Драмски театар Скопје: Информација за прикажување на онлајн претстави

Почитувани,

Утревечер (петок, 22.5.2020) со почеток во 20:00 часот, на Јутјуб каналот на Драмски театар Скопје 

ќе можете да ја видите претставата 

Беличанец и Сапсов „ Грев или шприцер “

„Грев или шприцер“ од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски.

За сабота (23.5) во 19:00 часот ќе емитуваме претстава за младите „Капетанот Џон Пиплфокс“ по текст на Душан Радовиќ, а во режија на Коле Ангеловски.

Со почит,

Театар Комедија и овој петок продолжува со вонредната сцена

НУ Театар Комедија и овој петок продолжува со содржини од вонредната сцена.

“Oвој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот.

Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица, информираат од Театар Комедија.

Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.

Давид Илиќ, актер: Не треба да се суди по надворешниот изглед на човекот

Злото е навлезено длабоко во луѓето, па затоа младите се прашуваат дали е веќе битно да се држиме кон моралните вредности

Давид Илиќ својот талент го наследува од неговите родители. Односно е син на познатите актери Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ, кои освен што ни се познати од театарски претстави, имавме можност да ги гледаме и на телевизиските екрани во Народни приказни. Давид уште како дете започнува да покажува желба за глума поради што активно започнува на учествува во театарски претстави. По завршување на средното училиште се запишува да студира драмски уметности. Денес работи во Кумановскиот театар каде публиката има можност да ужива во разновидни претстави. Исто така тој има добиено и награда за главна машка улога на Интеф Фестивал во Шабац, одиграна во претставата Драга Јелена Сергеевна. Давид за ВЕЧЕР отворено зборуваше дека денес границите на моралните вредности се изместени, но и дека  не го засега кој како е облечен.

Поѕнатите актери Горан и Кети

Облеката на Давид

На младиот актер не му а важно дали ќе носи брендирана облека или не, туку да се чувствува удобно во неа.

– Јас не следам модни трендови, за жал. Многу ми е важно дали се чувствувам удобно во облеката која ја носам. Исто така не обрнувам внимание дали имам брендирана облека или не и од каде потекнува истата. Мене не ми е важно и како ќе бидат облечени луѓето околу мене, вели Илиќ.

Пркосење на младите со моралните вредности

За моралните вредност на младите Давид вели:

– Младите денеска како и целиот свет се во хаос. Вредностите се премногу изместени. Мислам дека сè уште не можат “да ги ценат” луѓето по никаков критериум, поради тоа што не знаат како да се ценат себеси. Злото е навлезено длабоко во луѓето, па затоа младите се прашуваат дали е веќе битно да се држиме кон моралните вредности. Најлесниот начин е да се држиме до толпата односно, во овој случај, како е облечена толпата. Поради тоа младите луѓе ја прифаќаат оваа опција насмеано. А, за некој успех гледаат да вложат минимален труд. Затоа сега младите се оптеретени со инфлуенсерство или блогерство.

Облеката не зборува за човекот

Илиќ смета дека облеката не зборува за особините на човекот и дека не треба да даваме свое видување врз основа на надворешниот изглед.

– Облеката на еден човек ја покажува само припадноста кон некаква група, не го покажува човекот каков е. Секако дека не треба да се суди по надворешниот изглед на човекот. Не можам никако да дадам позитивно образложение како човек да си ги смени навиките. Човекот сам стигнува до промените во самиот себе. Така што каков пат и да покажам сигурно ќе ве однесам во погрешна насока. Најважното е да се негувате и да бидете свои, вели за крај за ВЕЧЕР. 


https://www.vecer.press/ (М.Анчевска)

ВЛАДО ДОЈЧИНОСКИ ЗА МАГАЗИН: ЗА УСПЕХОТ ТРЕБА ДА ОДВОИТЕ ВРЕМЕ И ДА УЧИТЕ ОД ПОДОБРИТЕ ОД ВАС!

Познатиот македонски актер Владо Дојчиноски, познат по своите улоги во македонските народни приказни, во искрено интервју за Магазин, открива дел од снимањата на народнитe приказни и ни открива како ја започнал својата кариера која се искачи на врвот на актерството во Македонија.

Охриѓанецот Владо Дојчиновски кој е заштитно лице и еден од главните актери на македонските народни приказни за магазин открива дел од своето секојдневие на приватен и прифесионален план, а исто така зборува и за своите колеги кои воедно му се и многу добри пријатели, кога не се заедно на театарската сцена.

Дојчиноски освен останатите улоги многу често го глуми царот улога по која некогаш беше препознатлив легендарниот Ѓорѓи Колозов.

Владо Дојчиноски е роден на 27.02.1986 година во Охрид од родители Лиле и Лјупчо Дојчиноски. Завршил основно образование и средно економско училиште во Охрид.

Драмскиот факултет го завршува во Софија. Уште додека е на факултет почнува со снимање на првите приказни во 2006 година, за кој тој е заслужен што оваа легендарна серија егзистира и ден денес, како главен носител и иницијатор, за продолжување на делото на легендарниот Ѓорѓи Колозов.

А на публиката му е најпознат во Македонските народни приказни, чии главен лик го толкува токму тој.

Дојчиноски денес работи во театарот Колозов, и народниот театар Куманово. Има играно во повеќе детски претстави, како: Бегалка, Макбет, Ревизор, Бегај евеја жена ти, МАНИ, МАНИ, МАНИ, хи-фи, женско царство, а во детските Јованче и Марка, рибарот и златната рипка, ловечка сказна, пинокио, малата сирена, Итриот и завидливиот, Али баба и 40 разбојници, Убавицата и ѕверот, Сказна за рибарот и рипката, Авантура, Малата сирена и др. Претстави за возрасни: Ахасвер, Женско царство, Лето во ноември, Предградие.

Најчесто во приказните го глумите Царот, дали можеби тоа е улога во која најмногу уживате и зошто?

Да имам играно цар, ама па и не најчесто. Многу повеќе приказни имавме без цареви, па играв измеќари, чорбаџии, ангели, лавови, арамии, итри, мрзливи и навистина во сите нив уживав подеднакво. Најважното беше тоа што на сите им дадов душа, ги оживеав, ги направив вистински и реални. Сите си имаа своја цел своја борба во приказната.

Меѓу вас, во народните приказни има колеги кои имаат богато искуство, може ли да издвоите еден од кој слушате совети, кој на некој начин ви е поддршка?

Не можам еден, морам барем тројца и многу битни за мене. Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски. Глумчишта. Благодарен сум му на бога што ги запознав, да работам со нив, но и многу да научам.

Како започна вашата актерска кариера?

2006 година во локална телевизија во Охрид ТВ Морис. Направив 12 сценарија за приказни. Организирав екипа во телевизијата, заедно со газдата обезбедивме спонзори за тие 12 епизоди и за прв пат стапив во контакт со Шенка.  

И ја раскажав целата идеа дека сакам да продолжиме да ги снимаме приказните и Шенка ми откажа велејќи дека тоа не е можно. Бев упорен и се јавив повторно, повторно ме откачи. Отидов кај неа со сценаријата и со идеата. Се согласивме да снимаме една пилот епизода. Шенка ги организираше другите актери, се собравме ја снимавме ја измонтиравме и епизодата излезе доста пристојна. Продолживме со снимање и снимивме 12 епизоди. Немав завршено факултет. Откако завршивме со снимањата Шенка ми рече, ти кога ќе завршиш ќе работиш со мене. И така беше. Завршив и првата претстава беше Убавицата и ѕверот во приватниот театар Колозов, кој го водеше Шенка, а во претставата игравме јас, Шенка, Ванчо и Зорица Панчиќ.

Прво и огромно искуство. Потоа продолживме и со други театарски претстави за возрасни па продолживме повторно со приказните, па се вработив како редовен актер во Кумановскиот театар.

Легендарните актери Владо Дојчиновски и Шенка Колозова. Симбол и дело на македонските народни приказни.

Отсекогаш ли сакавте да бидете дел од Македонските народни приказни?

