
Деновиве се прославува 75 годишнината од постоењето на Куклениот, а подцна Драмски театар во чии основачи, во 1964 година сум и јас, заедно со Крум Стојанов, Тодорка Кондова Зафировска, Кирил Ќортошев, Вукан Диневски, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Нада Гешоска, Драги Крстевки – Анфи, Мара Исаја, Јон Исаја. Драмскиот театар прераснува во еден од најзначајните театри во СФРЈ, под водство на Ристо Стефановски како прв и долгогодишен директор. Драмски театар, во својот нов објект започнува со работа во населбата Карпош 2, во 1965 година, со премиерата на претсавата „Богомилска Балада“, според романот „Она што беше небо“ на Владо Малевски, а во адаптација на Милан Ѓурчинов и Илија Зафировски, и во режија на Тодорка Кондова Зафировска. Инаку во неговата предисторија, Драмскиот театар е создаден со надополнетиот ансамбл на претходниот Куклениот тетар, формиран во 1946 година. Горда сум што можев својот работен век да го остварувам во еден од најдобрите ансамбли не само во Македонија туку и во Југославија. Тоа беше театар кој беше носител на новите, авангардни текови во тетатрот и во драматургијата.Им ја честитам прославата на сите мои колешки и колеги, и им посакувам и на идните генерации да ја живеат театарската уметност во Драмскиот театар Драмски Театар – Скопје врз принципите на висока професионалност и добро обмислени репертоарни политики, како што тоа ние се обидувавме да го живееме. А пред се’, да се обидуваат да го сочуваат значењето на колективот и колективната работа, без кои ниту една уметност, а особено театарската, не може да опстои.