ТЕАТАР Вистинска магија која пленеше “без пардон#, експлицитен показ како може да се направи од ништо – нешто. Ништото сепак значеше нешто. Дузина телефонски слушалки, неколку телефонски апарати, седуммина фантастични актери искоординирани до мајсторство и многу, многу инвенција… Резултатот е прекрасна театарска магија.
Борче ГРОЗДАНОВ
БРАВО! Браво за магијата, браво за сонот, браво за имагинацијата, браво за мајсторијата!Браво за вештината, браво за координацијата, браво за пластичната игра, браво за вистинската театарска посветеност, браво за рушењето на “рампата#, браво за воведот во убавината, Браво…! И се така, многу, многу комплименти и уште многу, многу извици БРАВО видовме и чувме “во живо# и од публиката присутна во Театарот за деца и младинци на претставата “Телефонот# по идеја и режија на фантастичниот мајстор на куклите – Боњо Лунгов, гостинот од Бугарија… Навистина една ретка и прекрасна можност за Театар, во, не така розовата театарска 2007 година, ни понудија уметниците од театарот каде што се остварува детскиот сон: Ана Левајковиќ, Тања Кочовска, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев, Катарина Илиевска и Винета Дамчевска… Некои напросто не сакаат броење, но ова не е просто набројување. Навистина не можеше да се издови никој. Тие беа искординирани, испреплетени, создаваа фигури, животни, живи луѓе, карактери… Сето тоа го правеа на бравурозен начин, создавајќи ни искарикирана, комична слика на нас самите, што по патот на (без)жичната љубов и интернет-живеачка заборавивме на нас самите, на радоста, сакањето… Сето тоа “зуење# на брзата ни живечка не шеташе преку Улицата, Канцеларијата, Октоподот, Човекот со многу лица, Свадбата, Телефонската љубов, Телефонските мечти, за да не донесат повторно на Улица… Ринг-тонови кои ги слушаме од секого, од секаде, секогаш… по инвенција на младиот помошник режисер Константин Каракостов, исто така гостин од Бугарија. Како надополна функционално “се движеше# и речиси ненаметливата сценографија на Љубомир Чадиковски.
Оваа претстава која и е наменета за сите од 8 до 88 години, ни одржа една модерна лекција за тоа како се доаѓа до вистинска магија, која пленеше “без пардон#, експлицитно покажа како се прави од ништо – нешто. Ништото сепак значеше нешто. Дузина телефонски слушалки, неколку телефонски апарати, седуммина фантастични актери, искоординирани до мајсторство и перфекција и многу, многу инвенција… Резултатот е видлив – прекрасна театарска магија. Тие ни докажаа дека театарот е сепак сон, што може да се живее!
Затоа што е тешко да се биде во матрицата на Достоевски, затоа што е ужасна судбина да се биде еден од неговите ликови, затоа што болката е загарантирана и неспорно жената е неминовна можност за страдање:
„Зашто жената – тоа ти е брате, ѓаволот знае што е,
барем нив добро ги познавам! Само обиди се пред неа да ја признаеш сопствената
вина: ‘Виновен сум’, – речи – ‘прости ми, извини’ – ќе ти упати цел порој
префрлања. Воопшто таа нема да ти прости веднаш и просто, туку ќе те понижи
како крпа, ќе ти го нареди и она што не било, сѐ ќе земе, ништо нема да
заборави, дури и ќе додаде нешто свое, и дури тогаш ќе ти прости. И тоа најдобрата,
најдобрата меѓу нив! Ќе ти истружи сѐ што може, потоа сѐ ќе ти натовари на
главата – во нив се крие некакво мршојадство, во сите до последната, во тие
ангели, без кои не можеме да живееме.“
А тие,
жените, привид на ангели, секогаш во себе го кријат (ли) демонот(?!), се
протнуваат (ли) во сите мали и големи моменти на преиспитување, вредеше ли да
се љубат и колку сме крути, себични и исплашени тогаш кога ги нема. Во таа
насока би сакал да започнам да пишувам, а би можеле првично да ја проследиме монодрамата
„Кротка“ на здружението Култ – Транзен“ во соработка со НТ „Антон Панов“. Тие
по долго време вратија на сцена една сериозна драмска тежина, во која Стојан
Велков Трн маестрално ги вклопил сите негови актерски потенцијали.
Кротка е
приказна за изгубената љубов, за краткоста на бракот прекинат од лабилна
одлука, таа е ретроспектива за прокоцканите можности, за неверството и
(не)верувањето. Кротка е претстава за гордоста, пркосењето на нормалното, за
спомените и чувството на сепарација (духовна и материјална).
Стојан Велков Трн
Стојан
Велков Трн има изградено лик во кој постои целосно течение на емоциите,
независно од тоа дали си игра со емоциите кои ја откриваат длабочината на
човечката психоза или пак ја обојуваат тишината со детали од животот кој
трепери пред судбоносниот камен. Различните психолошки состојби, нивната
кохерентност и избалансираност со нарацијата која открива детали од
профилираните (внатрешни) протагонистички судири прават новелата на Достоевски
да започне еден сосема различен живот, независен од оригиналниот, адаптиран со
современ призвук и вид, ослободен од класичното театарско сиже, а сепак
трнливо, невообичаено, без наметнати нормативи. Трансформациите во неговото
сеприсуство, моментите на присуство на неговото алтер его, отсуството на “здрава мисла“, дали животот е
најголемиот залог кој може да се стави во хазардна дилема, вреди ли да се
прокоцка недопреното, сето тоа во актерската целина, без претерани манифестации
Стојан Велков Трн го пласира пред публиката во еден здив, со ритам кој го држи
будно вниманието на гледачите во секој единствен, засебен момент. Се сеќаваме
ли на луѓето кои ни недостигаат преку нивните реликвии, имаат ли тие приказна
независна од реалноста и постоењето, дали има во нас трошка толеранција на
духот?
Успешно
реализиран режиско-сценски минимализам, во кој сите режиски клучеви и сценски
решенија функционираат во нагласувањето на актерската игра. Сите оставени
симболи го надоградуваат театарското дело, па така моноспектаклот „Кротка“ ни
нуди повеќе можности за анализа.
Професионалниот
спој на концептуалното со траги-фарсата на Стојан Велков Трн му отвора слободен
простор во кој ќе се покаже повеќеслојниот, комплексен карактер, себеанализата
бавно ни ја гради претставата за тоа што тој во себе носи (крие) и основното
премислување на состојбите од повеќе аспекти, а амбиенталниот траор и тишината
го оставаат гледачот во грч. Прекршувањето на вистините (колку се и дали е тоа
само една) и реалноста (како таква) ја прават оваа постановка тревожна.
Ароганцијата не е за сите, внатрешното преиспитување на позициите, односот со
себе и со другоста во себе, имаме ли потреба од себеказнување…
Асоцијативноста е овде крик за изгубениот живот, катарза.. Сопнувањето на
каменот е видлив, шокантен доказ за карактерната несигурност и непредвидливост.
Зошто ли
„Memento mori“ и зошто да бидеме сведоци на несреќа? Зарем сакаме да ја
посведочиме сета болка на светот преку лично преживување на смртта? Тоа можеме
само еднаш, зарем не?! И зошто ли се втуркаме во смртта со икона во рака? Зарем
тоа не е уште еден контрапункт, дали е тоа правилно, ќе бидеме ли прифатени од
Бог, иако судот сме го донеле сами? Се плашиме ли доволно од самите себе и
нашиот луденс, дали трагедијата е нашиот излез од чистилиштето, дали лифтот на
судбината ќе не носи нагоре или надолу? Прагматичното следење на кршливоста на
човечкиот дух не тера одново да ги промислуваме движењата и дали остана нешто
неискажано, недокажано. Кревки сме, се повеќе се оддалечуваме и полесно е да
кажеме што не дели, отколку што е она кое ќе ни донесе духовен спокој.
