Македонија е мојата уметничка папочна врвца со светот

ИНТЕРВЈУ СО ПАОЛО МАЏЕЛИ, СВЕТСКИ ПОЗНАТ РЕЖИСЕР

18 август 2014

Режисерот Маџели на нашата театарска почва е познат повеќе од три децении, бидејќи работел во Македонија и со македонските актери долж и ширум ексју-просторите. За тоа како тој се чувствува во Охрид, што значи за него повторно да се биде во Македонија, има ли носталгија и сеќавање за него од овде и пошироко и што значи да се биде граѓанин на Европа и светот во театарска смисла, ќе дознаеме во непосредното интервју кое го имавме со него, по неговиот проект на Охридско лето

Повеќе од три децении сте присутни на ексју-просторите. Што е тоа што ве влече на овие простори, дали е тоа само театарската енергија или има и нешто друго?

– Спецификата на она што го поседуваат балканските театарски уметници, посебно оние од бившите југословенски простори е всушност она што ме натера и ме тера речиси секогаш повторно и повторно да се навраќам на нив и уметноста. Ете, во Охрид сум со црногорски проект, последните години режирав во Хрватска, а работев и во Сплит и тоа со Мето Јовановски, а претходно и со Ненад Стојановски, музика работевме заедно со Љупчо Константинов, кој е охридско дете…

Надоврзувајќи се на она можете ли нешто повеќе да ни кажете и за работата во Македонија, односно во Драмскиот театар од Скопје, односно каква е вашата меморија од работата во Македонија?
– На тоа време се сеќавам со голема носталгија. Во Драмски во Скопје работев повеќе проекти, а потоа и во МНТ на праизведбата на “Црна дупка“ од Горан Стефановски. Мене тоа поминато време во Македонија, сега ми изгледа неверојатно. Се сеќавам на стариот добар драмски театар со фантастична екипа од актери. Некои од нив за жал, веќе ги нема, како на пример, Ненад Стојановски, за кого секогаш ќе имам добри спомени, бидејќи тој беше извонредна човечка актерска и уметничка фигура… Мојата врска со Македонија не е само носталгично-љубовно ориентирана, туку и реална, преку соработката со уметниците. Многу сум среќен поради тоа. Впрочем, Македонија е мојата уметничка папочна врвца со светот.

Каков е вашиот впечаток по настапот на Охридско лето?
– Многу ми е мило што нашето патување низ Црна Гора преку пиесата “Његош и јас“ стигна до тука. Бидејќи во неа се спроведуваат некои мои тогашни и сегашни политички чувства, кон и за овој свет, драго ми е што овде публиката извонредно ги восприеми. Всушност, како и во мојата пиеса и во Охрид воспоставивме еден дијалектички однос со еден свет, кој по мене неправедно е променет..

“Његош и јас“ е ваш авторски проект. Врзувајќи се за она “добар автор – мртов автор“, колку авторот Паоло му пречи на режисерот Маџели?
– Се обидував и се уште се обидувам да воспоставам некоја конекција на соработка помеѓу овие двајца. Актерот кој пак играше на сцената, а исто така се викаше Паоло Маџели е директната конекција помеѓу нив. Шегата на страна, во животот за се нешто мора да се најде баланс, рамнотежа. Имам чувство дека успевам тоа да го направам. Токму претставата што ја видовте на Охридско лето е резултат на таа рамнотежа.

Можно ли е Охрид, неговиот амбиент и сончеви зраци да го привлечат вашето внимание во авторска смисла?
– Охрид е прекрасен самиот по себе, но Заум како магично место ме привлече, бидејќи во него има и простор и време за уметност. Токму тука ја најдов и инспирацијата за мојот следен театарски предизвик и верувам дека токму Охрид ќе биде уметничко “место на злосторството“. За приказната, пак, за Заум дознав од легендите кои се во брошурата на овогодишното издание на Охридско лето. Интересна идеја која ме иницираше да појдам да го видам ова место, кое по својата фасцинантност, се надевам, ќе биде мојата следна театарска дестинација.

Борче ГРОЗДАНОВ

Секс, деструкција, маргини… И еден актер!

ТЕАТАРСКО УЖИВАЊЕ ВО ДРАМСКИ

Претставата “Секс, дрога и рокенрол”, монодрама со Сашо Тасевски во режија на Ристо Алексовски, нуди приказна која може да насмее, но и да замисли, а во деструкцијата, пак, лежи потрагата по среќа, што е, всушност, и вистината за потребата од живот…

Живееме во време и по патот на деструкцијата, во простор во кој единствената патека кон успехот “лежи” во уништувањето или во најмала рака, во маргинализацијата на другиот, без да сетиме дека и самите сме на маргините… Во тој и таков свет може да сретнеме разни типови…

Бивш затвореник кој проси за дрога (?!), рок-ѕвезда на која животот и е реално шоу, исфилувано “со бело”, собирач на шишиња, кој лебот го заменува со дилемата дали да се пие кафе или не (?!), дали да се пуши или не (?!), а притоа “добро му е…”, поединец кај кој дилемата е дали да го пушти казанчето, да го испушти или не изметот пред светот да стане тотално посран…, маргиналец на кој журката му е начин на живот, па дури и кога се работи за една ергенска забава зачинета со тепачка (повторно деструкција), бизнисмен кој покрај парите, убавите цицки и газиња не гледа ништо друго и ако е осамен и гладен за љубов (?!), и резигнираниот “интелектуалец” кој го анализира целиот свет освен себеси, а притоа опоменува дека сите ќе не изеде “потрошувачкото општество и рекламата…” и ќе заборавиме на себеси …

Оваа тажна приказна ни ја раскажа Сашо Тасевски, кој беше “седум во едно” и кој навистина не потсети дека актерот може се: да биде бескрупулозен, огорчен, глупав, очаен, тажен, а сето тоа да биде извонредно смешно! Тој ролинг Сашо го изигра распостилајќи го сиот свој талент, уште еднаш докажувајќи дека неговите одлични актерски потенцијали и понатаму лежат и тлеат длабоко во него, за жал, понекогаш неправедно неискористени…

Приказната “Секс, дрога и рокенрол” што ни ја понуди Сашо беше приказ на една експлозивност, која, сепак, може да се канализира во енергија која може да користи во позитива, пред се, креативна… а за тоа се погрижи режисерот Ристо Алексовски, кој од текстот на Ерик Богосјан работен игран по принципот една сцена – еден актер, прави седум “парчиња” кои се сплотени во една комплетна претстава, со функционална сценографија и завидно разигран мизансцен, користејќи ја целата сцена во Драмскиот театар и на моменти правејќи го актерот поголем од неа, што е и базичната театарска интенција и задача…

Толку голем што иако можеби се очекуваше да потсетува на неговите стенд-ап настапи, Сашо сепак, беше во функција на една театарска атмосфера, потсетувајќи не дека театарот и покрај смеењето “до болка и грчеви во стомакот” не е толку (и само) едноставна забава.
Во сета таа замисла комплетниот впечаток го прават и видеодизајнот, што на приказната и дава филмски призвук, како и музиката на “Puppetology” и комплетните сценски решенија на режисерот Алексовски.

Да резимираме, претставата “Секс, дрога и рокенрол” нуди приказна која може да насмее до солзи, но и да замисли, бидејќи, за жал, денес, а и кога било во деструкцијата лежи потрагата по среќа, што е, всушност, и вистината за потребата од живот…

Борче Грозданов

Вечна игра актуелна некогаш, сега и довека!

ТЕАТАР

Кон Вечна игра

Филозофската мисла почнува од идеја, а пишаниот збор започнува од думата, која пак најпрецизно и најточно, мудро произлегува од народот! Тој народ и таа мудрост никој, ама баш никој, не може да го надмине, бидејќи тој, народот, знае што му треба и за животот, но и по смртта…

Ниеден авторитет, ниеден автор не може да го побие чувството на припадност, кој го поседува само обичниот човек! Но, од тој мал, навидум несовршен, и не баш идеален човечулец произлегува сета мудрост.

Токму поради тоа, смртта не му може ништо на Иљо М., дури и ако посегне по најмилото, по чедото! Така, обичните смртници се плашат, се посипуваат со врела вода и се дават во кал, но сепак, излегуваат победници, затоа што емоцијата е појака ако има идеја, смисла и сегашност, а за и со целовитост…

Со оваа мудрост се занимава академикот Митко Маџунков во неговата, а веќе од поодамна и наша “Вечна игра”, со сопатникот Бранко Ставрев, кој речиси три децении се занимаваат со играта на “… смокот”, “Сенката” и “Пуста земја”, за да ни докажат дека вечната игра на мудроста е актуелна и сега, но и за навек.

