Премиера утре „Диши“ Драмски театар

(Бели дробови)

Од Данкан Мекмилан

29.12.2020 година

Режија: Димче Николовски – Димсата

Превод: Бојан Бошковски

Сценографија: Илија Николовски

Костимографија: Раде Василев

Улоги:

Јасмина Василева

Димитрија Доксевски

Инспициент: Жарко Намичев

Суфлер: Жаклина Цветковска

Тон – мајстор: Диме Илиоски

Светло – мајстор: Дејан Блажевски

Премиера: 29.12.2020 година

Кон претставата:

„Диши“ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. Диши како да живее низ преиспитување.

Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање.

Димсата

ПРЕМИЕРА” ПОСЛЕДНАТА ЛЕНТА НА КРАП ” СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ

РЕЖИЈА И ВО УЛОГАТА НА КРАП ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ

30 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 2020 12 ЧАСОТ MHT

” ПОСЛЕДНАТА ЛЕНТА НА КРАП “
СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ
РЕЖИЈА И ВО УЛОГАТА НА КРАП
ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР МАЛА СЦЕНА

На 30 декември на малата сцена во МНТ со почеток во 12:00 премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски.

Претставата е ко-продукциски проект помеѓу Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Продуцент е Ѓорѓи Јолевски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.На светло дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло – операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон – Ненад Трпеноски.

Фото: Тамара МалкоскаПРЕТСТАВАТА Е РАБОТЕНА И СЕ ИЗВЕДУВА СО СИТЕ ПРОТОКОЛИ ЗА ЗАШТИТА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА!!!

Изложба – “Сценска тишина”

Македонскиот народен театар ја слави својата 75-годишнина Изложба – “Сценска тишина”

“Сценска тишина”

Во годината во која Македонскиот народен театар ја слави својата 75-годишнина, период доволно долг за испишување на историја и достојно одбележување, светот, а со тоа и културата, се соочија со голема пандемија. Театарот остана без верната публиката, актерот не е на сцената, текстот е неизговорен. Остана тишината. Изложбата „Сценска тишина“, во продукција на МНТ, претставува желба и мотив театарот да се врати на сцената каде што ѝ припаѓа. Односно обид да се реконструираат претставите кои се на тековниот репертоар на МНТ преку костими, сценографија и/или реквизити. Театарската претстава како нужно врзана за времето и просторот во кој се одржува, постои единствено во времето во кое се одигрува. Поради тоа денес сцената е празна, но останува театарската светлина, мигот/сеќавањето за погледната претстава и поттикот да се посети непогледнатата претстава. Низ фотографиите и видеото на Драган Гајиќ се раскажува за моќта на актерот, концептот на режисерот, приказната на авторите и креативноста на авторите на сценографијата и на костимографијата. Низ изложбата, работена по идеја и во реализација на Ивана Јарчевска и Мила Анѓелковиќ, прикажани се костими во кои играат актерите на МНТ, сценографиите на: Никола Тороманов, Илина Ангеловска, СвенЈонке, Костантин Трпеноски, Вишња Вујовиќ, Лоренцо Банчи, Владимир Жерновски и Валентин Светозарев; и костимографиите на: Марија Пупучевска, Илина Ангеловска, Снежана Пешиќ-Раиќ, Свила Величкова, Роза Трајческа-Ристовска, Ивана Каранфиловска-Угуровска, Александар Ношпал, Мануела Паладин, Лидија Георгиева, Кокев и Кадриу, Елена Пандева, Антонија Гугинска-Јорданоска и Елена Вангеловска.Поради состојбата, изложбата е единствено достапна онлајн во вид на фотографии и како видео – објавено на јутјуб-каналот на МНТ.https://www.youtube.com/watch?v=9pSZD_wY68oИдеја и реализација: Ивана Јарчевска и Мила АнѓелковиќФотограф и видео реализација: Драган ГајиќДизајнер на видео ефекти: Илија ЦветковскиДизајнер на каталог: Димитар ДимитровГардеробери: Валентина Чонкова и Скендер БеришаРеквизитери: Соња Крстевска и Боби ГелиќСветло – мајстор: Игор ЃеоргиевСветло – оператор: Горјан ТемелкоскиТехничка поддршка: Ангел Петровски и Ненад ТрпеновскиКоординатор на сценска техника: Ивица УрдаревиќМанипуланти на горен и долен погон: Горан Димов, Васко Бојаџиски и Трајче ТасевскиДекоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Павле Кралевски, Мартин Китановски, Саво Ивановски, Едмонд Хајредин, Дурмиш Сефер, Ибраим Рамани, Хусеин ХалилиДиректорСимона УгриновскаДекември 2020 година