Во овој
случај сценографијата на Никола Пијанманов извонредно го доловува времето,
атмосферата, светлината (темнината), црковната амбиенталност и сакралност, има
ли финална мисла која ќе ни помогне да ослободиме сѐ? Прозорец на домот или
портал кон вечноста, кон ослободувањето… Остана ли уште да се изоди или тоа
беше крајот, всушност, дали стануваме свесни колку некој ни значи кога
вистински ќе го изгубиме? А телото е овде, заледено, мумифицирано во нашите
глави, изложено во целата негова светост, иако празно, безживотно. Се вртиме
кон иконите и светците секогаш кога не јаде стравот, секогаш кога знаеме дека
сме згрешиле, секогаш кога свесно (се) повредуваме. Бракот е само за
најхрабрите. И љубовта.
Отворениот
микрофон (open mic) е местрално решение кое режисерот Дејан Ангелов го користи
за да даде една контемпорарна поетичност, модернистички пресек и своевидно
доближување на “мислите кои не се
слушаат“, па затоа е оправдана контрадикторноста во изнесувањето на елементарните,
носечки сцени. Просторот е дизајниран со чистина, декорот и реквизите се таму
само заради тоа што се ставени во функција. Целата претстава се бори со
чистината, ја има и тогаш кога сме замрсени во карактерниот јаз на
протагонистот, во неговата лична борба и страв, за музиката пак, која, иако
можеби секогаш во позадина да ги црта по петолинието на аудиториумот
непознатите предели на потсвеста. Експерименталното музицирање на Ставре Ангелаков
одлично се вклопува во целиот тој концепт, само тропотот е тој што најгласно
одекнува, се додека другата нарација гази нестабилно на тенка жица која во
секој момент може да се откине и да настане молк. Флуидно ги прифаќаме тапите
звуци, кулминираат тогаш кога на сцената владее мракот, а ние со кандило во
рака ја бараме светлината во нас, додека повторно гласот се враќа за да ни каже
дека има и полошо. Сенки сме, затоа таа е споредниот лик на сцената, ги
разигрува деловите од сцената кои го кријат ѓаволот. Смртта или самоубиството
како финален чин за пресвт, која е тенката линија меѓу животот и смртта, зошто
кај сите тригерот е различен, зарем мораме сѐ да искусиме на сопствена кожа?
Вреди ли материјалното кога длабоко во нас чуваме бездна?
Расклинувањето
е болно, нема стигма на дланките, одењето во крајности е клучно решение,
директните метафори прав одговор. Нема преглумување, напротив, постои совршен
баланс меѓу музиката, сценографијата и комплетноста во актерската игра. Овој
тим знаел што сака да донесе на сцена, а сцената, струмичката…?! Таа долго
плачеше за вакво дело. Браво екипо, ќе ја гледаме повторно, а зарем има нешто
поубаво од тоа да сакаме да ја гледаме повторно?!
„Плоштад на хероите“ чиј автор е Томас Бернхард, во режија на Мирјана Медојевиќ.
Премиерата на оваа претставата е закажана за 25.12.2019 година (среда)од 19:00 часот.
