TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

Тихомиср Стојановски

Ајде да видиме за античките слави и култови. Митологија и дарови.

“… Во Артемидините култови чести се игрите и маскирањата… користени се маски на стари и грди жени… со весели песни, од кои веројатно се развила буколиката, група луѓе одела од куќа до куќа со венци и еленски рогови на главата…” 48

Очигледен е сличен процесот на славењето како на коледарство, василичарство, џамаларство, сурвескари и слични народни обредни слави денес кај нас забележани како верски народни игри влезени во христијанството или именувани со епитетот пагански.

Во истата книга можеме да извлечеме многу податоци за врската на театарот и религијата на македонско тло.

На пример за Менадите како : “… придружнички на Дионис… носат тирс… играат во транс… играат со силени и сатири… го растргнале Орфеј (оти им ги дал словата на Македонците и Траките)… бронзена фигура со Менада е најдена во Тетово како игра оро од 4 век п.н.е., на вазна најдена во Демир Капија прикажан е Дионис како игра со Менадите…”.

Секако по овие податоци можеме да зборуваме за врската на театарот и орото и песната. И нашата теза за настанувањето на сценската уметност од процесот на верските слави и процесии. Секако не е небитен фактот за митската планина Олимп која во “Речник Грчке и Римске митологије” е “…планина на граница на Македонија и Тесалија…”49

Со ова повторно сета нејзина митологија и приказните за земја на Боговите има врска со културата на македонско тло. Во подножјето на Олимп се наоѓа Дион светиот град на Македонците. Во книгата на Д. Пандермалис се поместени податоци за него.

Дека “… реката во Дион е врзана со Орфеј… жените во налет на јарост… го убиле блиску до Дион… и реката ја нарекле Бапхирас…” 50

или дека “… во театарот во Дион имало светилиште на Дионис… околу оркестарот течел канал со вода… театарот имал подземен премин од зад сцена до средината на оркестрата…”51

или дека “… имало стадион каде старите Македонци имале Олимпски игри… дека е најден Хидраулис – музички инструмент со цевки, вода, воздух, претходник на црковната органа… дека Еврипид ги напишал трагедиите “Баханалии” и “Архелај” во Македонија…”52

и секако повторно ќе поместам еден податок за натпис на надгробен споменик најден во Дион кој вели:

“…умрел рано и неговото тело е предадено на земјата Македонија…” 53