
Имав огромна чест да бидеме колешки, партнери на сцена, пријателки, да делиме иста гримиорна во Драмски, да ми биде голема поддршка на почетокот на кариерата. Задоволство беше да се учи и за театарот и за животот од Сабина Ајрула Тозија
Паметам како вчера да беше…
-иако во театарот имавме одличен шминкер, Сабина инсистираше да ме научи како сама да се гримирам, ми велеше: “само така ќе се концентрираш, со секој потег на четката, моливчето,сенката…полека ќе се трансформираш и влегуваш во ликот кој го играш”…ме научи и дека иако премиерата поминала никогаш текстот не го носиме дома, се додека се игра претставата текстот стои во шкафче и пред секоја претстава го повторуваме иако го знаеме…ме научи како со полни плуќа да “дишам” на работното место, како со леснотија и насмевка да ги надминувам “зад кулисните игри” и професионално да созревам…
Поминаа години од како последен пат се прегрнавме, кариерата на Сабина заблеска на меѓународно ниво и јас со задоволство и гордост ги следев нејзините успеси.
Величенствена жена, врвен професионалец и голем голем Човек
Почивај во мир драга Сабина, нека ти е вечно Името и Славата Види помалку