Ако тоа се гледа театарски, низ слика и прилика на домашниот автохтон струмички збор (од каде се родум и двајцата претходно споменати автори) и ако еден натурализиран “скопјанец” алијас струмичанец Мите Грозданов е столбот, односно Иљо М. кој како сега, така и пред три децении (во 1986 година), го започна но не го завршил патот на бунтовникот, мудрецот, “парталкото” Иљо М, тогаш добиваме убава театарска претстава, речиси еднаква на спектакл…

Негови, пак верни сопатници се неговата Махе во случајов Тинче Ристевска, која со својата одмереност ни ја предаде со сета убавина на актерската игра, неминовно потсетувајќи не дека наследи една Зора Георгиева која (покрај другите) ја одбележа токму овој лик пред струмичката публика.

Видоизменетиот состав од Трилогијата го сочинуваат уште одмерената, тивка, но разбирлива внука алијас Јасмина Вучкова, “мудрецот” од оној свет Премрен Трендо или Ванчо Мелев, кој со стил им “попуваше” на своите веќе мртви сограѓани, мудрата баба Фима со смиреност предадена до Оливера Аризанова, енергичниот Фимче на уште поенергичниот Бранко Бенинов, грамадниот по изглед, но кршлив по душа Дончо на Ванчо Крстевски, интересниот и секогаш спремен за добар актерски лаф Васил Михаил, со неговиот Тушо, стамениот и секогаш “на висина на задачата” ангел на смртта, верно предаден од Стојан Велков Трн, Пратеникот – Цивкото на интересниот Коста Ангов и Носачот на Тронот – Слугата или Томе Ментинов, кој уште еднаш покажа дека знае да игра без многу зборови и тоа сосема наметливо и добро…

Сценографската замисла (користејќи ја сценската ротација) дека се околу нас, но и во нас се врти од мака до гнев, од шега до подбив, е точно и прецизно обмислена од сценографот Валентин Светозарев, за да уште еднаш со музичките назнаки “позајмени” од Фредерик Шопен и костимите што ги сочини мошне верно Благој Мицевски, се заокружи една приказна во која сите се наоѓаме сега, тука во иднина и за навек!

Борче Грозданов

Чикашките дамски сплетки со македонска димензија

ТЕАТАР

За мјузиклот “Чикаго”, лиценцирана светска продукција, за првпат кај нас, во МНТ – Скопје

Борче ГРОЗДАНОВ

Понекогаш она што се чини недостапно, недостижно или, пак, видливо саму преку електронските трансмитери може да стане и опипливо и видливо, во живо, наше и кај нас, ако за тоа се има волја, добра мисла и имагинација за естетското, убавото…

Сето ова, надополнето со неверојатна енергија, стана можно (дај боже и секојдневие?!) преку мјузиклот “Чикаго”, кој ни го овозможија и пружија МНТ, Наташа Поплавска, и шеесетината актери на сцената кои навистина се потрудија да ни овозможат уживање.

Приказната, онаа чикашка, за Рокси, Велма, Били, Ејмос, Мама Мортон… отсега е и наша, па така најиграниот бродвејски мјузикл на сите времиња кој ја одбележа четврта деценија од неговата прва постановка “прелета” од преку барата до кај нас, на Балканот во Македонија, неговото “китче мирисно”.

Пленеше зачудувачки добрата, екстремно точна координација на танцот со дијалогот, на сонгот со раскажаната приказна… За ова, покрај режисерот Поплавска која успешно ги развезува, ги поставува, но и ги држи сите сценски конци во раце, заслужни се и извонредно препејаните сонгови на Маја Павловска, кореографите Олга Панго и Ирена Лозинска, “џез учителката” Марија Димитријевиќ и Наташа Илевска, која го “помакедончи” Чикаго.

Ова е во контекст на приказната, во која се вплетени уметничките перформанси на Јелена Јованова (Рокси), Арна Шијак (Велма), Тања Кочовска-Павловска (Мама Мортон), Жарко Димоски – Били Флин, Ивица Димитријевиќ – Ејмос Харт и уште педесетина творци кои се “виновни# за насмеаните лица по дво и полчасовното уживање.

Јованова и Шијак своите веќе докажани таленти, освен во дијалошката форма ги потвруваат и во кабаретско-музичките точки било тоа да го чинат индивидуално или во двојка, или во група. Истото важи и за Жарко Димоски, кој за потписникот на овие редови е вистинско откровение, пред се, по својата универзалност и за Ивица Димитријевиќ, кој едноставно со знаење владее со (не само) кабаретската сцена. За музичките и актерски способности Тања Павловска – Кочовска алијас Мама Мортон се пишувало и говорело многу, но во Чикаго таа пленеше и со својата актерска луцидност, за што несебично беше наградена и со аплауз на “отворена сцена”.

Својата работа одлично ја завршија и церемонијал мајсторот Алекс Ѓеорѓиев, кој мошне умешно не водеше низ приказната, како и новинарката Мери Саншајн – Биљана Драгичевиќ – Пројковска како и Александар Михајловски со неговите функционално вклопени епизодни ликови, а и “дамите убијци# Биљана Јовановска, Тина Трпкоска, Нина Деан и Ана Стојановска беа вистинити ликови од Чикаго пред девет децении…

Би било неправедно да не се споменат и четириесетината млади творци од МОБ-хорот и балетот, како и инспиративниот оркестар од ФМУ под диригенство на Бисера Чадловска, која заедно со хор мајсторот Јасмина Ѓорѓеска и ја заокружија музичката слика која заедно со костимографските решенија на Александар Ношпал, а и сценските решенија – дизајнот на Емил Петров, го чинат големото колоритно театарско огледало, овојпат, блескаво!

По сево ова останува впечатокот дека Чикаго во МНТ не само што ве кани, ами и ве предизвикува да го видите!

Од сцената врескаше детето во мене!

КРАТКА “ИСПОВЕД” НА АКТЕРКАТА ИСКРА ВЕТЕРОВА ЗА ГРАДЕЊЕТО НА ЛИКОТ НА СТЕЛА БЕНВЕНИСТА…

Како одминуваше времето, го пронајдов клучот – требаше само да се биде искрен да не се глуми многу… фотографијата на која на врвот на една количка со трупови беше и едно бебе, врескаше од мене и од сцената, вели Ветерова за поводот во својата креација

%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d1%83%d1%9c%d0%b0-17
Актерката Искра Ветерова е столбот на приказната “Вечна куќа”, која го отвори новиот театарски храм и не фасцинираше со својата безвременска уметност. Таа со својата суптилност, нежност, солзи од душа, но и цврстина во моментите на одлука кога нејзината Стела Бенвениста сакаше бездруго да ја има и да ја задржи сопствената куќа, пленеше на сцената. Нејзините солзи беа нејзината душа која ни ја распосла и ни ја подари безрезервно.

За тоа како изгледаше патот до “Вечната куќа”, односно до Стела Бенвениста, Искра во краткиот телефонски разговор, за “Вечер” ни рече:

“За одлуката на режисерот Дејан Пројковски јас да ја играм Стела дознав на првиот собир пред подготовките на претставата. Не знаев за што се работи, но кога го прочитав текстот, бев искрено воодушевена, но и исплашена. Стравот потекнуваше од тоа да прекрасното писмо на Плевнеш не ме однесе во една општост и широчина каква што во метафизичка смисла, знае да ја напише само тој. Згора на тоа требаше да се носи товарот на долгоочекуваното отворање на Старо-новиот театар. Како одминуваше времето, успеав да го најдам клучот – требаше само да се биде искрен да се каже она што ги мачело милионите луѓе исчезнати во погромот на Евреите. Во овој контекст “копајќи” по историските факти, наидов на фотографија на која имаше дрвена количка на едно тркалце со многу трупови, а најозгора беше едно бебе од 2-3 години. Впрочем, тој глас врескаше од мене и од сцената”.

Судејќи по тоа како таа го изнесе не само тој глас ами и гласот на историјата, и одекнувањата за нејзината игра, а и на целиот Ансамбл на МНТ Искра повеќе од успешно го артикулирала и ни го подари детето во себе. За тоа ние што ја видовме претставата и оние кои допрва ќе ја гледаат сме и благодарни!

