Народниот театар од Охрид на 10 октомври ќе ја изведе претставата „Балканска 3а/2″

Охридскиот народен театар на 10 октомври ќе ја изведе претставата „Балканска 3а/2″ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2″ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. Претставата е трилер што има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество го загрозуваат и неговото постоење. „Балканска 3а/2″ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски.

Почеток на претставата е во 20 часот. Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *