УТРЕ – Промоција на книгата „Горан во Драмски“ во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп – 12,00ч

Предмет: #Промоција на книгата „Горан во Драмски“ во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Почитувани,

Ве известуваме дека Драмски театар Скопје на 6.10.2021 година, ќе ја промовира монографијата „Горан во Драмски“, чиј приредувач е Александра Бошковска, во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Промоцијата ќе се одржи во просториите на НУЦК „Марко цепенков“ со почеток во 12 часот.

Монографијата ги отсликува почетоците и долгогодишната работа на Горан Стефановски како драмски писател и дава осврт на драмски текстови (напишал над 30 драмски текстови, од кои повеќе од 14 се премиерно изведени во Драмски театар Скопје), сценски либрета и едночинки. Во книгата се автентично претставени и моменти од неговата соработка со режисерите и неколку генерации актери кои се развивале оживувајќи ги Горановите дела во Драмскиот театар.