Во Кинотека на Македонија: Перформанс за делото на македонскиот актер Мите Грозданов

Мите Грозданов ( 2008 год)

Во Кинотека на Македонија, на 14 декември, во 18 часот ќе се одржи вечер посветена на познатиот македонски актер Мите Грозданов (1943 – 2018) со перформансот „Мите, сцена – живот“.

„Во спомен на Мите Грозданов ќе се потсетиме на сето она што направи и остави зад себе… со навраќање на ликот и делото, со ‘пловење’ низ спомените. На сцената ќе говорат неговите пријатели: Зорица Панчиќ, Соња Каранџуловска, Весна Стојановска Николовска, Јани Бојаџи, Будимир Лазовски, Раде Наумчески, Горан Анчевски, кои ќе го чествуваат неговото дело, ќе нè прошетаат низ Театар. Филм. Поезија“, ќе посочи неговиот син и театарски критичар Борче Грозданов.

Опусот на Мите Грозданов вклучува десет долгометражни филмови на големото платно, уште најмалку толку ТВ-филмови, триесетина ТВ-серии за деца и возрасни, педесетина филмски и ТВ-синхронизации, дваесетина ТВ-драми, 9 монодрами и околу 400 радио-проекти: радиодрами, поетски читања, наративни изблици преку читање или прераскажување книги, бајки, настани…

превземено:
https://www.vecer.press/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *