Да се биде просечен, а да се стреми кон ѕвездите, најмалку вулгарно кажано е – емотивно недолично! Тоа го знаел “великиот“ Салиери…Сиот живот, чија цел е злото кон другиот, во случајов насочено кон и против богомљубениот Волфганг Моцарт, се чини безвреден ако не си дел од божјата и космичка промисла…
А да бидат дeл од таа идеја се погрижија нималку просечните Сенко,со неговиот Салиери, фантастично презентирајќи го сето горенаведено,суптилно и луцидно големиот Дац, со генијлноста на Волфи, игривата, наивна и сјајна Јелена, легендарните Ацо и Илија…
А над сѐ и пред сѐ, метафизички посветениот натпросечен по својата Идеја, Златко, кој пред повеќе од две децении со режијата на “Амадеус“ во Драмски, ја потврди својата бесмртност и дел од комичноста…
Поради сево ова со НИВ го започнувам НАВРАЌАЊЕТО НА СЈАЈОТ, како вечна потврда дека овде, во Македонија, Театарот е вечно жив оган кој никогаш нема да изгасне!
“..Не, немам повеќе сила да трпам! Што тие прават од мене? Ми сипаат на глава ладна вода.Тие не ме разбираат, не ме гледаат, не ме слушаат. Што им сторив? Зошто ме мачат? Што тие сакаат од мене, кутар? Што јас можам да им дадам? Јас ништо немам. Немам сила, не можам да ги поднесам сите нивни мачења, главата ми гори и се ми се врти пред очи. Спасете ме, поведете ме со себе. Ѕвонете мои ѕвончиња! Полетајте коњи, и носете ме од овој свет, подалеку, подалеку, да не видам ништо, ништо. Ене небото се врти пред мене; ѕвездички сјаат во далечината, ита шумата со темните дрвја и месечината; сива магла паѓа под нозете, струната ечи во маглата; ене ги и руските колиби се наѕираат. Дали тоа мојата куќа се плави во далечината? Дали тоа мојата мајка седи крај прозорот? Мајчице спаси го својот јаден син! Пушти солза на неговата болна глава! Погледај како го мачат! Прими го на своите гради твоето јадно сираче! За него нема место на светот! Го прогонуваат мајчице! Сожали се на своето болно дете… Зошто се однесуваат така кон мене? Нели сум крал? Дали вака треба да се однесуваат кон еден крал? Дали вие ми верувате дека сум крал?” – “Дневникот на лудиот” од Николај Гогољ;
Од каде да почнам, кога треба да се говори за театраските
ликови кои сеуште се на таа сцена, и за оние кои ја “ напуштиле “ земската
сцена. Или ќе е најарно да се изречат најдобрите
две реплики на “ Диво месо “ на веќе починатиот драматург Горан Стефановски.
“ Да знаев какви ќе излезете… во ќенеф “
“ Солзи немам да ве
исплачам колку сте за тажење “
Од која маска да се почне за да се искаже сѐ она што тие две
макси ги носат во себе, тажната или смешната, во однос на бон – тон оденсувањето на акетрите кон актерите, директорите кон
актерите, и нивниот говорен недостаток во пишана форма, и на оние кои не беа
присутни, а требало да се во физичка форма.
Бидејќи нивните
стапки сеуште ги говорат нивните
реплики, зборовите врз штиците, на живите
и мртвите актери. Штици кои ви ги оставиле вам, да ги сочувата до последното крцкање,
по вашите нозе.
А вие, што!? Страшно,
да се намало основна култура ,“ образ “ кон оние кои биле и се сеуште столбови
на одреддени театри. Мислам дека младите , баш младите актери, треба уште
многу, многу да учат од овие ГЛУМЧИШТА, ДРАМАТУРЗИ, РЕЖИСЕРИШТА… како тоа се прави. Како се оддава почест на
оние кои нѐ напуштаат. Не на ФБ да си ставаат солзички, и со лажна “гордост“ да говорат за мртвиот, дека
тој и тој бил, голем актер, негов или нејзин учител итн…
Учете од госпоѓата атерка Милица Стојанова, која има години
колку сите вас заедно,а дојде на комеморација, со бастунче и чадор, и господинот
Ристо Стефановски, кој исто така се појавува на сите комерорации со бастун и
секоја чест и поклон на неколкуте малди актери, кои знаат сеуште како тоа се
прави. Прашајте, ако не знаете, некој кој знае ќе ви каже како треба.
Некој не згрешил кога ги поставил и двете маски на едно
место. Да плачеш од тага, со смеа во тагата.
Не оди така, мили мои актери и директори, ако не знаете како
се дава почест, треба на академијата ФДУ да се воведе предмет како тоа се прави
во даден момент.
Секој театар од оваа земја, Македонија, што бил
спречен да дојде на коморација, погреб или … испраќа ТЕЛЕГРАМА до матичниот
театар или фамилијата.
Тоа се прави на истиот ден, а не после 5 дена,
кога се е завршено.
Без разлика дали актерот играл во тој театар или
не.
За крај, сепак, ни останува тагата од маската, помешана низ
аплаузот на оние кои дошле да го испочитуваат делото и творештвото на
починатиот ЧОВЕК.
Зошто, сепак, на крајот на денот, сите сме само луѓе.
И НЕПОКОЛЕБЛИВИТЕ ПОНЕКОГАШ ПОД ПРИНУДА ОТКАЖУВААТ ПРЕТСТАВА
1 мај 2017
Вака Весна Бејби го објаснува единствениот миг поради кој одложила претстава, во случајов “Госпоѓа министерка!” поради психичко-физичка истоштеност непосредно по разводот со дотогашниот сопруг
Весна Петрушевска – Бејби и меѓу публиката, но и за колегите актери важи за непоколеблива личност, професионалец, кој никогаш не се откажува од зададената задача и цел. Но и на таквите како што е Весна-Бејби, театарско-животната судбина знае за миг да им го попречи патот кон целта и да си поигра со нив…
Така и на Весна Бејби и се случило, не по своја волја, да откаже претстава:
Тоа се случи на една изведба на “Госпоѓа министерка”, на која играв крајно психо-физички истоштена. Во еден миг, непосредно пред паузата, едноставно, завесата се спушти, се изгубив и следниот момент се најдов дома!”, вака Весна Перушевска-Бејби го објаснува единствениот миг поради кој одложила претстава, во случајов “Госпоѓа министерка” и тоа непосредно по разводот со дотогашниот сопруг.
Но, ете токму “Министерка” доживеа 150 изведби , а веруваме дека ќе доживее уште многу, бидејќи како што ни рече Петрушевска ништо не може да ја поколеба и да се откаже од оваа претстава, поточно воопшто од сцената:
На една изведба на “Министерка” го извртев зглобот и само за миг почуствував болка, но продолжив да играм. Дури откога заврши претставата, откога дојдов дома почнав да се справувам и оправам како знаев и умеев, но најважно е дека резултатот беше уште една одиграна претстава, а болката и белјата поминува”.
Како дополна на сето ова таа ни потврдува дека “ситни# болести не поминуваат како оправдание да не се изврши докрај зададената цел:
Тоа е многу чуден феномен. Доаѓате со температура, едвај зборувате, едвај се движите, но стапнувате на сцена и сето тоа го снемува. Дури мене ми се случува да одиграм многу подобро кога сум во таква ситуација, отколку кога сум потполно здрава! Ми се случувало дури и да им помагам на некои од помладите колеги кои упаѓале во претстава, конкретно во “Министерка”. Значи за актерот не смее да има оправдување во болката!” – децидна во својата професионалност е Весна Петрушевска -Бејби. (Б.Г.)
