На 75 год не напушти доајеното на српската култура и српскиот актер Милан Лане Гутовиќ.

Денес 25.08 часот..

(11 август 1946 во УмкаСрбија -25,08,2021 Србија)

Во 2021 година не напушти доајеното на српската култура и српскиот актер Милан Лане Гутовиќ. Народот најмногу го памети по улогата на Сречко Шоиќ во Тесна кожа и Бел брод, кога на еден духовит начин, тој маестрално ја претстави парадигмата на распаѓањето на нашата земја и ни покажа какво општество станавме, дури и тогаш кога лошо го сокривме од самите нас.

Бројните улоги на зборуваа за неговиот огромен и рааскошен талент несебично беше споделени со публиката, обидувајќи се да го збогати скршениот дух на луѓето кои живееле во време на морален распад. Неговиот актерски гениј, единственото нешто што ја надмина благородноста на неговата душа, секогаш изразувајќи подготвеност да им помогне на луѓето на кои им припаѓа, без оглед на тоа што ги знаеше сите недостатоци на нашиот народ. На овој начин изразуваме сочувство до неговото семејство, кое сега е најтешко и до сите граѓани на Србија кои отсекогаш го сметале за дел од нивните семејства.

Нашиот Лене никогаш нема да биде заборавен, тој ќе живее во нашите срца и спомени како човек кој во најтешките моменти донесе насмевка на лицето и даде надеж дека ќе го живееме животот на пристоен човек. Последен поздрав до Милан Ланет Гутовиќ, Голем уметник и прекрасен човек.

Почивајте во мир на душата и нека му е вечна слава и фала.

НУЦК Трајко Прокопиев Куманово и додели награда на СТОЈНА КОСТОВСКА

СТОЈНА КОСТОВСКА

Со огромно задоволство соопштуваме дека Лауреатка на овогодинешниве Денови на комедија 2021 е актерката Стојна Костовска.
Фестивалот Денови на комедија Куманово доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката

СТОЈНА КОСТОВСКА за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата.
Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот на 27 септември.

ФЕСТИВАЛ НА БАЛКАНСКАТА НЕЗАВИСНА ТЕАТАРСКА СЦЕНА – ПРОВОКАЦИЈА – 27.08/01.09 2021

фестивалот кој е во организација на ПРОВОКАЦИЈА. 28.08- 01.09 на отворено зад кулите во Железара кај цркавата СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО.

Програмата можете да ај видите во видео пораката

ПЕТОК ВО 20:00 на 27.8 петок

„Каква ти је жена такав ти је живот“ со ДРАГАН МАРИНКОВИЌ – МАЦА

Парк-шума Гази Баба

Викторија Степановска-Јанкуловска, награда за најдобра женска улога на 18. ИФАД „Стоби“ 2021.

актерка Викторија Степановска-Јанкуловска, исто така од битолскиот Народен театар. Таа доби и награда за најдобра женска улога на 18. ИФАД „Стоби“ 2021.

„Да го посветиш животот на театарот, а при тоа да не си дел од оние кои секогаш велат да, кои ја веднат главата, кои бескомпромисно се согласуваат со секоја лудост и молчат пред авторитетите, колку и да се незаслужени, самопрогласени – не е лесно. Јас тоа добро го знам, затоа што и тоа го наследив од татко ми. Денес е ретко да имаш свое јас, а уште поголема реткост, според мене, е таа големина да биде препознаена. Ја пренесувам неговата искрена благодарност и желбите на оваа сцена во годините кои следат да се изредат десетици-стотици колеги кои гордо ќе ја понесат плакетата со ликот на великанот на театарот Петре Прличко“, рече Степановска-Јанкуловска.

Врачена наградата „Петре Прличко“ за 2020 на затворањето на 18. ИФАД „Стоби“

Наградата „Петре Прличко“ за 2020 година која ја доби

актерот Слободан Степановски

актерот Слободан Степановски од битолскиот Народен театар вчеравечер беше врачена на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ на затворањето на 18. ИФАД „Стоби“ 2021.

Наградата која ја врачи градоначалникот на Велес Аце Коцевски, во отсуство на Степановски ја прими неговата ќерка и актерка Викторија Степановска-Јанкуловска, исто така од битолскиот Народен театар. Таа доби и награда за најдобра женска улога на 18. ИФАД „Стоби“ 2021.

За нејзиниот татко Слободан, рече дека во последен момент од оправдани причини бил спречен да дојде во Велес за да ја прими високата театарска награда која се доделува за значаен придонес во драмската уметност во земјава. Примајќи ја наградата, Степановска-Јанкуловска додаде дека и навистина жали што вечерта испуштила можност со татко ѝ да застанат на сцена и да ги примат наградите, бидејќи на сцена ретко застанувале како актери – партнери.

„Да го посветиш животот на театарот, а при тоа да не си дел од оние кои секогаш велат да, кои ја веднат главата, кои бескомпромисно се согласуваат со секоја лудост и молчат пред авторитетите, колку и да се незаслужени, самопрогласени – не е лесно. Јас тоа добро го знам, затоа што и тоа го наследив од татко ми. Денес е ретко да имаш свое јас, а уште поголема реткост, според мене, е таа големина да биде препознаена. Ја пренесувам неговата искрена благодарност и желбите на оваа сцена во годините кои следат да се изредат десетици-стотици колеги кои гордо ќе ја понесат плакетата со ликот на великанот на театарот Петре Прличко“, рече Степановска-Јанкуловска.

