
После седум месеци полека ја будиме нашата Трнорушка.
Премиера во петок на 16 октомври од 17:00 и од 19:00 часот и во сабота 17 октомври од 18:00 ч.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба утре ( четврток ) од 10:00 часот на билетара во театар Куманово.
За времетраењето на претставата е задолжително носење на заштитна маска и строго почитување на сите здравствени протоколи за да може да уживаме во театарот.
Заради протоколите бројот на билетите е ограничен.
Работно време на билетарницата
10.00 – 14.00ч и 17.00 – 20.00ч.