЈА СТЕФАНОВСКИ – БАГЕ

Благој СтефановскиБаге (роден во Битола на 7 март1953, починал 3 декември2020

Почина Благоја Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и директор на битолскиот театар.

Зад Стефановски стои богата професионална кариера поврзана со културниот живот во градот и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во меѓународната театарска асоцијација НЕТА. Благоја Стефановски – Баге е добитник на бројни признанија и награди, а последнота беше од Општина Битола кога минатата година ја доби Наградата

На 67 годишна возраст поради компликации од Ковид -19 почина Благоја Стефановски -Баге актер и долгогодишен директор на Битолскиот народен театар, поранешниот министер за култура, поранешен пратеник, како и спортски работник вклучен во Ракометниот клуб Пелистер.

Благоја Стефановски-Баге, беше човекот кој живееше за театарот и за културата, многу години посветени на културата во земјава и нејзина валоризација надвор од државните граници.

Минатата година тој ја го доби највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.

Почина Данчо Чевревски ( 1951- 2020 )

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 – почина 30 Октомври 2020 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.

Филмографија

ГодинаФилмУлогаБелешка
1977Најдолгиот патСтефан
1975Нели ти реков
1978Златни годиниЧирак
1978Белиот ѕид
1979Курирот на ГоцеДинко
1980Оловна бригадаДиме
1981Пикник и тополиКрака
1982Време на летала
1982Јужна патека
1981Козе
1984Јуначко коленоИџко
1984ИсчекувањеДиме
1984Нели ти реков
1984Песок во автомобилот
1986Климент ОхридскиНаум
1984Хај-фајМатеј Бојановски
1987Трст виа СкопјеБранко
1988ТврдокорниЃорѓи Сугарев
1988ОблациБранко
1991Тетовирање
1997Џипси меџикКенеди
2000Последниот валцерДамјан
2005Крчма на патот кон ЕвропаПрокоп
2007СтапицаДокторот
2009БунилоАрсо
2011Панкот не е мртов
2012Ова не е американски филм
2014Деца на сонцето
2017Пси лају, ветар носиТрајчесрпска тв-серија[1]
2019Втора шансаПетре
2019Бијег до моранаставникотреж. Вељко Булајиќ[2]

IN MEMORIAM Ванчо Крстевски актер / 1960 – 03.03.2020/

03.03.2020 година на 59-годишна возраст почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.

Од струмичкиот театар известија дека утре, 4 март, во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Крстевски беше роден на 30 ноември 1960 година, а беше член на Струмичкиот театар од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.

Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а глумеше и во филмовите „Прашина“ на Милчо Манчевски и „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Митевска.

Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин“ ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.

За актерот Mитко Гогов рече: Денес животот го напушти прекрасен човек и пријател, а уште поголем актер, великан и тоа не само за струмичкиот, туку и за македонскиот театар.

ми беше чест што те знам, премногу заеднички театарски разговори, преседени вечери после претстави на кои до зори сме говоре за текстот, за актерската игра, за режијата, за местото на обичниот човек во големата слика на светот, за драмските болки, за модерните болести на човештвото и потребата од сангејзинг за смирување на умот и душата.

ќе недостигаш Ванчо Крстевски, чиче, маестралноста на твојата игра ќе фали на штиците што живот значат. до следно видување, отаде нашето земно познавање на нештата – почивај во мир чич Ване! 

Душко Костовски 1939 – 1995


Душко Костовски е роден на 28 Мај 1939 година во Дебар.

Душко Костовски се школува во Скопје. За време на студиите членува во Драмската секција при Културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Од 1963 година е член на театарот „Антон Панов“ во Струмица. Во 1970 година доаѓа во Македонскиот народен театар во Скопје. За својот актерски ангажман има добиено повеќе награди меѓу кои се и Наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 1985 како и Републичката награда „11 Октомври“ во 1986. На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1968 г. ја доби истоимената награда за актерско остварување. Во 1986 година на Филмскиот фестивал во Пула ја доби „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.

Филмографија

1970: Човекот во црно ( Актер, )

1975Јад ( Споредна улога, )

1980Време, води ( Главна улога, )

1986Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )

1987Хај-фај ( Споредна улога, )

1995Ангели на отпад ( Споредна улога, )

1999Време, живот ( Главна улога, )[2]

Беше студено Јануарско утро, 21, 1995 година во скопската болница по долго боледување од срцеви тегоби престана да чука срцето на една маркантна личност чие име испиша историја на македонската филмска и театарска сцена!
Неговиот лик како да беше создаден за во детските тв серии, драмите и филмовите во кои можеби помалце толкуваше главни улоги, но и оние малите ги правеше големи и забележливи благодарение на неговата извонредна глума, талентот и шармантниот лик!
Постоеше голема глумачка хемија помеѓу него и Ѓорѓи Колозов! Двајцата беа одличен тандем и ја создаваа таа магија наречена топлина на сцената во приказните од периодот 1992-1994 година, годините кога Душко Костовски учествуваше во приказните пред неговата смрт!
Најмладите најмногу ќе го паметат по: Зрзе, зрзе, зрзе, а да не си од Марчино бе чорбаџи?!
Не премногу млад но не и доволно стар за пензија, неговото срце престана да чука на 21 Јануари, 1995 година кога имаше полни 56 години од неговиот живот.


Фото: д-р Владимир Плавевски.
Текст: Горан Марковски.

Антон Панов (1906 – 1968 )

Роден13 април 1906
ДојранОтоманска Империја(денес Македонија)
Починат/а28 август 1968 (воз. 62 г.)
Струмица
Занимањеписател
ПериодXX век
Значајни делаПечалбариРоденденот на Серјожа ЈегоркинСтега / Вероника

Антон Панов (Стар Дојран13 април 1906 – Струмица28 август 1968) — истакнат македонски драмски писател. Татко му бил ситен трговец на риба, но и активен учесник во Револуционерната Организација, која по илинденското востание е подложена на репресии, а нејзините членови биле затварани и испраќани на заточени. И таткото на Антон Панов Ѓуро ке биде затворен и испратен на заточение во Беаз – Куле во Солун. Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а уметничкото од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката, кои биле талентирани за драмски импровизации. Уште како мал Антон чиракува во дуќанот на татко си, иако не го сакал тој занает- трговијата. Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите. Во 1933 година тој ќе ја предаде драмата на Народниот театар во Белград, но тие не биле заинтересирани и ја одбиле иако тамошниот режисер сакал да ја прифати. Кога режисерот ќе премине на работа во Скопскиот театар, ќе ја побара драмата. Премиерата се одржала на 03.03.1936 година. По театарската сезона, Панов отишол во Петроварадин каде се оженил.

Во македонската книжевност Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Драмата првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 г., а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград и Скопје. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.

Книжевни дела

Панов напишал повеќе прозни и сценски текстови.