Мислев се’ сум видела… се зезнав 🙂 Вечерта се игра “ ЖИВОТ ВО ТЕСНИ ЧЕВЛИ “ , 38ма изведба. Завршува првиот чин. Време е да излезам на сцена. Статирам како камерман во претставата уште од втора година на факултет, и ја обожавам претставата. И така си тече вториот чин, јас внесена во снимањето… кога слушам, нешто ми шушка во публика. Се вртам и гледам во прв ред, веднаш под мојата позиција на сцена, едно младо момче како слатко си јаде пуканки, а до него уште едно пакетче смоки, недај Боже да не му снема… Му се вртам ( нормално, во прикладен момент) и со краток гест го замолувам да престане со активноста… Малиот превртува со очи и почнува полека, уредно да си ја пакува кесата со пуканки (зборувам за онаа поголемата варијанта на кеса со пуканки, па така ја имав таа чест да го слушам како шушка уште цела минута). Тече претставата, јас снимам и си размислувам за “храброста“ на малиот гледач… За неколку минути се вртам, малиот го нема, а мене се’ уште нешто ми шушка… Ми требаше некое време да го лоцирам звукот, бидејќи во исто време, нели, треба и да внимавам на она за што дојдов вечерта…. и ОП! Го здогледувам. Драгото момченце да си се префрлило неколку реда поназад, со цел да не го прекине својот ценет оброк!
Па уште и ме ѕирка дали го гледам, па кога ќе го видам, запира со џвакање. Како на училиште, кога скришно грицкаш на час, и кога професорката ќе те погледне – сопираш. Си викам во себе: Бреееј, инат детееее,кај инат, па и некултурно! После некое време, шушкањето престана. Претпоставувам дека редарите го забележале и го прекинале. На поклон не го видов, а ми остана прашањето во глава: Дали барем ги понудил луѓето околу него со пуканки и смоки?… Се шегувам, секако! Вака “драг“ спомен е жално да не споделам… Не се знае, можеби со овој краток текст, ќе се покрене свеста на младите гледачи, ќе сфатат конечно што е разликата меѓу кино и театар!
А на малечкиот можам само топло да му препорачам: Оди дома, прашај ги родителите што е тоа театар и како треба да се однесуваш кога гледаш претстава. Ако случајно не знаат да ти објаснат, соберете се групно пред компјутер и укуцајте на Википедија “театар“ – се’ ќе ви се разјасни!
СО ИНАЕТ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ СЕ СЕ МОЖЕ – БЛАГОЈА ЧОРЕВСКИ
15 февруари 2017
Претставата “Свадба” се играше по сто и некој пат. Во еден момент срипав од молерска скала, бидејќи играв молер, незгодно се дочекав, ја искривив ногата и во моментов ништо не чувствувајќи продолжив да играм. Суфлерката забележала како ногата отекува, па во паузата меѓу двата чина го беа повикале Благоја железничарот, кој ми стави еден бастум од реквизитите меѓу забите за да не се прекасам и речиси за секунда ја намести ногата, раскажува Чоревски
Во својата долга речиси петдецениска кариера актерот Благоја Чорески се соочувал со низа пречки од типот на играње со температура, па дури и дијареја, играње под шок од ненадејни судирања и удирања на сцена, но најкритично било на претставата “Свадба# од Васил Иљовски, изведба која популарниот Чоре засекогаш ќе ја памети:
-Се играше по сто и некој пат оваа претстава. Во еден момент срипав од молерска скала, бидејќи играв молер, незгодно се дочекав, ја искривив ногата и во моментов ништо не почуствувајќи продолжив да играм. Суфлерката приметила како ногата отекува, па во паузата меѓу двата чина го беа повикале Благоја железничарот кој ми стави еден бастум од реквизитите меѓу забите за да не се прекасам и речиси за секунда ја намести ногата. Тој ме советуваше да си одам веднаш дома, на што му одговорив “Чекај јас имам за играње уште втор чин, а за неколку дена имам и премиера#, раскажува Чоревски.
Ја доиграл “Свадбата”…, а за премиерата на “Артуро Уи# играл под лекарства, мачкање со борова вода, колку да ги издржи напорите и ја истерал и таа премиера упорниот Чоре.
Дека упорноста и професионален инает се негова одлика, сведочи и фактот што со ужасен грч во мускулот во ногата и неподносливи болки ја подготвувал и “Далај Мама” во режија и по текст на Љубиша Георгиевски.
-Режисерот ми рече седејќи да глумам, бидејќи не можев многу да се движам. Јас само му одвратив дека тоа не може и не смее да се случи, па покрај сите болки успеав да ги истерам пробите сосе мизасцен – уште една победа на повредениот Чоре.
