НУ Турски Театар премиерно „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во режија на Владимир Милчин/1 октомври (петок) 2021 г. во 19.30 часот.


НУ Турски Театар ВИШНОВАТА ГРАДИНА
 
Автор: Антон Павлович Чехов
Режија: Владимир Милчин
Сценографија: Крсте С. Џидров
Костимографија: Марија Пупучевска
                 
Улогите ги толкуваат:
Љубов Андреевна Рањевска: Бедија Беговска 
Ања: Емине Халил
Варја: Несрин Таир
Леонид Андреевич Гајев: Елјеса Касо
Ермолај Алексеевич Лопахин: Џенап Самет
Петар Сергеевич Трофимов: Селпин Керим
Борис Борисович Симеонов Пишчик: Неат Али
Шарлота Ивановна: Сузан Акбелге
Семјон Пантелеевич Епиходов: Осман Али
Дуњаша: Слаѓана Вујошевиќ
Фирса: Зиба Радончиќ
Јаша: Хакан Даци
Еден минувач: Ерман Шабан
 
 
 ЧЕХОВ НАШ СОВРЕМЕНИК
 
„Вишновата градина“ одново предизвикува со својата актуелност во времињата на општествени турбуленции кога со подемот на новите слоеви, односно класи, драматично се менуваат и сите вредности.
„Вишновата градина“ е објавена во 1903 година, а следната година праизведбата во МХАТ ја режирал Станиславски, кој играл и една од главните улоги. Станиславски ја прочитал како трагедија, а Чехов ја сметал за комедија со елементи на фарса. Сите подоцнежни постановки на „Вишновата градина“ во основа се разликуваат по тоа дали во нив преовладува трагичното или комичното. Режисерите се справувале со двојната природа на пиесата, најчесто во зависност од тоа кога и каде ја поставувале. Најлошо поминувале оние кои, инсистирајќи на трагичното, западнале во сентименталност.
„Вишновата градина“ е пиеса за залудноста, бескорисноста и јаловоста на аристократијата во напорот да го зачува својот статус, но и пиеса за буржоазијата во напорот да му даде значење на својот новооткриен материјализам сведен на алчност и варварство.
„Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на човештвото и цивилизацијата. Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува човештвото уништувајќи ја неговата колевка, Земјата, уништувајќи ја природата и сè што живее во неа. Она што вџашува е немоќта на луѓето да се противстават, да ја одбранат културата и природата, да ги одбранат вредностите на цивилизацијата пред новите варвари.
Прогресот не е гарантиран. Тркалото на историјата стигна до пролетерската револуција, но од неа се изроди новата класа манипулатори чија алчност не знае за граници. „Вишновата градина“ е сценска минијатура во најубавото значење на зборот, во нејзините камерни димензии се содржи трагедијата на светот во кој живееме.
 
Владимир Милчин

Јубилејното 55-то издание на Македонскиот театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржи од 1 до 8 октомври во Прилеп. Ова е одлуката на собранието на Фестивалот.

Актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров се годинашни добитници на наградата за животно дело

Најзначајниот театарски фестивал кој ги презентира најдобрите остварувања на македонските професионални театри, лани, поради пандемијата, не го одржа јубилејното 55-то издание и одлучено е тоа да се одржи од 1 до 8 октомври според сите протоколи. Веќе е позната и фестивалската програма.

Фестивалот на 1 октомври, на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде свечено отворен со доделувањето на наградите за животно дело и со првата претстава во конкуренцијата за награди. Тоа е претставата на Македонскиот народен театар од Скопје „Мој Термин“ во режија на Синиша Евтимов, според мотивите на Лорен Бафи и на Винсенте Виљануева.

На 2 октомври ќе биде промовирана книгата на Тена Штивичиќ „Невидливите“, а на програмата се уште две претстави во конкуренција: „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, а во продукција на театар „Комедија“ од Скопје, а потоа е претставата „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

В недела на 3 октомври на репертоарот се претставите на кумановскиот театар „Вообразен болен“ од Молиер во режија на Драган Гунин и на Драмски театар од Скопје „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ.

На 4 октомври фестивалот отвора трибина на тема „Театарот во Ковид-19. Проблеми и решенија“ , модератор ќе биде Катарина Коцевска Хаџи Василева, а на репертоарот се уште две претстави. Албанскиот театар од Скопје на сцената прилепскиот театар ќе ја изведе „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада во режија на Кристина Димитрова, а во Центарот за култура, велешкиот народен театар ќе се претстави со „Херои 04:33“ од Сашо Димоски во режија на Деан Дамјановски.