Да се избере последниот текст на големиот модерен писател кој својот живот го посветил на уште поголеми теми – самоубиството и присуството на фашистички обрасци кај секој човек во неговата родна Австрија, со себе го носи бремето на историјата и очекувањата; текст, кој предизвикал скандал пред 31 година, кога наместо да ја одбележи стогодишнината на Виенскиот Бургетер, за којшто бил и нарачан, тој ја одбележал педесетгодишнината од Аншлус и веселиот извик на толпата која го пречекува Хитлер на плоштадот „Херои“ во Виена. Текстот е како кромид, кој треба внимателно да се излупи за од него да настане претстава во Северна Македонија, на Католички Божиќ во 2019 година во Драмскиот театар на улица Шекспир 15 во Скопје – далеку од Бургетер, каде што уште пред да се случи претставата предизвикала скандал и кулминирала со 45-минутно свиркање и ракоплескање за време на премиерата и со смртта на авторот 3 месеци подоцна. Исто како што Бернхард црпел инспирација од животот, од својот и на другите, така и претставата одговара на тие мотиви и од нив креира сценска фикција. Екстремното стилско повторување, типично за авторот, во процесот настана како преиспрашување на позициите на секој од нас, кај оној што ќе ја гледа или нема да ја гледа претставата. Бернхард црпи од телото на секојдневниот човек, за да може да му постави огледало во кое се гледа и се смее на самиот себе, невино и искрено како дете, кое се криви и се смее на одразот и сопствената претстава. На тегобноста која што обично ја носат класичните дела и се приближивме со леснотија. Темите кои најчесто се преоптоварени со табуа или замаглени од интелектуални дебати ги направивме достапни за сите. Или можеби не, театарот е и место за избор, да се отвори или да не се отвора, да се дозволи или да не се дозволи, да се истражува или да се избега? Смеа, хумор – еден од ретките моменти каде егото се повлекува, отстапувајќи простор за креирање и отстапувајќи му простор на театарот како неповторлив настан. Претставата се обидува да го разбуди театарот што извира од двајцата кои се клучни за него – актерот и гледачот – и нивниот компромис да си допуштат, да си играат. Комедијата на апсурд која е присутна во сите текстови на Бернхард, раѓа tip ludensa, органска претстава која се создава со токму таквиот гледач секој пат кога е пред него поставена.
Нина Зупанчич, драматург
ПЛОШТАДОТ НА ХЕРОИТЕ по мотиви од драмата на Томас Бернхард
Во претставата играат: Наталија Теодосиева Ина Пунтар Гордана Ендровска Стефан Вујисиќ Златко Митрески Симона Димковска
Автори на текстот на претставата се учесниците во процесот Режија: Мирјана Медојевиќ Драматургија: Нина Зупанчич и Викторија Рангелова Композиција и избор на музика: Ина Пунтар Преведувачка на тектот на Томас Бернхард: Елизабета Линднер Простор: Симона Димковска, Златко Митрески и Мирјана Медојевиќ Костими: учесниците во процесот Асистентка на режија и драматургија: Драгана Гунин Дизајн на светло: Златко Митрески и Мирјана Медојевиќ Инспициент на претставата: Жарко Намичев
Во претставата се спомнуваат: Александар Степанулески Викторија Анѓушева Ана Костовска Дамјан Цветановски Јасмина Василева Владимир Петровиќ Викторија Рангелова Жарко Намичев Андриј Жолдак Андраш Урбан Оливер Фрњиќ Дејан Мијач Македонски народен театер Гробишта Бутел, Скопје Гробиште Гринцинг, Виена Посебна благодарност на: Параскева Теодосиева, Вања Лазарова, Горан Стефановски, Ристо Стефановски, Aлександар Сариевски, Глен Гулд
“мораш целосно да ги отвориш завесите
за да влезе свеж воздух”
Томас Бернхард, Плоштад на хероите
“…Да, беше Иљо М. лик кој го одбележа, лик кој иако драматично-наративен, прозаичен, произлезен од перото на Митко Маџунков, а и од режисерската палка на Бранко Ставрев,… сепак се спои со Мите преку метафизиката на сонот-живот заедно со боемијата… и пред се како симбол на Митевата вечна игра…“
Токму во спомен на познатиот македонски актер Мите Грозданов (1943 – 2018) преку перформанс „Мите, сцена – живот“ одигран викендов во Кинотека на Македонија, неговите пријатели, колеги и роднини, во една интимна и емотивна атмосфера, се потсетија на сето она што тој направи и остави зад себе… Се навратија на ликот и делото, со ‘пловење’ низ спомените. А за Мите и неговиот опус постојат бројни спомени кои засекогаш остануваат да зборуваат за еден голем актер.
