Јани Бојаџи: Ех бре Чичо!

Почина Ванчо Крстевски. Ех бре Чичо! Е оти? Го викавме Чичо а беше Младич! Бевме дечишта, 14-15 годишни кога почнавме да се интересираме за театар. Ја гледавме “Бледица“ на Васе Манчев. Чичо го играше Брат ми! Генијално, без ниту една единствена реплика го играше ликот што ме фасцинираше до таму што кога Коле Черкезов ме покани да играм во неговата трупа се согласив затоа што ми ја понуди улогата на Ванчо. Беше тоа мојата прва претстава и мојата прва улога во театар. Подоцна Чичо беше еден од “моите актери“ не само во струмичкиот театар туку и во многу наши телевизиски и филмски проекти. Беше интелигентен, образован, умен, тивок а најмногу од се чувствителен и човекољубив. Беше суштина на дете заробена во форма на џин! Почивај во мир. Бог да те прости.