Осум години постоење на Театар Комедија

Националната установа Театар Комедија денес, на Светскиот ден на театарот – 27 март, го заокружува својот осми роденден.


„Во текот на изминативе осум години во Театар Комедија, кој важи за најпосетуваниот театар во земјава, се поставени вкупно 34 премиери, остварени се голем број гостувања и соработки, а театарот може да се пофали и со бројни награди и признанија.
Оваа година во Театар Комедија ќе изостане вообичаената премиера на 27 март, но по нормализирањето на ситуацијава, актерите и целиот тим на театарот ќе бидат тука за да им ги наполнат ‘животните батерии’ на посетителите со нова енергија и надеж“, велат од институцијата од каде истакнуваат дека во меѓувреме театарот ги обезбедува со смеа своите гледачи преку нивниот онлајн репертоар – на нивниот You tube канал, каде во одредени термини се емитуваат снимки од нивни претстави.
За Денот на театарот е резервирана „Ах, љубов моја“ (режија: Коле Ангеловски), која е првата одиграна претстава во Театар Комедија.

Снежана Конеска Руси: Театарот е лековит, ослободува од страв! Шахид Надим од Пакистан испатија хумани пораки за денот на театарот.

“Паѓа – се крева, се урнисува – се издигнува, се спротивставува – заздравува. Преживува се: беда, сиромаштија, конфликти, војни, делби, цензури…клучни кругови, чести кризи, смени на генерации…“, вели Конеска –Руси меѓудругото во пораката по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март. Таа истакнува дека генерации глумци заминуваат, но театарот останува, опстојува и пркоси на просторот и времето

“Театарот е лековит. Ослободува од страв, а ослободен од страв човек живее, се

радува, создава, задоволен е. Задоволен човек оди во театар… Да, театарот подучува, твори слики невидени, раскажува, нахранува, охрабрува, создава јазик разбирлив за сите, создава трајно единство на автори, актери, гледачи, не‘ штити, не‘ засолнува, не’ сака… “, се вели меѓудругото во македонската порака на актерката и режисер Снежана Конеска Руси, напишана по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март.

Во пораката Руси истакнува дека генерации глумци заминуваат, но театарот останува, опстојува и пркоси на просторот и времето.

“Паѓа – се крева, се урнисува – се издигнува, се спротивставува – заздравува. Преживува се: беда, сиромаштија, конфликти, војни, делби, цензури…клучни кругови, чести кризи, смени на генерации – и секогаш истото прашање – „може ли театарот повеќе од ова долу-подолу?. Театарот му пркоси и на филмот. Кој ќе надвладее? Филмот или театарот? Стравував од доминацијата на филмот. Тој не нуди одживување на туѓиот живот, тој можеби го ослободува гледачот од мака, но и го полни со агресија. Се обидува да создаде илузија кај човекот дека е надчовек. Театарот само го формира човека како човек“, објаснува Руси во пораката.

Таа додава дека стравува и од новата битка на театарот со интернетот.

“Театарот за нас е дијалог, интернетот е дијалог на поединецот со светот. Секој прави лажна претстава за себе. Секој има свој Фејсбук профил и секој сака да се презентира и да создаде свој имагинарен свет. Секој свесно или несвесно, става маска, игра своја „игра“, некоја улога во животот “ – па нели „целиот свет е театар“? А „светот е сцена“ (Шекспир). Најточно ќе прозвучи латинската изрека – Totus mundos agit histrionem! (светот цел во глумење се дал). Во театар, под режисерската рака, глумецот ја отфрла маската, се разоткрива себе си, секоја улога ја откинува од животот, за да биде веродостојна, за да му се верува безрезервно… Театарот сака да ја зачува својата моќ, за да може да твори, да креира нов свет, да ѕирка во забранетото, да ја открива вистината… убавината… да ја препорачува и поезијата, толку потребна на овој свет, а глумецот – ќе сака и ќе треба да ја дарува… тоа е и наша мисија – да им ја вратиме на луѓето вербата во соништата… “, посочува во пораката Снежана Конеска Руси.

Шахид Надим: Театарот има благородна улога во мобилизирањето на хуманоста

“Заедно, можеме да ги откриеме духовните димензии на театарот и да изградиме мостови меѓу минатото и сегашноста водејќи се кон иднината која е судбина на сите заедници; верувачи или неверувачи, актери и старци и нивните внуци“, вели драмскиот автор и новинар од Пакистан, Шахид Надим, автор на светската порака по повод Светскиот ден на театарот.

Тој додава дека во денешниот свет, каде фанатизмот, омразата и насилството се во пораст, народите се устремуваат против народите, а верниците се борат со други верници.

