Охридски театар: „Сопружници” – бракот според Вуди Ален

Народниот театар од Охрид на 12 декември, имаше премиера изведба на претставата „Сопружници” работена според авторско дело на Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

„’Сопружници’ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа, пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите“, ќе посочи режисерката Драгана Таневска во најавата за претставата.

Улогите ги толкуваат Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Борис Далчев, Ванчо Василев…

Премиерата, поради актуелната здравствена состојба, ќе биде од затворен тип, посочуваат од Центарот за култура- Охрид.

Новата претстава „Сопружници“ ќе биде ставена на редовниот репертоар на Народниот театар Охрид во 2021 година, за да може да ја види и пошироката публика.