Список на дела на Шекспир

Класификација на драмите

Драмите на Вилијам Шекспир на Сер Џон Гилберт, 1849.

Во Првото фолио се вклучени 36 драми на Шекспир, класифицирани под комедии, истории и трагедии.[149] Две драми кои не биле вклучени, „Перикле“ и „Двајцата благородни земјаци“, денес се сметаат за шекспирови, бидејќи експертите се согласуваат дека Шекспир допринел многу во нивната композиција.[150] [151]Во Првото фолио не е вклучена ниедна песна од Шекспир.

Кон крајот на XIX век, Едвард Дауден класифицирал четири од подоцнежните комедии како романси. За овие драми се користи уште и терминот трагикомедии.[152] Овие драми и „Двајцата благородни земјаци“ се обележани со астериск (*). Во 1896, Фредерик С. Боас го вовел терминот „проблематични драми“ во описот на четирите драми: „Секое зло за арно“, „Танте за кукуригу“, „Троил и Кресида“ и „Хамлет“.[153] Тој вели: „драмите не може да се стават стриктно под комедија или трагедија“.[154] Овие „проблематични“ драми, со исклучок на „Хамлет“ која се смета за трагедија,[155] подолу во списокот се обележани со двоен крст (‡). Драмите за кои се смета дека се делумно на Шекспир се обележани со крст (†), додека останатите драми кои му се припишуваат се наречени апокрифни.

Набљудувано хронолошки, творештвото на Шекспир може да се подели во четири етапи: во првата, од 1590 до 1594 година, тој се занимавал со обработка на некои постари драмски дела, но ги направил и првите самостојни драмски чекори, особено во областа на комедијата („Комедија на грешките“, „Скротената фурија“, „Двајца благородници од Верона“ и „Залудниот труд на љубовта“), во историската драма („Хенри Шести“ во три дела и „Ричард Трети“), и во трагедијата („Тит Андроник“ и „Ромео и Јулија“); од втората етапа која го зафаќа периодот 1595-1600 година значајни се комедиите: „Сон на летната ноќ“, „Многу врева за ништо“, „Како што ви е мило“ итн., како и историските драми: „Кралот Џон“, „Ричард Втори“, „Хенри Четврти“ и „Хенри Петти“; третата етапа, од 1601 до 1608 година се истакнува со големите трагедии: „Јулиј Цезар“, „Хамлет“, „Отело“, „Кралот Лир“, „Магбет“, „Антониј и Клеопатра“ итн., како и двете мрачни комедии „Сè е добро што добро ќе се сврши“ и „Мерка за мерка“; најпосле, четвртиот период е наречен „романтичен“ и ги опфаќа делата: „Бура“, „Зимска бајка“, „Симбелин“ и „Хенри Осми“.[156]

75. МНТ Македонски народен театар

Драги наши доајени, некогашни и сегашни колеги, драги љубители на театарот! Денес ја славиме 75 годишнината од првата премиера на Македонски народен театар – претставата „Платон Кречет“ во режија на Димитар Ќостаров. Иако денес сцената е празна, сите ние го чувствуваме мирисот на сцената и театарската светлина во нас. Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост …

Балканот не е мртов 2001

Вие, актерите, од различни генерации одигравте/играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секокаш дававте/давате се од себе.

Женидба-1979

Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инжинерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и вашата посветеност е непроценлива.

Црнила 005 – 2005

Сите заедно направивме театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика! Иако прв пат се соочуваме со празна сцена и празни седишта, повторно светлата ќе се запалат, сценографијата ќе иде на сцената и вие, актерите, ќе ги облечете костимите и изговорите текст, затоа што театарот бил, тука е и ќе остане засекогаш! Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање на нови претстави, проекти, изложби ….

Пикник – 1958

Театарот од секогаш бил во нашите срца и мисли! Поради тоа, на сите кои сте биле и сте дел од МНТ на било кој начин би сакале да ви заблагодариме за сѐ и за секоја ваша пожртвуваност да ви оддадеме почит! Нека ни е честит јубилејот!  

Швејк во втората светска војна 1963


НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР