Театарот за деца и младинци денес 25.03.2021 го прославува 31. роденден

 Поради пандемиските услови, истиот скромно го  одбележуваме со низа пораки и честитки поделени на социјалните мрежи  од страна на нашите колеги актери. Театарот за деца и младинци  во изминатите три децении се докажал дека е најважната културна институција во нашата земја. Тој е местото каде што нашите најмлади ја остваруваат првата средба со културата и уметноста. Изминатата година и покрај пандемијата , нашиот театар од Октомври месец до денес, во континуитет реализира репертоарни активности . И годинава континуитетот продолжува со план за реализација на дури четири нови театарски претстави.

Двајца од нашите вработени колеги режисери, Драгана Милошевски Попов и Игор Ивковиќ  ќе реализираат две нови претстави во циклусот насловен ,, Нови соништа”. 

Во план е реализација на првата куклена претстава за возрасни, авторски проект на нашиот колега Драган Довлев кој се јавува во улога на режисер на истата.

Годинава планираме да изработиме уште две нови претстави за деца : ,, Во детската соба” ,  невербално фамилијарно шоу во режија на Милена Миланова од Софија, Бугарија и претставата ,, Палешка “  во  режија на гостин од Црна Гора. Нека ни е честит 31. роденден , со желба за надминување на околностите во кои живееме и повторни дружби во нашиот театар.