Народен театар Битола

 

14 ноември 1944 – симболично формирање на професионален театар во Битола

На сцената на градскиот театар, дел од членовите на партизанската културно-просветна група „Кочо Рацин“ ја играат агитката на Владо Малески „Петтоимениот Ѓоре“. Претставата ја режира нејзиниот протагонист, исполнител на насловната ролја Димче Стефановски. Оваа дата се смета за дата на формирање на денешниот Народен театар Битола.
bitola_teatar_pomegju

НУ – Народен театар Битола својата прва претстава на македонски јазик ја имаше на 14 Ноември 1944 година.

Се работи за претставата ” Ѓоре Магаревски ” во режија на Димче Стефановски. Во својата 72 годишна историја на сцената на Битолскиот театар се поставени 523 премиери, што би се реколо во бројки секој 45 ден од годината имало премиера.

На сцената на НТ Битола се исиграни 11.627 претстави кои биле посетени од 2.921.874 гледачи. Народен театар Битола е носитл на најмногу Гран – При и други награди на театарски фестивали.

Војдан Чернодрински во Прилеп и актерите на овој театар се едни најбројните наградувани на овој фестивал, исто така имаме и лауреати на фестивалот на камерна драма Ристо Шишков.

Ден 12 март 1952 година во битолскиот Народен театар се одржа првата дипломска претстава во Македонија, со која Димитрие Османли, тогашен студент на белградската Театарска академија ја одржа премиерата на комедијата „Ѓаволштините на Скапен” од Молиер…

Димитрие Османли со оваа претстава го положи високообразовниот испит по режија со одличен успех. Со тоа Османли стана првиот македонски димпломиран, воедно театарски и филмски, режисер.

Со тој академски старт токму во Битолскиот театар започна една богата театарска и мултимедијална режисерска биографија на творецот кој како дел од основачката генерација на високобразовната институција, стана и прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Почина во Скопје на 13 март 2006 година.

2016 година

ОДБЕЛЕЖАНИ 72 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО Битолскиот театар годинава со рекорден број на премиера

Во изминатите 7 години, на сцената на Народниот театар во Битола се одиграа близу 1.300 претстави, од кои 42 премиерни изведби, 21 гостување во некои од најважните театарски куќи во светот, а сето она што го создаваа актерите од овој театар го погледнаа околу 140.000 посетители. Аргументите ми дозволуваат да забележам дека оваа 2016 година, за Народниот театар од Битола беше една од најуспешните театарски години во историјата на оваа наша национална установа. Со поддршка на Министерството за култура, но и од сопствени средства, Битолскиот театар оваа година реализираше рекорден број на премиерни изведби на претстави, дури девет, од кои две претстави беа во копродукција со театри од Руската Федерација и САД. Бројката на повеќе од 20.000 посетители само за оваа година.

Крајот на 2016 година

Битолскиот театар се одбележува со нови почетоци, поточно со подготовка на две нови претстави “Грилпарцер во сексшоп” и “Смислата на животот”.

Оваа 2016 година е една од најуспешните за Битолскиот театар со оглед дека беа реализирани 9 нови проекти, беа одиграни 293 претстави, се реализираа 4 меѓународни гостувања, претстави од театарот учествуваа речиси на сите фестивали во земјава, а на последното издание на фестивалот “Војдан Чернодрински” во Прилеп, театарот беше апсолутен победник со Гран-при за претставата “Кралски игри” како и награди за актерско остварување, сценографија и режија.

  • во 2017 годи за в.д директор е избран Иван Јерчиќ

Театар Комедија

 

 

 

Пазар – Market

Театар Комедија е најмладата театска институција во Република Македонија и со самото тоа што е жанровски определен театар има јасно дефинирана и таргетирана публика. Освен со својот жанр, младиот ансамбл со кој е екипиран театарот е главниот атрибут на Театар Комедија како за привлекувањето на млада публика така и за брзото постирање во македонскиот театарски етер.. Се разбира не се работи за публика само од Скопје, туку и од цела Македонија, која не само што доаѓа во Театар Комедија, туку и театарот има мисија што е можно повеќе да гостува низ градовите низ Македонија и со тоасе создава можност за приближување на комедијата со што е можно поголема и подисперзирана публика.

Достигнувања – Achievements

Театар Комедија во својата четиригодишна историја, иако кратко постои успеа многу брзо да се постави како една од најсериозните театарски институции и по бројот на премиери, и по бројот на изиграни престави, и по бројот на гостувања и фестивали низ земјата и странство, како и освоени награди на национални и интернационални фестивали.

Во своето кратко по години, но богато по достигнувања портфолио, Театар Комедија бележи 14  свои премиери, и со тоа го гради својот репертоар, кој се состои од праизведби на македонски автори како За Секого има по една од Венко Андоновски во режија на Владлен Александров и Ах љубов моја од Коле Ангеловски во режија на Коле Ангеловскии Лет над кандидатското гнездо од Блаже Миневски во режија на Андреј Цветановски,  Нешто Пропуштаме од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски, како и Господарот на кукавицата од Венко Андоновски во режија на Андреј Цветановски. Театарот исто така је негува икомедијата од класиците на светската книжевност како Гогољ( Женидба во режија на Дејан Пројковски) и Шекспир ( Многу врева за ништо во режија на Дејан Пројковски), како и класикот од античката комедија Лисистрата од Аристофан во режија на Наташа Поплавска, но внимава и на современите текови на светската комична драматургија како текстот на Ксенија Драгунска Чувството на брадата во режија на Борис Лијешевиќ. Се разбира секогаш има место за хит текстовите како булевардската комедија Стјуардеси од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов, Име од Александар Делапателие и Метју Делапорт во режија на Ненни Делместре, како и Вардарски пастуви во адаптација и режија на Синиша Евтимов.

