
Душко Костовски е роден на 28 Мај 1939 година во Дебар.
Душко Костовски се школува во Скопје. За време на студиите членува во Драмската секција при Културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Од 1963 година е член на театарот „Антон Панов“ во Струмица. Во 1970 година доаѓа во Македонскиот народен театар во Скопје. За својот актерски ангажман има добиено повеќе награди меѓу кои се и Наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 1985 како и Републичката награда „11 Октомври“ во 1986. На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1968 г. ја доби истоимената награда за актерско остварување. Во 1986 година на Филмскиот фестивал во Пула ја доби „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.
Филмографија

1970: Човекот во црно ( Актер, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Главна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )
1987: Хај-фај ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )
1999: Време, живот ( Главна улога, )[2]
Беше студено Јануарско утро, 21, 1995 година во скопската болница по долго боледување од срцеви тегоби престана да чука срцето на една маркантна личност чие име испиша историја на македонската филмска и театарска сцена!
Неговиот лик како да беше создаден за во детските тв серии, драмите и филмовите во кои можеби помалце толкуваше главни улоги, но и оние малите ги правеше големи и забележливи благодарение на неговата извонредна глума, талентот и шармантниот лик!
Постоеше голема глумачка хемија помеѓу него и Ѓорѓи Колозов! Двајцата беа одличен тандем и ја создаваа таа магија наречена топлина на сцената во приказните од периодот 1992-1994 година, годините кога Душко Костовски учествуваше во приказните пред неговата смрт!
Најмладите најмногу ќе го паметат по: Зрзе, зрзе, зрзе, а да не си од Марчино бе чорбаџи?!
Не премногу млад но не и доволно стар за пензија, неговото срце престана да чука на 21 Јануари, 1995 година кога имаше полни 56 години од неговиот живот.
Фото: д-р Владимир Плавевски.
Текст: Горан Марковски.