„Макбет“ во режија на Андреј Цветановски премиерно во Кумановo

Кумановскиот театар вечер 20.09.2019 (20 септември) премиерно ќе ја изведе претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на  Андреј Цветановски.

Брачниот пар Горан и Кети Илиќ, кои ги толкуваат улогите на брачниот пар Макбет, велат дека е задоволство да се работи Шекспир, порачувајќи дека оваа тема за борба за власт никого нема да остави рамнодушен.

Актерката Кети Дончевска-Илиќ смета дека претставата е комплетна визуелна, актерска и сценска слика која ќе ги воодушеви гледачите. Големината на делото, вели, ги надминува сите предизвици со кои се соочувале при подготовка на претставата.

Во претставата играат и Александра Пешевска, Сања Русеска, Александра Михајловска,  Антонио Димитриевски, Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ , Владо Дојчиноски, Давид Илиќ  и Матеј Стојковски. Сценограф и дизајнер на плакатот е Сергеј Светозарев, костимограф Александар Рашковиќ, а композитор Димитар Андоновски.