ПРЕМИЕРА 16.07.21 – 20:00ч “МУРЛИН МУРЛО”

Албански театар Скопје

ПРЕМИЕРА 16.07.21 – 20:00ч “МУРЛИН МУРЛО”

Автор: Николај Кољада

Режија: Кристина Димитрова

Лектор: Илир Ајдини

Сценограф: Енес Деари

Костимограф: Марија Пупучевска

Музика: Томе Темелковски

Печатен материјал: Димитар Димитров

Kristina Dimitrova
Кристина Димитрова

Реч на режисерката Неговата драма „Мурлин Мурло“ е стилски совршена и жанровски неодредена. Уште во самиот наслов содржи тажно подбивање – прекар што провинциското гратче и го дал на душевно болната Олга од биполарно пореметување, девојка со трагичната суднина да биде главна мета за малтретирање. Мурлин Мурло е симболична кукла, а сепак живо човечко суштество, крик за подобар живот што оддекнува и на нашите простори. Дејствието се случува во провинцискиот руски град Сипиловск, кој е толку далеку од секое место кое го знаеме, и толку мал, што повеќето луѓе го немаат напуштено во текот на целиот живот. Дваесет и седум годишната Олга е една од нив, а драмата ја отсликува безнадежноста на нејзината егзистенција, нејзиното бркање на самата себе во нејзиниот внатрешен свет. Таа пишува детски песни во својот дневник и единствениот пријател што го има е Бог, кој ја посетува и управува со неа. Гледаме дека е грдото пајче што никогаш не пораснало и поради тоа ја нарекуваат Мурлин Мурло. Опшетсвото во желба за реформи создава суштества што, од искрена потреба за среќен живот, завршуваат ринтајќи на градилишта, немоќни на своите деца да им обезбедат примарно образование, ни правилна здравствена нега. Сите живеат и преживуваат во своите мали кафези и светови. Мајките стануваат ороспии, децата дебили, а принцот на белиот коњ – ѕвер. Во претставата се зборува за таа општествена девијација, за осаменоста, за желбата да се содзаде свет со љубов, надежи и страсти.

Кристина Димитрова

Играат: Сабина Мемиши, Елдин Широки, Гентиана Рамадани. Дритеро Аме.

Реализација: Раководител на сцена: Ибрахим Џемаили Испициент: Орхан Кадриу Лани Светло: Идавер Џемаили и Ахмет Чајани Тон: Нади Беџети Кројачи: Зира Аземи и Баки Курти Гардеробери: Атиџе Демири, Аднан Реџепи и Кадрије Авдиу Шминкери: Авди Билал и Нора Питарка

Реквизитер: Сулејман Ибрахими

Декоратери: Африм Рустеми, Џанер Мусиќ, Ремзи Халили и Суат Алиу