На 5 октомври на репертоарот на Фестивалот се тетовскиот театар со претставата „Страст и алчност“ од Јуџин О Нил во режија на Фитим Селими и ќе се игра на сцената од Центарот за култура. Потоа, во прилепскиот театар е претставата „Едип коментари“ според мотиви од Едип на Софокле во режија на Драгана Милошевски Попова, а во продукција на штипскиот народен театар.

На 6 октомври ќе има промоција на книгата „Горан во Драмски“ и уште две претстави во конкуренцијата: Турски театар од Скопје ќе ја изведе „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска Попова, а потоа е претставата на охридскиот театар „Крик за љубов“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Последниот фестивалски, репертоарски ден на

7 октомври ќе донесе три претстави. Прво е претставата на Театарот за деца и младинци од Скопје „Едвард раце ножици“ во режија на нела Витошевиќ, потоа е претставата на битолскиот театар „И коњите ги убиваат, зар не?“ во режија на Мартин Кочовски и последната репертоарска претстава е на Факултетот за драмски уметности „Мурлин Мурло“, дипломска претстава на студентите од отсекот Драмски актери кај професорите Сузана Киранџиска и на Кристина Леловац.

В петок на 8 октомври жирито во состав Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија ќе ги соопшти најдобрите остварувања на јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Свеченото затворање на Фестивалот во прилепскиот народен театар ќе биде со доделувањето на наградите на најуспешните и со изведбата на Дрански театар од Скопје „Драмски за Конески“, во чест на наградените. 

Уметнички директор:

Катерина КОЦЕВСКА ХАЏИ ВАСИЛЕВА

Жири:

Ѕвездана АНГЕЛОВСКА – актер и режисер

Бајруш МЈАКУ – актер

Александар МИЛОСАВЉЕВИЌ – театролог (Р. Србија)

Секретар на МТФ: Стојан ДАМЧЕСКИ

Технички Секретар: Љупчо ТОДОРОСКИ

Собрание на МТФ:

Сашо ДИМОСКИ – НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес
Слободан ЃОШИЌ – НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
Катерина ИЛИЕВСКА СИЛЈАНОВСКА – НУ Театар за деца и младинци – Скопје
Иван ЈЕРЧИЌ – НУ Народен Театар – Битола
Трајче КАЦАРОВ – НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип
Адем КАРАГА – НУ Албански Театар – Скопје
Јасмина МИЦОВСКА СТАНКОСКА – Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Беким САЛИУ – НУ Тетовски театар – Тетово
Горан СИМОНОСКИ – НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид
Драган СПАСОВ – НУ Драмски Театар – Скопје
Мими ТАНЕВСКА СРБИНОВСКА – ФДУ – Скопје
Несрин ТАИР – НУ Турски Театар – Скопје
Сашо ТОДОРОВСКИ – НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово
Симона УГРИНОВСКА – НУ Македонски народен театар – Скопје
Нора ШАЌИРИ – НУ Театар „Комедија“ – Скопје

Сценограф Крсте Џидров – Џиби е добитник на наградата за животно дело на 55 -тиот Мтф ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп

Сценаристот Крсте Џибров – Џиби годинава е добитник на наградата за животно дело на 55 -тиот Мтф ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп.Честитки за наградата која значи заокружување на едно долгогодишно театарско творештво!.Честитки за наградата која значи заокружување на едно долгогодишно театарско творештво!

Познати добитници на наградата за животно дело на 55. фестивал „Војдан Чернодрински“

Добитници на наградата за животно дело на 55. фестивал „Војдан Чернодрински“ – познати

Борис Чоревски / Крсте Џидров – Џиби / Емил Рубен

Емил Рубен е добитник на наградата за животно дело на 55. фестивал „Војдан Чернодрински“

Доајенот на Македонскиот народен театар Емил Рубен е добитник на наградата за животно дело на 55. фестивал „Војдан Чернодрински“

Емил Рубен (1948) е актер за кој безброј пати е констатирано деке е „жива легенда“ на македонскиот театар и филм. Дипломира на актерска игра на Академијата за филм и театар во Загреб во 1971 година, од каде се враќа во Скопје и се вработува во тогашната Драма при Македонскиот народен театар – Скопје, во 1974 година. Таа му е матична сцена на која има одиграно дузина и дузини ликови во нови и стотици репризни претстави. Игра и на други сцени. Во 2008 година му е доделена наградата за животно дело со името на легендата на македонското глумиште Петре Прличко, за 2007 година, а во 2001 година ја добива и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.Како актер тој континуирано, трпеливо и сигурно ја создава својата театарска, филмска и телевизиска ризница на ликови.

Актерската професија ја започнува во раното детство, на 7 години: во 1954 година е одбран да ја одигра улогата на Жарко во филмот „Тие двајцата“ на Жорж Скригин. Две години подоцна има уште два филма и две главни улоги: долгометражниот „Малиот човек“ на Жика Чукулиќ и краткометражниот „Бунт на куклите“ на Димитрие Османли. Уште во тие свои први чекори пред камерата покажува изворен талент за филмска глума/игра. Емил Рубен е актер кој безрезервно му припаѓа на театарот. Го имало и го има во речиси сите важни претстави на МНТ – секогаш како лик кој се памети по неговата игра. Пред почетокот на претставата е „опуштен тремаџија“, а пред публиката и во текот на изведбата, е актер кој ги истакнува деталите со кои го обликува ликот. Тој е актер со одлична говорна дикција, актер кој јасно говори текст и секој негов лик е убедлива презентација на неговата актерска вештина.

Прв допир со театарот му е во претставата „Чичко Томината колиба“, како гостин, изведена од учениците на старата Учителска школа т.н. „Идадија“, во 1960 година. Професионално почнува да се занимава со театар во 1966/67 година: со улогата на Детето во претставата на МНТ – „Случајот во Виши“ во режија на Димитар Ќостаров. Височината на глумата ја потврдува низ ликовите од домашната и светска драматургија, од современоста, класиката или антиката. Тоа се ликови во кои тој се идентификувал како шегаџија, пијаница, маргиналец, бунтовник, трагичар – Благоја во „Под пирамидата“ (1971), Кире во „Тесен пат кон далечниот север“ (1972), Лудиот Роган во „Пелиново“ (1974), Петер во „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ (1976), Мартин во „Кандид“ (1980), Октавиј во „Јулиј Цезар“ (1982), Могел во „Свирач на покрив“ (1983), Лазо во „Мрестење на краповите“ (1987), Оронт во „Мизантроп“ (1989), Васил во „Женски прилог во ноќта“ (1993), Фабрициј во „Господа Глембаеви“ (1996), Симеонов во „Вишновата градина“ (1997), Степан Трифимович Верховенски во „Демони“ (2001), Фезлиев во Црнила 005 (2005), Советник во „Ревизор“ (2006), Шарл Ваклде де Лагранж во „Животот на Молиер“ (2012), Жика во „Сомнително лице“, Доктор Стравински во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), Аристарх Доминикович Скубик во „Животот е прекрасен“ (2015), Реџиналд Пеџит во „Квартет“ (2016), Тито кучето во „Изгубени Германци“ (2013) … Токму во оваа улога во која игра низ молк (повеќе од два часа на сцената без да проговори ниту збор) се согледува врвната мајсторска игра на актерот Емил Рубен.Емил Рубен е еден од ретките македонски филмски актери кој уште од своите најмлади години има можност да снима со актерските величини како Миливоје Живановиќ, Мира Ступица, Бранко Плеша, Раде Марковиќ, а подоцна, во својата професионална кариера – и со Ристо Шишков, Мадлен Жобер (во францускиот филм „Јавачи на бура“ од 1983 година), Илија Џувалековски, итн… Во неговата селективна филмографија се филмовите: „Тие двајцата“ (1955), „Малиот човек“ (1957), „Бунт на куклите“ (1957), „Ветрот запре пред зори“ (1959), „Партизански приказни“ (1960), „Денот четиринаесетти“ (1960), „Истрел“ (1972), „Јазол“ (1985), „Збогум на 20-тиот век“ (1998), „Глас“ (2000), „Писмо“ (2000), „Едно од лицата на смртта“ (2003), „Седум приказни за љубовта и свршувањето“ (2003), „Како убив светец“ (2004), „Бал-кан-кан“ (2004), „Контакт“ (2005), „Остани исправен“ (2005), „Трето полувреме“ (2012), „Балканот не е мртов“(2013), „Хеј“ (2018).Преку остварените ликови на Емил Рубен на сцената на МНТ се испишува и голем дел од историјата на театарот во изминатите децении во кои тој своите ликовите ги реализирал на начини кои го вреднуваат на најпрепознатливо квалитетно ниво. Емил Рубен, низ ликовите остварени на сцената на МНТ, секогаш е забележан и од критиката – во земјава и на гостувањата вон неа. Со постојаноста на квалитетот на сцената, на филмското платно и на телевизискиот екран, Рубен е вредносен носител на реализации преку кои тој е запаметен/се памети како човек/актер/уметник кој се гради а на сето изминато време му дава значаен белег.

PМ НУ Македонски народен театар

Сценограф Крсте Џидров – Џиби е добитник на наградата за животно дело на 55 -тиот Мтф ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп

Сценографот Крсте Џидров – Џиби годинава е добитник на наградата за животно дело на 55 -тиот Мтф ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп.Честитки за наградата која значи заокружување на едно долгогодишно театарско творештво!.Честитки за наградата која значи заокружување на едно долгогодишно театарско творештво!

Актерот Борис Чоревски е добитник на наградата за животно дело на 55 -тиот Мтф ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп

Актерот Борис Чоревски или нашиот Чоре, годинава е добитник на наградата за животно дело на 55 -тиот Мтф ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп.Честитки за наградата која значи заокружување на едно долгогодишно театарско творештво!

ФИСКУЛТУРЕЦОТ БУ-БЕВ-ДИРЕКТОР ДОБИ ЦРВЕН КАРТОН!

КОНЕЧНО СТРУМИЧАНИ СЕ ИЗБОРИ ЗА СВОИТЕ ПРАВА!

Драги поддржувачи, ценета публико и почитувана јавност, со огромно задоволство ве известуваме дека правдата за која се боревме 8 месеци е спроведена и на дело.

Министерството за култура го изврши налогот даден од Вишиот управен суд и постави нов в.д. директор на НУЦК „Антон Панов“.

И така, бесправно поставениот директор, физичкото лице Васил Бубев, конечно е разрешено од функцијата!Во културна институција победи културата!Алелуја!

Осум месечниот постојан отпор, на крајот вроди со плод. Добиена е една, по суштина, значајна битка. Оваа победа е доказ дека едно упорно, решено и истрајно јадро на уметници професионалци, може да победи и во нерамни, по моќ, битки. Супериорноста на тоа јадро е во неговиот заеднички ум желен за правичност. Водени од професионалноста и редот на нештата, го детектиравме натрапникот и со огромната поддршка од јавноста, од сите вас, не се скршивме и го симнавме срамот што ни’ беше нанесен.Образот е обелен.

Вистината победи.Затоа, најтопло му препорачуваме на физичкото лице В. Б. да си ги собере амбициите во торбата и да го напушти нашиот терен. Си има тој свој терен за докажување на своите фискултурно-тренерско менаџерски способности, па нека ја проба среќата таму. Таму сигурно ќе биде подобредојден од овде.Нејсе, една битка е добиена, остануваат уште неколку.

На пример, еден од приоритните е конкретното решавање на наталожените проблеми во институцијата. А тоа богами е вистински тест за ново поставениот в.д. директор од страна на ресорното министерство. Јавно укажуваме на тоа дека од новиот в.д. директор ќе инсистираме на исполнување на нашите барања за кои укажуваме со години. Со тоа би се решиле одредени круцијални проблеми од професионална, техничка и безбедносна природа(!), без чие решавање во никој случај нема да може да дојде до започнување со работа на театарот и отворање на институцијата за сите уметници што имаат страст и желба за творење!

Искрено се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и некој конечно ќе почне да ги спроведува работите, за кои, како искусни театарски дејци, се залагаме веќе и многу подолго време од осум месеци. Доколку се случи обратното, ние како Иницијатива ќе реагираме соодветно, како што го правиме тоа и досега.Нашата цел е света, затоа што нашиот однос кон театарот и уметноста е свет. Тоа нѐ води, тоа и ќе нѐ осветли. Ги охрабруваме сите оние кои ќе застанат на страната на вистината, да не се откажуваат од своите лични и заеднички борби.Во слогата е силата.

Одиме напред до извојување на целосна победа!!!

„Гола месечина“- фестивал на комедијата ,ќе се одржи од 15 до 19 Септември

„Театар Комедија“ и Општина Аеродром и оваа година со заеднички сили го организираат фестивалот „Гола месечинa“, кој ќе се одржи од 15 до 19 септември во спортскиот центар Ново Лисиче.

Десет атрактивни претстави на 29. ФКТ „Ристо Шишков“

Отворен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Завесата на 29. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ што ќе се одржува од денеска до 13 септември во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе ја крене ансамблот на Театарот Битола, со претставата „History of moderfuskres“ по мотиви на „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, авторски проект на Андраш Урбан.

Вечерва ќе се одржа и претставата „Крилја“ на штипскиот театар од Артур Копит, во режија на Никола Ристов. До крајот на фестивалот љубителите на театарската уметност ќе ги проследат и претставите „Кармен“ на Драмскиот театар од Скопје, „Среќниот принц“ на Театарот Враца од Бугарија, „Драма изгубена во времето“ на кумановскиот театар, „Само глас“ на МНТ од Скопје, „Злоставувани“ на театарот од Шабац, Србија, „Човекот од Подолск“ на Театарот Плевен од Бугарија, „Јами дистрикт“ на БИТЕФ театарот од Белград, Србија, а завесата на годинашниот фестивал ќе се спушти по претставата „Три жени“ на Тигар театар, Театар Форт Форно и Осиечко културно лето од Хрватска.

Во рамките на фестивалот се доделува и единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда од 1.500 евра. Жирито го предводи ланската лауреатка, актерката Александра Пешевска и актерите Благој Чоревски и Петар Мирчевски.