
Националната установа Театар Комедија денес, на Светскиот ден на театарот – 27 март, го заокружува својот осми роденден.

„Во текот на изминативе осум години во Театар Комедија, кој важи за најпосетуваниот театар во земјава, се поставени вкупно 34 премиери, остварени се голем број гостувања и соработки, а театарот може да се пофали и со бројни награди и признанија.
Оваа година во Театар Комедија ќе изостане вообичаената премиера на 27 март, но по нормализирањето на ситуацијава, актерите и целиот тим на театарот ќе бидат тука за да им ги наполнат ‘животните батерии’ на посетителите со нова енергија и надеж“, велат од институцијата од каде истакнуваат дека во меѓувреме театарот ги обезбедува со смеа своите гледачи преку нивниот онлајн репертоар – на нивниот You tube канал, каде во одредени термини се емитуваат снимки од нивни претстави.
За Денот на театарот е резервирана „Ах, љубов моја“ (режија: Коле Ангеловски), која е првата одиграна претстава во Театар Комедија.