Јубилејна 100-та изведба на „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“

Јубилејна 100-та изведба на „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“, во недела на 9 февруари 2020, на сцената на Театар за деца и младинци.   Претставата чија премиерна изведба се случи на 23 март 2013 година, е вистински хит цели седум години кај детската публика. „Пипи долгиот чорап“ е работена според истоимената детска книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование. Одличната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски – Попова  ја претвори во незаборавна претстава. Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општо прифатени норми и правила.  


Соња Стамболџиоска

Интересот за нашата Пипи, одиграна од актерка Соња Стамболџиоска, досега е незапаметен.

Претставата изобилува со исклучително одиграни карактери кои изобилуваат со хумор и ведрина, во изведба на актерите : Соња Стамболџиоска, Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ – Бошков, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев и Горан Ников. Авторскиот тим составен од :Режисерка Драгана Милошевски Попова, Драматизација и адаптација – Бојан Трифуновски, Сценограф – Кирил Васил, Костимограф – Марија Пупучевска, Композитор – Марјан Нечак, Сценски движења и кореографија – Симона Спировска. Асистент на Режија – Драгана Стојчевска, Асистент сценограф – Енес Дреари, Асистент на костимограф – Марта Трендафилов.