25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Ана Левајковиќ Бошков, актерка во ТДМ

“Магијата на театарот! Како мала се сеќавам на куклите наречени гињоли кои ми ги купуваше татко ми и со кои ме заигруваше секојдневно обидувајќи се да ме внесе во магичниот свет на приказните и куклите.Така анимирајќи ги, се повеќе ја разгоруваше мојата љубов кон тој нов магичен свет кој за мене сеуште беше непознат но интересен. ТЕАТАРОТ… И токму во овој театар ТДМ започнав да ги доживувам првите кукли и првите ликови. Застанав на таа матична сцена со голема радост, љубов, надеж и секој ден со секоја претстава се трудам да го поттикнам и разбудам креативниот свет на секое дете и само така можам да придонесам во будењето на нивната детска фантазија и љубов кон театарот. Убавината на играта во секоја претстава е да го разбудиме и тоа мало нешто кое долго ќе тлее во секое детско срце.

Чувајте го детето во себе и не дозволувајте да порасне.”

Ана Левајковиќ Бошков, актерка во ТДМ

#31godTDM