“…И во меѓувреме децата умираат од неухранетост, мајките за време на породувањата заради недостаток на навремена лекарска грижа, а идеологијата на омразата цвета. Нашата планета тоне се подлабоко и подлабоко во климатска и климактичка катастрофа и веќе може да се чуе топотот на коњите од Четворицата Јавачи на Апокалипсата. Ние мораме да ја надополнуваме нашата духовна сила; мораме да се бориме против апатијата, летаргијата, песимизмот, лакомоста и непочитуавањето на светот во којшто живееме, на Планетата на којашто живееме. Театарот има улога, благородна улога во витализирањето и мобилизирањето на хуманоста за да се подигне себеси од спуштањето кон бездната. Тоа може да ја подигне сцената, изведбениот простор во нешто свето.“, се вели во пораката на Надим.

Снешка Конеска Руси да ја напише домашната порака за денот на театарот

Светски ден на театарот! Цеститки до сите насхи театарски уметници, но И до оние работници без кои театарскиот чин е незамислив, а не се експонирани И не се малку! ИТИ- Унесцо – Мк , годинава ја избра Снешка Конеска Руси да ја напише домашната порака за денот. Повелете!

За светскиот ден на театарот Митко Бојаџиски – драмски писател

фото. Среќо Гунчев

ЧЕХОВ ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА НА КОЛЕРА

Чехов 1892 година му пишува на А. С. Суворин колку е тешко да си доктор во време на епидемија. Ова се извадоци од писмото. Во оваа време на епидемија на колера, јас сум единствен доктор на 25 села, 4 фабрики и 1 манастир. На секој болен треба да му се посвети 5-10 часови и повеќе. Додека пренесувам еден болен, успеваат да се разболат и умрат десет. Мојата душа е како во затвор. Државата не ми даде ни копејка. За организирање на ситуацијата, приморан сум постојано да се молам на богаташите де, за едно, де, за друго. Ја избавив државата дури и од расходи за средства за дезинфекција. Меѓу другото, никогаш не сум живеел толку бедно како сега. Се си купувам со свои пари, дури и леб. За литературата и помислувам понекогаш, но не пишувам ништо. Кога ќе дознаете од печатот дека со колерата е завршено, тоа ќе значи дека повторно сум почнал да пишувам. А додека и служам на земјата, не ме рачунајте за литерат. Да ловиш во исто време два зајака е невозможно!

Нека ни е честит светскиот ден на театарот!

Митко Бојаџиски – драмски писател

СРЕЌЕН 30. роденден ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ „Сон што трае“

„Сон што трае“

На денешен ден (25 март 1990), со претставата ЧУДОВИШТАТА ОД НАШИОТ ГРАД, почнa со работа единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција.
Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија.
По повод 30 годишниот јубилеј создадовме МОНОГРАФИЈА, во која е сумиран три деценискиот развој на нашиот театар.
Монографијата, заедно со останатите активности по повод роденденот, разбирливо ќе бидат поместени за друга прилика, во која заедно со нашата публика ќе се радуваме.

“Малата сирена”

 

“Малата сирена” (дански: Den lille havfrue) е бајка напишана од данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен за една млада сирена која е подготвена да се откаже од својот живот во морето и нејзиниот идентитет како сирена за да се здобие со човечка душа .

Приказната за првпат беше објавена во 1837 година и е адаптирана на разни медиуми, вклучувајќи музички театар, куклен театар, театар и анимиран филм.

Малата Сирена (цртан филм)

„Малата Сирена“ (англискиThe Little Mermaid) е американски цртан филм од 1989 година. Ова е 28-тиот долгометражен цртан филм изработен во продукцијата на „компанијата Волт Дизни“.

Расплет

Во цртанот се работи за малечка сирена која упорно сака да го види светот на луѓето, но нејзиниот строг татко и забранува. Сепак таа скришно собира предмети од потонатите бродови на луѓето и ги собира во една пештера. Луда по авантури Ариел се издига на површината на морето каде што ќе здогледа брод на кој има забава. Таа се доближува до бродот и го здогледува принцот Ерик на кому му е роденден. Кога ќе настане несреќа на бродот принцот Ерик паѓа во водата без свест. Таа го спасува и го носи до брегот, кога тој ќе се освести таа си заминува во водата. Ариел ќе се заљуби во Ерик и ќе посака да биде вечно покрај него. Со тоа таа ќе биде спремна да ја плати цената на морската вештерка Урсула, за да и створи нозе. Филмот исто така е мјузикл со прекрасна музика која ќе допри до многу малечки срца.

