Türk Tiyatrosu-Üsküp / Турски Театар-Скопје

24.02.2021 во 19ч. Премиера
26.02.2021 во 19ч. Реприза
Ова е навидум лека приказна во која веднаш ќе ја засакате госпоѓата Флоренс – жената којашто живее во заблуда за нејзиното музицирање, или подобро олицетворението на сите оние чиј копнеж за уметноста е спротивен од нивниот реален талент. Симпатично и ненападно таа ги освојува сите што го „градат“ светот околу неа, најважно – публиката која во еден определен момент што од забава – што од емпатија будно ја следи. Драмската предлошка на нашата претстава, покрај авторскиот текст, содржи референци и од екранизираната верзија и од драмата, кои се потпираат на биографските моменти на оперската дива Флоренс Фостер Џенкинс и го следат нејзиниот најплоден период во 1944 г. – Њујорк.
Кога некоја приказна по вистинит настан е филмувана, особено ако тоа е направено од некои големи и сериозни продукции, очекувањата и скептицизмот се секогаш присутни. Па така, не се ништо помали очекувањата и кога таа приказна се „игра“ и во театар.
Но ние, секако, овде ја раскажуваме нашата приказна, што помеѓу другото, е за сите оние коишто по секоја цена сакаат да ја остварат својата цел, спремни се на сѐ и кои се во ситуација и да поткупат. И приказна за сите оние кои си дозволуваат да бидат поткупени.
Тука никој не е поштеден. Сите сме повикани. Секој да размисли за самиот себе: до која мера може да молчи и до која мера ќе си дозволи да проговори. И што ќе каже? И кога?
Тој доминантен општествен механизам долго ме вознемирува и во секој мој работен процес се провлекува прашањето за „општествениот успех“ што се мери со трпение: колку понижувања можеме да издржиме и колку самите ние го правиме тоа?
Колку „Флоренс Фостер Џенкинс-и“ ги има околу нас? Дали сакаме да ги препознаеме? И кога конечно ќе ги препознаеме дали ќе успееме да го впериме прстот во нив? Ќе игнорираме ли, ќе останеме неми набљудувачи или ќе пресметаме што ќе кажеме – прашува нашата претстава. Па ајде веќе, до кога ќе се „туркаме со рака“ со реалноста…и со уметноста…
Драгана Милошевска – Попова , режисер
Билјана Крајчевска, драматург
СЛАВНАТА ФЛОРЕНС
По текстови на Питер Квилтер, Николас Мартин, Џулиа Коган, Билјана Крајчевска, Драгана Милошевска – Попова и многу други
Режија: Драгана Милошевска – Попова
Автор и драматург: Билјана Крајчевска
Превод од македонски на турски: Билге Емин
Сценографија: Татјана Блажевска -Христоска
Костимографија: Розе Трајческа – Ристевска
Композитор : Ирена Поповиќ – Драговиќ
Кореографија и сценски движења: Игор Киров
Вокоал- коуч: Гонца Богоромова Краповски
Корепетитор: Зоран Станишиќ
Играат
Бедија Беговска – Флоренс Фостер Џенкинс
Џенап Самет – нараторот Ерл Вилсон, новинар и музички критичар, Артуро Тосканини, Карло Едвардс и Доктор Херман
Селпин Керим- Сент Клер Бејфилд (сопругот на Флоренс, нејзин менаџер и актер)
Јеткин Сезаир – Козме Мекмун (пијанист и корепетитор на Флоренс)
Ебру Мусли – Кетрин Ведерли ( актерка – љубовница на Сент Клер Бејфилд, Лили Понс -оперска пејачка и Девојката од публиката)





Јеткин Сезаир – Козме Мекмун (пијанист и корепетитор на Флоренс)