Борче ГРОЗДАНОВ

Режисерот Иван Поповски

ТЕАТАРСКА НАГРАДА

„Сонот на летната ноќ“ ја доби наградата „Ѕвезда на театарот“ во Русија

УЖИВАЈТЕ

http://fomenko.theatre.ru/performance/dream/

Овде мозе да се види дел од претставата

Претставата „Сонот на летната ноќ“ во режија на Иван Поповски ја освои главната награда „Ѕвезда на театарот“ во номинацијата „Најдобра претстава. Голем формат.“ во Русија, избивајќи пред претставите на режисерите Евгениј Писарев и Роберт Вилсон.

Интересно за оваа награда е што од номинациите до изгласаните „најдобри“, сѐ е во рацете на публиката. Таа со гласање на веб-страницата на списанието „Театрал“ ги предлага своите фаворити и понатаму публиката преку Интернет гласање ги избира своите „најдобри“.

Оваа година во гласањето учествуваа околу 69.000 гледачи. На почетокот на септември беше оформен потесниот избор (shortlist), од по три претставници, за гласањето да заврши на 30 ноември и на 5 декември на свечена манифестација во „Театарот на Вахтангов“ да бидат прогласени победниците.

Претставата на македонскиот режисер Иван Поповски „Сонот на летната ноќ“ победи во две категории –

„Најдобра епизодна женска улога“ за улогата на Елена за актерката

Ирина Горбачова irina-gorbacova

и „Главната награда“ на фестивалот за „Најдобра претстава во целина. Голем формат“.

orig

Покрај претставата на Иван Поповски, во најтесниот круг влегоа и претставите „Куќата што ја изгради Свифт“ на Театарот „Пушкин“, а кој што во почетокот на 20. век беше еден од најпознатите театри на Русија и Советскиот Сојуз, Камерен театар предводен од легендарниот режисер Александар Таиров (еден од четирите руски театарски столбови, покрај Станиславски, Мејерхољд и Вахтангов, врз кои се темелеше рускиот театар во тоа време) во режија на Евгениј Писарев, и претставата „Сказните на Пушкин“ на Театарот на нациите во режија на големиот Роберт Вилсон.

show_image

Емра Куртишова – актерка

 

 

Во прво лице

 

Сценската прашина – Често ја шмркам…

 

1.ЗА СЕБЕ: Обична…

2 . ЗА ЉУБОВТА: Еднакво потребна за секој.

3.ЗА ЖИВОТОТ: Радост и тага.

4.ЗА ТЕАТАРОТ: Животот во него, топло на душата, игра која скокотка. Среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…

5. ЗА ДОБРОТО: Убаво е кога го има!

6. ЗА ЗЛОТО: Да се сотре в корен!

7.ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Еве ме.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Секогаш тука.

8.ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Не знам, јас тоа само на сцена.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Зависник. Често ја шмркам…

10.ЗА КОЛЕГИТЕ: Убави се!

11.ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Ќе си дојдат, се во свое време.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Нешто што те води кон целта.

13. ЗА СОНОТ: Некогаш како театарот, магија…

14. ЗА ЈАВЕТО: Да те тресне од земја.

15. ЗА ВИНОТО: Знае да те згрее.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Љубов.

17. ЗА КРАЈ: Поздрав!

 

Драмска уметност

Драмска уметност — гранка на сценските уметности што се занимава со изведба на приказни во театар пред публика комбинирајќи инструменти како говор, гест, музика, звук и спектакл. Во продолжение на стандардниот наративен дијалог, театарот завзима такви форми како опера, балет, пантомима, кабуки, класични индиски танци и кинеска опера.

Театарски жанрови

Постојат повеќе жанрови што писателите, продуцентите и режисерите можат да ги искористат за да одговорат на различните вкусови. Ова е нецелосна и ексклузивно евроцентрична листа:

„Музички театар“ е театарски жанр во кој главните средства за изведба се пеењето и музиката.

„Фарса“ е комично драмско дело што се користи со многу неверојатни ситуации, стеретипни ликови, екстравагантно претерување и агресивна физичка глума.

„Комедија“ доаѓа од грчкиот збор „комос“ што значи „прослава“. Не мора да значи дека драмата е смешно, но таа се фокусира на проблем што води кон одредена форма на катастрофа која на крајот се разрешува со среќен крај.

„Мелодрама“ е, оригинално, сентиментална драма со музичка подлога. Често приказната е нверојатно и се фокусира на патењето на доброто под рацете на злото, но завршува среќно со победа на доброто. Содржи стандардни ликови како благородниот херој, хероината што патела долго време и ладнокрвниот негативец.