Малата сирена

Во Сараевскиот воен театар на 23 ноември, се одржа премиерата на куклената претстава “Малата сирена”.
Авторот на текстот Љубица Остојиќ, режисерка Куленовиќ Дубравка Зрнчиќ.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

Тихомиср Стојановски

Ајде да видиме за античките слави и култови. Митологија и дарови.

“… Во Артемидините култови чести се игрите и маскирањата… користени се маски на стари и грди жени… со весели песни, од кои веројатно се развила буколиката, група луѓе одела од куќа до куќа со венци и еленски рогови на главата…” 48

Очигледен е сличен процесот на славењето како на коледарство, василичарство, џамаларство, сурвескари и слични народни обредни слави денес кај нас забележани како верски народни игри влезени во христијанството или именувани со епитетот пагански.

Во истата книга можеме да извлечеме многу податоци за врската на театарот и религијата на македонско тло.

На пример за Менадите како : “… придружнички на Дионис… носат тирс… играат во транс… играат со силени и сатири… го растргнале Орфеј (оти им ги дал словата на Македонците и Траките)… бронзена фигура со Менада е најдена во Тетово како игра оро од 4 век п.н.е., на вазна најдена во Демир Капија прикажан е Дионис како игра со Менадите…”.

Секако по овие податоци можеме да зборуваме за врската на театарот и орото и песната. И нашата теза за настанувањето на сценската уметност од процесот на верските слави и процесии. Секако не е небитен фактот за митската планина Олимп која во “Речник Грчке и Римске митологије” е “…планина на граница на Македонија и Тесалија…”49

Со ова повторно сета нејзина митологија и приказните за земја на Боговите има врска со културата на македонско тло. Во подножјето на Олимп се наоѓа Дион светиот град на Македонците. Во книгата на Д. Пандермалис се поместени податоци за него.

Дека “… реката во Дион е врзана со Орфеј… жените во налет на јарост… го убиле блиску до Дион… и реката ја нарекле Бапхирас…” 50

или дека “… во театарот во Дион имало светилиште на Дионис… околу оркестарот течел канал со вода… театарот имал подземен премин од зад сцена до средината на оркестрата…”51

или дека “… имало стадион каде старите Македонци имале Олимпски игри… дека е најден Хидраулис – музички инструмент со цевки, вода, воздух, претходник на црковната органа… дека Еврипид ги напишал трагедиите “Баханалии” и “Архелај” во Македонија…”52

и секако повторно ќе поместам еден податок за натпис на надгробен споменик најден во Дион кој вели:

“…умрел рано и неговото тело е предадено на земјата Македонија…” 53

Јани Бојаџи: Ех бре Чичо!

Почина Ванчо Крстевски. Ех бре Чичо! Е оти? Го викавме Чичо а беше Младич! Бевме дечишта, 14-15 годишни кога почнавме да се интересираме за театар. Ја гледавме “Бледица“ на Васе Манчев. Чичо го играше Брат ми! Генијално, без ниту една единствена реплика го играше ликот што ме фасцинираше до таму што кога Коле Черкезов ме покани да играм во неговата трупа се согласив затоа што ми ја понуди улогата на Ванчо. Беше тоа мојата прва претстава и мојата прва улога во театар. Подоцна Чичо беше еден од “моите актери“ не само во струмичкиот театар туку и во многу наши телевизиски и филмски проекти. Беше интелигентен, образован, умен, тивок а најмногу од се чувствителен и човекољубив. Беше суштина на дете заробена во форма на џин! Почивај во мир. Бог да те прости.

IN MEMORIAM Ванчо Крстевски актер / 1960 – 03.03.2020/

03.03.2020 година на 59-годишна возраст почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.

Од струмичкиот театар известија дека утре, 4 март, во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Крстевски беше роден на 30 ноември 1960 година, а беше член на Струмичкиот театар од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.

Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а глумеше и во филмовите „Прашина“ на Милчо Манчевски и „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Митевска.

Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин“ ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.

За актерот Mитко Гогов рече: Денес животот го напушти прекрасен човек и пријател, а уште поголем актер, великан и тоа не само за струмичкиот, туку и за македонскиот театар.

ми беше чест што те знам, премногу заеднички театарски разговори, преседени вечери после претстави на кои до зори сме говоре за текстот, за актерската игра, за режијата, за местото на обичниот човек во големата слика на светот, за драмските болки, за модерните болести на човештвото и потребата од сангејзинг за смирување на умот и душата.

ќе недостигаш Ванчо Крстевски, чиче, маестралноста на твојата игра ќе фали на штиците што живот значат. до следно видување, отаде нашето земно познавање на нештата – почивај во мир чич Ване!