Кога заминува драга личност од нашето детство, како да си оди и дел од нас!

Пред точно една година на овој ден од сцената – живот си замина големиот Мите! Бард на македонското глумиште, име и презиме кое оставија траен белег во колективната меморија на македонската публика! Современикот на Ристо Шиков и Дарко Дамевски! Исто толку голем боем, уметник, артист, доаен и секој славен епитет кој е достоен за неговата личност и име! Безброј одиграни серии, тв филмови и драми, претстави за деца и возрасни а богами го имаше и во Македонските народни приказни! Неговиот лик е препознатлив кај Македонците, а неговото име останува да сведочи за големината на еден актер! Мите Грозданов е роден во Струмица на 14 Декември 1943 година. Нема да напишеме во се што учествувал, затоа што неговите улоги се безбројни! Затоа вие напишете која негова улога ви е омилена, во негова чест!
Бог да го прости и вечна слава!
Посветено, текст: Горан Марковски