Почина актерот Луран Ахмети

Луран Ахмети Албански театар – Скопје Македонија

Завршил на ФДУ во Скопје.

Веста за заминуванје на близок од овој свет,понекогаш толку те погодува што, од тага и болка која ја чуствуваш,занемуваш.
Драг мој Луран,твојата човечност и уметничкото богатство кое го поседуваше, ги заслужува нај убавите зборови што може за една личност-уметник воопшто да се кажат.
За сите şто те знаевме,а нароçито за твоите најблиски,твоето предвремено заминиванје е голема тага и жал.
Нека Севишниот те чува и ширум ти ги отвори рајските порти.

Луран,Луран,Луран.

Нa нaшиoт Лурaн Ахмети…Бидејќи сo тебе Лурaне дрaг, кaкo дa си зaминувa мoјaтa млaдoст и рaдoст и друштвo. И јaс немaм збoрoви сaмo тaгa, пријaтеле… Oвaa фoтoгрaфијa, бидејќи вaкa ќе те пoмнaм, сo Ертaн секoгaш. Нaјдoбри пријaтели, нaјдoбри глумци штo ги рoдилo мaкедoнскoтo небo…* Лурaн, друже- глумевме вo истa серијa, ќе те пoмнaм сo криглaтa пивo вo чaршијa, пo среќaтa зa твoетo дете, a и кaкo брaт нa Линдитa. Пoчивaј вo мир скoпскo нaше дете. Би сaкaлa oвa дa не е вистинa! Мнoгу сум тaжнa!?

Николина Василевска

Во театарот и филмот имаше значаји улоги;

Долината на стапицата волци (2015-2016)
Мутлу Ол Јетер (2015)
Величествениот век (2013)
Син Јаз-Балкан 1912 (2012)
Елведа Румели (2007-2009)
Балканска свадба (2009)
Пролетни полиња (2009)
Нашата единствена (2011)
Реис (2011)
Каракол – Херкес Адалет Остер (2011)

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Изабела Новотни, актерка во ТДМ

“Пред „даските што живот значат“ чукаат возбудливо детските срца, во полумракот светат најсапоцените очи на светот. На нашата љубов, одговараат со љубов. Ние актерите црпиме од вашата сила и фантазија, учејќи како длабоко во себе и ние да останеме деца.Затоа да продолжиме понатаму и покрај сите пречки, да бидеме среќни и да се надеваме дека набргу силно ќе се гушкаме, ќе си поприкажеме, без маски и на кратко ќе се разделиме до новата средба, до следната претстава.Запомнете, во вашата искрена насмевка ја гледаме нашата иднина.„Каде што се децата, таму е и златното доба“

Нека ни е среќен 31.роденден на нашиот театар!”

Изабела Новотни, актерка во ТДМ

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Драган Довлев, актер во ТДМ

? “Мојот прв ангажман во Театарот за деца и младинци се случи пролетта 1993 г., на сега веќе култната претстава “Спомени во ноќта” во режија на Боњо Лунгов. Во тој момент бев се уште студент на IV година на ФДУ и моите планови за идната кариера не беа поврзани со овој театар. Неколку месеци подоцна се вработив во ТДМ и станав член од едно мало семејство, кое познанството со проф. Лунгов го претвори во плодна театарска соработка и лично пријателство. Од денешна перспектива погледнато можам да кажам дека ми е чест што бев дел од првата генерација на ТДМ, генерацијата што го поплочи патот до успехот и го изгради реномето на овој театар кај нас и во странство. Театарот за деца и младинци ме дооформи како личност и ми овозможи да се реализирам како актер.

Среќен 31-ви роденден, да живее ТДМ!”

Драган Довлев, актер во ТДМ

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ

Актерите зборуваат за нашиот театар

Владимир Лазовски, актер во ТДМ

“Во далечната 1990 г. започна скромно со неколку вработени. Во 1993 г ги дочека своите први вработени актери. Просториите во кои што работеше беа изнајмени од тогашниот Сојуз на Борците (најверојатно од таму е и борбениот дух на Театарот). Претставите се играа во различни објекти, училишта, градинки, кино сали …Почна скромно но цврсто, борбено и упорно.Се редеа успеси, награди, признаниа. Бројот на вработени постојано се зголемуваше. Бројот на претстави и посетители растеше од ден на ден. Детскиот џагор, песна и смеа станаа негово секојдневие но и заштитен знак по кој сите го препознаваа.Во 1998 г го доби и својот скромен “театарски“ простор. Тоа беа просториите на некогашниот воен ресторан “Вардарче“.И повторно успеси, награди, признаниа, нови рекорди.Денес ТДМ е модерен, современ театар со повеќе од 40 вработени кои се грижат за неговото успешно работење, за неговиот репертоар, за својата публика, децата и младите, во постојана борба за изнаоѓање на нови начини и правци во театарскиот израз но и борба за поголем и подостоинствен театарски простор.

Чувај се и не запирај мој ТДМ!

Среќен ти Роденден!!!”

Владимир Лазовски, актер во ТДМ

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Aктерите зборуваат за нашиот театар

Катарина Илиевска-Силјановска, актерка во ТДМ

“Моите почетоци се непосредно поврзани со манифестацијата “Глумците пеат” во 1998 год. Колку и да звучи чудно, верувајте од тука започнува иницијативата и желбата за овој театар. Во тој период бев на паушал во Драмски театар, а на проби на “Глумците пеат”, каде најголемиот дел од учесниците беа од колективот на ТДМ. Добивам директен предлог од колегите со прашањето: “Дали би сакала да бидеш принцеза”? И сакав….многу! И покрај тоа што подоцна почнав да играм најчесто вештерки. ? И така од крајот на 1999 до денес сонот и љубовта кон овој театар, куклите и колективот, не е згасната…Со иста енергија, жар и љубов настапувам пред нашата публика со огромна одговорност да не се згреши нешто…Зашто верувајте, колку и да звучи како клише, нема подобра публика од нашата! На љубов-враќаме со љубов!Со желби за уште поголема широчина за Ваше и Наше уживање.