Театар Комедија има остварено многу гостувања низ Република Македонија и тоа во : Кичево, Виница, Штип, Радовиш, Гевгелија, Куманово, Свети Николе, Охрид, Битола, Прилеп,Тетово  и низ други градови во републиката. Исто така се има претставено и на разни фестивали во Македонија од кои се враќал со награди, како наградите за најдобар млад актер, костими и музика за претставата Женидба на националниот театарски фестивал Војдан Чернодрински 2013 година, како и наградата за најдобар млад актер за претставата Хамлет во Пикантен сос на истиот фестивал следната година. На фестивалот за античка драма СТОБИ 2014 година со претставата Многу врева за ништо, Театар Комедија се закити со наградите за најдобра машка и најдобра женска улога, како и наградата за најдобра режија. Во 2015 година Театар Комедија беше на два фестивали со претставата Лисистрата, и тоа на фестивалот Денови на сатиарата во Загреб од каде што се врати со награда за најдобар млад актер-карактерна комика за Валентин Костадиновски во улогата на Старецот, како и фестивалот Бутринти 2000 во Саранда, Албанија. Исто така се има претставено на фестивалите за монодрама во Битола, Денови на Комедија во Куманово, Охридско лето и Шекспир фестивалот во Битола.

ТеатарКомедијабешенадвегостувањанадвородграницитенанашатадржава: СопретставатаЗасекогоимапоеднаодВенкоАндоновскинаинтернационалниоттеатарскифестивалЦрноМоревоТрабзонвомај 2013 год. инафестивалотзакомедијавоМостарМостарскалискасопретставатаАхљубовмојаодКолеАнгеловски и севратисотринаградизаактернавечерта, најдобрарежија и најдобрапродукција. Во јануари 2015 година театарот беше на гостување во Црногорско Народно Позориште Подгорица со претставата Чувството на Брадата во режија на Борис Лијешевиќ.

Во текот на 2013 год. Театар Комедија во соработка со Општина Аеродром  органзираше Театарско Културно Лето – аеродром се смее на кој учествуваа Театар Комедија, Драмски Театар и Македонски народен театар. Културното лето  се одржуваше од 17.06 – 22.06.2013 год во Паркот на Езерата во општина Аеродром, додека во 2014 година прерасна во првиот фестивал на комедија Гола Месечина кој се одржа во општина Аеродром од 21.06 до 30.06.2014 година и оваа година фестивалот доби интернационален карактер со гостувањето на Народен театар- Тузла и театар од Белград. Фестивалот беше од натпреварувачки карактер и се доделија 4 парични награди – една за најдобра машка улога, за најдобра женска улога, најдобра режија и гран при за најдобра претстава.

АНСАМБАЛ

http://www.teatarkomedija.com.mk/index.php/ansambl

Историјат – History

Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година. За директор на институцијата е поставена врвната актерка Јелена Жугиќ која од 1997 па до 2012 г беше водечка актерка во ансамблот на Драмски театар Скопје и носител на многу театарски награди и признанија. Своето официјално отварање  Театар Комедија  го имаше со претставата Ах љубов моја на 27 март 2012 година, на Светскиот ден на театарот и со тоа го означи своето постоење во македонската театарска историја. На почетокот Театар Комедија ја користеше сцената на Драмски Театар, но како поминуваше време стануваше претесно за амбициозниот тим на Театар Комедија, и во тие моменти, на 3 март 2014 година Театар Комедија доби свој објект во центар ( Стар Театар Центар) и со тоа ја зголеми и својата публика и простор за создавање и креирање на нови уметнички светови.

Производ – Product

Театар Комедија како жанровски определен театар се обидува да ги постави сите подвидови на комедијата на својот репертоар, од класична комедија, преку гротеска па се до формата на кабаре, но се е поврзано со жанрот на комедијата.

Театар Комедија создава производ кој секогаш се обидува  да ги задоволи двата клучни фактори за создавање посакуван продукт. Од едната страна е создавање на уметничко дело кое достигнува врвни естетски вредности и ги задоволува сите критериуми за свеж и модерен театарски израз, а од друга страна се наоѓа факторот на публика која е задоволна од она што го видела.

Театарот се залага за модерен тотален театар, со актерот во центарот, и тоа актер кој е подготвен и да игра и да пее и да дејствува на сцената за што повисоко театарско доживување и остварување.

Театарот е екипиран со актерски ансамбл, но исто така и техничка екипа, како и администрација кои сите заедно како тим работат за остварување на крајната цел, привелекување на нова публика, како и задржување на лојалната.

 

Неодамнешен развој – Recent Developments

Театар Комедија на својот репертоар најмногу има текстови кои со својата назнака се класична комедија и го негува модерниот пристап за поставување на истите текстови. Но во следниот период Театар Комедија сака да го прошири својот репертоар со сите подвидови кои можат да влезат во жанрот комедија, како што се кабарето, мјузиклот, стендапот како и многу други форми на театар.

Промоција – Promotion

Театар Комедија со својата маркетиншка стратегија успева да привлече голем број на публика и навикнат е да игра пред полни сали каде и да оди. Својата маркетиншка стратегија ја заснова на константно присуство во медиумите, и пишани и телевизиски и радио станици, како и објавување на својот неделен и месечен репертоар низ етерот. Исто така многу сериозно го сфаќа рекламирањето на претставите како и на актерите кои се столбови на репертоарот преку интервјуа, изјави и медиумското појавување на самите актери.  Благодарение на оваа маркетинг стратегија , двајца актери од анасмблот на театар комедија во 2013та год ја добија престижната награда за најпопуларен млад актер во македонија „Златна бубамара на популарноста“, како и наградата за најдобра претстава во 2014 на „Златна бубамара на популарноста“.

Театар Комедија има своја фејсбук страна со преку 20.000 фанови на која ги објавува своите новости, премиери, гостувања како и редовниот репертоар кој го игра во својот објект. Бидејќи голем дел од нашата публика е младата популација на возраст од 18-35 години овој начин на рекламирање претставува одлична можност што поголем дел од публиката да знае што точно се случува во театар комедија секој ден.

Вредности на стоковата марка – Brand Values

Она што е многу важно е дека Театар Комедија со сите свои претстави привлекува различна публика, но постои и е едно јадро на публика кое доаѓа на сите претстави- младата популација. Заради разновидонста на публиката Театар Комедија може да се пофали дека се најпосетуван театар по изиграна претстава.  Театарот со своите премиери, изведби, гостувања, фестивали и промоции многу брзо стигна во врвот на македонскиот театар и успеа да се наметне како бренд и меѓу театарџиите, како и кај публиката која редовно и со големо уживање ги следи сите успеси на театарот. Затоа овој потег за вклучување на Театар Комедија во Супербрендс е повеќе од логичен, бидејќи е театар со најмногу публика во Македонија, но и театар кој ужива респект од театарџиите.

