“Сирано” – Народен Театар Охрид …

Треба да се има огромна љубов кон театарот пред се – за да се работи ваков драмски текст… кој го критикува функционирањето на театарот – се со цел – само за да му помогне… Директно во фаца – се пласираат проблемите кои ги имаат театрите во денешницата – и тоа изгледа… на прва топка, верувале или не – толку смешно…

Но дали навистина е така?… Проблемите и ситуациите со кои се соочуваат ликовите во драмата пред се не се смешни – тие се, едноставно реални… И така треба да се сфати целата приказна што го прави ова дело чиста анти комедија – анти хумор – реално…

Разбирам – Вистината боли – но во исто време и е премногу смешна… или е премногу смешна – но во исто време и подеднакво боли…

Ние… театарските работници ги живееме проблемите од драмскиот текст секојдневно… На нас – не ни се воопшто смешни… Можеби само по малку интересни… А на сцената ќе видиме се – ќе видиме театар – во внатрешноста – во срцевината – театар зад кулисите – каде што се наоѓа вистината – каде што се наоѓа душата на театарот – моторот кој успорено работи…

Затоа – играме театар во хиперреалистична форма … До степен каде работите повеќе не се поставени за да бидат смешни… туку реални… до степен да публиката се замисли дали ова што на сцената моментално се случува е вистина или само „глума“… до степен да ги изнесеме проблемите во театарот реално како такви… како што буквално изгледа ситуацијата наша…

“Сирано” – Народен Театар Охрид …

Премиера – 6 Март …

според текст на Душан Ковачевич – “Лари Томсон”, трагедија на една младост…