
“Моите почетоци се непосредно поврзани со манифестацијата “Глумците пеат” во 1998 год. Колку и да звучи чудно, верувајте од тука започнува иницијативата и желбата за овој театар. Во тој период бев на паушал во Драмски театар, а на проби на “Глумците пеат”, каде најголемиот дел од учесниците беа од колективот на ТДМ. Добивам директен предлог од колегите со прашањето: “Дали би сакала да бидеш принцеза”? И сакав….многу! И покрај тоа што подоцна почнав да играм најчесто вештерки. И така од крајот на 1999 до денес сонот и љубовта кон овој театар, куклите и колективот, не е згасната…Со иста енергија, жар и љубов настапувам пред нашата публика со огромна одговорност да не се згреши нешто…Зашто верувајте, колку и да звучи како клише, нема подобра публика од нашата! На љубов-враќаме со љубов!Со желби за уште поголема широчина за Ваше и Наше уживање.
Среќен 31-ви роденден ТДМ!
Катарина Илиевска-Силјановска, актерка во ТДМ