Среќен 31-ви роденден ТДМ!

Катарина Илиевска-Силјановска, актерка во ТДМ

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Винета Дамческа – Мојаноска, актерка во ТДМ

“Кога куклите ги заменив со потпетиците на мама и кога посакав што побргу да влезам во светот на возрасните, мислев дека можеби и можам да се трансформирам во нешто невидливо. И си велев еве гледате, може да се биде било кој. Мислев дека на овај начин сум подготвена да продолжам за нешто ново. А баш негодував да не бидам третирана како ДЕТЕ.ТДМ…мала кутија, полна со магија…детски очи кои бараат живот различен од животот надвор…детски глас кој зажагорува низ публиката и тишината се преобразува… мојот прв предизвик (поголемото дете го гушна помалото во мене), знаев дека тука на оваа сцена можам тишината да ја претворам во гласност, гласноста во нежност, нежноста во болка, болката во љубов, љубовта во солза, солзата во радост. Ете тоа е таа магија, тоа е таа сложеност на енергијата (актер-гледач). Големите насмевки ги носат малите луѓе, дојдете и украдете им една.ТДМ-кутијата полна магија, сега ги облекувам моите потпетици, присетувајќи се на желбата на малото дете да го запознае големото.”

Винета Дамческа – Мојаноска, актерка во ТДМ

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Марија Ѓорѓијовска, актерка во ТДМ

“Секое дете се раѓа со одредени предиспозиции. Случајно или не, ја избрав оваа професија и овој театар.Уште од првата средба со ТДМ се случихемија која треба само да ја доживееш.Да се предадеш со целата своја енергија, ентузијазам, фантазија. Да бидеш херојот на најмалата, најискрената, детска публика. Да ги насмееш и расплачеш, да ги испровоцираш и натераш заедно да фантазирате и верувате и во невозможното. Местото каде што се учат доброто и злото и секогаш се негува детското во себе. Театарот за деца и младинци – незаменлив, уникатен, единствен, мој.

Среќен роденден ТДМ!

Марија Ѓорѓијовска, актерка во ТДМ

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Ана Левајковиќ Бошков, актерка во ТДМ

“Магијата на театарот! Како мала се сеќавам на куклите наречени гињоли кои ми ги купуваше татко ми и со кои ме заигруваше секојдневно обидувајќи се да ме внесе во магичниот свет на приказните и куклите.Така анимирајќи ги, се повеќе ја разгоруваше мојата љубов кон тој нов магичен свет кој за мене сеуште беше непознат но интересен. ТЕАТАРОТ… И токму во овој театар ТДМ започнав да ги доживувам првите кукли и првите ликови. Застанав на таа матична сцена со голема радост, љубов, надеж и секој ден со секоја претстава се трудам да го поттикнам и разбудам креативниот свет на секое дете и само така можам да придонесам во будењето на нивната детска фантазија и љубов кон театарот. Убавината на играта во секоја претстава е да го разбудиме и тоа мало нешто кое долго ќе тлее во секое детско срце.

Чувајте го детето во себе и не дозволувајте да порасне.”

Ана Левајковиќ Бошков, актерка во ТДМ

#31godTDM

Театарот за деца и младинци денес 25.03.2021 го прославува 31. роденден

 Поради пандемиските услови, истиот скромно го  одбележуваме со низа пораки и честитки поделени на социјалните мрежи  од страна на нашите колеги актери. Театарот за деца и младинци  во изминатите три децении се докажал дека е најважната културна институција во нашата земја. Тој е местото каде што нашите најмлади ја остваруваат првата средба со културата и уметноста. Изминатата година и покрај пандемијата , нашиот театар од Октомври месец до денес, во континуитет реализира репертоарни активности . И годинава континуитетот продолжува со план за реализација на дури четири нови театарски претстави.

Двајца од нашите вработени колеги режисери, Драгана Милошевски Попов и Игор Ивковиќ  ќе реализираат две нови претстави во циклусот насловен ,, Нови соништа”. 

Во план е реализација на првата куклена претстава за возрасни, авторски проект на нашиот колега Драган Довлев кој се јавува во улога на режисер на истата.

Годинава планираме да изработиме уште две нови претстави за деца : ,, Во детската соба” ,  невербално фамилијарно шоу во режија на Милена Миланова од Софија, Бугарија и претставата ,, Палешка “  во  режија на гостин од Црна Гора. Нека ни е честит 31. роденден , со желба за надминување на околностите во кои живееме и повторни дружби во нашиот театар.

25 МАРТ – РОДЕНДЕН НА ТДМ Актерите зборуваат за нашиот театар

Мики Анчевски, актер во ТДМ

“Некако отсекогаш знаев дека ТДМ е вистинското место за мене. И не згрешив. Место во кое можете да бидете крал, принц, гавран, лав…да играте со тигар и слон во вистинска големина или да раскажете на публиката за страшниот погром во Полска за време на Втората светска војна. Од првата средба со ТДМ и првата претстава што ја изгледав таму (“Василиса прекрасна”), преку мојата аудиција за вработување (моето прво стапнување на таа сцена), до ден денешен, ми се потврдува она што го пишав на почетокот. ТДМ е место во кое ги следиме и учиме децата на нивниот пат да станат возрасни, а од друга страна го будиме детето во возрасните.Не дозволувајте детето во вас да згасне.

Среќен роденден ТДМ!”

Мики Анчевски, актер во ТДМ