„Во спомен на Мите Грозданов на сцената говореа неговите пријатели: Зорица Панчиќ, Соња Каранџуловска, Весна Стојановска Николовска, Јани Бојаџи, Будимир Лазов, Раде Наумчески, Горан Анчевски и Стојан Пачоов. Тие го чествуваа неговото дело, нè прошетаа низ Театар. Филм. Поезија“…
Опусот на Мите Грозданов вклучува десет долгометражни филмови на големото платно, уште најмалку толку ТВ-филмови, триесетина ТВ-серии за деца и возрасни, педесетина филмски и ТВ-синхронизации, дваесетина ТВ-драми, 9 монодрами и околу 400 радио-проекти: радиодрами, поетски читања, наративни изблици преку читање или прераскажување книги, бајки, настани…
За 5,9 проценти е намален вкупниот број изведени претстави во професионалните театри во сезоната 2018/2019 во однос на претходната 2017/2018. За 3,8 отсто е намален и бројот на посетители, а просечно ги имало 214 на една претстава, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, во професионалните театри за деца и млади имало 10 проценти помалку изведени претстави и 17,6 отсто помалку посетители во 2018/2019 за разлика од 2017/2018.
Аматерските театри, пак, прикажале за 74,1 проценти повеќе претстави, а имале за 92,7 отсто повеќе посетители.
Споредено во двете сезони, зголемување има и на бројот на концерти и на посетители на Филхармонијата, а намалување е забележано на бројот на самостојните приредби (концерти) и бројот на посетителите кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни.
Во Кинотека на Македонија, на 14 декември, во 18 часот ќе се одржи вечер посветена на познатиот македонски актер Мите Грозданов (1943 – 2018) со перформансот „Мите, сцена – живот“.
„Во спомен на Мите Грозданов ќе се потсетиме на сето она што направи и остави зад себе… со навраќање на ликот и делото, со ‘пловење’ низ спомените. На сцената ќе говорат неговите пријатели: Зорица Панчиќ, Соња Каранџуловска, Весна Стојановска Николовска, Јани Бојаџи, Будимир Лазовски, Раде Наумчески, Горан Анчевски, кои ќе го чествуваат неговото дело, ќе нè прошетаат низ Театар. Филм. Поезија“, ќе посочи неговиот син и театарски критичар Борче Грозданов.
Опусот на Мите Грозданов вклучува десет долгометражни филмови на големото платно, уште најмалку толку ТВ-филмови, триесетина ТВ-серии за деца и возрасни, педесетина филмски и ТВ-синхронизации, дваесетина ТВ-драми, 9 монодрами и околу 400 радио-проекти: радиодрами, поетски читања, наративни изблици преку читање или прераскажување книги, бајки, настани…
„Касета“ говори за тинејџерката Тува, која не може да најде заеднички јазик со својот татко, за кој има мислење дека е многу здодевен и ништо не разбира. Еден ден, не знаејќи што да прави, доаѓа до идеа да се качи на таванот од куќата каде што живеат, со цел да си ги најде старите играчки од детство. Помеѓу правливите стари предмети пронаоѓа една стара музичка касета на која пишува само „Горбар“. До касетата наоѓа и касетофон за кој се чуди за што служи. По неколку безуспешни обиди, таа успева правилно да ја стави касетата во касетофонот. Откако ќе притисте „Play“ неочекувано за неа, почнува да свири една мошне експресивна метал музика. Тува, зачудена од самиот вид на музиката но и од чувството што го предизвикува кај неа, доаѓа до заклучок дека тоа е најдобрата музика која некогаш ја слушнала. Таа, целата се обзема со оваа касета, но сепак ја мачи прашањето за натписот,но исто така и кој е автор на оваа музика. Тува решава да истражува за нив. Чекор по чекор, почнува да открива еден сосема нов свет за неа. Ќе го открие светот на метал музиката и андерграунд сцената. На крајот од нејзиното истражување , откако запознава многу несекојдневни личности и патува по разни предели, доаѓа до неочекувано сознание дека всушност легендата во металскиот свет , фронтменот и уметничкиот гуру на ,, Горбар” е нејзиниот татко. Токму тој, за кого таа мислеше дека е здодевен, старомоден и дека ништо не разбира од модерното време во кое тие живеат. Изненадувањата не завршуваат тука. По смртта на нејзината мајка која умира при породувањето со неа, татко ѝ, со цел да ѝ се посвети целосно на Тува, бил приморан да го напушти музичкиот свет. Сето ова за неа е ново откритие при што татко ѝ од обичен губитник , станува главен херој. Претставата има повеќе важни аспекти за младата публика. Од една страна открива цел еден музички свет, но истовремено од друга страна, се фокусира на семејните односи. Сето ова се прави на начин кој е мошне интересен за младите, односно тинејџерите, кои додека откриваат нови светови за нив, ги запоставуваат односите со нивните родители сметајќи ги нив како здодевни. Режија: Бесфорт Идризи Автор: Денис Магнусон Играат: Мики Анчевски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Винета Дамческа, Мартин Јоранодски, Ненад Митевски. Сценографија: Енес Деари Костимографија: Роза Трајческа Ристовска Композитор: Игор Василев
Вчерва бев во театар… Не е битно во која театарска зградата бев; не е битен ни градот, не е битна ни земјата, та дури ни тоа – на која страна од светот се случи таа моја посета на театар. Од се`, само беше битно, дека – единствена мисла, единствено чувство, единствен впечаток кој ме обземаше, од мигот кога започна преставата –па се до овој миг – беше и се уште е’ – сеќавање на онаа “старо пророчко кобење“, онаа “фрлена клетва“ врз театарот – од страна на господинот Роберт Шекнер. Онаа негова “зла мисла“, каде тој коби, тој предвидува, дека театарот во 21-от век ќе исчезне! Или ако има ‘среќа“, ќе се претвори во нешто налик на страшно здодевен “гудачки квартет“ – што би преставувала мошне мачна, тешка, долга агонија на умирање. Навистина “зло кобење“, навистина гаден крај за театарот; навистина сурoва и ужасна смрт! Лош почеток! Лош, лош, почеток. Многу лош почеток … … …многу, многу, многу лоша експозиција, за едно обично, поздравно, пригодно, писмо – по повод на –“27. Март – Светски ден на театарот“ – би требало да се засрамам од самиот себе. Сме дошле во театарот – празни – и ќе си заминеме од театарот, дома – празни! Почитувани мои колеги, вљубеници, но и мразачи – на театарот, и ако е „загарантирано и потврдено“- никогаш, ама никогаш(!) – од театарот не може, не смее, да се замине празен – Не може!Не смее! Не треба да биде така!!! Не може, и тоа од една едноставна причина… Бидејки,ТЕАТАРОТ, пред 25-века – бил создаден од ХРАМ, и тоа ХРАМ посветен на богот ДИОНИС – следствено на тоа, ако ТЕАТАРОТ е ХРАМ, тогаш во секој ХРАМ т.е. во секој ТЕАТАР се случувал ( и мора се уште да се случува ) РИТУАЛ… А штом веќе влегуваш во ХРАМ ( ТЕАТАР ) и присуствуваш на РИТУАЛ( ритуал – што денес, популарно, се нарекува “театарска престава“) – едноставно, не е можно, да си заминеш од ТЕАТАРОТ т.е. од ХРАМОТ – празен! Од ХРАМОТ секогаш си заминуваш со сознанието што ќе ти го даде БОГОТ на тој ХРАМ – во наш случај – тоа е ДИОНИЗ. Па така, и актерите ( некогашни свештеници ) и публиката ( народот, дојден, дента да присуствува на “обредот“ ) – секогаш преку РИТУАЛОТ ( ТЕАТАРСКАТА ПРЕСТАВА ) на кој присуствувале, си заминувале од ХРАМОТ ( ТЕАТАРОТ ) – добивајки на подарок – магија, а преку добиената магија- доживувал КАТАРЗА, си ја земал КАТАРЗАТА, и од тогаш – секој со својата КАТАРЗА– Заминувал засекогаш изменет! Тогаш, пријатели мои – Кај е заебот! Би требало се да е во ред, а не е! Ќе се обидам малку да го надопишам, дообјаснам, и поедноставнам, споменатиот – Шекнер Ричард – И ќе кажам: “ТЕАТАРОТ СЕ УШТЕ НЕ Е МРТОВ! НО ЗА ЖАЛ, ПОЛЕКА, ОД ДЕН НА ДЕН, ОД МИНУТКА ВО МИНУТКА – ТОЈ, ТЕАТАРОТ, УМИРА! А УМИРА БИДЕЈЌИ НЕДОСТИГА “ПЕТИОТ ЕЛЕМЕНТ“ т.е. НЕДОСТИГА КАТАРЗАТА! По разлистување на стотици книги, кои веќе сто пати ги имам разлистано – Дојдов до два мошне битни заклучоци! 1.Дека ако од ТЕАТАРОТ исчезне КАТАРЗАТА, ТЕАТАРОТ ќе УМРЕ! -и – 2.Театарот, во секоја своја форма, жанр, сегмент, елемент… што и да е – Мора да остане жив! А за да биде и остане жив – зависи исклучиво од КАТАРЗА, од онаа – магичното, таинственото, волшебното – што го содржи секоја – вистинска антологиска драмска т.е. театараска приказна! И ете – стасавме до одговорот! ПРОСТО, ЛОГИЧНО И ЕДНОСТАВНО – од тој РИТУАЛ, од таа ТЕАТАРСКА ПРЕСТАВА- на која, исто како мене, сте биле вчера, не е можно, длабоку во себе да не ја земете и не ја сочувате, подарената –КАТАРЗА!Волшебна врвка – која секој ја има во себе и токму таа, магична нитка, го врзува со БОГОТ – со ДИОНИЗ, со богот на театарот… Како стар “театарски волк“, пред да заминам, ќе ви откријам уште една голема тајна: “ НАЈДОБРА ТЕАТАРСКА ПРЕСТАВА Е ОНАА ПРЕСТАВА, ШТО ПО КРАЈОТ, СЕКОЈ ОД ГЛЕДАЧИТЕ, ДОМА, СО СЕБЕ, ЌЕ СИ ПОНЕСЕ СОСЕМА ПОИНАКОВ „ПЕТТИ ЕЛЕМЕНТ“. ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ДЕКА, НАЈДОБРА ПРЕСТАВА Е ОНАА, КОГА, СЕКОЈ ДОМА КЕ СИ ЗАМИНЕ СО ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНА, САМО СВОЈА,КАТАРЗА, САМО СВОЈ„ПЕТТИ ЕЛЕМЕНТ“!“
Југослав Петровски
Драмски писател и Преседател на Здружението на драматурзи и сценаристи на Р.М.
Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките за новата претстава „Најкратки драми на светот“ во режија на Трајче Ѓоргиев. Според драматургот на претставата Дарко Јан Спасов „Најкратки драми на светот“ како наслов на оваа театарска претстава е позајмен од истоимената збирка кратки пиеси издадена пред точно 20 години и е приредена од театрологот Јован Ќирилов. Од изборот на четириесеттина пиеси од исто толку автори, издвоени се единаесет кои со својата драматуршки фрагментирана форма градат една заокружена сценска слика – калеидоскоп низ кој се прави пресек на театарот од првата и дел од втората половина на претходниот век а чии врзивни елементи се тоталитаризмот, недоразбирањето, тегобноста, зачуденоста, времето како не(с)фатлива категорија, општата состојбата на апсурд. Секоја од овие пиеси „минијатури“ на Муза Павлова, Чехов, Хајнер Милер, Каринти, Фридман и др. автори, од својата „неконцизна“ основа го повикуваат хуморот како спас од вртлогот на безизлезноста и гротеската што неретко е опачина на слободата.
Во претставата играат: Снежана Коневски – Руси, Габриела Петрушевска, Марија Новак, Нино Леви и Кире Ѓоревски.Сценографското решение е на Трајче Ѓоргиев и Татјана Блажевска – Христовска, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а изборот на музиката се на режисерот и драматургот. Премиерата е закажана на 25 – ти ноември на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот, а првата реприза е на 29 – ти ноември. Билетите за премиерата и следната изведба се пуштени во продажба преку онлајн системот и на билетарницата во МНТ.