„Трагедија“ е драма што преку сериозен и достоинствен стил ги прикжаува ташните или страшните настани што му се случуваат на или се предизвикани од главниот херој.

„Монолог“ е обично било кој говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, но како форма на драма, тој подразбира лик што директно и се обраќа на публиката или искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки.

„Театар на абсурдот“ е поим составен од Мартин Еслин и претставува театар во кој ликовите се дел од абсурдни, бесмислени активности. Поврзан со егзистенцијализмот.

Живко Чинго ( 1935 – 1987 )

 

За животот на

 

Живко Чинго
Живко Чинго.jpg
Роден 13 август 1935
Велгошти, Македонија
Починал 11 август 1987 (воз. 51 г.)
Охрид, Македонија

Живко Чинго (13 август 193511 август 1987) — истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател.

Биографија

Роден е во 1935 г. во с. Велгошти, Охридско. Во родното село завршил основно училиште, а гимназија во Охрид. Во 1959година дипломирал на Философскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Извесно време работел како професор по книжевност во гимназијата во Охрид, а во Скопје работел во: „Студентски збор“, во „Млад борец“, во Радиотелевизија Скопје, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на Драмата при Македонскиот народен театар. При крајот на животот работел како советник при Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ. Умрел на 11 август 1987 година.[1]

Творештво

Во македонската книжевност Чинго влегол кон крајот на педесетите години на XX век. Уште во своите први раскази, објавени во периодиката, тој го свртел кон себеси вниманието на книжевната јавност, а со појавата на првата збирка раскази Пасквелија било јасно дека се работи за голем мајстор на расказот.

Првата збирка раскази Пасквелија, издадена во 1961 година, била дочекана како книжевно откровение. Неколку години подоцна, во 1965 година, тој ја објавил и втората книга раскази Нова Пасквелија, која го повторила големиот успех на првата книга. Во 1966 година, Чинго го објавил романот за деца Сребрени снегови, а во 1971 година и својот втор роман Големата вода (по која е снимен и истоимениот филм). Книгата раскази Вљубен дух била објавена во 1976 година, на српскохрватски јазик.

Сите овие пет прозни дела го сочинуваат јадрото на неговото творештво и го потврдуваат Чинго како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски.

Критички осврт на расказите на Чинго

Петар Т. Бошковски ја споредува раскажувачката техника на Чинго со „бран што носи сè наеднаш“ и истакнува дека во неговата раскажувачка постапка се открива единство на содржински елементи кое претставува нов квалитет. Чинго поседува талент за избор на содржински густи, плодни ситуации и способност на економичен број страници да развие цел свет. Голем дел од расказите на Чинго се одвиваат во замислената земја Пасквелија, во неколку периоди: за време на Втората светска војна, непосредно по војната, во текот на колективизацијата и во периодот на иселувањето на луѓето до селото во градот. Притоа, најчесто, при пишувањето Чинго употребува прво лице еднина – постапка која му овозможува да ја презентира материјата раскажувачки интензивно и методски осмислено. Кај Чинго секогаш победува поетскиот акцент при што пораката се издигнува како светла вертикала на една хуманизација. Исто така, важна одлика на творештвото на Чинго е хуморот кој претставува одбрана од патетиката и одржува константна ведрина на зборот. Експресијата на Чинго се одликува со интензивна динамика при што материјата го наоѓа најбрзиот пат до вистинскиот збор и до уметничката вистина. Раскажувачкото творештво на Чинго е навлезено во македонската литература со полнота и со трајни вредности, а неговата земја Пасквелија е посебен поим во македонската литература

Чинго – суптилен аналитичар на тоталитарната држава и Информбирото[уреди | уреди извор]

Чинговите раскази, драми и романи, покрај високата уметничка вредност, претставуваат историско сведоштво за времето тоталитарната држава и Информбирото, време по доаѓањето на слободата, период од развојот на македонското општество исполнето со голем број на пресврти. Зад сцените, приказните и потескиот занес се открива еден свет лоциран во 40 – те и 50 – те години на 20 век, испонет со репресија. Чинго во Последниот расказ од војната на еден многу вешт начин го преставил доаѓањето на слободата:

Слободата, другар, таа пак пустињата, најсилно го опијанува човечкото срце… Слобода, сакам да се радувам, а нешто не ме оставаат, разбираш. Слобода другар, проклетство, ќе паднат лажните државни судој, трулата власт, другар. Народен суд, народнии судии, нова власт, се по правда, без протекции, без црни робии. Разбираш, ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек. [3]

Чинго во драмата Образов на еден многу суптилен начин го претставил расцепот кој настанал помеѓу тогашните македонски истакнати политичари и дејци. Низ монологот на Кудрев, млад уметник и бунтовник, син на партизански командант, Чинго го изразил догматизмот и сталинизмот, ограничувањето на слободата на мисла и газење по човечноста.