СЦЕНОГРАФИЈА, РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР
КОСТИМ НА МАРИЈА НОВАК
сценограф: СВЕН ЈОНКЕ
костимограф: СНЕЖАНА ПЕШИЌ – РАИЌ
режисер: АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР
СЦЕНОГРАФИЈА, РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР
КОСТИМ НА МАРИЈА НОВАК
СЦЕНОГРАФИЈА, РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА СИЛЈАН ШТРКОТ ШАНЦА
КОСТИМ НА ТИНА ТРПКОСКА, АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕСКИ/СЛАВИША КАЈЕВСКИ, НИНА ГАЧИЌ ДЕАН И ВЛАДИМИР ЈАЧЕВ/НИКОЛА АЦЕСКИ
сценограф и костимограф: ИЛИНА АНГЕЛОВСКА
режисер: СРЃАН ЈАНИЌИЈЕВИЌ
РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА СИЛЈАН ШТРКОТ ШАНЦА
РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА СИЛЈАН ШТРКОТ ШАНЦА
СЦЕНОГРАФИЈА, РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН
КОСТИМ НА ЗВЕЗДАНА АНГЕЛОВСКА, СЛАВИША КАЈЕВСКИ, НИКОЛА РИСТАНОВСКИ И АРНА ШИЈАК
сценограф: НИКОЛА ТОРОМАНОВ
костимограф: МАРИЈА ПУПУЧЕВСКА
режисер: АЛЕКСАНДАР МОРФОВ
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН
РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА КЕЦ НА ДЕСЕТКА
КОСТИМ НА ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ И СОФИА НАСЕВСКА – ТРИФУНОВСКА/НИНА ГАЧИЌ ДЕАН
костимограф: ИВАНА КАРАНФИЛОВСКА – УГУРОВСКА
режисер: ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ И ЈОРДАН СИМОНОВ
СЦЕНОГРАФИЈА, РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА МАКБЕТ
КОСТИМ НА АНА СТОЈАНОВСКА, ДРАГАНА КОСТАДИНОВСКА, САШКО КОЦЕВ И СЕНКО ВЕЛИНОВ
сценограф: КОСТАНТИН ТРПЕНОСКИ
костимограф: РОЗА ТРАЈЧЕСКА – РИСТОВСКА
режисер: НЕЛА ВИТОШЕВИЌ
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА МАКБЕТ
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА МАКБЕТ
СЦЕНОГРАФИЈА, РЕКВИЗИТА И КОСТИМ ЗА ПРЕТСТАВАТА БЕСАЧИ
КОСТИМ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ И ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ
сценограф: НИКОЛА ТОРОМАНОВ
костимограф: СВИЛА ВЕЛИЧКОВА
режисер: ЈАВОР ГРДЕВ
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА БЕСАЧИ
РЕКВИЗИТА ЗА ПРЕТСТАВАТА БЕСАЧИ

IN MEMORIAM Љупчо Петрушевски (1945 – 2020)

Љупчо Петрушевски (1945 – 2020)

