25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ

Актерите зборуваат за нашиот театар

Владимир Лазовски, актер во ТДМ

“Во далечната 1990 г. започна скромно со неколку вработени. Во 1993 г ги дочека своите први вработени актери. Просториите во кои што работеше беа изнајмени од тогашниот Сојуз на Борците (најверојатно од таму е и борбениот дух на Театарот). Претставите се играа во различни објекти, училишта, градинки, кино сали …Почна скромно но цврсто, борбено и упорно.Се редеа успеси, награди, признаниа. Бројот на вработени постојано се зголемуваше. Бројот на претстави и посетители растеше од ден на ден. Детскиот џагор, песна и смеа станаа негово секојдневие но и заштитен знак по кој сите го препознаваа.Во 1998 г го доби и својот скромен “театарски“ простор. Тоа беа просториите на некогашниот воен ресторан “Вардарче“.И повторно успеси, награди, признаниа, нови рекорди.Денес ТДМ е модерен, современ театар со повеќе од 40 вработени кои се грижат за неговото успешно работење, за неговиот репертоар, за својата публика, децата и младите, во постојана борба за изнаоѓање на нови начини и правци во театарскиот израз но и борба за поголем и подостоинствен театарски простор.

Чувај се и не запирај мој ТДМ!

Среќен ти Роденден!!!”

Владимир Лазовски, актер во ТДМ