Третата случка можела да биде опасна дури и по неговата глава:
-Во “Достага на самиот врв”, повторно во режија на Љубиша Георгиевски во една сцена Крум Стојанов забодува на сцена два ножа кои стојат паралелно на многу мало растојание и низ кој јас паѓајки треба да поминам со главата и рацете нанапред. Немаше да има никаков проблем и овојпат да го направам истото доколку едниот нож не беше забоден малку накриво. Поминувајќи низ нив сум ја пресекол раката, но ништо не почувствував. Осветлителот Руше приметил на сцената крв и дури тогаш, кога ме видоа, ме однесоа на шиење. Докторот иако со дебели раце и прсти ме соши мајсторски, а за болката беа виновни старите инструменти. Болеше многу, но се издржа. Потоа морав да подлегнам на петнаесетдневен антитетанус третман – завршува храбриот бард на македонското глумиште Благоја Чоревски. (Б.Г.)
АКТЕРОТ РОБЕРТ РИСТОВ НА ПРОБА И СЦЕНА СЕ БОРЕЛ СО ЛАРИНГИТИС
6 февруари 2017
“Она што на сцена ме направило немоќен е тоа да сум нечуен во вистинска смисла на зборот. За сето тоа заслужен е ларингитисот, а докторите велат, “ако добиеш ларингитис еднаш во животот стануваш добар компанитис на ларингитис”, вели за своето болно искуство на сцена Ристов
Актерот Роберт Ристов е еден од оние кои не може “да се пофали” со физичка повреда на сцена како пукната аркада, удрена глава во парно па шиење, несвестица на сцена… како што им се случувало на некои негови колеги, но затоа имал еден голем, речиси несовладлив непријател – ларингитис.
“Она што на сцена ме направило немоќен е тоа да сум нечуен во вистинска смисла на зборот. За сето тоа заслужен е ларингитисот, а докторите велат, ” ако добиеш ларингитис еднаш во животот стануваш добар компанитис на ларингитис#, вели за своето болно искуство на сцена Ристов и продолжува: “Одвратно е! Првпат ми се случи пред една премиера во Велешки театар. Бевме во фаза на маратонски проби, а конкретниот ден бевме на сцена од 10 наутро до 4 по полноќ, само со една пауза за ручек и две кратки за вечера и тогаш се огласи режисерот; “Не е добро… Нов почеток!# Истата вечер беше закажана претпремиерата, а следната премиерата. Не стануваше збор дали ќе се прави нова проба без прекин, туку дали ќе се игра премиерата.
Се работеше за претстава од фрагментарна драматургија. Бидејќи јас го имав проблемот со ларингитисот, од уморот и дерењето го снемав гласот и пробата беше прекината. До претпремиерата вечерта ги примав сите совети: гаргара со чај од жалфија (ладен), АД-капки, трахизан (госпоѓата од велешката аптека ми кажа дека така една певаљка од кафана редовно си го оправа гласот), имаше и совети од типот мавни едно пиво, сладолед, штеди го гласот…
Мислам дека се што ќе ми кажеа ќе пробав, ме боцкаа со дексаметазонче, инхалирав… Речиси се отрув, а претставата ми значеше. Многу труд беше вложен и не сакав да биде упропастена поради мене.
Кога дојде моментот на вистината на сцена пуштив некаков глас кој ни оддалеку не звучеше како нормалниот, ниту пак, личеше на моето Јас. Но и за да го произведам тој глас употребив двојно повеќе напор и енергија од вообичаено. Тој напор се одрази и на лежерноста на останатиот мој актерски апарат. Се потев, имав болка во грло и од петни жили се трудев да ја издржам претставата и најдобро што можам да ги донесам ликовите во изведбата.
Што се однесува до режисерот, иако за време на процесот имавме жестока караница, до ден денес се почитуваме и напати се потсетуваме на таа ситуација. Тој е успешен режисер и голем уметник кој го почитувам и сакам како добар пријател и соработник, ама не му ја сакам фазата – маратонски проби#, ја завршува својата исповед Роберт Ристо опишувајќи ги за нашата рубрика сизифовските маки со својот глас. (Б.Г.)
АКТЕРКАТА МАЈА ЉУТКОВ НЕ Е ИМУНА НА СЦЕНСКИ ПОВРЕДИ
3 јануари 2016
“Во една од сцените требаше брзо и во темница да излезам од еден, а да влезам од друг влез на сосема другата страна од сцената. Иако беше затемнето, јас како и секоја изведба на оваа претстава бев подготвена за маратонот кој го трчав за најкратко можно време… Почуствував дека се сопнав од нешто, ама не обратив внимание за да излезам навреме на сцената за мојата следна појава и продолжив со претставата…, се присетува Маја
Сценскиот живот и перипетии буквално се случуваат без да сакате, бидејќи понекогаш ниту сценските рефлктори ниту магијата што ја носи театарот, не помагаат да се извлечете од непријатноста што ве снашла на сцена.
Како и многумина наши соговорници и сопатници од оваа рубрика, така и актерката Маја Љутков, почуствувала дека сценскиот живот може и знае да биде и тоа како крвав.
Нејзиниот инцидент се случил на претставата “Баханалии” во режија на Наташа Поплавска во Велешкиот театар:
“Во една од сцените требаше брзо и во темница да излезам од еден, а да влезам од друг влез на сосема другата страна од сцената. Иако беше затемнето, јас како и секоја изведба на оваа претстава бев подготвена за маратонот кој го трчав за најкратко можно време… Почуствував дека се сопнав од нешто, ама не обратив внимание за да излезам навреме на сцената за мојата следна појава и продолжив со претставата…
Но, работите не се така едноставни и безболни како што мислиме:
“…Продолжив со претставата, а колегите почнаа чудно да ме загледуваат . Отпрвин помислив дека нешто не е во ред со мојот текст, костим, шминка… На крајот од сцената се спушташе завесата и сите колеги наеднаш се собраа околу мене и почнаа да ме прашуваат како сум, дали се чувствувам добро, а јас сеуште немав поим што всушност ми се случува. Тогаш еден од нив ми рече да си ја погледнам ногата и дури тогаш видов дека целата нога и дел од костимот ми беа крвави… Откако погледнав почнав да чувствувам болка, а дури потоа приметив дека она од што сум се сопнала во темницатра е дрвен сандак со оружје што со сета сила сум го шутнала…Резултатот беше отворена рана поради која во наредните 10 дена не можев да си ги облечам чевлите!” …”, се присетува Маја.
Кој работи и греши, кој трча и паѓа, се удира, а и крваво си го заработува лебот, но ние искрено се надеваме дека на Маја Љутков ова никогаш повторно нема да и се случи! (Б.Г.)
И ПОПУЛАРНИОТ АКТЕР НЕ Е ИМУН НА СЦЕНСКО-ФИЛМСКИТЕ ПОВРЕДИ, АМА…
Ова е констатацијата на актерот по повредите здобиени на филмот “Трето полувреме” и “До балчак” по напорните фудбалски тренинзи и јавањето, од кои има заработено трајна повреда на десниот квадрицепс, поради што не може да ја свитка ногата до крај…
Сашко Коцев е првиот актер од нашата “херојска” рубрика кој своите повреди ги сумира и ги сублимира и од филмското платно, но и од “даските што живот значат…”
Сашко е потврда дека ни малку не е лесно да се стане филмска ѕвезда, барем не овде кај нас и во овие наши услови! Шегата настрана, тој своите повреди ги заработил тренирајќи фудбал за потребите на “Трето полувреме” на Дарко Митревски, но и по стрмните комитски патеки и терени на “До балчак” на Столе Попов.
Од фудбалот заработив трајна повреда на десниот квадрицепс и до ден-денес не можам да ја свиткам ногата до крај, а уште поголема повреда имам заработено од тренинг-јавање, кога го истегнав левиот вкрстен лигамент на коленото. Но, не се жалам, затоа што колку подолго траат повредите, толку подолго ќе се сеќавам и на филмовите. Затоа, воопшто не жалам. Впрочем, научив да играм фудбал (така-така), а јавам како Индијанец”, се фали Коцев.
Што се однесува до сцената, тој нема директна повреда од неа, но затоа, пак, играл под температура и со набиени ребра.
