Викторија Степановска-Јанкуловска, награда за најдобра женска улога на 18. ИФАД „Стоби“ 2021.

актерка Викторија Степановска-Јанкуловска, исто така од битолскиот Народен театар. Таа доби и награда за најдобра женска улога на 18. ИФАД „Стоби“ 2021.

„Да го посветиш животот на театарот, а при тоа да не си дел од оние кои секогаш велат да, кои ја веднат главата, кои бескомпромисно се согласуваат со секоја лудост и молчат пред авторитетите, колку и да се незаслужени, самопрогласени – не е лесно. Јас тоа добро го знам, затоа што и тоа го наследив од татко ми. Денес е ретко да имаш свое јас, а уште поголема реткост, според мене, е таа големина да биде препознаена. Ја пренесувам неговата искрена благодарност и желбите на оваа сцена во годините кои следат да се изредат десетици-стотици колеги кои гордо ќе ја понесат плакетата со ликот на великанот на театарот Петре Прличко“, рече Степановска-Јанкуловска.