Перформанс за делото на големиот македонскиот актер: Се потсетивме на Митевата вечна игра…

“…Да, беше Иљо М. лик кој го одбележа, лик кој иако драматично-наративен, прозаичен, произлезен од перото на Митко Маџунков, а и од режисерската палка на Бранко Ставрев,… сепак се спои со Мите преку метафизиката на сонот-живот заедно со боемијата… и пред се како симбол на Митевата вечна игра…“

Токму во спомен на познатиот македонски актер Мите Грозданов (1943 – 2018)  преку перформанс „Мите, сцена – живот“ одигран викендов во Кинотека на Македонија, неговите пријатели, колеги и роднини, во една интимна и емотивна атмосфера, се потсетија  на сето она што тој направи и остави зад себе… Се навратија на ликот и делото, со ‘пловење’ низ спомените. А за Мите и неговиот опус постојат бројни спомени кои засекогаш остануваат да зборуваат за еден голем актер.

„Во спомен на Мите Грозданов на сцената говореа неговите пријатели: Зорица Панчиќ, Соња Каранџуловска, Весна Стојановска Николовска, Јани Бојаџи, Будимир Лазов, Раде Наумчески, Горан Анчевски и Стојан Пачоов. Тие го чествуваа неговото дело, нè прошетаа низ Театар. Филм. Поезија“…

Опусот на Мите Грозданов вклучува десет долгометражни филмови на големото платно, уште најмалку толку ТВ-филмови, триесетина ТВ-серии за деца и возрасни, педесетина филмски и ТВ-синхронизации, дваесетина ТВ-драми, 9 монодрами и околу 400 радио-проекти: радиодрами, поетски читања, наративни изблици преку читање или прераскажување книги, бајки, настани…

превземено
https://www.vecer.press/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *