На денешен ден во 1973 година, отворена е Сиднејската опера

На денешен ден во 1973 година, отворена е Сиднејската опера, мултифункционална сала за сценски уметности која се наоѓа во Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија. Обмислена е и, во најголем дел, изградена од данскиот архитект Јорн Утзон. Отворена е по голем број на проблеми, што започнале да се појавуваат уште кога проектот победил на конкурсот. Владата на Нов Јужен Велс, на чело со Џозеф Кеил, дала зелено светло за започнување со изградба во 1957 година.

Сиднејската опера е прогласена за дел од светското наследство на УНЕСКО на 27 Јуни 2007 год. Таа е меѓу најпрепознатливите градби на ХХ век и е една од најпознатите сали за сценски уметности во светот.

Сиднеј Опера Хаус се наоѓа на Бенелонг Поинт, на сиднејското пристаниште во близина на Сиднејскиот пристанишен мост. Лежи на североисточната страна на Сиднејската деловна област. Од три страни е опколена од пристаништето (Сидни Коув), а од копно граничи со Кралските ботанички градини.