Во Прилеп бидна премиера на преставата „Да, инспекторе, претстава со грешки“ во режија на Ефтимов

Ново најновата на театар Војдан Чернодрински ,,Да инспекторе,, на Хенри во режија на Синиша Ефтимов не е така. Бидејќи преставата е со грешки.
Оваа комедија што вечерва ќе биде изведена на сцената од Прилепскиот народниот театар актерите и режисерот треба пред публиката да дадат одговор на прашањето, што ако нешто тргне погрешно и како лавина започнува да се распаѓа.
Ова е прва соработка со Ефтимов, за актерите ова е посебен предизвик.
Актерите режисерот и сите кои учествуваат во реализацијата на овој проект веруваат дека оваа комедија долго ќе биде на театарската сцена..

Илија Волчески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Тодески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Н. Ачански, Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски.

*************Илина Ангеловска, Ивана Нелковска, Елена Иваноска, Томе Темелкоски..

*************Ристо Гркоски, Сашо Смоквоски, Гоце Наумоски, Снежана Ѓорѓиоска, Даринка Богоеска, Гоце Тодороски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

– прилепскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Да, инспекторе, претстава со грешки“ во Режија на Синиша Евтимов.  

Според режисерот Евтимов, кому ова му е прва соработка со прилепскиот театар, станува збор за сценско видување на текст од тројца англиски автори, познат во светот, а упатува на тоа дека она што ни се случува околу нас, т.н. „елегантно пропаѓање“, видено е на спечифичен, хумористичен начин. – Ова е наша прва соработка со прилепскиот театар и одлично е. Тука сум со идеја да направиме заедно нешто што ќе остане, за публиката, за театарот.

Живееме во време во кое елоквентно и елегантно се распаѓаме. А ако е така, барем да биде на „журка“ до крај. Тоа е идејата на оваа претстава која се вика „Да, инспекторе, претстава со грешки, базирана на современ англиски текст кој е познат во светот. Ние направивме наша верзија. Станува збор за тројца автори на текстот. Ако треба да се каже за претставата кратко, тоа е мој поглед на она што ни се случува во градов, во држава, во светов, воопшто. Мислам дека живееме во време во кое сите се гледаме в очи и се лажеме дека сѐ е добро и дека одиме понатаму, а во принцип, отмено пропаѓаме. И ако пропаѓаме, тоа, барем, да биде со смеење. Мислам дека направивме одлична претстава. Овој театар има прекрасен ансамбл со кој е задоволство да се работи и сигурен сум дека публиката ќе го почувствува сето она што го работевме изминатите 50-тина дена, изјави Евтимов.

За актерите Илија Вочлески и Марија Спиркоска Илијеска првата соработка со режисерот Евтимов создаде претстава која се очекува да биде хит и долго да се задржи на репертоарот. Очекуваат публиката да го препознае специфичниот хумор, досега невиден во комедиите и „претставата во претстава“ да има долг живот на сцената. За нив е многу битно што се активни на театарската сцена во ова пандемично време. -Имавме одлична прва соработка со режисерот Евтимов овој изминат период. Мирен, креативен процес. Се поклопивме со идеите како сакаме да изгледа претставата. Се надевмаме дека прилепската публика ќе го препознае хуморот зашто е поразличен од комедиите кои се играле во прилепскиот театар, рече актерот Волчески. Актерката Марија Спиркоска Илијеска вели среќна е зашто имаат добра претстава.

-Во комедија е потешко да се дојде до резултатот да препознае публиката. Потребен е голем труд, режисер кој води и кога сето ќе се склопи во една целина, мислам дека имаме голем хит и дека долго време ќе биде на репертоарот на театарот.  Самата претстава има две претстави во себе: една на сцената и друга зад сцената. Концентрацијата треба да биде на високо ниво цело време, што е голем предизвик за нас, актерите. Играме паралелни ситуации, нешто кое досега не ни се случило. Задоволни сме, вели Спиркоска Илијеска. Ова е втора премиера во прилепскиот театар годинава, рече директорката на Центарот за култура „Марко Цепенков, Јасмина Мицовска Станкоска.