Македонскиот народен театар со големо жалење ја објавува веста за ненадејното заминување на Љупчо Петрушевски, доајенот на македонскиот театар. Актерот Љупчо Петрушевски дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во МНТ. Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на МНТ, а потоа 1988 до 1999 година е директор на МНТ. Повторно е директор на Драмата на МНТ во периодот од 2004 до 2006 година. Петрушевски беше неразделен дел од театарот и по пензионирање беше верен поддржувач и гледач на претставите на своите колеги. Секогаш ќе остане запомнет по маркантниот став и секогаш кога ќе се појавеше привлекуваше со внимание и посветеност. Беше неизмерно посветен на театарот. На сцената го имаше релативно кратко, од 1967 до 1984 година, но во голем број на главни и споредни улоги. Во аналите на МНТ ќе остане како директор кој постојано се бореше театарот и преставите да стигнат што подалеку од матичната сцена и да го пронајдат својот пат до сите.

Првата улога во МНТ ја има во претставата Случајот во Виши (1967). Препознатлив е по улога на Хоакин Муриета, главниот лик во Славата и смртта на Хоакин Муриета (1976). Некои од позначајните улогите ми се Михаил Антонов во Macedonishe Zustande (Мацедонише Цуштенде) (1984), Витезот од Рипафрата во Мирандолина (1985), Виќа во Сомнително лице (1982), Пјер во Граѓанинот благородник (1982), Владимир во Габи (1982), Луков во Житолуб (1981), Ѓорѓија во Милион маченици (1980), Непознатиот во Сојтарии (1979), Чорниј Вашил во Кенгурски скок (1979), Кметот во Соблазна во Шентфлоријанската долина (1976), Таке Фарфуриди во Загубеното писмо (1975), Пуба Фабрициј Глембај во Господа Глембаеви (1974), Шого во Тесен пат кон далечниот север (1972), Гаврил Игњатович во Фома (1972), Џони Бојл во Јунона и паунот (1971), Фомин во Зајдисонце (1971), Зигфрид Крампоносец во Фарса за храбриот Науме (1971), Вознескенсиј во Живиот труп (1971), Арагонски кнез во Венецијанскиот трговец (1970), Федотик Алексеј Петрович во Три сестри (1970), Флориндо во Венецијански близнаци (1968), Другарот Тројкин во Бања (1968), Нил Стратонич Дудукин во Без вина виновни (1968), Павле Власов во Мајка (1968) и Џон во Живот во моите раце (1968). Игра и во Остен (1981), Молскавици (1981), По претставата (1981), Кандид (1980), Обесеник (1979), Бесови (1978), Алексијада (1978), Крчма под зеленото дрво (1977),’48 (1977), Отепвачка (1976), Хемиските потписи на човечките организми во воздухот (1975), Од многу ум (1974), Под пирамидата (1971), Херкул и оборите на Авгиј (1971), Парите се отепувачка (1970), Дабот и ангорските зајаци (1969), Играта нанаредникот Мазгрејв (1969), Печалбари (1969), Чекор до есента (1969), Вител (1968), Сенка (1967), Антигона (1967) и Време од вашиот живот (1967). Петрушевски ќе остане запомнет и препознатлив и по филмските и телевизиски улоги меѓу кои Скопски сновиденија (1988), Ѕвездите на 42-та (1987), Климент Охридски (1986), Сомнително лице (1985), Трговецот од Солун (1985), Од зад грб (1985), Нели ти реков (1984), Лет во место (1984), Слана во цутот на бадемите (1983), Записник (1983), Илинден (1982), Јужна патека (1982), Едно лето (1982), Наши години (1979), Сослушувањето на железничарот (1976), Прва вечер (1975), Вујковиот сон (1970) и Маљва (1969). Засекогаш ќе остане дел од МНТ. Нека почивај во мир

Охридски театар: „Сопружници” – бракот според Вуди Ален

Народниот театар од Охрид на 12 декември, имаше премиера изведба на претставата „Сопружници” работена според авторско дело на Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

„’Сопружници’ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа, пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите“, ќе посочи режисерката Драгана Таневска во најавата за претставата.

