ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ актер

Владо Јовановски роден е 27 февруари 1967 г., во Пробиштип. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности,Скопје, на oтсекот за драмски актери во класата на проф. Љубиша Георгиевски во 1991 г. Од 1992 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

  • СЕЛЕКТИВНА ТЕАТРОГРАФИЈА
    • Бил (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
    • Вангел (Прекината Одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацег Гломб, копродукција: Македонски народен театар и театар „Хелена Моджејевска“, Полска;
    • Иван Петрович Војницки (Вујко Вања, 2015), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
    • Клаудиј, кралот на Данска (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Крсте Мисирков (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Петар Степанович Верховенски (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Нестор (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Грофот Алмавива (Фигаро се разведува, 2008), автор: Еден фон Хорват, режисер: Куштрим Бектеши, продукција: Македонски народен театар;
    • Антон Антонович Сквозник (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Мето (Оркестар титаник, 2006), автор: Христо Бојчев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Скретничарот, Кирил (Папокот на светот, 2004), автор: Венко Андоновски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Спасе (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Иван Шатов (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Еригон (Еригон, 1999), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Михаил (Мурлин Мурло, 1998), автор: Николај Кољада, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Инкасаторот, Константин (Маме му ебам кој прв почна, 1997), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Трофимов Петар Сергеевич (Вишновата градина, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Свештеникот (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • Роман Мистик (Лепа Ангелина, 1995), автор: Благоја Ристевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Михаил Семјонович Собакевич (Мртви души, 1994), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Симон (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Гаврил (Јануари, 1994), автор: Јордан Радичков, режисер: Вје Парапанов, продукција: Македонски народен театар;
    • Актер (Туку така под облака, 1994), синопсис и режија: Александар Поповски и Дарко Митревски, продукција: Културен центар Мала Станица;
    • Цар Самуил (Женски прилог за ноќта, 1993), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Хектор, Ахил (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Дионис (Словенски Орфеј, 1992), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“- Струмица;
    • Чарли (Надвор од умот, 1991), автори: Александар Микиќ, Васил Христов и Јордан Симонов, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Блохин (Денови од нашиот живот, 1989), автор: Леонид Андреев, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Ди Боа (Мизантроп, 1989), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.
  • СЕЛЕКТИВНА ФИЛМОГРАФИЈА
    • Големиот Вед (Анка, 2017), режисер: Дејан Ачимовиќ;
    • (Есен на самураите, 2016), режисер: Данило Бечковиќ;
    • Доктор Васил (Ослободување на Скопје, 2016), режисери: Данило и Раде Шербеџија;
    • Јордан (Лазар, 2014), режисер: Светозар Ристевски;
    • Иљо (До балчaк, 2014), режисер: Столе Попов;
    • Таткото на Ана (Враќање, краткометражен филм, 2014), режисер: Дина Дума;
    • Кале (Децата на сонцето, 2014), режисер: Антонио Митриќески;
    • Пепо (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски;
    • Капетен (Колона, краткометражен филм, 2012), режисер: Ујкар Хусај;
    • Продавач (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски;
    • Зеко (Возвишување, 2011), режисер: Немања Бечановиќ;
    • (Крајот на светот, краткометражен филм, 2010), режисер: Јани Бојаџи;
    • Мето (Време на кометата, 2008), режисер: Фатмир Кочи;
    • Бигорски (Тајната книга, 2006), режисер: Владо Цветановски;
    • Трендафил Каранфилов (Бал – Кан – Кан, 2005), режисер: Дарко Митревски;
    • Лазо, таткото на Марко (Илузија, 2004), режисер: Светозар Ристевски;
    • Вториот пријател во кожната јакна (Големата вода, 2004), режисер: Иво Трајков;
    • Учителот (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
    • (Вета, краткометражен филм, 2001), режисер: Теона Митевска Стругар;
    • Пророкот (Збогум на дваесеттиот век, 1998), режисери: Дарко Митревски и Александар Поповски;
    • Тахир (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митриќески;
    • Гаврил (Ангели на отпад, 1995), режисер: Димитрие Османли;
    • Фидан (Светло сиво, сегмент: Ѓавол во срцето, 1993), режисер: Дарко Митревски;
    • Невзет (Македонска сага, 1993), режисер: Бранко Гапо;
    • Дионис, Зевс, Аристеј змија (Словенски Орфеј, ТВ филм, 1992), режисери: Ацо Алексиев и Горан Тренчовски.
  • НАГРАДИ
    • Награда за ТВ проект – „Истражи ја Македонија“ 2012 г. на „Златна Буба мара на популарноста“;
    • Награда за актер за 2001 г. на „Златна Буба мара на популарноста“;
    • Награда на ревијата Екран за најдобро актерско остварување на филм и на ТВ за улогата во филмот „Македонска сага“, во режија на Бранко Гапо и во филмот „Светло сиво“, во режија на Александар Поповски, Дарко Митревски и Срѓан Јаниќијевиќ (1993).