Таткото на Курдев бил легендарен партизански командант, но бил оставен ранет од соборците, а потоа бил убиен во окупаторска болница. Младиот уметник не може да се помири со фалсификуваниот извештај за смртта на неговиот татко, трага по вистината која никој не смее јавно да ја каже. Неможејќи да се помири со таквата реалност, низ еден револт извикува:

Светот е полн со страв! Проклет страв!… Човекот е останат без вистинска поткрепа, се чуствува давеник!… а потоа се прашува како може таквиот човек да биде слободен и еднаков со сите тие клучари како Свети Петар се заковале на рајските врати и пуштаа и не пуштаат, ја мерат душата и ја премеруваат, точат, преточуваат, на грамови го разделуваат човекот… ти одредуваат местенце, кафез, говорат – живеј, слободно живеј! Си го почуствувал ли тој мраз…[4]

Дела

Споменик на Живко Чинго на Мостот на уметноста во Скопје

Чинго е автор на следниве дела:[5]

  • „Пасквелија“ (раскази, 1963)
  • „Семејството Огулиновци“ (раскази, 1965)
  • „Нова Пасквелија“ (раскази, 1965)
  • Сребрените снегови“ (роман за деца, 1966)
  • Пожар“ (раскази, 1970)
  • Големата вода“ (роман, 1971)
  • „Жед“ (сценарио, 1971)
  • „Поле“ (сценарио, 1971)
  • „Образов“ (драма, 1973)
  • „Ѕидот, водата“ (драма, 1976)
  • „Вљубениот дух“ (раскази, 1976)
  • „Кенгурски скок“ (драма, 1979)
  • „Макавејските празници“’ (драма, 1982)
  • „Накусо“ (раскази, 1984)
  • „Пчеларник“ (сценарио, 1988)
  • „Гроб за душата“ (раскази, 1989)
  • „Бабаџан“ (роман, 1989)
  • „Бунило“ (раскази, 1989)
  • „Ал“ (проза, 1989)

Награди

Во чест на Чинго

Во чест на Чинго од 1988 година во неговото родно место се одржуваа манифестацијата „Денови на Живко Чинго“. Во текот на манифестацијата се доделува Наградата „Живко Чинго“ за најдобрар расказ

Големи успеси на „Разговори во четири очи“ во Санкт Петербург

 

 

 

Исто така сакаме да го истакнеме и големиот успех на претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ, која се одигра на 1 декември во рамките на седмото издание на меѓународниот камерен театарски фестивал „АртОкраина“ во Санкт Петербург, Русија. Претставата исто така беше во селекција со врвни театарски куќи од: Русија, Англија, Италија, Полска, Белорусија и Романија.
Семејната драма која ги обработува темите кои не засегаат, приказната за горките сознанија за изгубеното време, пропуштените прилики, свесното жртвување и соочување со она што сме биле некогаш, што сме можеле да бидеме и она што сме, со одличната актерска игра на Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Благој Веселинов, Катина Иванова и Дамјан Цветановски, длабоко допире до руската публика. Поклонот беше проследен со голем аплауз и овации, а актерите и техничката екипа сеуште ги споделуваат импресиите и приемот од меѓународниот камерен театарски фестивал „АртОкраина“ во Русија.

За 15 дена МНТ одигра 12 претстави во Полска, Романија и Русија и со ова ја заврши една од најуспешните турнеи во своето постоење. На крајот сакаме да напоменеме дека оваа година се направи и претставата „Соларис“ во копродукција со Винер фествохен кој е еден од најпрестижните фестивали во Европа. Светската премиера на „Соларис“ беше во месец јуни во Виена. Со својата врвна продукција и богата меѓународна програма МНТ се наметнува како еден од водечките театарски центри во Југоисточна Европа.