
МИЛАН КНАШКО ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА АКЕТРОТ НА ЕВРОПА 2021
Овогодинешното 19-тото издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа2021, ќе се одржи од 6 -11 јули.Оваа година, добитник на главната награда, Актер на Европа 2021 е познатиот актер МиланКнашко од Словачка, со богата филмска и театарска биографија, поранешен соработник на ВацлавХавел, министер за култура и министер за надворешни работи на Словачка.Фестивалот Актерот на Европа, кој традиционално се одржува од 6 до 11 јули, оваа година ќе сеима онлајн издание, заради ситуацијата која настана со глобалната пандемија COVID-19.Како што е познато, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент гопрогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.
Со ова престижно признание, Милан Кнашко, своето име ќе се вгради во европската меморија наконтинентот, покрај имињата на досегашните добитници, како што се Љуба Тадиќ (Србија), Јон Карамиитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне(Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија), Селма Алиспахиќ (БиХ),Марија До Сеу Гера (Португалија), Арт Доброши (Косово) итн.
Запрепастувачки е да се одбележи дека, и покрај тоа што во 19-годишното постоење овааединствена интернационална манифестација на бреговите на Преспанското езеро, со околу 200 библиографски единици во најпознатите европски новински медиуми како „Фигаро“, „Монд“,„Гардијан“ итн., оваа година не доби поддршка од Министерството за култура.
Фестивалот свечено ќе биде отворен со стиховите од класиците на македонскaта, грчката и албанската поезија, а потоа ќе следуваат поздравните говори на лауератот Милан Кнашко, директно од Братислава, амбасадорот на Словачка во Македонија Хенрик Маркуш, Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, Почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага,
Претседателот на интернационалното жири Мето Јовановски и Ректотот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и Претседател на фестивалот, Јордан Плевнеш.
Во официјалната конкуренција на онлајн изданието на фестивалот ќе бидат прикажани преставиод регионот и повеќе европски земји, меѓу кои: „Сонот за Хамлет“ во изведба на Ментор Зумберајод Косово, „Тобелија“ од Танцувачкиот театар од Љубљана, „Писмо од непознатата жена“ од Штефан Цвајг, во режија на Милан Маѓарев од Белград, „Дорунтина“ во адаптација и режија на Лаерти Васили од Тирана, а вон конкуренција, во чест на наградените ќе биде презентиранапретставата „Грабнувањето на Елена“ од Лука Чедрола, во изведба на минатогодишнатадобитничка на наградата Актер на Европа, Виола Грациоза од Италија.Претставите ќе можат да се гледаат на веб страната на фестивалот
hMp://www.actorofeurope.net/од 6 до 11 јул