– Се погоди на репертоарот на МНТ зимава во една недела да имам три претстави и сите три да ги одиграм со температура од околу 40 степени. Издржав машки, јуначки. Потоа паднав од мотор и бидејќи работата не прашува и не смее да трпи, така, “дефектен” морав да играм две претстави со набиени ребра. И овојпат издржав, ама мора да признаам, едвај”, завршува Коцев.
Со желба ваквите јуначки дела, ако не престанат, барем да му се поднамалат, му пожелуваме на Сашко уште многу улоги, но да ги одигра здрав, прав, ведар и подготвен “за борба”!
Се што е потребно е добра мисла и големо срце – вака со една реченица може да се опише храброста на Дејан Лилиќ, кој во име на публиката играше и со пресечена рака и обилно крварење, а откако в болница го “средија”, ја доигра претставата! Тоа не е се, бидејќи тој со температура во една ноќ има играно две претстави! Затоа, токму со него ја започнуваме сагата за храброста која напати се граничи со лудост на најголемите експоненти на сцената – актерите…
Актерите, покрај својата моќ да произведуваат магија од сцената и внесувајќи се во ликовите да направат магнет од театарската сцена, привлечност од која тешко се “одлепувате”, се засмејувате, се радувате, плачете… Тие, актерите, неретко во име на публиката го жртвуваат својот физикус, само и само гледачот како консумент да не почувствува празнина… Во овој контекст, многумина од нив прават мали бравурии од херојски дела, играјќи повредени, со температура, понекогаш и нерасположени да се смеат, а мораат да го прават тоа, понекогаш радосни, а треба да плачат и тоа се во служба на неговото величество, Гледачот… Затоа, Редакцијата ВЕЧЕР реши да ви понуди четива преку кои ќе ги спознаете актерите, хероите кои, сепак, се од крв и месо… Оваа серија четива ја започнуваме со Дејан Лилиќ, кој на неколку пати, и покрај животните пехови, буквално се жртвуваше за Талија и нејзините посестрими… Лилиќ во претставата “Танцот на пеперутките во ориент експресот”, приватен проект кој го играше со Васил Зафирчев и Катерина Коцевска во вагонот на Старата железничка станица, ја повреди раката, но и покрај тоа, продолжи да игра… Потписникот на овие редови, како сведок во мракот, слушна силен тресок и кршење на стакло, сцената продолжи да тече, се додека не го забележаа Декса дека е повреден и дека обилно крвари. Претставата беше прекината, а актерот принудно приморан да замине в болница. Откако го “средија”, тој, замислете, се врати и ја доигра претставата!
Ова не е единствен случај кога Лилиќ се обидел и успеал да го направи невозможното, бидејќи тој има играно во иста вечер со температура две претстави за да не се откаже фестивалска селекција! Најпрвин ја одигра “Маседуан 2001” од 19 часот, за потоа веднаш да се “прешалта” во ликот на Стево од “Диво месо” само два и пол часа подоцна! Вечерта по претставите тој завршува на инфузија, за веќе следниот ден да продолжи со обврсктие кон тековниот репертоар на Драмскиот театар, чиј член беше тогаш. За тоа што, всушност, ги тера актерите и кој е поривот понекогаш и да се жртвуваат за сцената, Лилиќ накратко ни изјави: Тука нема голема филозофија. Тоа не може да се дефинира како лудост, бидејќи како и се во животот поврзано со талентот и желбата, или го имаш или го немаш! Потребна е само свесност за ситуацијата и големо срце, а сето тоа за публиката да остане задоволена! Значи, не е никаков проблем да се стори понекогаш дури и невозможното доколку мислата и срцето ве водат кон целта. А таа е да се изигра претставата… Покрај овие две случки, малку е познато за јавноста дека јас имам и астма и дека секој вид прав, па дури и онаа сценската, понекогаш знае да ми попречи. Но, повторно, тука е мозокот и срцето за тоа да го покријам со игра, а публиката да не почувствува дека нешто и недостасува…”
Секоја чест на театарските херои, а Дејан Лилиќ е првиот со кој ги започнуваме (не)возможните патешествија на Скомрасите…