Наградата „Петре Прличко“ е посветена на доајенот на македонското глумиште, родум велешанец од Којник, и се доделува од 2006 година. Слободан Степановски е нејзин 14 добитник. На затворањето на 18. „Стоби“ беше одиграна претставата „Отело“ во копродукција на МНТ и Народниот театар од Зеница.

Наградата за најдобра машка улога – Зоран Љутков

Зоран Љутков

Наградата за најдобра машка улога, му беше врачена на Зоран Љутков за улогата на Силен во сатирска игра во режија на Деан Дамјановски во претставата „Орестија”,

Kопродукција на велешкиот Народен театар „Ј Х К-Џинот” и Националната опера и балет.Како што се вели во образложението на жири комисијата на фестивалот, Зоран Љутков во улогата на Силен се карактеризира со суверено и зрело мајсторство во сите сегменти на ликот реализирани прецизни актерски, пејачки и танцови партитури низ кои со неверојатна леснотија се претставени психоемотивните нијанси од драматичното во комичното со што неговиот лик несомнено станува актерски столб на целокупната театрологија „Орестија”.

Претставата „Пиреј“ се одигра во демирхисарско Белче

„Пиреј“ во режија Џон Блондел

Во демирхисарското село Белче се одржа премиера на претставата „Пиреј“ во режија Џон Блондел, која ќе има репризно прикажување и вечерва и утре вечер.

– Верувам дека сите, каде и да одиме или каде што сме во нас ја носиме топлината на тие души. Па во ова без малку паузирано време да поразговарам малку со нив за да видам до кај сум, до кај сме, како сме.. Да ми дадат совет, да им се исповедам, да им се пожалам, да им се пофалам… И, се разбира, да направам муабет за во иднина, истакна актерот Огнен Дранговски.

Претставата е во продукција на Lit Moon World, а Џон Блондел со оваа претстава повторно се враќа во земјава по гостувањето во Битолскиот театар во 2013 година, кога ја режираше „Хенри Шести“ и со која овој театар беше дел од големиот проект за изведба на дела од Шекспир во театарот „Глоуб“ во Лондон.

– Иако тогаш не знаевме, овој проект всушност започна пред четири години, кога Огнен Дранговски ме доведе во селото на неговиот дедо во Белче. Одамна напуштената куќа и другите градби беа силни потсетници на начинот на кој луѓето живееле, се смееле… умирале. Подоцна, кога ми кажа за „Пиреј“ на Петре М. Андреевски, знаев дека мораме ова да го направиме заедно и тоа мораше да биде во Белче. Приказната на романот за преживувањето меѓу бруталноста, апсурдноста и бесмисленоста на Балканските војни во почетокот на 20 век, се совпаѓа совршено со местата, звуците и мирисите на Белче. Ви се појавува вид нова состојба – сведоштво за минатото, а светол зрак за иднината и подарок за луѓето што ја споделуваат истата линија и кои ја испумпуваат истата крв, како Јон и Вeлика. Ова стана едно од моите најбогати искуства, вели Блондел.

Костимите во претставата се дело на Благој Мицевски, а учествуваат и гости музичари од САД, Џејмс Конели и Сајмон Блондел. Делото на Сергеј Андреевски е употребено наместо постер за претставата.

– По подолго време и од познати причини оваа прилика за работа на амбиентален театар на некој начин нè враќа и во неговата суштина. Театарот е жива материја, непосреден контакт со актерот и респект кон сè што не опкружува. Уживав во секој момент од работата со оваа интернационална екипа која допатува од другиот крај на светот за повторно да ни ги реоткрие вредностите на авторот и убавините на неговиот роден крај, изјави Мицевски.

Во претставата играат и група млади од Битола и од Демир Хисар – Бојана Јанкуловска, Анастасија Чипуровска, Александра Василевска и Љубен Најдовски.

Јелена Жугиќ вака се збогува со Сабина

 Имав огромна чест да бидеме колешки, партнери на сцена, пријателки, да делиме иста гримиорна во Драмски, да ми биде голема поддршка на почетокот на кариерата. Задоволство беше да се учи и за театарот и за животот од Сабина Ајрула Тозија 
Паметам како вчера да беше…
-иако во театарот имавме одличен шминкер, Сабина инсистираше да ме научи како сама да се гримирам, ми велеше: “само така ќе се концентрираш, со секој потег на четката, моливчето,сенката…полека ќе се трансформираш и влегуваш во ликот кој го играш”…ме научи и дека иако премиерата поминала никогаш текстот не го носиме дома, се додека се игра претставата текстот стои во шкафче и пред секоја претстава го повторуваме иако го знаеме…ме научи како со полни плуќа да “дишам” на работното место, како со леснотија и насмевка да ги надминувам “зад кулисните игри” и професионално да созревам…

Поминаа години од како последен пат се прегрнавме, кариерата на Сабина заблеска на меѓународно ниво и јас со задоволство и гордост ги следев нејзините успеси.
Величенствена жена, врвен професионалец и голем голем Човек

Почивај во мир драга Сабина, нека ти е вечно Името и Славата
❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️ Види помалку