
Првиот мјузикл во НУ „Театар комедија“- „Боливуд“, во режија на Наташа Поплавска, текстот е Маја Пелевиќ.
„Низ бајковидна утопија за доаѓањето на Боливуд во нашиот регион, ние се обидовме да раскажеме приказна за сите нас и за она за што сме способни, ако можеме да добиеме подобра иднина. Авторката Маја Пелевиќ создава современа мјузикл-комедија, која преку сонгови и комични ситуации посочува на проблемите во нашите транзициони посткомунистички општества. Овој наш боливудски мјузикл гради своја кабаретски боливудска форма, која допира до нашите блиски колективни мемории. Создадовме претстава, мјузикл која по својот израз оди на работ помеѓу Брехт, Боб Фосе и Мејерхољд“, велат од „Театар комедија“.
Музиката е на Огнен Анастасовски, сцена и дизајн: Емил Петро, светло дизајн: Милчо Александров. Превод на текст и препев на сонгови: Наташа Илијевска и Наташа Поплавска
Играат: Жаклина Стевковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.