 

Дали сте знаеле… Things you didn`t know about…

  • Jелена Жугиќ , директор на Театар Комедија, на парламентарните избори 2014год бесе кандидат за пратеник од владеацката партија во македонија, бесе изгласана за пратеник и се повлече од пратеницкото место , се со цел преку културата и театар комедија да допринесува за развојот и напредокот на театарската уметност
  • Дека 93% од билетите за секоја претстава на репертоарот на Театар Комедија се распродадени на 2 дена пред изведбата на претставата
  • Дека претставата Стјуардеси е најпопуларната претстава во Македонија за 2014 година. Секоја изведба е полна и продадена месец однапред.
  • 2016
    За два дена Театар Комедија неодамна успеа да продаде 953 билети и буквално да го распродаде репертоарот за целата недела. Ова е само доказ дека македонската публика сака да оди на театар, да се насмее, а доколку има повод плус како што е намалена цена на влезниците, тогаш продажбата на билети оди како алва. Со преку 400 претстави и над 130.000 гледачи Театар Комедија го оправдува своето речиси петгодишно постоење. По сите овие бројки Театар Комедија е очигледно вистински потег и со самиот жанр, но и со квалитетот на претставите што ги нуди.Редовниот репертоар на Театар Комедија е повеќе од успешен и голем дел од претставите се хит, сепак, како што велат одговорните во Театарот, ако треба некоја да се издвои тоа е претставата “Стјуардеси”, која веќе има над 80 изведби, како и претставата “Вардарски пастуви”, која се продава на каса штом излезе на репертоарот.
  • 2017 година за в.д директор е поставена Мирјана Ристов

Македонски народен театар МНТ

 

Македонски народен театар (МНТ) — државен театар во Скопје и најстара театарска установа во Македонија

Овој линк ќе ве поведе во виртуелна прошетка низ Македонски народен театар (МНТ)

Историја

.“Колку е блиску сонцето” , првата реплика изговорена од мадам Вера Вучкова во МНТ пред 71 година.

star-teatar-vera-vuckova

Основан со Одлука на  од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот Народен театар „Крал Александар I“. Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмскитеатар, аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“ била изведена на 9 мај 1947 година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“ била изведена на 27 јануари 1949 година).

Ваквиот модел на театарска (драмаоперабалет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација — Македонска опера и балет (МОБ).

Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:

Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).

МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963 година, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи Македонската опера и балет (МОБ), а од 2013 година, МНТ се вселува во одново изградената стара зграда (со извесни измени) на кејот на реката Вардар.

Премиери

 

Денес е 71-от роденден на Македонскиот народен театар.
Да се потсетиме на МИНАТОТО, на сите големи имиња кои го граделе и носеле репертоарот на нашиот театар.

Во Музејот на Македонскиот народен театар вечеравечер, 3 април, беше отворена новата поставка „Исчекори кон Сонцето“ која концепциски претставува сеќавање на првата театарска сезона 1945/46 година…

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на отворањето на поставката рече дека со првата театарска сеозона на МНТ започна да се развива приказната за оваа институција, да се остварува сонот на доајените, да изградат свој сопствен македонски народен театар.

– Во оваа поставка се содржани исклучително вредни оргинални предмети кои интимно се поврзани со актерите, режисерите, сценографите, костимографите и другите театарски работници – основоположници на МНТ кои својот ентузијам, посветеност, својата љубов ја вложија во создавањето на првите десет претстави од сезоната 1945/46 година, истакна Канческа – Милевска.

Вредната колекција од околу 150 експонати изобилува со фотографии, архивски документи, лични предмети, театарски реквизити кои биле користени во создавањето на легендарните „Платон Кречет“, „Чорбаџи Теодос“, „Народен пратеник“, „Сомнително лице“ и другите претстави кои биле изведени вопрвата сезона.

Како посебно значајни, министерката за култура, ги издвои ѕидниот часовник-реквизита од првата претстава на МНТ „Платон Кречет“, како и оригиналниот костим на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко во најдолго играната претстава во историјата на македонскиот театар „Сомнително лице“.

Изложени се и лични предмети на Петре Прличко кои ги подари неговата сопруга Нада, како двете лулиња, очилата и диктафонот, неговите документи-тетратки, неговите награди, како и честитките и писмата од неговата лична корасподенција со публиката.

Во изложбата се застапени и актерските прибелешки направени за време на подготвувањето на улогите меѓу кои и рачно пишуваната тетратка на истакнатиот македонски актер доајенот Илија Џувалековски за улогата на Поцко во претставата „Чорбаџи Теодос“, потоа сценографските и костимографските скици изработени од Томо Владимирски и Василије Поповиќ-Цицо, како и оригинални документи на Илија Милчин, Тодорка Кондова и многу други театарски работници кои ја одбележаа историјата на македонскиот театар.

Канческа – Милевска искажа задоволство што оваа изложба и целокупната уметничка збирка на Македонскиот народен театар од пред неколку дена е веќе достапна и во виртуелниот простор преку современиот концепциски проект „КЛИК МУЗЕЈ-КЛИК ТЕАТАР“ кој овозможува, сите посетители на веб страницата на оваа институција да остварат виртуелна музејска прошетка низ театарот, од самиот влез, па до најгорниот кат.

Пред присутните гости на отворањето на поставката, м директорот на МНТ Дејан Пројковски, програмскиот директор Тони Михајловски, авторите на музејската и виртуелната поставка Јасмина Намичева, Ивана Чарчевска и Михаил Намичев, како и бројни актери и други уметници, Канческа Милевска најави дека Владата и Министерството за култура и натаму ќе го промовираат Македонскиот народен театар на европската и светска театарска мапа, како двигател на новите професионални стандарди во областа на театрологијата, на новите форми на театарска едукација, како промотор на театарот како интерактивен „медиум на новото време“.

Таа изрази благодарност и до сите граѓани кои подарија или од кои се откупени експонати за оваа збирка која, како што нагласи, е голем придонес во сочувувањето на нашата колективна културна меморија.

Да наздравиме за СЕГАШНОСТА и за сите големи креативни предизвици и патишта кои ги живее ансамблот и да си посакаме ИДНИНА.
ИДНИНА осветлена од уметничкиот пламен на нашите театарски колоси од минатото, а посветена на жарот со кој го љубат истиот тој театар денес, нивните наследници.
Нашето театарско време го мериме по бројот на одиграни претстави,изговорени реплики и аплаузи.
Почитувана публико и драги колеги нека ни е честит денот.

Изложба на театарски експонати

април 2016 г./Исчекор кон сонцето/ во Македонски народен театар отворен ден од 11:00 до 20:00 часот

Македонски народен театар – Скопје и Музејот на МНТ од 03. 04 – 03 .05. 2016 година, по повод одбележувањето на 71 година од изведбата на првата претстава, ќе се претстави пред публиката со два презентациски концепта.

 Воведниот концепт е насловен Виртуелна прошетка низ постоечката Уметничка збирка на Музејот. Тој претставува прв применет виртуелен (дигитален) 360о модел на експонирање од една музејска поставка во Македонија, со што е овозможено интерактивна посета на публиката од секоја точка на светот. Прошетката ќе биде достапна за публиката на следниот линк:

http://mnt.mk/360/MNTtour.html

Овој модел на експонирање ќе биде воспоставен како стандард за сите следни изложби во продукција на Музејот на МНТ, вклучувајки ја и актуелната Исчекор кон сонцето.

 Изложбениот концепт е театролошка изложба под наслов Исчекор кон сонцето, која е четврто претставување на продукцијата на Музејот на МНТ почнувајки од 2013 година. Акцентот на музеолошката поставка е ставен на десетте претстави одиграни во првата сезона 1945/46, во кои го вградиле својот ентузијазам и жар десетици  актери, режисери, сценографи, костимографи и други театарски работници – основоположници на МНТ. Изложени се оригинални документи, лични предмети, фотографии, драмски текстови, костимографски и сценографски скици, и реквизити кои биле дел од театарските претстави на МНТ. На тој начин се продолжува со претставување на највредните оригинални документи и предмети, од збирките во сопственост на Музејот на МНТ.

Вечната куќа – 07, 08 и 09.12.2013

Прва реплика –

 РАБИНОТ –Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш.

936042_10152126273114636_118654127_n

Петре Темелковски – Рабинот Ицак Коин

ПРВА СЦЕНА Изгрејсонце над Ерусалим. Блескаат вечните градби на Ѕидот на плачот, Црквата на раѓањето и Воскресението, и џамијата Ал Акса. Рабинот Ицак Коен седи на камениот стол и чита со прстите пораки од различни страни на светот. Пред него како во молитва и задржан тивок плач е застаната Стела Бенвениста, со поглед упатен во неговото лице.

Автор: ЈОРДАН  ПЛЕВНЕШ
Режисер: ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ

За три години МНТ имал над 900 претстави и над 330.000 гледачи

Покрај подготовката на репертоарот, во МНТ се создава и театарскиот музеј кој ќе биде составен дел на институцијата. Собрани се повеќе од 20.000 предмети меѓу кои и експонатите од претставите изведени во последните три години. Тие се презентираат на изложби во театарот и досега се организирани околу десет

Македонскиот народен театар денеска одбележа три години од работењето во новата зграда кое почна со премиера на „Вечната куќа” од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски. По тој повод беше отворена истоимена изложба на која се претставени костими и реквизити од претставата и беше прикажана кратка снимка од првата нејзината изведба на 7 декември 2013 година.

Директорот на МНТ Пројковски соопшти дека за три години МНТ имал над 330.000 гледачи и над 900 реализирани претстави, што е околу 300 годишно на малата и на големата сцена.

– Тоа е голема, завидна бројка со која, кога ќе се спореди со национални театари од регионот, МНТ може да се гордее со она што го прави во изминатите три години. МНТ е дрво со длабоки корени и мислам дека и новата зграда и се што сега го правиме сите е продолжување на историјата и на патот на сите големи актери, режисери и великани што работеле тука, истакна Пројковски. Тој и се заблагодари на министерката Елизабета Канческа-Милевска за вложениот труд и заложби да се изгради новиот објект на театарот.

Истакна и дека МНТ во последниот период има интензивна меѓународна активност, бидејќи само во овој месец со три претстави гостуваше во три земји (Полска, Русија и Романија), а првпат годинава Македонскиот народен театар имаше копродукција со престижниот Винер фествохен. – Полека, но сигурно МНТ се наметнува како важен театарски центар во Југоисточна Европа, додаде Пројковски.

Пред актери од МНТ и директори на други театри од Македонија зборуваше и Дејан Лилиќ кој беше директор кога МНТ пред три години се пресели во новиот објект.

– Чувството што го имавме тогаш беше многу шарено, неверојатно, чувство кое никогаш оваа генерација наша не можела да го доживее. Но, имавме една водилка која не води во сите претстави што ги создаваме, а тоа е вербата. Да ја немавме вербата, немаше да го имаме ова. Не можат ништо да ни земат – ни талентот, ни срцето, ни душата, но не можат да ни земат уште една работа, а тоа е нашиот Македонски народен театар и оваа прекрасна зграда. Затоа што тој не сплотува сите нас, овие генерации, минатите и идните генерации, и ќе остане, без разлика на забот на времето кој може да избрише и да заборави. Тој ќе остане, за среќа, вечен, рече Лилиќ.

Покрај подготовката на репертоарот, во МНТ се создава и театарскиот музеј кој ќе биде составен дел на институцијата. Собрани се повеќе од 20.000 предмети меѓу кои и експонатите од претставите изведени во последните три години. Тие се презентираат на изложби во театарот и досега се организирани околу десет.

Македонскиот народен театар во новиот објект минатата година на 3 април го прослави и седумдеценискиот јубилеј од постоењето, односно од изведбата на првата изведена претстава во 1945-та – „Платон Кречет” во режија на Димитар Ќостаров

  • Претседателот Ѓорге Иванов денеска на Македонскиот народен театар ќе му додели признание „Орден за заслуги за Македонија“.

    „На Македонскиот народен театар му се доделува орденот по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво, со што даде исклучителен придонес за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот“, соопшти Кабинетот на Претседателот.

    2016 година  Дејан Пројковски Директор на Македонски Народен Театар

    ‘‘Знам дека вербата и посветеноста се клучните работи во остварување на соништата.‘‘

2017 година   Драган Спасов Дац е именуван за в.д. директор на Македонски народен театар.

НТ Штип Ацо Шопов

12037984_10206478071043420_6701043404047271667_n

Почетоците на театарот во Штип се кон крајот на деветнаесетиот век.

Македонските дејци –учителите Даме Груев, Пере Тошев и Гоце Делчев ја поставуваат романтичната трагедија „Разбојници“ на Ф. Шилер во учебната 1894/95 година која е една од поинтересните претстави.

За време на Кралството Југославија во 1923 година во Штип е формирано Штипско театарско друштво односно се формира Повластено народно позориште, чиј основач е гимназискиот професор Душан Будимировиќ. Друштвото изведува повеќе претстави, претежно комедии, (од француските булеварски комедии до комедијата Кир Јања на Стерија Поповиќ), сите во режија на Будимировиќ. Исто така, Друштвото организира и театарска школа. Во тоа време во Штип се отвора и музичко училиште, во кое се едуцираат идните солисти и музичари за театарскиот оркестар. Театарот почнува да се професионализира.

04

На 29 август 1923 година, е изведена  и првата оперска претстава, Палјачи на Р. Леонкавало. Ова е прва оперска претстава во Македонија изведена со домашни изведувачи. Во декември 1925 година свечено е отворена нова театарска сала сместена во градскиот хотел „Гранд“.

Во периодот од 1923, па до 1927 година  реализирани се над сто претстави повеќето со национално- патриотска содржина. Еве некои од нив: „Гроф Мишка“ од А. де Флер, „Лилјак“ од Хафнер и Желе, ,,Скаперникот“, „Вообразениот болен“, „Тартиф“, ,,Граѓанинот благородник“ од Молиер, „Хамлет“ од Шекспир, ,,Ревизор“ од Гогољ, Сирано де Бержерак“ од Едмон Ростан, “Лага и паралага“, „Кир Јања“, „Покондирана тиква“, Ј.С. Поповиќ, „Народен пратеник“, „Сомнително лице“, „Протекција“, „Свет“ од Нушиќ, „Хасанагиница“, „Хајдук Станко“, „Селска лола“, „Дорќолска работа“, „Кралевата есен“ од Станое Главаш, „Македонка“ од Д. Будимировиќ и Славко Нетков, „Два цванцика“ од Милован Глишиќ, „Коштана“ од Б. Станковиќ, „Просидба“ од А.П. Чехов, „Близнаци“ од Плаут, „Граѓанинот Благородник“ од Молиер, „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од В. Иго, „Ивкова слава“ и „Зона Замфирова“ од С. Сремац и други.

По извршувањето на атентатот на генералот Ковачевиќ на 5.10.1927 година работата на Театарот била забранета сé до 28.03.1929 година.

Во 1934 година и наредната 1935 година под раководството на композиторот, педагогот и диригентот, рускиот емигрант Сергеј Михајлов, Театарот повторно дејствува во штипската културна јавност. Под раководството на Михајлов, кој по барање на Будимировиќ, поради потребата од музичка едукација на актерите, бил префрлен од Гевгелија во Штип, во Театарот се одиграле 20 претстави.
01 (1)

Во 1936 година соочен со кризи (кадровски, финансиски, организациски), театарот ја намалува својата дејност, така што сосема се „повлекува“ во гимназијата и му се враќа на аматерскиот статус. Театарот се сели во гимназијата каде учениците биле единствените артисти. Токму таа година е забележана како година во која дефинитивно престанува работата на Штипскиот бенифициран театар.

 

Освен оваа гимназиска драмска дружина, до почетокот на Втората светска војна во Штип инцидентно се активни уште неколку аматерски драмски дружини.

Во текот на војната театарската активност ја презема бугарското Читалиште, чиишто активисти изведуваат повеќе пиеси од бугарски автори.

01

По завршувањето на Втората светска војна Штип набргу станува центар на театарскиот живот во тој дел на републиката. Театарот во Штип, како и формирањето на другите театри во републиката. се формирани во многу неповолни економски и општествено-политички услови.

Во јануари 1948 година, тогашната драмска секција при Културно-уметничкото друштво „Ванчо Прке“ прикажува две едночинки, во кои настапуваат идните актери на професионалниот штипски театар. Со подготвување неколку нови премиери, аматерскиот ансамбл постепено се зголемува.

03

Континуитетот во театарот се остварува на 8.11.1944 година на денот на ослободувањето на градот, кога започнува новата ера на организираното театарско живеење во Штип. Иако се работи за театарска активност со различни ефекти, сепак, станува збор за слични концепти кои произведуваат слична културна практика и слично театарско бранување.

Драмската секција на XIX бригада на 8.11.1944 година во новиот животен амбиент набиен со свеж воздух како последица од победата над фашизмот пласира театарска претстава, за тоа време, со многу индикативен наслов „Хитлер во агонија“. Претставата е прикажана во природен амбиент каков што обезбедувале улиците на тогашниот Штип: тесни, непоплочени или калдрамисани – слика за долгогодишните османски комунални решенија во поглед на инфраструктурата.

За само една година штипјани се нашле пред нова претстава. По „Хитлер во агонија“ драмската секција формирана при Народниот фронт ја изведува комедијата „Д-р“ на Б. Нушиќ. За оваа претстава членовите на секцијата ја користеле салата во Хотелот „Македонија“, а потоа и салата во Хотелот „Нов Белград“.

Во 1948 год. го среќаваме првиот печатен плакат Градски народен театар – Штип, со насловот на претставата „На стража” од Виктор Емин, а следната година е поставена „Печалбари од Антон Панов.

07

????????????????????????????????????

Во 1949, Градскиот народен одбор ја донесува одлуката за основање Областен народен театар во Штип. На 10.10.1949 година во фискултурната сала, односно меѓу реквизитите за физичка култура, актерите на Областниот театар ја изведоа претставата „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ во режија на Борис Стојчев. Со премиерната изведба на претставата „Кир Јања“ започнува работата на Штипскиот областен театар. Како професионален театар, започнува да работи во јануари 1950 година. Прв директор на театарот е Борис Стојчев. Во текот на 1950 година Обласниот театар добива сопствена зграда (Соколана).
„Парталковци” беше првата премиерна претстава на новоформираниот Областен театар во неговата сопствена зграда.