-Во театарот сме за убав повод. За новата, втора, премиера во прилепскиот театар „Да, инспекторе, претстава со грешки“, во режија на Синиша Евтимов. Дел од програмата прифатена од Министерството за култура. Вечер претставата ќе биде изведена претпремиерно, а премиерата е утревечер во народниот театар „Војдан Чернодрински“ од 19,30 часот.  Сметам дека е постигнато многу во првата соработка на режисареот со прилепскиот ансамбл. Очекуваме годинава да работиме и на третата премиерна претстава, рече Мицовска Станкоска. Во претставата играат: Илија Вочлески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска Клинческа,  Александар Тодески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Наумоска Ачански, Игор трпчески, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски. Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, тон мајстор и дизајн на звукот е Томе Темелкоски. Премиерата во прилепскиот театар каде сега, според протоколите, ќе има 50 отсто публика, доаѓа по две недели од одржувањето на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ја нагласи големата желба на публиката да се врати во театаските сали.

Во прво лице-ИСИДОР ЈОВАНОСКИ

ПРАШИНАТА НА СЦЕНАТА Е СРЕЌА

1. ЗА СЕБЕ : Може подобро.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Кога тогаш.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Исправена глава.

4. ЗА ТЕАТАРОТ:Медитација.

5. ЗА ДОБРОТО: Секоја чест.

6. ЗА ЗЛОТО: Скокај го.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Тоа е фудбалот..

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?Што повеќе голови!

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Понекогаш неизбежна, напати излишна.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:Среќа.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Асистенција.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Повеќе пот.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Реализација.

13. ЗА СОНОТ: Плус здравје.

14. ЗА ЈАВЕТО: Помалку Кока-Кола.

15. ЗА ВИНОТО: Понекогаш само го пијам.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Носечки темел.

17. ЗА КРАЈ , ЗА МТФ„ ВОЈДАН“, ЗА МЛАД АКТЕР: Плус одговорност кон театарот.

Со доделување на наградите и омаж „Драмски за Конески“, заврши 55. МТФ „Војдан Чернодрински“

Со доделувањето на наградите на најдобрите и со омаж на првенците на Драмски театар за великанот Блаже Конески вечерва во Прилеп е затворен 55.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

За најдобра е прогласена претставата на битолскиот театар „И коњите ги убиваат, зар не“, во режија на Мартин Кочовски, кој ја понесе наградата за најдобра режија.

Оценувачката комисија на 55-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, во состав: Звездана АНГЕЛОВСКА – претседател и членовите Бајруш МЈАКУ и Александар МИЛОСАВЉЕВИЌ ја објави одлуката за доделување на наградите

1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Борче Димитријоски за рекламниот материјал од претставата „ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ“ во изведба на НУ Театар за деца и младинци – Скопје,

2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Игор Киров за кореографија и сценски движења во претставата „ЕДИП КОМЕНТАРИ“ во изведба на НУЦК „АцоШопов“ – Театар Штип,

3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на групата Фолтин за музиката во претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Роза Трајчевска–Ристоска за костимите во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,

5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Ивана Кнез за сценографијата во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,

7. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ не се доделува,

8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Исидор Јованоски за улогата Оливер Глембај во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

9. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сабина Мемиши за улогата Олга во претставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,

10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Гентиана Рамадани за улогата Ина во претставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,

11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Горан Стојаноски за улогата Силвестер во претставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ во изведба на НУЦК „Григор Прличев“ – Народен театар – Охрид,

12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА улога на Јордан Симонов за улогата Филип во претставата „МОЈ ТЕРМИН“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Наталија Теодосиева за неколкуте ликови во претставата„МОЈОТ МАЖ“во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,

14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Мартин Кочовски за претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

16. НАГРАДА ЗА СЕВКУПЕН УМЕТНИЧКИ АНГАЖМАН И РЕЗУЛТАТ НА АВТОРОТ И АКТЕРИТЕ на претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје

.Доделувањето на наградите е закажано за вечер во 19:00 часот на сцената во театарот “Војдан Чернодрински”.

УТРЕ – Промоција на книгата „Горан во Драмски“ во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп – 12,00ч

Предмет: #Промоција на книгата „Горан во Драмски“ во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Почитувани,

Ве известуваме дека Драмски театар Скопје на 6.10.2021 година, ќе ја промовира монографијата „Горан во Драмски“, чиј приредувач е Александра Бошковска, во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Промоцијата ќе се одржи во просториите на НУЦК „Марко цепенков“ со почеток во 12 часот.

Монографијата ги отсликува почетоците и долгогодишната работа на Горан Стефановски како драмски писател и дава осврт на драмски текстови (напишал над 30 драмски текстови, од кои повеќе од 14 се премиерно изведени во Драмски театар Скопје), сценски либрета и едночинки. Во книгата се автентично претставени и моменти од неговата соработка со режисерите и неколку генерации актери кои се развивале оживувајќи ги Горановите дела во Драмскиот театар.