25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Винета Дамческа – Мојаноска, актерка во ТДМ

“Кога куклите ги заменив со потпетиците на мама и кога посакав што побргу да влезам во светот на возрасните, мислев дека можеби и можам да се трансформирам во нешто невидливо. И си велев еве гледате, може да се биде било кој. Мислев дека на овај начин сум подготвена да продолжам за нешто ново. А баш негодував да не бидам третирана како ДЕТЕ.ТДМ…мала кутија, полна со магија…детски очи кои бараат живот различен од животот надвор…детски глас кој зажагорува низ публиката и тишината се преобразува… мојот прв предизвик (поголемото дете го гушна помалото во мене), знаев дека тука на оваа сцена можам тишината да ја претворам во гласност, гласноста во нежност, нежноста во болка, болката во љубов, љубовта во солза, солзата во радост. Ете тоа е таа магија, тоа е таа сложеност на енергијата (актер-гледач). Големите насмевки ги носат малите луѓе, дојдете и украдете им една.ТДМ-кутијата полна магија, сега ги облекувам моите потпетици, присетувајќи се на желбата на малото дете да го запознае големото.”

Винета Дамческа – Мојаноска, актерка во ТДМ