 

Прв професионален состав на Обласен народен театар Штип (јануари 1950):
Борис Стојчев – режисер и актер, директор; Милка Ќерамитчиева, Александар Думов, Олга Рунчева, Димитар Зајков, Алеко Протогеров, Ацо Арсов, Трајче Зафиров, Ружа Икономова, Стојка Слејанска, Илија Арев – актери.

 

Од 1954 година театарот го носи името Народен театар Штип.

Во 2004 година Народниот  театар од Штип влегува во состав на Национална установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип и како таков функционира до ден денес.
Меѓу 1948 и 2015 година театарот има одиграно 358 премиери, со повеќе од 5.000 репризи, чии носители се над 400 театарски дејци, автори, режисери, актери, сценографи, костимографи и музички соработници заедно со многубројната публика.

Штип скоро еден век го има својот театар, театарот го има својот Штип, а заедноимаат  сериозен прилог во театарскиот живот во Македонија.

НУЦК ,,Ацо Шопов,, – Театар – Штип  настапувал и настапува на сите фестивали кои се одржуваат во Р.Македонија и на фестивали во повеќе европски земји на кои има постигнато забележителни резултати и добиено повеќе награди.

08

ОСНОВНИ ДЕЈНОСТИ: Драмска , музичка, ликовна, литературно – издавачка, филмска и др.

http://www.teatarstip.mk/Istorijat.html

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ: НУЦК ,,Ацо Шопов,, – Штип работи со две организациони единици.

  • Организациона единица драмска дејност и
  • Организациона единица – посредување во културата ( музичка, ликовна, литературна – издавачка, филмска дејност и аматерски самодејности )

 

КАДРОВСКА ЕКИПИРАНОСТ:

  • Директор
  • Актери – изведувачи – 17
  • Режисери – 2
  • Драматурзи – 3
  • Стручни соработници – 2
  • Реализатори на програма – 18
  • Администрација – 4

stp-16

Народен театар Штип-2016 god.

Народен театар Штип оваа година се “судеше” “маратонски” за да се издигне од “дното” поради едно “писмо”. 🙂 Вака во една реченица би можело да се направи ретроспективаta на работата на штипскиот театар во 2016 година.
Првата премиера во 2016 година беше на претставата “Суд” од Коле Чашуле, во режија на младиот штипјанец Дамјан Читкушев. Сместен во едно нестабилно тло, во простор полн симболики, постои еден СУД во кој силно ПИШТИ неправдата. Во овој суд, впрочем како и секаде, најголемата опасност е таму каде навидум ја нема. Тоа е претстава за македонскиот синдром на предавство, осовремена и ставена во една сурова рамка на крвопролевање.
Втората премиера “Љубовен маратон” е работена по мотиви од текстови на Нил Сајмон во режија на Никола Ристов. Тоа е една урнебесна комедија која го слика современиот начин на живот. Приказна за монотонијата на животот, обидот за неверство за да се прекине таа монотонија и на крајот славење на животот, зашто како што вели главниот лик во претставата: “Обожавам да живеам! Во животот има проблеми, но да живееш е најдоброто нешто што го измислиле до сега…!”
Маестралниот Дејан Пројковски ја постави третата премиера на штипскиот театар, претставата “На дното” од Максим Горки. Тој во одлично одбраниот, совршено адекватен простор ПОД големата сцена на домот на културата “Ацо Шопов” го наслика и, како на филмско платно, го оживеа горкиевото ДНО. Ги соголи до кожа жителите на пансионот кои со сите сили се трудат да се подигнат од калта на дното во кое се наоѓаат. Дали и колку успеваат во тоа останува на публиката да види и да процени.
Последната премиера во 2016 година на Народен театар Штип беше “Лазаревото писмо и писание” работена по мотиви од расказот “Лазаревото писмо” на Живко Чинго, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Приказна за едно “време – невреме, море не невреме туку нелуѓе, речи го како шчо ет”. Приказна за состојбата во Македонија од пред педесетина и повеќе години, а која, од збор до збор, може да се пренесе во денешницава. Приказна за нашиот синдром на самоуништување преку шпионирање и предавство, борба за власт со газење преку се’, ставена во еден безвременски контекст.
Во ова навраќање на работата на штипскиот народен театар морам да ги спомнам и гостувањата на истиот надвор од границите на нашата држава.
Во Вараждин, Хрватска, ја игравме претставата “Отворач за конзерви” во режија на хрватскиот актер и режисер Стојан Матавуљ. Гостувањето беше остварено благодарение на одличната соработка на нашиот театар со македонско-хрватското здружение од Македонија “Либертас”.
Детската претстава “Јан Бибијан” во режија на Дарко Ковачевски учествуваше на меѓународниот театарски фестивал ТАНАНИК Благоевград 2016 – Бугарија.
На интернационалниот алтернативен фестивал ФИАТ 2016 во Подгорица, Црна Гора, учествувавме со претставата “На дното” на Дејан Пројковски. Со голема гордост можеме да се пофалиме дека од овој фестивал се вративме со двете најголеми награди: претставата “На дното” освои гран при за најдобра претстава, а “маестро” Дејан Пројковски ја освои наградата за најдобра режија. ДА НИ СЕ МНОЖАТ. 🙂
На крајот од оваа релативно успешна 2016 година за нашиот театар, да си посакам една желба: Следната 2017 година да ни биде со повеќе премиери и претстави, со повеќе поблиски и подалечни гостувања и, зошто да не, со повеќе награди и признанија.
И сосема на крај, на сите пријатели на ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО ТЕАТАРЧЕ им посакувам интересна и успешна 2017 година.
Имајте убава година 🙂.
Габриела Коцева Тулиев