Како дете ги обожавав приказните. Немаше приказна што ја немав гледано и снимено на видео лента. Ги знаев сите реплики напамет. И секогаш кажувам дека сонот ми се исполни од повеќе. Тогаш сонував дека некој ден ќе ги запознам актерите кои ги обожавав, а сега веќе работам рамо до рамо со нив. Станавме одлична екипа, одлични колеги и пријатели.

Која улога би ја издвоиле како фаворит која што најмногу ви оставила впечаток?

Не можам да издвојам улога. Сите ми се фаворити на различен начин. За секоја улога било на театар, телевизија или филм треба многу да одвоите време од себе. Да се даде дел од својата душа, да се оживее, да стане вистина. Дури и негативецот се бори за своја цел, па и од него си дел. Мојот многу драг пријател и колега Ванчо Петрушевски викаше Ние за секоја улога правиме докторат и вистина е така. Ај после разбери која ти е помила.

Ќе има ли нови приказни, дали моментално снимате?

Дали ќе има не знам. Сценаријата се подготвени, не снимени стојат. Екипа има. Актерите сакаат да ги снимаат, но нестрпливо исчекуваат некој да рече ајде. Ама за жал уште пред три години кога згасна продукцијата во Македонија никој повторно не рече ајде. За жал не се снимаат.

Не се снима ништо ништо, нема средства и запре се. Уште пожално што Македонија, државата го прекина субвенционирањето за создавање на македонска продукција на нашите телевизии и замре се, Нити се снима нешто со наши средства нити се гледа. До кога ќе видиме. Белким ќе дојдат подобри времиња, па некој ќе се сети дека треба да имаме и ние Македонска продукција, а не да гледаме само увезени турско-српски-бугарски-шпански серии.

Како ве препознаваат на улица, како “синот, чиракот или царот” од Македонските народни приказни, ви годи ли популарноста?

Секако. Во почетокот бев глумецот од приказните, дури многумина ми кажуваа реплики што сум ги кажал. Сега ми е мило што ме викаат најмногу Владо Дојчиноски, а тоа од приказните главно сеуште стои. Секако дека ми годи. Тоа е најголема награда за мене. Кога ќе дојдат и ќе ме изгушкаат на улица многу сум среќен. Со тоа ми го збогатуваат ми го разубавуваат денот, а знам дека и јас сум им го разубавил и на нив.

Дел од снимањата на Македонските народни приказни. Актерот Владо дојчиновски во улога на царот.

Ќе сакате да ни откриете како треба според вас да изгледа македонска современа жена?

Македонската жена секогаш е храбра, силна жена. Го носи својот товар од минатото, го живее моментот, мисли на иднината и не само за неа, ама и за сите околу неа. Барем тие околу мене се такви. Мојата баба, мајка, сопруга. Многу ги сакам.

Дали улогата на „татко“ влијаеше на вас како личност, и колку тоа имаше удел во вашиот професионален живот?

Секако дека имаше. Тоа е најубавото нешто што ми се случило. Секој ден ми е најубав кога ми започнува со синчето. Се поткрева се буди и со насмеано усте ме вика тато. Само замислете го моментот. Имам најголема причина за кого правам, за кого да се грижам и борам. Да не зборувам колку креативни идеи ми има дадено кога го гледам како се смее, како си игра. Љубовта кон него нема граници. Безусловна е и најискрена и мила.

Би сакале ли да ни се придружите да пишувате по некогаш приказни за нашите читатели?

Зошто да не. Само треба да ја пронајдеме формата, како би изгледало сето тоа.

Роден си во Охрид, Бисерот на Македонија. Како го поминуваш слободното време со твоите најблиски?

Сите сакаме музика. Собрани на маса со мезе ракија, винце и секогаш добра македонска изворна песна. Сите заедно во еден глас.

Каде најчесто се релаксирате. Кое е она место каде одите секогаш кога сакате да бидете опуштени далеку од секојдневието?

Ја сакам природата и многу често сум покрај езеро или планина. Ловам риба, шумски плодови, шетам низ планина и пеам.

https://www.magazin.mk/