Улогите ги толкуваат Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Борис Далчев, Ванчо Василев…

Премиерата, поради актуелната здравствена состојба, ќе биде од затворен тип, посочуваат од Центарот за култура- Охрид.

Новата претстава „Сопружници“ ќе биде ставена на редовниот репертоар на Народниот театар Охрид во 2021 година, за да може да ја види и пошироката публика.

Награда „Свети Јоаким Осоговски“ за актерот Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски

Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ за значаен придонес во областа на театарот и културата што ја доделува истоимениот меѓународен театарски фестивал што се одржува во Крива Паланка.

Наградата ќе му биде врачена на лауреатот Тодоровски на 18. декември, со пригодна свеченост во салата на Собранието на општина Крива Паланка, со почеток во 12 часот и со почитување на пропишаните здравствени протоколи.

Наградата ќе му ја врачи градоаначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, а за уметничките креации на Гоце Тодоровски ќе говорат Благоја Чоревски и Гоце Ристовски. Пред присутните ќе се обрати и наградениот актер Гоце Тодоровски, потсетувајќи на најпопуларните негови актерски улоги во тетарот и на филмот. Гоце Тодоровски завршил Факултет за драмски уметности на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и набргу по дипломирањето се вработил во Драмскиот театар истакнувајќи се како суптилен комичар.

На сцената на матичниот театар но и како гостин на професионалните театарски сцени во нашата земја остварил голем број улоги, а останува запаметен по улогите Лука Лукиќ во „Ревозор“ од Гогољ, Докторот во „Веселата смрт“ од Евреинов, Цанде во „Солунски патрдии“ од М. Попоски, Пантагруел во „Пангуриј“ од Р. Богдановски, Царчето во „Чудото на Свети Ѓорѓија“ од Р. Богдановски, Леле мале во „Јадигар“ од В. Манчев, Питу во „Сара Бернар“ од Џ. Марел, Генералот во „Балконот“ од Ж. Жене, Ринго во „Чија си“ од С. Насев, Ќорле во „Кумови“ од К. Ангеловски, Кирца во „Викенд на мртовци“,Ангеле во „Лет во место“ од Г. Стефановски, Докторот во „Болва во уво“ и други. Гоце Тодоровски е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми и серии. За своите актерски остварувања добитник е на Награда за најдобра улога, за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“, на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп а во 1986 година беше прогласен за најпопуларно ТВ лице според весникот „Вечер“.

Гоце Тодоровски оствраил и четиресетина улоги на филм и тв и во популарни тв серии, меѓу кои во „Наши години“, „Јуначко колено“, „На наш начин“, „Солунски патрдии“, во Македонските народни приказни, „Среќна Нова 49“, „Трст виа Скопје“, „Чук, чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Ангели на отпад“, „Салон Хармони“ и др.

Наташа Поплавска за Баге

“Како мене, Пјаф” 2001

Благоја Стефановски Баге – Актер, Директор, Министер за култура и најголемиот театарски татко си замина од оваа сцена. Вистински претприемач во културата, човек кој направи милион мостови помеѓу театарите на нашата мала Македонија, регионот, Европа и Светот. Баге беше прв во многу работи, многу негови идеи реализирани во културата и денес се столбови во нашата културна историја. Баге умееше да препознае уметник и да му отвори ширум врата во Битолскиот театар. Баге беше првиот што ја разбра потребата за раѓањето на независна театарска сцена во Македонија. Па така уште во 2001- ва година кога тој беше Директор на Битолскиот театар, а јас тазе дипломиран режисер со тукушто регистрирана театарска куќа “Арт медиа” дојдов кај него за да му понудам соработка. Тој ме прими и ми кажа искрено дека е невозможно веднаш да почнам да работам претстава, дека ќе треба да почекам до следната сезона. На што јас исто искрено одговорив “ јас не сум сигурна следната година дали таа претстава ќе сакам да ја правам.” Баге застана за миг, ме погледна убаво и најверојатно ја виде потребата за креација во моите очи и одговори : – “ Тогаш ајде, повели, почни веднаш. А јас ќе ти помогнам со се што можам. “ И така би, јас почнав да работам претстава на темата Едит Пјаф и кабаре со битолската актерка Елена Моше и Фолтин. Таа година 2001 ва беше тешка година, се случи првиот полициски час во новиот милениум. Беше грозна атмосферата по Битолските улици, но Баге не дозволи театарот да застане, како што многумина дозволивме сега ….За време на полицискиот час во Битола во 2001 година тој продуцираше две претстави , првата “На дното” во режија на Бора Драшковиќ со огромна актерска екипа во која Баге покрај директор беше актер и втората претстава, моето кабаре “Како мене Пјаф” . Истовремено актерите на битолскиот театар секоја вечер играа претстава. Јас живеев во театарот, во убаво средена гримиорна зошто апартманите беа полни со колеги од регионот. Беше прекрасно чувство Битолскиот театар да ти биде твој дом. Битолскиот театар во времето на Баге беше центар на идеи, центар на размена на уметници и дела… тоа беше најживиот театар што некогаш сум го видела. Баге ми го покажа театарот како најубавата и најсреќната планета што може совршено да фукнкционира 24 часа и нон-стоп да се “игра”. Нашите проби почнуваа од 11 часот навечер и траеа до 5 часот изутрина, на Бора пробите од 10-14ч. Од 16 часот веќе започнуваа подготовки за вечерашните изведби на претставите…. тоа беше ТЕАТАР ….А кога дојде Баге да ја гледа претставата, јас имав најголема трема и со крај на око ѕиркав накај него…..тој уживаше….нема да ја заборавам неговата широка насмевка и очи што светкаат од радост. Се заљуби во претставата и ја однесе секаде каде што имаше можност. Претставата го живееше својот интензивен театарски живот на разни сцени по регионот и светот, па еве и годинава по долго време пак дојде во Скопје и ја одигравме на фестивалот “Гола месечина. “ Од тогаш наваму не направив претстава во Битолскиот театар, но затоа оваа претстава стана антологија во нашата театарска историја и единствена во земјата која 20 години живее благодарение на тебе Баге и ги чека своите следни изведби во Велес. Ти благодарам за се што направи за мене, што подоцна како Министер ја поддржа и мојата претстава “Мадам Кабаре”, ти благодарам и за моето “Буре Барут”што во 2015 та го однесе во Бугарија, што мојата “Лисистрата” во 2016 ја однесе во Албанија, ти благодарам што беше до крај мој поддржувач. Баге мој мил, мој театарски татко….си заминуваш од овој свет кој ти многупати го направи поубав. Мојот вистински татко ќе те чека таму некаде каде што гори пламенот на уметноста. Те чекаат и другарите театарџии… се надевам дека ќе ги собереш сите и ќе ја направите ангелската претстава. Знам дека ќе го сториш тоа, само ти ја имаш таа голема и силна енергија за творење. Патувај мирно кон светлината, а јас никогаш нема да ја заборавам твојата посветеност, љубов и страст кон градењето на ТЕТАРОТ. Ќе бидеш засекогаш мојот голем театарски татко и учител. А јас ти ветувам дека во 2021 ќе направам турнеја низ Македонија и регионот со нашата заедничка продукција на кабарето “Како мене, Пјаф”! Секоја претстава ќе ја играме како ти да не гледаш! Ќе пееме за тебе ❤️??Нека ти е вачна слава!

Александар Поповски за Баге

Драг Баге,

Есенва ми пиша дека си подобро и дека ме чекаш да се вратам и да се видиме. Не се видовме. За жал, последниве години се помалку те гледав. Сега читам си бил болен. Беше болен, ама не од она кое медицината го лекува. Беше болен по театарот. Беше болен затоа што остана одвоен од тетарот. А за тоа иљач нема. Можеби за некој друг човек , но за тебе, за некој кој толку многу сакаше театар, кој беше роден во театар, кој живееше само за театар, тешко.Дете бев кога прв пат те сретнав. Предводеше една група глумци. Изгледавте како ликовите од Галското село на Астерикс. Страшно добра банда. Ти , Иљко, Пепи, Јоана, Чоре…Битолски театар. Едно големо семејство. Се сеќавам со Унко отидовме да ја гледаме претставата „Балканот не е мртов”. Преубава претстава со преубави глумци. На пат назад зборуваваме за тоа дека во Скопје нема таков театар кој е како фамилија. Ве гледав и ви завидував колку ви е убаво, колку сте заедно, колку се забавувате и си играте мајтап едни со други.Не знам дали познавам друг таков фанатик за театар како тебе. Можеби Ристо Стефановски. Ристо и ти. Ми се допаѓаше како го бранеше Битолски театар. Сакаше секогаш да сте најдобри, први, подобри од сите други, на прво место. Тотално необјективно и со огромна страст. Шапката долу. Само ти смеше да ги караш твоите глимци, никој друг. Кога работев претстава во твојот театар, ти веќе беше Министер за култура. На една проба се појави и прва работа отиде да ја ставиш кофата на место на кое знаеше дека капе од кровот. Тоа се вика да ја знаеш секоја дупка во театарот. Еден ден снема струја, а ние требаше да играме претстава. И јас викам: „па добро, ќе ја откажеме”. Никогаш нема да ја заборавам реакцијата на актерите: „Нема шанса да ја откажеме претставата, Баге нема да дозволи”. Во Битолски театар не е откажана претстава од не знам која година. Ќе играме на газиени лампи ако треба. Таков фанатизам не сум сретнал, а како одат годините не сум сигурен и дека ќе сретнам. Колку малку знаеме да ги почитуваме и да се гордемее со луѓето како тебе. Не те сочувавме. Не ја сочуваме и прераскажавме приказната за твојата приказна. Не научивме да се чуваме како семејство. Семејството се искара, куќата ја запалија, ја растурија, синовите те избркаа на улица. Не само твоето семејство. Нашето семејство. Ти си на некој начин симбол на таа наша тага и срамота. Со години се делиме и се гледаме преку нишан. Ние децата од истата фамилија. Од театарската фамилија. Тажно и срамотно. Твојата љубов за театарот и начинот на кој правеше тој да биде најважната работа на светот се нешто што не смееме да го заборавиме. Она што ти го направи со Битолскиот театар, оние претстави кои се случија таму, тоа е една од најубавите приказни со кои еден театар може да се гордее. Театар без легенди не постои. Ти си легенда на Битолскиот и на Македонскиот театар. Легенда која треба да се раскажува и раскажува за да не се заборави, за да еден ден да дојде некој друг, којшто ќе ја собере фамилијата.Знам дека таму кадо што си сега те чека Иљко и дека нема да си сам.Ти благодарам многу за се, најмногу за љубовта кон театарот и за убедувањето дека животот без театар не е живот.

ИН МЕМОРИАМ/ БЛАГОЈА СТЕФАНОВСКИ – БАГЕ

ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА

БЛАГОЈА СТЕФАНОВСКИ – БАГЕ

Благој СтефановскиБаге (роден во Битола на 7 март1953, починал 3 декември2020

Почина Благоја Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и директор на битолскиот театар.

Зад Стефановски стои богата професионална кариера поврзана со културниот живот во градот и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во меѓународната театарска асоцијација НЕТА. Благоја Стефановски – Баге е добитник на бројни признанија и награди, а последнота беше од Општина Битола кога минатата година ја доби Наградата

На 67 годишна возраст поради компликации од Ковид -19 почина Благоја Стефановски -Баге актер и долгогодишен директор на Битолскиот народен театар, поранешниот министер за култура, поранешен пратеник, како и спортски работник вклучен во Ракометниот клуб Пелистер.

Благоја Стефановски-Баге, беше човекот кој живееше за театарот и за културата, многу години посветени на културата во земјава и нејзина валоризација надвор од државните граници.

Минатата година тој ја го доби највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.