ТДМ – Скопје

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
“ЧУДОВИШТА ВО НАШИОТ ГРАД“
Награда за музика на Димитрие Бужаровски
Театарски игри “Војдан Чернодрински“ – Прилеп – Р Македонија – 1990 г.
“ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА“
ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина
МеФѓународен фестивал “Бурборак-94“ – Смолен – Р.Бугарија – 1994 година
Награда за кукли и костим за Ангелина Атлагиќ
II Меѓународен куклен фестивал на мали форми – Крагујевац – СР Југославија – 1995 година
Награда за естетско обликување на претставата
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1996 година
Награда за кукли, костим и сценографија за Ангелина Атлагиќ
Интернационален фестивал на марионетска уметност за деца – Прага – Р.Чешка – 1998 година
“МАЛИОТ ПРИНЦ“
Актерска награда за Драган Довлев
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1997 година
“УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ“
Награда за костим и сцена за Александар Ношпал
Актерска награда за Татјана Павловска Кочовска
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1998 година
“КРАЛЕ МАРКО“
Актерска награда за Владимир Лазовски
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1999 година
“МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА”
ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина
Награда за колективна актерска игра.
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 2000 година
Специјална диплома
Меѓународен куклен фестивал на мали форми – Крагујевац- СР Југославија -2001

ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина
Актерска награда за Татјана Павловска Кочовска
I Меѓународен фестивал на театри за деца – Бања Лука – Р. Српска -2002
ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина

Награда за режија за Боњо Лунгов
XIII Интернационален которски фестивал на театар за деца – 2005

Награда за колективна актерска игра
Награда за музика за Драган Даутовски
II Меѓународен куклен фестивал – Подгорица, Р. Црна Гора – 2013
“ЛАКОМАТА МЕЦА“
Актерска награда за Владимир Лазовски
Меѓународен куклен фестивал на мали форми – 2001 – Крагујевац – СР Југославија
„ЧУК, ЧУК, СТОЈАНЧЕ“
Актерска награда на Татјана Павловска Кочовска
IX Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 2002 година
“ПАПАГАЛЧЕТО РИКИ“
Специјална диплома за Владимир Лазовски
VI Меѓународен куклен фестивал “Златна искра“ Крагујевац Р.Србија и Црна Гора – 2004
“КРАЛОТ КУСКУЛЕ ПРВИ”
Актерска награда за Јасмина Мицовска
XII Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица, Р.Србија и Црна Гора – 2005
Актерска награда за Гокица Лукаревски
XIV Которски фестивал на театри за деца – Котор, Р.Црна Гора – 2006
“ПОПОТ И НЕГОВИОТ СЛУГА БУДАЛ”
Актерска награда zа Владимир Лазовски
XIII Мегународен куклен фестивал “Златна искра” Крагујевац Р.Србија – 2007

ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
Актерска награда за Владимир Лазовски
Награда за костим за Александар Ношпал
XV Которски фестивал на театри за деца Котор Р.Црна Гора – 2007

ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
VII Европски куклкен фестивал Поградец Р.Албанија – 2008
“ТЕЛЕФОНОТ”
ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
Награда за режија за Боњо Лунгов
XVI Которски фестивал на театри за деца Котор Р.Црна Гора – 2008
“ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊА“
ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
XVII Которски фестивал за деца Котор, Р. Црна Гора-2009
“ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ“
Награда за колективна актерска игра
XIX Меѓународен детски фестивал ЛУТФЕСТ – Суботица, Р. Србија – 2012

ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
Награда за режија за Боњо Лунгов
Актерска награда за Нина Деан Гачиќ
Актерска награда за Татјана Павловска Кочовска
XII Меѓународен фестивал на театри за деца – Бања Лука, Република Српска – 2013
“БЕСКРАЈНИ СОНИШТА“
Награда за оригиналност и фантазија
XX Меѓународен детски фестивал ЛУТФЕСТ – Суботица, Р. Србија – 2013
Награда за колективна актерска игра
XVI Меѓународен куклен фестивал ЗЛАТНА ИСКРА – Крагуевац, Р. Србија – 2014
„НАШИОТ КЛАС“
ГРАН ПРИ
Награда за визуелност
9. Меѓународен театарски фестивал „Јоаким интерфест“ во Крагуевац, Србија
Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје е добитник на огромен број домашни и меѓународни Признанија и Благодарници.
ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

За 26 години повеќе од 300.000 посетители

Театарот ја подготвува 60-тата премиера, а оваа годинаќе има четири премиери.

Театарот за деца и младинци одбележа 26 години постоење.

Со работа почна пролетта 1990-та со претставата „Силјан Штркот” во Универзална сала изведена пред две илјади деца, а три години подоцна доби и свој простор во кој работи и денес. Оттогаш е и амблемот на овој театар – два прегрнати штрка.

“Ова е најважното место на светот, тука децата ја учат основната разлика помеѓу доброто и злото, ја развиваат својата фантазија, стануваат интерактивни со сцената и го развиваат својот социјален аспект по секоја претстава, истакна директорот на Театаротза деца и младинци Братислав Димитров.

На роденденот на ТДМ присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која им се заблагодари на сите актери и вработени во институцијата кои се вложиле во нејзиниот развој.

– Театарот за деца и младинци е двигател на културниот живот во Македонија, кој има придонес и во едукација на младата популација. Се сеќаваме на многу претстави, како „Девојчето со кибритчињата”, „Петар Пан”, „Македонска приказна”, „Могли” и многу други. Посебно ми е драго што со овој настан им се оддава почит на генерациите кои растеа и живееја со овој театар. Министерството за култура дава силна поддршка на ТДМ, издвоивме средства за реконструкција на оваа значајна институција, доделена и е опрема за сценската технологија, се подобрија условите, а имаше и голем број вработувања на актери, драматурзи и режисери.

Преку инсерти од некои од вкупно 59-те премиери колку што се поставени на сцената на ТДМ, беше прикажан развојот во изминатите 26 години во кои театарот имал повеќе од 300.000 посетители.

Театарот за деца и младинци прв по осамостојувањето на Македонија успешно излезе надвор од границите и се врати со награда – за претставата „Принцезата на зрно грашок”. Таа до денес е одиграна 261 пат и е најизведуваната претстава во историјата на овој театар.

Најтрофејната претстава на ТДМ и втора по број на изведби (151 до сега) е „Македонска приказна”.

Театарот за деца и младинци ја подготвува 60-тата премиера, а оваа година со поддршка на Министерството ќе има четири премиери.

Театарот е носител и на голем број меѓународни награди. Неодамна се врати од фестивал во Измир, а има покани од Германија, Романија и Бугарија. Екипа од ТДМ работи на меѓународен проект финансиран со грант на ЕУ, во кој се вклучени и Словенија, Србија и Норвешка.

  •   2017год за в.д директор е поставена Катарина Илиевска Силјановска 
Алиса во
земјата на чудата
Ализа во Земјата на чудата
Бескарајни
соништа
plakat-beskrajni
Црвенкапа
plakat-crvenkapa
Цветната улица|
plakat-cvetnata
Девојчето со
бисерна обетка
plakat-devojcheto
Дванаесетте
месеци
plakat-dvanaesette
 Македонска
приказна
plakat-makedonska
Оливер Твист
plakat-oliver
Пипи
долгиот чорап
plakat-pipi
Рекламна бајка
plakat-reklamna
Снежана и
седумте џуџиња
plakat-sneshana
Убавицата
и ѕверот
plakat-ubavicata
Волшебникот
од Оз
plakat-volsebnikot
 Волшебната
флејта
plakat-volshabnata
Грдото пајче
plakat-grdoto
Зрното грашок
и принцезата
plakat-zrnoto
Лакомата
меца
plakat-lakomata
Нашиот класНашиот клас Пат околу светотПат околу светот Заспаниот разум раѓа чудовишта
или денес не напишав ни збор Заспаниот разум раѓа чудовишта или денес не напишав ни збор
Животинска фармаЖивотинска фарма Малата сиренаМалата сирена
Петар ПанПетар Пан

АЛБАНСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

АЛБАНСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

СОПСТВЕН ИДЕНТИТЕТ И ЗНАЧАЈНА АЛКА ВО ТЕАТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Албанскиот театар – Скопје е национална установа од огромно значење за културата и воопшто за општествено-политичкиот живот во Република Македонија. Со долгиот стаж на постење, како еден од основоположници на институционализацијата на театарот во Македонија, речиси седум децении, или 66 години на воспоставувањето на неговите уметничко/театарски критериуми, е значаен чинител на културата во Македонија. Со репертоарските поставки во текот на сите изминати години, секогаш ја потврдувал својата основна цел: да биде креатор на театар/култура во најшироката смисла на значењето, да го негува актерскиот и режисерскиот креативен состав, да создава свои кадри и да соработува со актери, режисери, драматурзи, автори, костимографи, сценографи, кореографи, музички автори и соработници од различни националности од дома и од светот. И најбитното – да создава/негува/воспитува/образува публика од најразличен национален состав. Како резултат на постојаната грижа за својата театарско/уметничка актива Албанскиот театар е установа без која ниту можело, ниту може, ниту ќе може да се замисли театарската уметност, културата и мултинациналното и мултикултурно живеење на Македонија. Формиран е на 20 јануари 1950 година (со решение на Извршниот одбор на Градскиот народен одбор, бр. 4579/1950, иако работел од декември 1949 г.). Првата претстава/премиера е на 12 јуни 1950 година – Женидба од Гогољ во режија на Абедин Красниќи. Тогашната албанска група при Малцинскиот народен театар (неколкупати го менува статусот, називот и местото на кое создава), денес релевантната Национална установа Албански театар – Скопје (со решение на Министерството за култура бр.20/2566/143, од 04.11.2004 година) стартувала со 19 члена (15 маши и 4 жени), а денешниот состав на Театарот е 37 актери, и вкупно 93.ца вработени. Додека е во тек целосната реконструкција на неговиот објект, работи и го игра репертоарот во Театар Комедија. Создавајќи годишно 4/5 нови претстави, во текот на сите изминати години создадени се над 400 претстави. Она што фасцинира е фактот дека во реализацијата на вкупниот репертоар на Албанскиот театар, со специфично етаблиран израз, неговите врати секогаш биле ширум отворени за соработници од разни националности и гости од други земји, дека негува репертор од албански, македонски и светски автори, од традиционалната, класичната или современата домашна и светска драматургија. Грижата да се оди во чекор со современите текови/потреби на Театарот и на публиката, Албанскиот театар постојано се надоградува со млади актери, почитувајќи ги о негивајќи ги и оние кои се долгогодишни негови актери и други театарски творци – чинители на основниот чин – претставата. Албанскиот театар секогаш водел и води грижа за оние за кои и постои – публиката: од најмладата до возрасната. Поставува претстави за деца што пак битно влијае на воспитно образовниот и културниот предзнак на своето делување. Негувајќи ја публиката од најраната возраст, грижејќи се за возрасната публика од албанска националност, ја почитува и својата друга редовна публика обезбедувајќи преводи некогаш симултани а сега титлови на македонски јазик. Албанскиот театар во текот на целото свое постоење ги запишал, ги памети и ги доживел сите времиња и бури низ кои поминале овие наши македонски. балкански и светски простори. Како што дувале „ветришта“ на политичкото поле, така тие се чувствувале, како и последиците, и во Алабанскиот театар. Албанскиот театар – Скопје поминал/поминува низ разни фази на развојот: – првата фаза/декада од постоењето/оформувањето, се карактеризира како фаза чија основна карактеристика на сценското дејствување е романтичниот ентузијазам; – втората фаза се годините на стремеж за консолидирање на сценскиот израз. – третата фаза се годините на актерска зрелост и барање, односно содавање на уметничкиот идентитет; – неколкуте (веројатно и повеќе) последни декади се фаза во која Албанскиот театар се промовира низ европските сцени; – заедничко на сите фази е неговата амбиција да е релевантен чинител во својата уметничка.културна мисија… Низ годините на постоењето Албнскиот театар – Скопје е еден од ретките театри кои редовно гостува и низ други градови низ Македонија, особено во оние во кои мноизнското население е од албанска националност. И со грижа и желба претставите да ги видат и граѓаните од друга националност. Редовно се натпреварува на домашните национални и на меѓународни фестивали, во конкуренција на продукции од театрите во Македонија, но и конкуренција од меѓународен карактер. Присутен е и на меѓународни фестивали низ регионов и низ светот. Добива домашни и меѓународни награди и признанија. Со секоја нова претстава, или нов настап пред друга публика, како гостин или во меѓународна конкуренција, го потврдува фактот дека е значајна алка во низата во која се театрите во Македонија и вон неа. Како установа која битно влијае на мултикултуралноста дома и во светот.

Theatre of Nationality Albanski teatar